зголемување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 05:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867696

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Битиќи: Ако повторно има вештачко зголемување на цените нема да оставиме граѓаните да ја плаќаат највисоката цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-ako-povtorno-ima-veshtachko-zgolemuvane-na-tsenite-nema-da-ostavime-graganite-da-ja-plakaat-najvisokata-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-ako-povtorno-ima-veshtachko-zgolemuvane-na-tsenite-nema-da-ostavime-graganite-da-ja-plakaat-najvisokata-tsena/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=815467

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не стравува дека по предвидениот период за замрзнати цени на дел од прехранбените производи ќе се врати, како што вели, старата практика на вештачко зголемување на цените. Доколку се случи тоа, порачува дека граѓаните ќе бидат згрижени и Владата нема да ги остави да ја плаќаат највисоката цена. -Во пазарна економија мора да се однесуваме пазарно. Веќе доаѓаат првите позитивни сигнали од компаниите дека сме тука за да ја надминеме заеднички кризата и не стравувам дека по перидот на замрзнување на цените ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што беше направено одреден временски период, изјави Битиќи, на новинарско прашање по посета на фабрика во Куманово. Според Битиќи, на компаниите веќе им е сосема јасно дека мора да се однесуваат морално и етички во услови на криза. -Тоа што цело време повикувавме дека мора да има општествена одговорност, мора да има морално и етичко однесување на компаниите на пазарот, сметам дека веќе им е сосема јасно. Но, ако се случи спротивното, како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќаат највисоката цена. Тие ќе бидат згрижени, рече вицепремиерот Битиќи. Тој го повика Пазарниот инспекторат да ги провери информациите дали во Куманово и Кумановско се продава леб по замрзната цена од 33 денари но со помала грамажа од утврдената со одлуката на Владата. -Замрзнувањето на цената на лебот од 450 грама по 33 дена не е направено за да нанесе штета на производителите, туку да ги заштити потрошувачите, а секако во таа цена има одредена добивка. Ако има такви информации го повикувам Пазарниот инспекторат во Куманово и Кумановско да проверат дали навистина се продава леб по помала грамажа, а по цена од 33 денари, изјави Битиќи. Секое замрзнување на цена, дали е на лебот, јајцата, тестенините... повтори вицепремиерот, не е на штета на компаниите. -Компаниите се згрижени, можеби нема да продаваат со такви маржи какви што би сакале, но секако имаат предвидена маржа во цената. Донесени се и ќе бидат донесени во интерес и за заштита на граѓаните, рече Битиќи. Со одлуки на Владата, од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, од 16 март и цените на дел од млечните производи и тестенините каде намалувањето на цените изнесуваше 10 односно 15 отсто, а од вчера е замраната и цената на јајцата и на оризот на износот по кој се продаваа овие производи на 15 март. Замрзнатата цена за лебот, тестенините и на млечните производи важи до крајот на мај, а на јајцата и оризот до крајот на април. Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со Законот за трговија. Следните одлуки за нови прехранбени производи кај кои би се интервенирало со замрзнати цени, како што изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, зависи од анализата во Министерството за економија. -Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески. Стопанските комори завчера и порачаа на Владата да престане со замрзнување на цените и да најде други механизми за помош на граѓаните како што се намалување на даноците и на ДДВ-то и да се интервенира преку државните резерви. Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, посочи дека се отворени за сите конкретни но одржливи предлози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitiki-ako-povtorno-ima-veshtachko-zgolemuvane-na-tsenite-nema-da-ostavime-graganite-da-ja-plakaat-najvisokata-tsena/feed/ 0
РКЕ СО НОВА ОДЛУКА – од утре поскапуваат цените на горивата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-so-nova-odluka-od-utre-poskapuvaat-cenite-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-so-nova-odluka-od-utre-poskapuvaat-cenite-na-gorivata/#respond Mon, 31 May 2021 11:00:05 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517182

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на Одлуката од 25.05.2021 година. Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг. Од 1.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 67,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-so-nova-odluka-od-utre-poskapuvaat-cenite-na-gorivata/feed/ 0
Трамп потпиша налог против склaдирање на артикли и зголемување на цените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-potpisha-nalog-protiv-skladiranje-na-artikli-i-zgolemuvanje-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-potpisha-nalog-protiv-skladiranje-na-artikli-i-zgolemuvanje-na-cenite/#respond Tue, 24 Mar 2020 06:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=321070

Портпаролката на Белата куќа, Стафани Гришам синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша налог со кој се спречува трпуање артикли и зголемување на цените на производите неопходни за бора против новиот коронавирус. – Тоа испраќа силна порака дека нема да дозолиме складирање на основните животни потреби и зголемување на цените со што би се нанесло штета на здравјето на Америка во овој ќас, напиша Гришам на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-potpisha-nalog-protiv-skladiranje-na-artikli-i-zgolemuvanje-na-cenite/feed/ 0
РКЕ соопшти: Се зголемува цената на бензините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-soopshti-se-zgolemuva-cenata-na-benzinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-soopshti-se-zgolemuva-cenata-na-benzinite/#respond Mon, 25 Nov 2019 11:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=268772

Регулаторна комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,388 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,957 ден/кг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-soopshti-se-zgolemuva-cenata-na-benzinite/feed/ 0