зголемен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 09:52:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен водостојот на Дојранското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-dojranskoto-ezero-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-dojranskoto-ezero-10/#respond Wed, 07 Dec 2022 09:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=772151

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на Дојранското Езеро е повисок за 1,67 метри од просечниот за декември. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 1,84 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, водостојот на Охридското Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). Пониски од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на речиси сите реки во земјава и најчесто се пониски или исти со вчерашните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-dojranskoto-ezero-10/feed/ 0
Водостојот на Вардар зголемен кај Јегуновце, Скопје и Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostojot-na-vardar-zgolemen-kaj-jegunovce-skopje-i-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostojot-na-vardar-zgolemen-kaj-jegunovce-skopje-i-demir-kapija/#respond Tue, 23 Aug 2022 08:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=722491

Скопје, 23 август 2022 (МИА) – Нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемувања на водостоите се измерени и на Брегалница кај Берово и кај Штип, на Бабуна кај Богомила и на реката Струмица кај Сушево. Пониско ниво од просекот за август има на вливот на Лепенец, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Пчиња кај Пелинце. Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец август. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostojot-na-vardar-zgolemen-kaj-jegunovce-skopje-i-demir-kapija/feed/ 0
Зголемен водостојот на реките, езерата приближно до просекот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-rekite-ezerata-priblizno-do-prosekot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-rekite-ezerata-priblizno-do-prosekot/#respond Mon, 24 Aug 2020 09:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=394495

Водостојот на реките утринава, во односн на просекот за август е зголемен двојно, а најголемо речиси тројно згломено е нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Велес. Под нивото од просекот забележано е намалување кај реките, Црн Дрим од 4 сантиметри, Струмица – 31 см., Лепенец – 8 см. и Крива река 6 сантиметри. Од Управата за хидрометеоролошки работи очекуваат и утре нивото на реките да биде приближно на денешните мерења. Нивото на Охридското езеро во однос на вчерашниот ден е непроменето и е во граници на просекот за август, Преспанското езеро е намалено за 2 сантиметри, а пак нивото на Дојранското езеро е зголемено за 3 сантиметри во однос на просекот за овој месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-rekite-ezerata-priblizno-do-prosekot/feed/ 0
Бројот на депортирани од Гермнаија зголемен за 2019 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-deportirani-od-germnaija-zgolemen-za-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-deportirani-od-germnaija-zgolemen-za-2019-godina/#respond Thu, 13 Aug 2020 06:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=390029

Германските власти издадоа 11.081 наредби за депортација во 2019 година, што е нагло зголемување во споредба со 2018 година, кога беа издадени 7.408 такви наредби. Ова го соопшти владиниот претставник како одговор на пратеничко прашање, јави ДПА. Налозите за депортација најчесто се издавале за Украинци – 1.252, а потоа следат Албанци – 1.220 и Срби – 828. Властите во југозападна Германија најчесто прибегнувале кон таа практика. Податоците беа објавени како одговор на прашање од партијата Левица. Налозите за депортација најчесто се издаваат на странци кои претставуваат закана за јавниот ред, како што се дилери на дрога или поддржувачи на терористички организации. Странците погодени од таквата мерка мора да ја напуштат Германија и не им е дозволено повторно да влезат во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-deportirani-od-germnaija-zgolemen-za-2019-godina/feed/ 0
Зголемен водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-prespanskoto-i-dojranskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-prespanskoto-i-dojranskoto-ezero/#respond Mon, 27 Apr 2020 09:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=337912

Водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро е зголемен за по еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, нивото на Преспанското Езеро е за 86 санитиметри пониско од повеќе годишниот просек за април, додека водостојот на Доранското Езеро е за повеќе од три метри повисок од просечниот. Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-prespanskoto-i-dojranskoto-ezero/feed/ 0
Во Србија опаѓа бројот на заразени од коронавирус, се зголемува бројот на оздравени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=335127

Србија досега има евидентирано 6.890 заразени лица со коронавирус, 130 починати и 977 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград. Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.543 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот се намалува и тој изнесува 260 лица, со што вкупно во Србија со Ковид 19 заразени се 6.890 лица, изјави на владината прес конференција министерот за здравство Златибот Лончар. Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 45.355 лица, а досега се излечени 810 пациенти. Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3.660 пациенти, како и бројот на пациенти со влошена клиничка слика кои се ставени на респиратор-101 лице. Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, двајца мажи и три жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 130 лица, изјави Лончар. Вкупниот број на здравствени работници кои се позитивни на вирусот во Србија изнесува 656 лица, од кои 430 се наоѓаат на болничко лечење. Во Социјалните установи и домовите за стари лица, позитивни на вирусот се 489 лица, како и 98 вработени. На прес конференцијата на владиниот кризен штаб, на која од денес со одлука на владата се вратија новинарите, на прашање за коментар на изјавата на СЗО дека најтешкиот период со епидемијата допрва престои, епидемиологот Предраг Кон кажа дека „не верува да вирусот во Србија ќе исчезне за време на летниот период и дека СЗО ова го порачува пред се за земјите од јужната хемисфера“ , додека министерот Лончар изјави дека Србија ќе мора да се прилагоди да живее со вирусот. -Ќе мора да живееме со коронавирусот и не постои ниту една земја која се има вратено на периодот пред кризата. СЗО не може да предвиди, а наше е да направиме се за да ја сузбиеме пандемијата со воведените мерки, со носењето маски, ракавици, со хигиена и одржување на дистанца, и така да се прилагодиме на вирусот и да функционираме, кажа Лончар. Србија од денес ги ублажи мерките со кои полицискиот час е пократок и тој ќе важи од 18 до 5 часот, а пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро, во вторник, петок и недела, најмногу шестотини метри од местото на живеење. Од денес се отвораат и зелените пазари на отворен и затворен простор со задолжителна примена на сите мерки на заштита, како и автомеханичарските и вулканизерски дуќани, чевларите, кројачите, дуќаните за хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, книжарниците, продавниците за продажба на моторни возила, велосипеди, на техничка стока и градежен материјал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/feed/ 0
Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-slovenija/#respond Sun, 15 Mar 2020 15:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=316868

Според последните информации на словенечкото Министерство за здравство, бројот на заразени со коронавирусот се зголеми на 219 лица. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, најголем дел од заразените се на возраст од 30 до 49 години. Според статистика бројот на инфицирани мажи е еднаков со тој на жени. Кризниот штаб за справување со коронавирусот, предводен од премиерот Јанез Јанша, веќе одлучи од утре да прекинат со работа сите училишта и градинки, запрен ќе биде јавниот превоз, односно автобусите и железницата, а нема да бидат отворени ниту угостителските објекти за гости. Министерот за економија Здравко Почивалшек објави дека и понатаму ќе бидат отворени маркетите, аптеките, поштите, банките и бензинските пумпи. Тој апелираше да се користат начините за набавка на стоки без директен контакт, односно доколку е можно да се нарачува преку интернет, со цел да се избегнат непотребните собирања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-slovenija/feed/ 0
Во октомври регистриран голем раст на грчкиот извоз https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-oktomvri-registriran-golem-rast-na-grchkiot-izvoz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-oktomvri-registriran-golem-rast-na-grchkiot-izvoz/#respond Sun, 09 Dec 2018 13:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=137765

Грчкиот сојуз на извозниците инфомира дека во октомври годинава е регистриран голем раст на грчкиот извоз. Според анализата на Центарот за извозни истражувања, која е заснована врз нецелосни податоци од грчката статистичка служба, во октомври извозот на земјата е зголемен за околу 24 проценти на годишно ниво и изнесува 3,12 милијарди евра во споредба со 2,51 милијарди во октомври 2017 година . Ако не се земат предвид нафтените производи, извозот пораснал за 11,7 проценти или од 1,80 на 2,01 милијарди евра. Слично е и сликата за целиот период од јануари до октомври 2018 година. Извозот е зголемен за 4,17 милијарди евра или за 17,6 отсто и изнесува 27,78 милијарди евра, споредено со 23,61 милијарди за истиот период минатата година. Без нафтените производи, извозот за овој период изнесувал 18,34 милијарди, што претставува зголемување за 11,8 отсто од 16,4 милијарди минатата година.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-oktomvri-registriran-golem-rast-na-grchkiot-izvoz/feed/ 0