зголемена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 13:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalnata-minimalna-koshnichka-vo-juni-zgolemena-za-3-400-denari-vo-odnos-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalnata-minimalna-koshnichka-vo-juni-zgolemena-za-3-400-denari-vo-odnos-na-januari/#respond Thu, 07 Jul 2022 13:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=701783

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти. Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти. – Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ. Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците. – ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalnata-minimalna-koshnichka-vo-juni-zgolemena-za-3-400-denari-vo-odnos-na-januari/feed/ 0
Црна Гора: Смртноста од Ковид-19 во февруари зголемена за 70 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-smrtnosta-od-kovid-19-vo-fevruari-zgolemena-za-70-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-smrtnosta-od-kovid-19-vo-fevruari-zgolemena-za-70-otsto/#respond Tue, 02 Mar 2021 10:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=475926

Во Црна Гора 210 граѓани починаа како резултат на Ковид-19 во февруари, од кои 12 вчера, што е зголемување за 70 проценти во споредба со јануари, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора починале 1.015 лица заболени од Ковид-19. Дека епидемијата, и покрај строгите мерки, кои вклучуваат „локдаун“ на осум градови и затворање на угостителските објекти, добива на интензитет, покажува зголеменото оптоварување на капацитетот на болниците и растот на бројот на заразени лица, пренесува РТЦГ. Според вчерашните податоци, рекорден број од -131 заболен пациент се лекува во Клиничкиот центар, а 113 во ковид болницата во Бар.Дури 100 лица се во критична состојба во тие две институции. ссм/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-smrtnosta-od-kovid-19-vo-fevruari-zgolemena-za-70-otsto/feed/ 0
Невработеноста во Германија се зголеми првпат од 2013 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-germanija-se-zgolemi-prvpat-od-2013-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-germanija-se-zgolemi-prvpat-od-2013-godina/#respond Tue, 05 Jan 2021 13:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=452183

Пандемијата на коронавирусот предизвика зголемување на невработеноста во Германија, првпат од 2013 година. Минатата година, во просек, бројот на невработени се зголеми за 429.000, достигнувајќи 2,7 милиони луѓе, соопшти Федералната агенција за труд (БА). – Растот на бројот на невработени од пролетта се уште се чувствува, изјави шефот на БА, Детлеф Шеле. Тој посочи дека последиците од пандемијата на Ковид-19 и преземените мерки се уште се многу видливи. – Стабилизирачкиот ефект на скратеното работно време обезбеди работни места и спречи уште поголема невработеност, објасни Шеле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-germanija-se-zgolemi-prvpat-od-2013-godina/feed/ 0
Коронавирусот за 20 отсто ја зголеми продажбата на вотката во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-za-20-otsto-ja-zgolemi-prodazbata-na-votkata-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-za-20-otsto-ja-zgolemi-prodazbata-na-votkata-vo-rusija/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=327103

Во екот на светската здравствена криза предизвикана од новиот коронавирус, изолацијата и социјалната дистанца, минатиот месец е зголемена малопродажбата на водка и коњак во Русија за над 20 отсто, во споредба со истиот период лани, изјави претседателот на Националниот сојуз за заштита на потрошувачите, Павел Шапкин. – На крајот на март се зголеми статистиката за малопродажбата на сите видови алкохолни пијалоци. За вотка и коњак – околу 20 отсто раст во однос на март 2019 година, за вино – 10 проценти, за пиво – пет отсто. Априлскиот раст на продажбата ќе биде значително поголем, истакна Шапкин. Според него, ситуацијата со ширењето на новиот коронавирус може драстично да ја зголеми продажбата на алкохолни пијалоци поради две причини – прво поради консумирање, а второ како замена за антисептик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-za-20-otsto-ja-zgolemi-prodazbata-na-votkata-vo-rusija/feed/ 0