зигмунд фројд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Dec 2021 21:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зигмунд фројд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како Фројд со една реченица препознавал глупави луѓе? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-frojd-so-edna-rechenica-prepoznaval-glupavi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-frojd-so-edna-rechenica-prepoznaval-glupavi-lugje/#respond Tue, 14 Dec 2021 21:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=608565

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, ни оставил генијални мудрости и изреки за сите времиња. Меѓу нив има и лекција која секој треба да ја запамти – како да препознавате глупави луѓе. „Првиот знак на човечката глупавост е целосното отсуство на срам“. Легендарниот психијатар многу брзо ја откривал човечката глупавост, а како и вие да ја препознавате, советува во една единствена реченица: „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рекол Фројд. Така, кога ќе се најдете во ситуација кога се срамите од туѓото однесување или изјава или сте изненадени од некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа. „Ако не ве ценат, не се докажувајте - бидете тоа што сте!“ Проблемот не е во вас, туку е во нив. Затоа, не ги намалувајте критериумите и не го правете она што другите го сакаат, не изигрувајте нивен кловн. Верувајте дека ќе ве искористат во одреден момент, тоа е во природата на луѓето. Кога ќе им дадете еден прст - ви ја земаат цела рака. На крајот навистина повеќе нема да ве ценат, па сѐ што сте направиле и сте поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - бидете тоа што сте. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба која и онака нема да ја добиете. „Ако не ви веруваат - не се правдајте“ Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е да останете верни на себе и покрај сѐ и ќе видите како работите сами по некое време ќе се променат. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а другите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинска авантура на заеднички живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-frojd-so-edna-rechenica-prepoznaval-glupavi-lugje/feed/ 0
Писмо од Фројд на аукција, почетна цена – 6.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-od-frojd-na-aukcija-pochetna-cena-6-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-od-frojd-na-aukcija-pochetna-cena-6-000-dolari/#respond Fri, 01 Nov 2019 09:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=258709

Новооткриено рачно напишано писмо од Зигмунд Фројд, ќе биде ставено на аукција во Ерусалим, на 3 декември. Почетната цена е 6.000 долари. Писмото на историски познатиот невролог, датира од 21 јуни 1938 година. Напишано е на германски јазик и ја покажува малку познатата сентиментална страна на „таткото на современата психоанализа“. Записот настанал неколку недели откако Фројд побегнал од нацистите од родната Австрија во Лондон. Писмото е до филантропката Маргарет Стоунбороу-Витгенстин, пациентка на Фројд, и негова сонародничка. Фројд во него ѝ изразува сочувство поради самоубиство на поранешниот нејзин сопруг, а и ја прашува што се случува во Виена под нацистичка власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-od-frojd-na-aukcija-pochetna-cena-6-000-dolari/feed/ 0
Што би рекол Фројд за „селфито“? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-bi-rekol-frojd-za-selfito/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-bi-rekol-frojd-za-selfito/#respond Mon, 08 Apr 2019 14:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=183927

Денес на „селфи“ (самослик) гледаме како нов феномен – терминот „селфи” влезе и во речникот Оксфорд во 2013 и наскоро стана збор за годината. Сепак, „селфито“ е старо колку и фотографиите. Првото селфи е направено во 1839 година од Американецот Роберт Корнелиус. Зигмунд Фројд е творец на психоанализата и популаризирал неколку концепти, како его, потсвест и одењето на психотерапија. Една од тие идеи е претераната љубов кон себеси, позната како нарцисоидност. Во грчката митологја, младиот Нарцис го видел својот одраз во водата и поминал толку време восхитувајќи се на сопствената убавина што изгубил претстава за тоа што се случува околу него. На крај се удавил обидувајќи се да го прегрне сопствениот одраз. Фројд вели дека самољубието е природно. Меѓутоа, може да се претвори во психолошко пореметување кога некој се сака себе си до таа мера што ги исклучува и занемарува сите други. И тоа е она што се нарекува нарцисоидно однесување. Психолозите развиле тест за мерење на личните карактеристики, како нарцисоидноста и дел од истражувањата покажаа дека: 1.Нарцисите обично се поактивни на социјалните мрежи 2.Објавувањето селфи фотографии се поврзува со претерана самобендисаност 3.Жените се обично помалку нарцисоидни од мажите, иако објавуваат повеќе селфи фотографии. Од друга страна, американскиот психолог Џин Твенге вели дека нарцисоидното однесување сѐ повеќе зема замав и во последниве неколку децении достигнало иста стапка на раст како и прекумерната дебелина. Повеќето идеи на Фројд произлегле од неговото секојдневно опкружување, а количината на информации до која денес имаме пристап би му била многу занимлива на аналитичар како него. Фојд сигурно би сакал да го анализира феноменот на селфи културата. Сигурно би забележал дека луѓето не објавуваат селфи бидејќи се заљубени во себе, туку бидејќи сакаат сите други да бидат заљубени во нив. Да не забораваме дека Фројд ги почнал неговите истражувања кон крајот на 19. век, во доба на далеку поголема сексуална потиснатост. Жените и мажите се држеле одвоено и биле учени да се срамат од изразувањето на својата сексуалност или уште полошо – да уживаат во неа. Голем дел од пациентките на Фројд од елитните кругови пателе од „хистерична парализа“, односно не можеле да одат, а немале никаква физичка причина за тоа. Фројд сметал дека причината зошто овие жени не оделе била само желба да привлечат внимание. Ако вниманието од другите луѓе ни е толку потребно, зарем не е подобро да споделиме неколку бесрамни селфи фотографии? Можеби е, но тоа не значи дека не постои нешто нездраво во оваа опсесија, не само за оние кои прават селфи, туку и во однос на тоа како селфињата влијаат на другите. Селфи фотографиите најчесто се прават за да се покаже најдобрата страна од животот, внимателно се режираат, се бираат и се средуваат. Опкружени сме со фотографии на луѓе со совршени животи и совршени тела. Новите истражувања покажуваат дека поради нив се чувствуваме позавидливи, поизолирани, понесигурни и невклопени. Со зборовите на Фројд – селфињата нѐ прават невротични. Фројд рекол: „Целта на психоанализата е да го замени невротичното патење со нормална човечка несреќа.“ Следен пат кога ќе посакате да направите селфи, сетете се на Нарцис и наместо кон селфито, насочете се кон пријателите. Можеби нема да добиете „лајкови“ колку што посакувате, но ќе го добиете „одобрувањето“ од Фројд, а тоа не е воопшто за занемарување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-bi-rekol-frojd-za-selfito/feed/ 0