зголемено производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Apr 2020 10:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемено производство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На руските компании им е наложено драстично да го зголемат производството на мединцинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ruskite-kompanii-im-e-nalozeno-drastichno-da-go-zgolemat-proizvodstvoto-na-medincinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ruskite-kompanii-im-e-nalozeno-drastichno-da-go-zgolemat-proizvodstvoto-na-medincinska-oprema/#respond Fri, 10 Apr 2020 10:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=330142

Руските компании треба да го зголемат производството на медицинска опрема за 25 пати во мај, согласно државниот налог и план, соопшти денеска заменикот министер за индустрија и трговија на Руската Федерација, Олег Бочаров. – Компаниите го зголемуваат производството на медицинска опрема, како што беше во Втората светска војна. Планот за април е да се зголеми производството за осум пати, за 25 пати во мај и во јуни за 30 пати, рече Бочаров за време на посетата на Уралниот оптички и механички комплекс во Екатеринбург. Тој најави дека ќе биде потпишан договор за формирање конзорциум на производители на медицинска опрема, чија задача е да создаде линија на домашна опрема во сите критични области, заснована на единствена дигитална платформа. Според официјалните бројки, вкупниот број заразени во Русија е 11.917, излечени се скоро 800, а 94 починале. Во последните 24 часа, бројот на потврдени случаи е зголемен за 1.786, 18 починати, а 97 се отпуштени од болница. Повеќето пациенти се во Москва – 1124. Во главниот град, повеќе од половина од новите пациенти се луѓе под 45 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ruskite-kompanii-im-e-nalozeno-drastichno-da-go-zgolemat-proizvodstvoto-na-medincinska-oprema/feed/ 0