„Живко Чинго“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 12:57:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Живко Чинго“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иван Антоновски е годишниот лауреат на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ivan-antonovski-e-godishniot-laureat-na-nagradata-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ivan-antonovski-e-godishniot-laureat-na-nagradata-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/#respond Wed, 09 Aug 2023 12:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=865074

Иван Антоновски е автор на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ прогласен за најдобар на годинешниот конкурс што Општина Охрид го распишува во чест на делото на охридскиот и македонски романсиер, Живко Чинго. Антоновски е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Коприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет. Наградата на лауреатот ќе му биде доделена  во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ivan-antonovski-e-godishniot-laureat-na-nagradata-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/feed/ 0