зголемување на плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 17:09:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зголемување на плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на Надзорниот одбор на скопски Водовод најави дека е одлучено зголемување на платите на вработени, Левица гласала против https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-nadzorniot-odbor-na-skopski-vodovod-najavi-deka-e-odlucheno-zgolemuvane-na-platite-na-vraboteni-levitsa-glasala-protiv/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-nadzorniot-odbor-na-skopski-vodovod-najavi-deka-e-odlucheno-zgolemuvane-na-platite-na-vraboteni-levitsa-glasala-protiv/#respond Fri, 12 May 2023 17:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=833590

Надзорниот одбор на скопски Водовод согласно препораките и колективниот договор со синдикатот, донесе долука за зголемување на платите. -За неполни 10 месеци уште едно покачување на платите во Водовод со едногласно донесена одлука(се разбира борците за права на работниците од Левица гласаа против).Нека е Аирлија!!!, објави Никола Несторовски. Единствено членовите предложени од Левица биле против зголемувањето на платите на вработените.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-nadzorniot-odbor-na-skopski-vodovod-najavi-deka-e-odlucheno-zgolemuvane-na-platite-na-vraboteni-levitsa-glasala-protiv/feed/ 0
Влада: Одлуката на Уставниот суд е конечна и треба да се почитува, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-i-treba-da-se-pochituva-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-i-treba-da-se-pochituva-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/#respond Fri, 31 Mar 2023 13:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=818517

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука. - Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството, наведуваат од Владата. Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, се вели, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања. - Воедно, апелираме и да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти, се подвлекува во одговорот од владината прес-служба. Дополнително, информираат, во моментов се работи на решение за Општ колективен договор и Закон за плати со кој ќе се направи системско решение за платите во јавниот сектор и ќе се обезбеди континуиран раст согласно утврдена методологија. - Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите, но и на намалувањето на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните. Секој граѓанин треба да живее достинствено и да е му се вреднува трудот согласно квалификациите, обемот и комплексноста на работата која ја работи или работел, информираат од прес-службата на Владата на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-i-treba-da-se-pochituva-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/feed/ 0
Бараат зголемување на платите: Во Британија штрајкуваат 115.000 поштенски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baraat-zgolemuvanje-na-platite-vo-britanija-shtrajkuvaat-115-000-poshtenski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baraat-zgolemuvanje-na-platite-vo-britanija-shtrajkuvaat-115-000-poshtenski-rabotnici/#respond Fri, 26 Aug 2022 07:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=724207

Околу 115.000 работници во британската кралска пошта денеска штрајкуваат поради спорот со раководството за платите. Тоа е прв од четирите штрајкови што работниците ги најавија за 31 август и 8 и 9 септември, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Писмата нема да се доставуваат во деновите на штрајк, а некои испораки ќе бидат одложени, предупреди Royal Mail додека им се извинуваше на клиентите, истакнувајќи дека има план за вонредна состојба за да го минимизира прекинот. Како што е објаснето, компанијата ќе се обиде да достави што е можно повеќе специјални пратки во деновите на штрајкот, а приоритет ќе им даде на медицинските испораки каде што е можно. Синдикатот на работниците во комуникации (CVU), кој ги застапува и работниците од Кралската пошта, бара зголемување на платите што приближно ќе ја одразува моменталната стапка на инфлација, односно до износ што „ги покрива тековните трошоци за живот“. За време на тримесечните преговори, менаџментот на Кралската пошта понуди зголемување од „до 5,5 проценти“, што штрајкувачите го одбија. Стапката на инфлација во Обединетото Кралство достигна највисоко ниво во последните 40 години од 10,1 отсто и се очекува да достигне 13 отсто подоцна оваа година, според Би-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baraat-zgolemuvanje-na-platite-vo-britanija-shtrajkuvaat-115-000-poshtenski-rabotnici/feed/ 0
ССМ и денеска на протест пред Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-deneska-na-protest-pred-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-deneska-na-protest-pred-sobranieto/#respond Sat, 02 Jul 2022 07:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=698694

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Пред Собранието ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 13:30 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин. -Собранието и Владата најважно е да го решат проблемот на работниците и да немаат работници кои не можат да си дозволат да си купат леб и да си платат сметки за струја, велат од ССМ. Оттаму посочуваат дека покачувањата на цените лесно ги прават од денеска за утре на штета на рабониците и граѓаните, а за покачување на платите им е потребно време и методологија повторно на штета на работниците и граѓаните. – Жолтите картони денеска за пратениците кои еднаш гласаа против работниците, ќе станат црвен картон од работниците за пратениците кои се против нивните плати, велат од ССМ. Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда. Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-deneska-na-protest-pred-sobranieto/feed/ 0
ЈСП: Донесена е одлука за зголемување на платите, најавениот протест е политички мотивиран https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-donesena-e-odluka-za-zgolemuvanje-na-platite-najaveniot-protest-e-politichki-motiviran/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-donesena-e-odluka-za-zgolemuvanje-na-platite-najaveniot-protest-e-politichki-motiviran/#respond Thu, 09 Jun 2022 07:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=688685

Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз, стои во соопштението на ЈСП. Од таму велат дека јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари. - Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, се додава во соопштението на ЈСП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-donesena-e-odluka-za-zgolemuvanje-na-platite-najaveniot-protest-e-politichki-motiviran/feed/ 0
Мицкоски: Ја охрабрувам владата да го прифати нашето барање за да се зголемат платите во образованието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ja-ohrabruvam-vladata-da-go-prifati-nasheto-baranje-za-da-se-zgolemat-platite-vo-obrazovanieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ja-ohrabruvam-vladata-da-go-prifati-nasheto-baranje-za-da-se-zgolemat-platite-vo-obrazovanieto/#respond Fri, 08 Apr 2022 10:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=660232

Апсолутно да, јас тоа го кажав и во неколку наврати. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично апсолутно ги подржувам протестите на овие луѓе бидејќи тоа е само практично процес кој што следи на оној процес кој што го започна владата а тоа е зголемувањето на минималната плата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ги поддржува протестите на синдикатите. Мицкоски упати барање до владата на СДСМ да се издигне над ниските страсти и да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ во собранието со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и сложеноста на работните места, се со цел да се спречи незадоволството и кај синдикатите и кај вработените во образованието. - Ја охрабрувам владата еднаш да се издигне над ниските страсти и личните фрустрации да го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, носењето на законот со кој што платите ќе бидат нивелирани согласно компетенциите и согласно сложеноста ан работните места и на тој начин ќе го спречи овој излив на незадоволство кај вработените и во синдикатите и помеѓу вработените во образованието. Така што еве ја охрабрувам владата да застане еднаш над своите партиски интереси и да го слушне гласот на работникот и гласот на народот, посочи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ja-ohrabruvam-vladata-da-go-prifati-nasheto-baranje-za-da-se-zgolemat-platite-vo-obrazovanieto/feed/ 0
Македонскиот дипломатски синдикат се приклучува кон барањата на Конфедерацијата на слободни синдикати за зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-prikluchuva-kon-baranjata-na-konfederacijata-na-slobodni-sindikati-za-zgolemuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-prikluchuva-kon-baranjata-na-konfederacijata-na-slobodni-sindikati-za-zgolemuvanje-na-platite/#respond Mon, 20 Dec 2021 12:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=610810

Македонскиот дипломатски синдикат ги подржува и се приклучува кон барањата на Конфедерацијата на слободните синдикати и останатите синдикални организации во државата за зголемување на платите и исплата на К-15 регресот за годишен одмор и на приватниот и на јавниот сектор. - Македонската јавност треба да знае дека платите во МНР, една од најрепрезентативните служби во државата, се десет проценти пониски од државниот просек. Со сите додатоци и варијабили таа изнесува 26.800 денари. Како да се очекува натпросечна, па дури и просечна дипломатија, со потпросечни плати и потценување на една од најрепрезентативните професии во земјата задолжена за спроведување на надворешната политика. За неверување е податокот дека административните работници во МНР со средно образование со неколку десетици години стаж остваруваат плата од 15.000 денари и се изедначени во примањата со помошно-техничките работници (главно хигиеничарки). Овие административни службеници претставуваат фундамент кој што треба на дипломатијата да и овозможи непречено функционирање, без оглед дали станува збор за секретарска служба, курирска служба, факс служба, архива, дистрибуција на материјали и сл., стои во соопштението на Македонскиот димпломатски синдикат. Тие посочуваат дека тешко дека со просечна плата која што е позиционирана многу блиску до платите на текстилните работнички (исто така сериозно потценети), а премногу далеку од на пр. вработените во ИТ индустријата можеме да зборуваме за долгорочен и стратешки однос кон сопствената дипломатија. - Имајќи ја предвид оваа тешка состојба, МДС се приклучува во барањата за исплаќање минимална плата во висина од 18.000 денари и наедно, линеарно покачување на сите останати плати во целиот нивен распон, за да не се доведеме во ситуација половина од МНР да биде изедначено во минималната плата, додаваат од МДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-prikluchuva-kon-baranjata-na-konfederacijata-na-slobodni-sindikati-za-zgolemuvanje-na-platite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 25% поголеми плати за 4 години, царинска гилотиња и 8% рамен данок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-25-pogolemi-plati-za-4-godini-carinska-gilotinja-i-8-ramen-danok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-25-pogolemi-plati-za-4-godini-carinska-gilotinja-i-8-ramen-danok/#respond Wed, 24 Jun 2020 08:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=361872

Време е да ја исправиме Македонија. Имаме стратегија и програма за обнова на Македонија. Со проекти и решенија за секој, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Економијата е наш врвен приоритет. Планирано е воведување на рамен данок на доход и добивка од 8%. Со ова ќе им ги намалиме трошоците и на фирмите и на граѓаните. Ќе им овозможиме подобра бизнис клима, со цел отворање на поголем број на работни места. Наместо за данок, фирмите ќе можат средствата кои ќе ги заштедат од предвиденото намалување да го реинвестираат во производствениот процес, во насока на модернизација на работните услови. Ќе има повеќе за работниците. 25% покачување на платите во еден мандат од 4 години. Дополнително се обврзуваме на целосна царинска гилотиња, се наведува во соопштението. Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис. И во која секој граѓанин ќе може да успее. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-25-pogolemi-plati-za-4-godini-carinska-gilotinja-i-8-ramen-danok/feed/ 0
Здравствената администрација и помошно-техничките лица најавија генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-administracija-i-pomoshno-tehnichkite-lica-najavija-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-administracija-i-pomoshno-tehnichkite-lica-najavija-generalen-shtrajk/#respond Thu, 26 Dec 2019 12:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=282542

За десет отсто да се зголемат платите на вработените во здравствената администрација и на помошно-техничките лица во јавните здравствени установи, кои не се некоја голема ставка и трошок за зголемување, бидејќи административците во здравството не дежураат. Сега се создадени услови за зголемување на платите, буџетите се формирани, добро се направени, перспективни се и вклучуваат нови вработувања и зголемување на платите. Ако не се исполнат нашите барања ќе побараме од синдикатите овој протест да се претвори во генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации. Ова денеска го изјави Лела Јеремиќ од Психијатриската болница во Скопје на протестот на здравствената администрација и помошно-техничкииот пероснал на јавните здравствени установи, што се одржа пред Министерството за здравство. Таа посочи дека се организираат да поднесат тужби доколку биде потпишан анексот на Колективниот договор и ќе поведат иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост. Сите правни мерки, потенцира таа, ќе ги примениме за да успееме во нашите барања, а тие се основни права што ние ги заслужуваме по основ на работен однос, а тоа е право да не бидеме дискриминирани, односно право да бидеме третирани еднакво со другите вработени. – Не се исполнети нашите барања иако имавме преговори кои мислевме дека ќе се решат позитивно. Во многу чекори се согласивме и ги убедивме и министерствата за информатичко општество и администрација и за здравство дека нашата здравствена администрација е посебна во задачите што ги извршува, но се изненадивме со последната изјава на министерот за здравство дека таа нема да биде вклучена во зголемувањето на платите и со потпишувањето на анексот на договорот нема да внесена во Колективниот договор. Им благодариме на сите синдикати кои дадоа поддршка и очекуваме да не ги потпишат анексите на Колективен договор додека не се зголеми платата на сите вработени. Очекуваме дека ако не се исполнат нашите барања дека тие ќе организираат генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации, рече Јеремиќ. Нашите црвени линии, појасни, се десет отсто зголемување на платите, бидејќи неколку пати се зголемуваа платите на здравствениот персонал, на соработниците и на помошно – техничкиот персонал еднаш им се зголеми платата, без ние да бидеме вклучени, но сега и тие не се вклучени. Според неа, само со десет отсто зголемување на платата, тие би ја оствариле исплатата по систем на образование, а во спротивно вработените со средна стручна спрема, сестри и друг персонал ќе земаат повеќе плата од правници, економисти вработени во здравствената установа. – Ако се наведува дека ние сме планирани за следната година веројатно да не опфатат со зголемувањето на платите на целата администрација, но и тогаш ние повторно ќе висиме и ќе зависиме од Колективен договор, затоа што другата администрација зема плата согласно законот за плати, а не со Колективен договор. Значи повторно ќе треба некој Колективен договор да се потпишува кој ќе биде одвоен од другите вработени… Досега зголемувањето на платите било со зголемување на вредноста на коефициентот, докторите имаат 3, 4, 5 коефициент и можеби ќе се зголемеше и повеќе од 25 отсто платата ако се одеше со таа техника на зголемување, додаде Јеремиќ. Претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, Горан Беговиќ рече дека не е коректно да се зголемуваат плати само на едни профили, дека се на удар и лошо е кога за едни има зголемување на платите, а за други нема. – Многу е деликатна одлуката која треба да ја донесе Синдикатот. Всушност, Советот на Синдикатот донесе одлука да се потпише Колективниот договор. Не знаеме како правилно да постапиме. Имаме преговори со Министерството кои не сме ги завршиле. Ако не го потпишеме до 2 јануари Колективниот договор кој ќе ни гарантира утре дека луѓето ќе добијат зголемување на платите, ќе има ситуација сите да бидат незадоволни. Има објективна ситуација, кој гарантира утре дека техничката влада сигурно ќе го потпише тој колективен договор. Велат дека до 12 февруари ќе има некој мораториум, дали е тоа сигурно, што ако не го потпишеме. Навистина сме во деликатна ситуација. Опцијата да не потпишеме е многу деликатна. Како претседател не смеам тоа да го направам, затоа што имам одлука на Совет која ме обврзува, додаде Беговиќ. Александар Трајчевски од Детска хирургија и член на Координативно тело на здравствена администрација и помошно-технички лица на јавните здравствени установи во обраќањето пред учесниците на протестот рече дека одвојувањето на здравствената администрација од другата администрација, што не било можно, како што порача министерот, не е круцијално за платата, која тие ја земаат според Колективен договор. – Со поддршка на министерот како Координативно тело поднесовме иницијатива за промена на Законот за здравствена заштита, истакна Трајчевски и побара од министерот Филипче „дела, а не само зборови“. Дел од присутните на протестот побараа оставка од претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, Беговиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-administracija-i-pomoshno-tehnichkite-lica-najavija-generalen-shtrajk/feed/ 0
Владата нуди зголемување на платите за 10% од април, СОНК вели: Бараме 25% од јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nudi-zgolemuvanje-na-platite-za-10-od-april-sonk-veli-barame-25-od-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nudi-zgolemuvanje-na-platite-za-10-od-april-sonk-veli-barame-25-od-januari/#respond Wed, 09 Oct 2019 08:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=249514

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти  почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.
– Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа  информација вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на двапати по 5 проценти, соопшти владината прес-служба. Владата и МОН завчера му предложија на СОНК зголемување на платите за нови 10 отсто од април. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека ќе го консултираат членството кое треба да одлучи дали е предлогот прифатлив или ќе биде одбиен. Советот на СОНК вчера одржа состанок со регионални претставници на Синдикатот, на кој присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми. Неделков изјави дека според првичните реакции, не се задоволни што зголемувањето ќе биде 10, а не 25 отсто како што бараат тие. Сметаат и дека зголемувањето треба да биде од 1 јануари, а не од април. Тоа се нивните првични сознанија од расположението на членството, но конечната одлука  ќе ја имаат до почетокот на наредната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-nudi-zgolemuvanje-na-platite-za-10-od-april-sonk-veli-barame-25-od-januari/feed/ 0