жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 19:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хороскопот открива: Кои мажи ќе ве чуваат како кралица, а кои љубовта ја покажуваат на друг начин? https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopot-otkriva-koi-mazhi-ke-ve-chuvaat-kako-kralitsa-a-koi-lubovta-ja-pokazhuvaat-na-drug-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopot-otkriva-koi-mazhi-ke-ve-chuvaat-kako-kralitsa-a-koi-lubovta-ja-pokazhuvaat-na-drug-nachin/#respond Fri, 20 Oct 2023 19:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=891373

Некои хороскопски знаци се попосветени на своите партнери, а други пак, сметаат дека нема потреба од „воздигнување до небо“ за да ја изразат својата љубов, што не значи дека таа не постои. Според астролозите, Овенот, на пример, сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека на партнерката повремено треба да ѝ се купуваат подароци, но не и да ја разгали и да ја претвори во материјалистка. И Бикот сака да ѝ удоволува, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци или масажа, тој љубовта ќе ја покаже како поддршка, грижа и одговорност. Од Близанците не би требало да очекувате кралски третман. И тој ќе ве сака, и ќе ве држи за рака, но постојаното удоволување не му е во природата. Според него, таквите работи се непотребни и изненадувањата се чуваат само за посебни пригоди. Ракот сака да ја разгали својата партнерка и ќе ѝ даде сѐ што посакува. Тој е зависен од взаемни бакнежи и топли зборови. Лавот ужива во внимание и галење, па тоа ѝ го нуди и на својата поубава половина, со очекување дека ќе му вратите со иста мерка. Тука ќе има многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за да бидете среќна. Мажот Девица нема да направи ништо посебно за да покаже колку сте му посебна, но неговите суптилни гестови и оригиналноста ќе кажат сѐ. Вие за него сте принцеза и ќе го забележите тоа додека, на пример, ви ја отвара вратата, ви го извлекува столчето, или ви испраќа кратки слатки пораки за да ви покаже дека мисли на вас. Вагата сака да им удоволува на другите, но тоа нема да се случува постојано само зашто вие тоа го барате. Ќе ви ја пружи сета љубов, но нема да ве стави на престолот. Мажите родени во знакот Скорпија се интензивни и прилично страствени. Но, иако би можеле да бидете негова кралица, најдобро е да не очекувате ​​премногу. Просто, не се склони кон романтични и креативни гестови. Но затоа пак, в кревет ќе ве обожува како кралица, секако – еднаква на себе. Стрелецот е авантурист и сака забава. Повремено сака и слатки подароци и излегувања. Претпочита силен однос и во врската нема да се чувствувате како дадилка. Јарецот изгледа сериозно, но всушност е доста мек. Ќе ви се поклонува и ќе ви го подари сиот раскош што го заслужувате. Тоа е неговиот начин на покажување на преданоста. На мажите Водолии им е важна длабоката поврзаност. За него подароците се површна работа. Претпочита обајцата да вложите еднаков труд во врската и сака да бидете со него поради тоа каков е, а не заради материјалните нешта. Рибите се многу внимателни и ќе направат сѐ за да се чувствувате посебно. Очекувајте многу букети, отмени вечери и изненадни патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskopot-otkriva-koi-mazhi-ke-ve-chuvaat-kako-kralitsa-a-koi-lubovta-ja-pokazhuvaat-na-drug-nachin/feed/ 0
Лас Вегас вторпат по ред шампион на женската НБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/las-vegas-vtorpat-po-red-shampion-na-zhenskata-nba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/las-vegas-vtorpat-po-red-shampion-na-zhenskata-nba/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=890593

Кошаркарките на Лас Вегас го победија тимот на Њујорк со 70:69 ноќеска во четвртиот натпревар од финалната серија на плејофот на ВНБА. Лас Вегас со вкупни 3:1 ја доби финалната серија. Најзаслужна за победата на гостинките беше Аја Вилсон кој постигна 24 поени и забележа 16 скока. Таа беше прогласена за МВП на финалето. Лас Вегас втора сезона по ред стана шампион на ВНБА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/las-vegas-vtorpat-po-red-shampion-na-zhenskata-nba/feed/ 0
Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888179

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации. Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола. Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени. Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни. „Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој. Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан. Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/feed/ 0
Милеска го објави списокот на фудбалерки за претстојните квалификациски мечеви во Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mileska-go-objavi-spisokot-na-fudbalerki-za-pretstojnite-kvalifikatsiski-mechevi-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mileska-go-objavi-spisokot-na-fudbalerki-za-pretstojnite-kvalifikatsiski-mechevi-vo-kosovo/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=884124

Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години оваа недела ги започнува европските квалификации во рамките на првата рунда од Б лигата. „Црвено-жолтите“ од утре до 10 октомври ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во групата Б1 и за противници ќе ги има репрезентациите на Грузија, Ерменија и домаќинот Косово. Селекторот Катерина Милеска за претстојниот турнир во Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки: Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Миа Петровска (Џи-Џи); Одбрана: Андреа Коловска (Љуботен), Емилиа Блажевска (Скофтенби, Шведска), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје); Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Јована Каралиоска (Цевитана), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен); Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија); Македонките, утре во првото коло играат со Грузија, во рамките на второто коло (6 октомври) се среќаваат со Ерменија, три дена подоцна, во последното коло, силите ќе ги одмерат против домаќинот, селекцијата на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mileska-go-objavi-spisokot-na-fudbalerki-za-pretstojnite-kvalifikatsiski-mechevi-vo-kosovo/feed/ 0
Доаѓа голем празник: Еве што да направат жените за Мала Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/#respond Wed, 20 Sep 2023 05:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=879678

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/feed/ 0
Што ги привлекува жените? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-gi-privlekuva-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-gi-privlekuva-zhenite/#respond Mon, 18 Sep 2023 10:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=879076

Честа машка дилема е – што ги привлекува жените? Што всушност жените сакаат од мажите? Мажите имаат сопствена идеја за тоа кој е добар фраер, а кој не е, кои особини се пожелни, но таа идеја често пати не се поклопува со женското мислење. Ако сакаат таа дилема да ја решат и отворено да прашаат некоја жена за тоа, ќе се разочараат. Не само што секоја жена ќе има некоја своја престава за тоа како треба да биде идеалниот маж, туку и затоа што многу често не умеат рационално да објаснат зошто им се допаѓа ова или она. Сега некој злобник би можел да каже дека жените и онака не се познати по рационалното расудување, но тука не се работи за тоа. Тука станува збор за она што жените го сметаат за привлечно, како и причините за тоа. Се работи за тоа што девојчињата релативно рано формираат престава за тоа каков би требало да биде „принцот на бел коњ“. Случувањата и искуствата низ кои поминуваат девојчињата помеѓу својата трета и десета година најмногу ќе влијаат на нејзиното формирање на идеата за идеален маж. Што се однесува до физичкиот изглед, може да се случи да и се допадне широки рамења на кои им се восхитувала додека била мала, а спасувач со широки рамења ја спасил, можеби во некој момент се изгубила и расплакала, а чичко со топли смеѓи очи ја сослушал и и помогнал да ја најде мама. Во такви случаи несвесно ќе ги поврзува широките рамења и смеѓите очи со сигурност и топлина – а лесно може да се случи да не се сеќава на случките и затоа да не се сеќава зошто баш тие физички карактеристики и се допаѓаат. Приказната е слична и за особините. Она што девојчето го доживеало како особини кои и годат, или кои што научила да ги поврзува со мажевноста, како жена ќе бара и ќе сака да ги има идниот маж. Може да дојде и до стекнување на спротивставени искуства – да речеме крупен, груб маж истовремено да биде гледан и како застрашувачки и како некој кој што може да ја заштити, па жената подоцна може истовремено да се плаши од такви мажи, но и да сака да биде со нив. Како да знаете што ќе ја привлече жената за која сте заинтересирани? Нема начин тоа да го дознаете, освен да ја запознаете и да научите што е тоа што таа го цени. Нејзината престава за идеален маж таа ја формирала во детството, а вие тешко можете однапред детално да знаете какво и било детството и што и оставило најсилни впечатоци. Ви останува само да пробате – и да се надевате на најдоброто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-gi-privlekuva-zhenite/feed/ 0
Истражување откри: Жените пијат алкохол повеќе од мажите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-otkri-zhenite-pijat-alkohol-poveke-od-mazhite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-otkri-zhenite-pijat-alkohol-poveke-od-mazhite/#respond Thu, 14 Sep 2023 09:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=877944

Се намалува половата разлика во количината на консумиран алкохол, а во пораст се болестите и компликациите кои се последица на дејството на алкохолот кај жените - од нарушувања на метаболизмот и имунолошкиот систем до рак на дојка. Новото истражување покажува дека иако мажите сè уште имаат поголема веројатност да умрат од болести поврзани со алкохол, јазот се намалува, а жените креваат чаша исто толку често колку и мажите. Жените најмногу пијат во триесеттите и четириесеттите години, а односот на популацијата е 49 наспроти 55 за жените. „За разлика од тешките дроги, алкохолот се смета за помалку опасен порок кој може да го ублажи стресот. Тој е легален и лесно достапен за сите во општеството“, вели Друти Петел, специјалист по психијатрија за зависности на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами. Ефектот на алкохолот зависи од физичката структура Дури и малите количини вино, пиво или коктели го загрозуваат здравјето. Минатата година, непрофитната Светска федерација за срце ја оспори широко распространетата идеја дека една чаша вино дневно е добро за здравјето. Тие истакнаа дека секое количество алкохол го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и аневризма. Дури и кога консумираат иста количина на алкохол како и мажите, жените се поподложни на неговите негативни ефекти. Експертите го оправдуваат тоа со фактот дека жените имаат повеќе масно ткиво и помалку вода од мажите со слична тежина, што резултира со поголема концентрација на алкохол во крвта. Жените исто така имаат помалку ензими кои го метаболизираат алкохолот. Се смета дека нивните хормонални флуктуации играат улога во тоа колку брзо се распаѓа алкохолот. Според истражувањата, жените кои консумираат алкохол имаат повеќе здравствени проблеми од мажите. Исто така, жените кои пијат два пијалоци дневно или помалку имаат зголемен ризик од смрт. Според истражувачите, според статистиката направена во 2018 година, нивниот број е драстично зголемен. Смртноста кај жените се зголемува годишно за 15 отсто, а кај мажите за 12,5 отсто. „Овие податоци не се очекуваат, а покрај употребата на алкохол, се зголемува и употребата на опијати. Често тие се мешаат и предизвикуваат колапс и смрт“, вели Ибрахим Караи, коавтор на студијата задолжен за здравјето на населението. истражување, од Универзитетот Хофстра во Хемпстед, Њујорк. Смртта од труење со алкохол доаѓа брзо, често поради ненадејна срцева слабост или инсуфициенција на црниот дроб и панкреасот. Честото консумирање алкохол може да доведе до рак на дојка, а животниот ризик може да се зголеми до 9 проценти ако пиете само еден пијалок дневно. Ова е моментот кога имунолошкиот систем е нарушен, што може да ги зголеми инфекциите и да го отежне постоперативното закрепнување. Проблемите со плодноста и раната менопауза се исто така поврзани со алкохолот. Жените кои прекумерно пијат ги изложуваат своите деца на ризик од физички, ментални и проблеми во однесувањето. „Се проценува дека околу 29,5 милиони Американци имаат нарушување на употребата на алкохол. Но, жените кои имаат проблем бараат помош поретко од мажите. Годишно, седум отсто од мажите и четири отсто од жените се дијагностицирани со алкохолизам“, вели Друти Петел, специјалист по психијатрија за зависности на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами. „Оние кои често се потпираат на алкохол за да се справат со стресот или кои редовно искусуваат симптоми на прекумерна потрошувачка, како што се летаргија или заматено размислување, треба да разговараат со својот лекар. Лекарот може да препорача посета на терапевт за да научат алтернативни техники за управување со стресот или лицето да се приклучи на група за поддршка“, истакна Петел. Се препорачува и посета на психијатар кој може да препише лекови за намалување на желбата, како што се налтрексон, дисулфирам и акампросат. Сепак, како што е забележано во студијата на Караи, овие лекови - како и многу други - првенствено се проучувани кај мажи, па не е сигурно колку тие го подобруваат здравјето или смртноста на жените. „Несоницата исчезна, заменета со длабок и квалитетен ноќен сон. Кожата ми е почиста, расположението ми е подобро и нема нагли промени во расположението, а концентрацијата за работа е одлична", рекла жена која била зависна од алкохол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-otkri-zhenite-pijat-alkohol-poveke-od-mazhite/feed/ 0
Мит или вистина? Дали овој тип на мажи е навистина најдобар во кревет? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mit-ili-vistina-dali-ovoj-tip-na-mazhi-e-navistina-najdobar-vo-krevet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mit-ili-vistina-dali-ovoj-tip-na-mazhi-e-navistina-najdobar-vo-krevet/#respond Wed, 13 Sep 2023 05:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=877479

Околу 40 отсто од жените не доживуваат оргазам за време на сексот, а истражувањата покажале дека за оваа статистика подеднакво се виновни и мажите и жените. Жените често доживуваат фрустрација поради кочницата во главата и очекувањето дека мажите им ги читаат мислите, додека мажите често не вложуваат доволно труд и мотивација и често имаат проблеми со комуникацијата. Ново истражување, пак, покажа дека постои тип на маж кој жените го издвојуваат како најдобар во кревет – „лошите момчиња“ или хипермажите. Се одликуваат со став, гард, лоши навики и голем број сексуални партнери. Овие мажи често не се врзуваат емотивно и не ги ставаат љубовта и сексот во иста реченица. Лошите момци често доминираат во психолошките игри, обидувајќи се да им угодат на жените на свој начин. Биолошки гледано, жените често ги привлекуваат „лошите момчиња“ бидејќи ослободуваат повеќе тестостерон, што доведува до смелост и изразена сексуалност. Таквите мажи често се емоционално недостапни, што дополнително ја зголемува нивната привлечност, сè додека жените не ја почувствуваат горчината на скршеното срце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mit-ili-vistina-dali-ovoj-tip-na-mazhi-e-navistina-najdobar-vo-krevet/feed/ 0
Зошто жените избираат помалку убави мажи? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-zhenite-izbiraat-pomalku-ubavi-mazhi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-zhenite-izbiraat-pomalku-ubavi-mazhi/#respond Tue, 05 Sep 2023 07:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=874637

На познатото прашање „што видела во него?“ можеме да одговориме дека жените сакаат нешто што ќе им даде поголема удобност од силната мускулатура – сигурност… Постојат многу причини зошто привлечна жена држи за рака маж со просечен изглед. Повеќето причини се од психолошка природа и може да се објаснат сосема едноставно – се почесто жените се одлучуваат за машката зрелост, а не за привлечната надворешност. Затоа на улица или во кафуле можеме да видиме парови кои на прв поглед воопшто не си одговараат, што го покренува познатото прашање: „Што видела таа во него?“ Најповршниот одговор е – пари или статус. Постои и тоа, се разбира, но има и други причини. Врските траат подолго Студијата објавена од „Дејли њуз“ открива дека жените кои се омажиле за непривлечни мажи имаат посреќни бракови од оние кои се омажиле за привлечни. Тоа е еволутивен проблем. Мажите повеќе се грижат за изгледот на својата партнерка, бидејќи тоа обично значи дека ќе пренесат подобри гени на нивните деца. Жените, од друга страна, бараат стабилен маж, а не само силни гени. Мажите кои се попривлечни од нивните сопруги имаат тенденција да им посветуваат помалку внимание. Жените избираат обожување наместо љубов Советите од искрените мајки и баби обично се сведуваат на следново: „Омажи се за човек кој ќе те сака повеќе отколку што ти го сакаш него“. Тоа е застрашувачки совет за девојка од 14 или 18 години, но во одреден момент тие се сеќаваат на него и можеби го практикуваат. Повеќе отколку на мажите, на жените им е потребна љубов. Жените сакаат да слушнат, видат и разберат дека некој ги сака. Тие не сакаат да се прашуваат каде отишла романсата и да погодуваат нечии вистински чувства. Помалку привлечен маж е помала веројатноста да ги остави за поубава и помлада жена. Изгледот на жената е поважен Мажите гледаат со очи, жените гледаат со уши. Еволутивниот психолог и автор на книгата „The Science of Romance“ д-р Најџел Барбер тврди дека изгледот им е помалку важен на жените во врската. Тоа не е ништо ново. Уште кога стануваме доволно возрасни за да се забавуваме, жените први сфаќаат дека нивниот изглед е поважен од машкиот. Тие се оние кои треба да изгледаат убаво, привлечно, секси и слично. Мажот има значење во врската врз основа на неколку фактори: сила, репутација, личност или социјален статус. Помалку атрактивните се поотворени Жените всушност не бараат помалку атрактивни мажи, тие обично повеќе ги бркаат. Според студијата објавена од британски „Телеграф“, помалку привлечните мажи имаат поголема самодоверба. Тоа е лажна самодоверба, но сепак е самодоверба. За разлика од попривлечните мажи, тие се поотворени и пооптимистични кога станува збор за приоѓање на жените, што објаснува зошто добрите момци ретко им приоѓаат на згодните жени. Ова „надуено“ его им дава предност на помалку привлечните мажи затоа што тие ги бркаат жените, бидејќи немаат луксуз да чекаат да им пријдат. Жените сакаат сигурност Иако потајно копнеат по силни гради, бујна коса и рамен стомак, жените сакаат уште нешто – нешто што ќе им даде поголема удобност отколку силната мускулатура – ​​сигурност. Откако доживеале разочарување со супер фраер, чувство на несигурност и постојана напнатост, тие избираат некој кој ќе направи да се чувствуваат добро. Колку и да е површно и плитко, помалку привлечните момци носат чувство на безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-zhenite-izbiraat-pomalku-ubavi-mazhi/feed/ 0
Мажите треба да го знаат ова: Жените поради едно нешто го напуштаат човекот којшто го сакаат https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mazhite-treba-da-go-znaat-ova-zhenite-poradi-edno-neshto-go-napushtaat-chovekot-kojshto-go-sakaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mazhite-treba-da-go-znaat-ova-zhenite-poradi-edno-neshto-go-napushtaat-chovekot-kojshto-go-sakaat/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=872830

Сигурно некогаш сте биле изненадени со одлуката од некој пар да се разведе, особено доколку станува збор за пар којшто навистина се сака и почитува. Разводите меѓу сопружниците каде има љубов се чести, но никому не му е јасно поради што доаѓа до тоа? Брачен советник којшто работи и со мажи и со жени низ кризните години, го изнел своето мислење и заклучок зошто доаѓа до крај на бракот меѓу луѓето кои се сакаат. Додека многу од ситуациите се сложени, постои и многу едноставна вистина која мажите треба да ја знаат: жените ги напуштаат мажите кои ги сакаат. Се чувствуваат страшно поради тоа. Срцето им е скршено, но тие го прават тоа. Тие собираат храброст и своите ресурси и заминуваат. Жените ги напуштаат мажите кои имаат деца, домови и животни. Жените заминуваат поради многу причини, но постои една причина која мажите треба да ја сфатат: жените си заминуваат затоа што мажите не се присутни. Тој работи, игра голф, игра видеоигри, гледа телевизија... Списокот е долг. Во суштина, тоа не се лоши луѓе. Тие се добри татковци, тие го поддржуваат своето семејство. Мили се и симпатични, но не се присутни во животот на жените. Жените вообичаено велат: „Некој би можел да дојде и да ме освои, без оглед на мојот сопруг“. Жените сакаат мажите да ги почувствуваат. Не сакаат отсутност или недостаток на сексуални односи. Сакаат да ја почувствуваат страста. Важно е да ја „гледаат“ својата жена, да го „уловат“ нејзиниот поглед, таа да се чувствува сакано. „Зборувам за пет минути дневно во кои ќе бидеш целосно присутен со жената со која го споделуваш животот. Ќе биде целосно отворен, слушај и гледај без осудување“, изјавил овој брачен советник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/mazhite-treba-da-go-znaat-ova-zhenite-poradi-edno-neshto-go-napushtaat-chovekot-kojshto-go-sakaat/feed/ 0