ЖРК Вардар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 04:19:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЖРК Вардар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анжела Платон е нов помошник-тренер на ЖРК Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/anzhela-platon-e-nov-pomoshnik-trener-na-zhrk-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/anzhela-platon-e-nov-pomoshnik-trener-na-zhrk-vardar/#respond Tue, 05 Sep 2023 04:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=874554

ЖРК Вардар потврди дека Анжела Платон во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб во сениорскиот тим. Поранешната славна ракометарка минатите години беше задолжена за развој на младите таленти, а оваа година добива нов предизвик и ќе ја извршува функцијата на помошник-тренер, но во исто време ќе раководи и со младинските категории. Анжела Платон долги години е дел од ЖРК Вардар, а на македонската јавност ѝ е најпозната од настапите за Кометал Ѓорче Петров, кога овој тим се искачи на тронот во женската Лига на шампиони на ЕХФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/anzhela-platon-e-nov-pomoshnik-trener-na-zhrk-vardar/feed/ 0
ЖРК Куманово третпат во историјата до трофејот во женскиот ракометен Куп на Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zhrk-kumanovo-tretpat-vo-istorijata-do-trofejot-vo-zhenskiot-rakometen-kup-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zhrk-kumanovo-tretpat-vo-istorijata-do-trofejot-vo-zhenskiot-rakometen-kup-na-makedonija/#respond Sat, 13 May 2023 14:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=833842

Женската ракометна екипа на Куманово третпат во својата историја стигна до трофејот од Купот на Македонија, откако во финалето кое се одигра во Охрид го совлада Вардар со 32-31. Вардарки очигледно беа исрпени со синоќешната победа над шампионот на Македонија, Ѓорче Петров, па денес немаа доволно сили да направат уште едно изненадување и да го совладаат и Куманово, кој вчера не го одигра полуфиналниот натпревар, откако екипата на Металург се откажа од учество во завршницата на Купот на Македонија. Куманово во поголемиот дел од натпреварот имаше контрола над резултатот, додека Вардар постојано бркаше резултат и се обидуваше да остане во игра. Кумановки на полувремето имаа предност од 15-12. Најефикасна на натпреварот беше бразилската интернационалка во дресот на Куманово, Андреза Алмеида со 11 голови. За Куманово ова е трет трофеј од Купот на Македонија, откако претход победуваше во 2019-тата и 2021-вата година. На спротивната страна Вардар останува на 6 трофеи, од кои последниот е освоен во 2018-тата година. Кометал ЃП уште долго ќе остане најтрофејна екипа со 16 пехари од ова натпреварување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zhrk-kumanovo-tretpat-vo-istorijata-do-trofejot-vo-zhenskiot-rakometen-kup-na-makedonija/feed/ 0
Вардар, Ѓорче Петров, Металург и Куманово на завршниот турнир во Купот на Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-gorche-petrov-metalurg-i-kumanovo-na-zavrshniot-turnir-vo-kupot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-gorche-petrov-metalurg-i-kumanovo-na-zavrshniot-turnir-vo-kupot-na-makedonija/#respond Mon, 20 Mar 2023 05:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=813937

Вардар, Ѓорче Петров, Металург и Куманово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија во женска категориија за 2023 година. Фаворизираните тимови успеаја да ја потврдат улогата во финалните натпревари и да се пласираат во самата завршница. Вардар до место на финалниот турнир стигна со победа од 38-20 против Деспина, Ѓорѓе Петров славеше со 18-36 против Спартак, Металург со 15-25 против Стружанка, додека Куманово со 27-32 против Пелистер. Улогата бранител на трофејот ќе им припадне на ракометарките од Автокоманда кои претходната сезона славеа против Ѓорѓе Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-gorche-petrov-metalurg-i-kumanovo-na-zavrshniot-turnir-vo-kupot-na-makedonija/feed/ 0
Вардар го договори првото засилување за следната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvanje-za-slednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvanje-za-slednata-sezona/#respond Sat, 28 May 2022 05:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=682759

Женскиот ракометен клуб на Вардар која дефинитивно има сезона за заборав, полека започна да го гради тимот за наредната сезона, а прво засилување во редовите на „црвено-црните“ е десниот бек од Спартак, Ангела Гроздановска, која потекнува од школата на Вардар. Договорот на Гроздановска со екипата на Вардар е на една година.Гроздановска речиси на сите натпревари во Женската лига постигнуваше двоцифрен број на погодоци и најверојатно во сезоната која е при крајот, ќе заврши на 3 место на листата на стрелци. Младата ракометарка, моментално, има постигнато 197 погодоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dogovori-prvoto-zasiluvanje-za-slednata-sezona/feed/ 0
ЖРК Вардар елиминиран од Европскиот Куп https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-eliminiran-od-evropskiot-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-eliminiran-od-evropskiot-kup/#respond Sun, 21 Nov 2021 07:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=597823

Женската ракометна екипа Вардар одигра реми на гостувањето во Холандија (26-26) против Јуро Унирек и така се збогуваше од Европскиот куп, откако првиот меѓусебен дуел го загубија со 25-35 во Скопје. Вардар тргна со два гола во мрежата на противникот, кој потоа ја презема контролата на мечот во свои раце и избега на пет гола разлика (7-2), но „црвено-црните“ до полувреме намалија на еден гол негатива (11-12). Македонската екипа во вториот дел стигна и до пресврт (21-19), но повторно следеше одлична серија од домаќинот и предност од 26-22. Сепак, Вардар со одлична завршница и четири гола по ред стигна до 26-26. Стеверник беше најефикасна во домашната екипа о шест гола, колку што постигна и Диневска за екипата на Вардар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-eliminiran-od-evropskiot-kup/feed/ 0
ЖРК Вардар пред елиминација од ЕХФ Купот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-pred-eliminacija-od-ehf-kupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-pred-eliminacija-od-ehf-kupot/#respond Sat, 13 Nov 2021 21:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=595156

Единствениот македонски ракометен претставник кој остана во еврокуповите, екипата на ЖРК Вардар се наоѓа пред елиминација затоа што на домашен терен доживеа пораз (25-35) од холандски Јуро Унирек во рамки на ЕХФ Европскиот куп. Најдобра кај ЖРК Вардар беше Михаела Стојановска со седум постигнати гола, пред Бојана Диневска и Ивона Трпевска со по четири гола, а кај Јуро, Есма Стал имаше дури единаесет постигнати гола. Реваншот на двата тима е за седум дена во Холандија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-pred-eliminacija-od-ehf-kupot/feed/ 0
ЖРК Вардар го елиминира тимот на Приштина https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-go-eliminira-timot-na-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-go-eliminira-timot-na-prishtina/#respond Sun, 24 Oct 2021 07:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=584494

Ракометарките на Вардар имаа успешен старт по враќањето на европската сцена и го елиминираа тимот на Приштина во нокаут-фазата на ЕХФ Европскиот Куп, откако и во реваншот триумфираа со 32-27.
Пришина не успеа да му парира на Вардар ниту во вториот дел, но сепак од средината на полувреме до крајот успеаа да го ублажат поразот на 27-32. Најдобра во редовите на Вардар беше Сара Миновска со седум голови, додека Марија Галевска постигна шест, додека во противничкиот состав најефикасна беше Кеита со осум погодоци.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-go-eliminira-timot-na-prishtina/feed/ 0
ЖРК Куманово го одбрани трофејот во Купот на Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-kumanovo-go-odbrani-trofejot-vo-kupot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-kumanovo-go-odbrani-trofejot-vo-kupot-na-makedonija/#respond Sat, 15 May 2021 14:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=510728

Ракомерките на ЖРК Куманово славеа над ЖРК Вардар со 28:18 во финалниот меч во Купот на Македонија во женска конкуренција. Кумановки го потврдија статусот на фаворитки и успеаа да го одбранат трофејот кој го освоија пред две години. Првиот дел донесе далеку подобра, поизедначена игра во која Куманово се избори за предност од 12-9 во салата Автокоманда во Скопје. Сосема заслужено трофејот заврши во рацете на Кумановки во чии редови најдобар стрелец беше  Јануловска со шест гола. foto: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-kumanovo-go-odbrani-trofejot-vo-kupot-na-makedonija/feed/ 0
Вардар и Куманово ќе играат во финалето на женскиот ракометен Куп https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-kumanovo-kje-igraat-vo-finaleto-na-zenskiot-rakometen-kup/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-kumanovo-kje-igraat-vo-finaleto-na-zenskiot-rakometen-kup/#respond Fri, 14 May 2021 21:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=510520

Во финалето на женскиот ракометен Куп на Македонија ќе се сретнат Вардар и Куманово кои ќе се  борат за пехарот.
Во првото полуфинале Куманово го совлада Металург со 27-23. Домаќинките го одржуваа притисокот, чувајќи минимална негатива во првиот дел, па на пауза заминаа само со 12-13. Сепак, Куманово го почна второто полувреме со серија голови и се одлепи на 19-14, па Металург не успеа докрај да се врати. Боризовска, Јанкуловска и Џамкиќ постигнаа по шест гола.Во Металург исто така Тасевска постигна шест погодоци. Во второто полуфинале Вардар го победи Чаир со 31-27. Трпевска, Дамјановска и Стојановска со по пет гола го предводеа победникот, додека кај чаирчанки Рахмани беше најдобра со осум погодоци. Во утрешното финале, од 14.30 часот, вардарки ќе го бркаат седмиот пехар од Купот, а кумановки ќе го бранат единствениот, освоен пред точно две години.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-i-kumanovo-kje-igraat-vo-finaleto-na-zenskiot-rakometen-kup/feed/ 0
ЖРК Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-se-plasirashe-vo-finaleto-na-kupot-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-se-plasirashe-vo-finaleto-na-kupot-na-makedonija/#respond Thu, 09 May 2019 18:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=196157

Ракометарките на ЖРК Вардар ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со 27:18 (16:12) во првиот полуфинален натпревар на Купот на Македонија, што денеска попладне се одигра во спортската сала во Куманово. Најефикасни во победничката екипа беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска со 5 голови, додека пак кај екипата на Стружанка, Теодора Маркоска постигна 7. Противник на вардарки ќе им биде подобриот од вечерашниот втор полуфинален натпревар помеѓу екипите на домаќинот ЖРК Куманово и ЖРК Металург од Скопје Финалето на програмата е во сабота со почеток во 16:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zrk-vardar-se-plasirashe-vo-finaleto-na-kupot-na-makedonija/feed/ 0