зголемени приходи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Feb 2021 13:10:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемени приходи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коронавирусот драстично ги зголеми приходите на Гугл https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-drastichno-gi-zgolemi-prihodite-na-gugl/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-drastichno-gi-zgolemi-prihodite-na-gugl/#respond Wed, 03 Feb 2021 13:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=463643

Компанијата Гугл информира за скок на приходите и профитот во четвртиот квартал на 2020 година благодарение на силниот раст на приходите од дигиталното рекламирање во време на пандемијата на коронавирус. Компаниите во секторите за патувања и забава ги намалија трошоците за рекламирање во пандемијата во 2020 година, но тој пад беше скоро целосно неутрализиран со трошењето во малопродажба и други сектори кои повеќе го користеа Интернетот поради ограничувањата поврзани со Ковид-19. „Алфабет“, фирмата- мајка на Гугл ги зголеми приходите во последните три месеци од минатата година за 23 проценти, на рекордни 56,9 милијарди долари. Нето-профитот скокна за 43 проценти, на 15,2 милијарди долари. Рекламниот бизнис на Гугл, вклучувајќи го и Јутјуб, учествуваше со 81 процент во приходите на Алфабет во последните три месеци од 2020 година. Гугл остварува повеќе приходи од рекламирање преку Интернет од која било друга компанија во светот, но Амазон станува се поголем ривал, а компаниите насочени кон Кина, како Алибаба, побрзо закрепнуваат кога е во прашање пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-drastichno-gi-zgolemi-prihodite-na-gugl/feed/ 0
Фејсбук ги зголеми приходите и бројот на корисници за време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-gi-zgolemi-prihodite-i-brojot-na-korisnici-za-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-gi-zgolemi-prihodite-i-brojot-na-korisnici-za-vreme-na-pandemija/#respond Thu, 30 Apr 2020 10:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=339841

Фејсбук објави голем раст на приходите и бројот на корисници во првиот квартал, но предупреди за знаци на опаѓање на приходите од рекламирање како резултат на негативното влијание на пандемијата врз економијата. Приходите пораснале за 18 проценти во првите три месеци од оваа година на 17,7 милијарди американски долари, по речиси идентичен процентен скок на приходите од рекламирање, на 17,4 милијарди долари. Нето добивката двојно се зголеми на 4,9 милијарди американски долари. Бројот на корисници е зголемен за 100 милиони, двојно повеќе од вообичаеното. Во моментов, водечката светска социјална мрежа брои 2,6 милијарди корисници. Сепак, тие предупредуваат дека како резултат на пандемијата водена од економска активност, очекуваат бавен раст на приходите од рекламирање во наредните месеци, укажувајќи на нивниот остар пад во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-gi-zgolemi-prihodite-i-brojot-na-korisnici-za-vreme-na-pandemija/feed/ 0