згрутчување на крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Apr 2022 10:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png згрутчување на крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НОВА СТУДИЈА: Истражувачите објавија – познато до кога постои ризик од згрутчување на крвта на лица кои се инфицирале со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-istrazuvachite-objavija-poznato-do-koga-postoi-rizik-od-zgrutchuvanje-na-krvta-na-lica-koi-se-inficirale-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-istrazuvachite-objavija-poznato-do-koga-postoi-rizik-od-zgrutchuvanje-na-krvta-na-lica-koi-se-inficirale-so-kovid-19/#respond Thu, 07 Apr 2022 10:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=659627

Луѓето кои биле инфицирани со коронавирусот се соочувале со зголемен ризик од развој на тешки крвни згрутчувања до шест месеци по инфекцијата, дури и оние случаи што покажале благи симтоми на Ковид-19, се наведува во студијата што денеска ја објави Британскиот медицински журнал (БМЈ). И претходните истражувања покажаа дека Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, но новата студија на БМЈ покажува колку долго може да трае потенцијалната опасност од крвни згрутчувања. Истражувачите ги споредувале податоците за повеќе од милион луѓе во шведските национални регистри кои се заразиле со Ковид во периодот од февруари 2020 до мај 2021 година, со контролни групи од над четири милиони лица кои не биле позитивни. Притоа откриле дека оние со Ковид имаат поголем ризик од белодробна емболија – згрутчување на крвта што ги блокира артериите во белите дробови, и тоа до шест месеци по инфекцијата. До три месеци по инфекцијата со Ковид постои и зголемен ризик од длабока венска тромбоза – згрутчување на крвта во пределот на долнит екстремирети, стои во студијата. По разгледувањето на голем број фактори, истражувачите откриле 33 пати поголем ризик од белодробна емболија кај оние кои имале Ковид, како и петкратно зголемување на ризикот од длабока венска тромбоза. Луѓето кои имале тешки симптоми на Ковид и оние пациентите кои веќе имале такви здравствени состојби биле изложени на поголем ризик, покажуваат резултатите од студијата. Но, дури и луѓето кои имале благи случаи, на кои не им била потребна хоспитализација, имале зголемен ризик од белодробна емболија и длабока венска тромбоза. Шансите за формирање згрутчување биле поголеми за време на првиот бран на пандемијата отколку во подоцнежните фази, што според научниците се должи на покриеноста со вакцини и подобрениот медицински третман на пациентите со тек на времето. Истражувачите посочуваат дека нивните наоди значат отворен повик до лекарите за дополнителен третман за спречување на згрутчување на крвта, особено кај случаите со висок ризик. Истовремено тие нагласуваат дека резултатите од истражувањето ја покажува важноста на вакцинацијата. И научници од Универзитетот во Глазгов кои воопшто не биле вклучени во односното истражување се согласни за потребата од будност поради можни компликации после инфекциите со вирусот САРС-КоВ-2. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-studija-istrazuvachite-objavija-poznato-do-koga-postoi-rizik-od-zgrutchuvanje-na-krvta-na-lica-koi-se-inficirale-so-kovid-19/feed/ 0
Згрутчувањето на крвта може да биде фатално: Aко имате еден од овие симптоми веднаш на лекар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-fatalno-ako-imate-eden-od-ovie-simptomi-vednash-na-lekar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-fatalno-ako-imate-eden-od-ovie-simptomi-vednash-na-lekar/#respond Thu, 15 Jul 2021 13:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=537266

Човечкото тело го запира крварењето со згрутчување на крвта. Меѓутоа, крвните згрутчувања можат да се појават кога не би требало, да предизвикаат мозочен удар, срцев удар или други серозни медицински проблеми. Овие симптоми покажуваат дека некаде има опасно згрутчување на крвта. Болка во нозете или чувствителност – ова е чест симптом и болката понекогаш се опишува како грч. Необјаснива кашлица – веднаш обратете се кај вашиот лекар. Болка во градите при длабоко дишење – ако во случај го имате овој симптом можно е да имате згрутчување на крвта во белите дробови. Црвени пруги на кожата – модринките се облик на згрутчување на крвта, но во случај да воочите црвени пруги по должината на вените, тогаш ова не е нормална модринка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zgrutchuvanjeto-na-krvta-moze-da-bide-fatalno-ako-imate-eden-od-ovie-simptomi-vednash-na-lekar/feed/ 0