зголемен сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Nov 2020 13:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемен сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За 35 отсто зголемен сообраќајот во Атина во споредба со првиот карантин во март https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-35-otsto-zgolemen-soobrakjajot-vo-atina-vo-sporedba-so-prviot-karantin-vo-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-35-otsto-zgolemen-soobrakjajot-vo-atina-vo-sporedba-so-prviot-karantin-vo-mart/#respond Tue, 10 Nov 2020 13:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=427378

Во првите два работни денови од вториот карантин, за 35 отсто е зголемен сообраќајот во Атина во споредба со првиот карантин, според информациите во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Улиците во центарот на градот, особено во раните утрински часови, не наликуваат на карантин, бидејќи на одредени булевари очигледен е зголемениот сообраќај на возила. Според „Катимерини“, за време на проверките направени од грчката полиција во текот на вчерашниот ден, 70 отсто од возачите имале потврда од работодавачот, односно дека и покрај карантинот, одат на работа, додека пак останатите 30 отсто биле со испратена смс порака дека одат да му пружат помош на лице на кое му е потребна. Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека за време на викендот граѓаните испратиле 8,6 милиони смс пораки за да искористат една од шесте причини за излегување од дома. -Бројот е малку поголем во однос на првиот локдаун. Тогаш имавме 110 милиони пораки за 42 дена, во просек 2,6 милиони пораки дневно, рече Пиеракакис, објаснувајќи дека сега, за разлика од првиот карантин пораки испраќаат и родителите кога ги носат или земаат нивните деца од училиштата или градинките. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-35-otsto-zgolemen-soobrakjajot-vo-atina-vo-sporedba-so-prviot-karantin-vo-mart/feed/ 0
Сообраќајот зголемен надвор од градските средини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakjajot-zgolemen-nadvor-od-gradskite-sredini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakjajot-zgolemen-nadvor-od-gradskite-sredini/#respond Tue, 01 May 2018 16:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=48407

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakjajot-zgolemen-nadvor-od-gradskite-sredini/feed/ 0