жичара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 10:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жичара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве како ќе возат автобусите за време на празниците https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eve-kako-kje-vozat-avtobusite-za-vreme-na-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eve-kako-kje-vozat-avtobusite-za-vreme-na-praznicite/#respond Thu, 29 Dec 2022 10:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=782051

ЈСП Скопје информира дека во сабота (31.12.2022 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Во понеделник (02.01.2023 год) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии. Од вторник (3.01.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст. РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ ◾️во сабота (31.12.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот ◾️на 1 и 2 јануари, билетарниците и центрите за персонализација нема да работат РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА ◾️во сабота и недела (31.12.2022 год и 1.01.2023 год) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот ◾️во понеделник (2.01.2023 год), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eve-kako-kje-vozat-avtobusite-za-vreme-na-praznicite/feed/ 0
Жичарницата утре нема да работи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-utre-nema-da-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-utre-nema-da-raboti/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=735675

ЈСП Скопје информира дека утре, четврток, жичарницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед, а редуцирана ќе биде и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно). Возен ред: Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч. Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч. Од петок (23.09.2022 год), Жичарницата и линијата „25“ ќе продолжат со редовна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zicharnicata-utre-nema-da-raboti/feed/ 0
На Илинден автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарата ќе работи вообичаено https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-ilinden-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-voobichaeno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-ilinden-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-voobichaeno/#respond Fri, 29 Jul 2022 07:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=711687

ЈСП Скопје информира дека во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено. Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-ilinden-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-voobichaeno/feed/ 0
Изминатата недела 4.646 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-4-646-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-mileniumskiot-krst/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-4-646-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-mileniumskiot-krst/#respond Fri, 13 May 2022 13:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=676284

Во периодот од 6 до 12 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4646 граѓани, односно само за време на викендот (7 и 8 мај) 3.111 граѓанин го посетиле Водно и ја користеле жичницата. Овој податок говори дека е голем бенефитот што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата. Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот. За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 - во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот. За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп. До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет - страницата на ЈСП Скопје, jsp.com.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-4-646-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-mileniumskiot-krst/feed/ 0
Изминатата недела 3.323 граѓани ја користеле жичницата до врв на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-3-323-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-vrv-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-3-323-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-vrv-na-vodno/#respond Sat, 05 Feb 2022 12:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=627416

Во периодот од 27 јануари до 3 февруари за превоз со жичницата од средно до врв на Водно имало интерес од 3.323 граѓани, односно само за време на викендот (29 и 30 јануари) 2.260 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата. Жичницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот од 10 до 17 часот, поради редовно сервисирање. За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19, во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот. За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп. До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет - страницата на ЈСП Скопје, www.jsp.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izminatata-nedela-3-323-gragjani-ja-koristele-zichnicata-do-vrv-na-vodno/feed/ 0
Во следните 3 дена автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарата ќе работи редовно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-slednite-3-dena-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-slednite-3-dena-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-redovno/#respond Wed, 05 Jan 2022 10:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=616126

ЈСП Скопје информира дека утре, четврток (6.01.2022 год - Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год - Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено. РЕЖИМ НА ПРЕВОЗ На 6, 7 и 8 јануари 2022 год, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре, четврток (6.01.2022 год) ќе возат по саботен возен ред. РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров. РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 17 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-slednite-3-dena-avtobusite-kje-soobrakjaat-po-nedelen-vozen-red-zicharata-kje-raboti-redovno/feed/ 0
ОД ДЕНЕС: Пуштена во употреба жичарата до врв на Водно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-denes-pushtena-vo-upotreba-zicharata-do-vrv-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-denes-pushtena-vo-upotreba-zicharata-do-vrv-na-vodno/#respond Thu, 30 Dec 2021 10:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=614828

Од денеска повторно е во функција жичарницата до врв на Водно. -ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), информираше градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-denes-pushtena-vo-upotreba-zicharata-do-vrv-na-vodno/feed/ 0
Три лица уапсени за падот на жичарата во Италија во која загинаа 14 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-uapseni-za-padot-na-zicharata-vo-italija-vo-koja-zaginaa-14-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-uapseni-za-padot-na-zicharata-vo-italija-vo-koja-zaginaa-14-lica/#respond Wed, 26 May 2021 08:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=515131

Полицијата уапсила три лица откако се сруши жичара во Италија, при што загинаа 14 лица, објави во средата италијанската новинска агенција АНСА. Несреќата се случила во неделата во италијанскиот регион Пиемонт. Во кабината имало 15 лица, а жичницата се движела од градот Стреза кон планинскиот врв на Мотарона за време на несреќата. Само едно дете ја преживеало несреќата на жичарата. По 12-часовно испрашување, уапсен е сопственикот на компанијата што управувал со жичарата, како и извршниот и техничкиот директор. Тие сакале да го избегнат одложувањето на жичницата Истражителите откриле дека системот за безбедно сопирање е „поставен“ за да се избегне одложување на жичницата, изјави јавната обвинителка Олимпија Боси за АНСА. - Тројцата уапсени извршија „свесна акција“ - рече Боси, додавајќи дека, со цел да се избегне запирање на услугата, на жичарата останал уред кој ги деактивирал сопирачките во случај на вонредна состојба, што значи дека безбедносниот систем не се активирал кога се расипал придружниот кабел. Уапсените се товарат за убиства од небрежност, предизвикување ненамерна катастрофа и отстранување на инструменти за да се спречи несреќа. Боси рече дека апсењето на три лица е „последица, многу сериозна и вознемирувачка, од нашата истрага“. - Убедени дека кабелот никогаш нема да се расипе, тие ризикуваа што доведе до фатални последици - рече Боси. Според полициското соопштение, истрагата продолжува, а некои факти покажуваат дека други лица може да бидат вклучени во истрагата и евентуално уапсени. Жичарата Мотороне, која повторно се отвори пред околу еден месец, откако беше запрена поради пандемија на коронавирусот, работеше „неколку дена со многу возење“ со деактивирани сопирачки во случај на вонредна состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-uapseni-za-padot-na-zicharata-vo-italija-vo-koja-zaginaa-14-lica/feed/ 0
Стоилковски: Жичарата до Исар е симбол на лажни ветувања на СДСМ за Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zicharata-do-isar-e-simbol-na-lazni-vetuvanja-na-sdsm-za-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zicharata-do-isar-e-simbol-na-lazni-vetuvanja-na-sdsm-za-shtip/#respond Sat, 24 Oct 2020 13:04:16 +0000 https://kurir.mk/?p=420159

Неработењето и неисполнувањето на ветувањата на Благој Бочварски беа мотивот Зоран Заев да препознае дел од себе кај него и да го постави штипскиот градоначалник за министер за транспорт и врски во владата на СДСМ. Бочварски и СДСМ во трите приоритети како главни проекти за градот ветуваа жичница, жичара до Исарот. Четврта година по изборите, тука има само скали до тврдината. А ова е фотографијата од Бочварски како токму тука ветуваше изградба на туристичка атракција, жичница до Исарот, изјави за медиумите денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -И неа секако ја нема, како што ги нема ниту браната на Отиње, ниту гасификацијата, ги нема паркинзите, го нема ветуваниот АКВА парк, и ред други проекти искористени само како изборна лага.Жичницата до тврдината Исар над Штип денеска е токму тоа, предизборна лага на СДСМ. Штип пропаѓа како град и како општина, затоа што СДСМ и Бочварски ниту ги интересираат проблемите на граѓаните, ниту ги интересира тоа што го ветуваа, ги интересира само едно, а тоа е фотелји и пристап до државните пари. Се што рекоа, за се излажаа, вели тој. -Жичарата на Исарот за Штип но и за Македонија ќе остане запаметено како еден сатиричен спомен од неуспешен мандат на Градоначалник од СДСМ во Штип. Жичарата до Исар е симбол на лажни ветувања на СДСМ за Штип.Лагите и манипулациите на СДСМ не смеат повторно да надвладеат. Доаѓа време кога Штип и граѓаните повторно ќе бидат во фокусот на локалните власти, посочи Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zicharata-do-isar-e-simbol-na-lazni-vetuvanja-na-sdsm-za-shtip/feed/ 0
ХОРОР: Жичарата нагло забрза и фрлаше скијачи на сите страни, луѓето скокаа да спаст жива глава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-zicharata-naglo-zabrza-i-frlashe-skijachi-na-site-strani-lugjeto-skokaa-da-spast-ziva-glava-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-zicharata-naglo-zabrza-i-frlashe-skijachi-na-site-strani-lugjeto-skokaa-da-spast-ziva-glava-video/#respond Wed, 28 Mar 2018 17:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=33974

Најмалку осум лица се повредени од кои две сериозно кога се расипала жичарницата во грузискиот ски центар Гудаури. Како што се наведува, жичарата одеднаш ја удвоила брзината, поради што многу од скијачите кои во тој момент се наоѓале на жичарата испопаѓале од неа, пренесува британскиот „Дејли мејл“. Една туристка од Шведска има сериозни повреди како и едно дете. Вистинската причина за инцидентот се уште не е потврден, но се шпекулира дека причината би можела да биде проблем со електричниот напон или со кочниците.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-zicharata-naglo-zabrza-i-frlashe-skijachi-na-site-strani-lugjeto-skokaa-da-spast-ziva-glava-video/feed/ 0