жика стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Oct 2021 09:58:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жика стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Примопредавање на градоначалничката функција во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/primopredavanje-na-gradonachalnichkata-funkcija-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/primopredavanje-na-gradonachalnichkata-funkcija-vo-opshtina-ilinden/#respond Wed, 27 Oct 2021 09:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=586350

Во општина Илинден официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот градоначалник Жика Стојановски. Георгиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години. Веднаш по примопредавањето на функцијата градоначалникот Георгиевски одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој подвлече дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/primopredavanje-na-gradonachalnichkata-funkcija-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
ФОТО: Гасификација на општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=383636

Гасификацијата на општина Илинден како капитален проект е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа. Во рамките на проектот Воспоставување на гасификациски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти, во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа. Веќе е завршена првата фаза од проектот, односно изградбата на гасовод „Приклучна делница 17б” во должина од 2400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) до локалната економска зона Марино-Кадино. Градоначалникот Жика Стојановски кој на самото место се запозна со текот на градежните активности истакна дека реализацијата на овој проект има за цел воведување на инсталации за стопански објекти во локалните економски зони во Општината со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс. Тој додаде дека гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот. Според експертите од областа на енергетската ефикасност употребата на гасот ќе придонесе за многу почист воздух и дека не постои друга алтернатива. Затоа, веројатно многу брзо, покрај компаниите благодетите од овој енергенс ќе можат да ги почувствуваат и домаќинствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-gasifikacija-na-opshtina-ilinden/feed/ 0
Се одржа седмиот по ред „Саем на домашно вино“ во Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odrza-sedmiot-po-red-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odrza-sedmiot-po-red-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/#respond Fri, 14 Feb 2020 11:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=303936

Во присуство на голем број граѓани, во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден, по седми пат се одржа традиционалниот „Саем на домашно вино“. Во изборот на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, учествуваа дванаесетмина винопроизводители, а за најдобро беше прогласено виното на Трајче Трајковски од Ајватовци, второто место го освои Новица Апостоловски од Мршевци, додека трет беше винопроизводителот Божидар Костовски, од Бунарџик. На производителот на најдоброто вино градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, му врачи посебна плакета. Благодарници и пригодни награди тој им додели и на сите учесници во изборот на најдобро домашно приготвено вино. Изборот на најдоброто вино, како и во изминатите години го извршија членовите на „Вински витези“ од Македонија- здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура. Според зборовите на професорот Мишо Христовски, од здружението „Вински витези“, имале навистина тешка задача да го одберат најдоброто меѓу сите оние, како што рече, презентирани добри вина. Она што посебно радува е тоа што од година во година овој фестивал на виното добива на квалитет, особено што винопроизводителите се повеќе ги применуваат советите на „Винските витези“ за тоа како да се произведе што поквалитетно вино. Саемот на виното се одржува во дворот на црквата „Свети Трифун“, во рамките на одбележувањето на големиот верски празник посветен на овој светец и празникот на лозарите. Свеченоста почна со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ја одржаа свештениците од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, по што следуваше  симболичното закројување на лозовите насади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-odrza-sedmiot-po-red-saem-na-domashno-vino-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Општина Илинден добива нова градинка, ќе згрижи 90 дечиња- денеска започна изградбата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-dobiva-nova-gradinka-kje-zgrizi-90-dechinja-deneska-zapochna-izgradbata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-dobiva-nova-gradinka-kje-zgrizi-90-dechinja-deneska-zapochna-izgradbata/#respond Wed, 25 Dec 2019 14:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=282137

Отпочна изградбата на нова детска градинка во населеното место Миладиновци, во општина Илинден. Почетокот на градежните работи за изградбата на новата детска градинка официјално го означија градоначалникот Жика Стојановски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Вкупната вредност на инвестиција изнесува 30 милиони денари, од Буџетот на општината се обезбедени 24 милиони денари и 6 милиони денари од министерството. -Особена чест и задоволство ми претставува што денес отпочнуваме со реализација на проектот за изградба на нова детска градинка во населено место Миладиновци, која ќе се простира на површина од 540 метри квадратни со капацитет за згрижување на 90 деца. Во овој капитален објект ќе се згрижуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, како и деца на возраст од 9 месеци до 2 години односно ќе се воведат јасли за најмладите. За имплементација на вакви големи инвестициони проекти неопходна е соработката помеѓу централната власт односно надлежното министерство и локалната самоуправа, бидејќи така може се реализираат активности кои се неопходни за граѓаните. Општина Илинден во рамки на своите надлежности, продолжува со реализација на концептот за изградба на објекти од јавен карактер, во делот на згрижување на деца од предучилишна возраст, истакна градоначалникот Стојановски. Новата детска градинка е лоцирана веднаш до Централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и новоизградената амбуланта во населено место Миладиновци, и се се планира да отпочне со работа кон крајот на 2020 година, со што ќе се создадат услови за згрижување на најмладите од околните населени места каде вкупно живеат приближно 4000 жители. Овој проект дополнително ќе овозможи да се ослободи простор во веќе посточката детска градина „Гоце Делчев“ која е со капацитет од 450 деца на возрасат од 2 до 6 години, и ќе создадат услови за згрижување на деца од најмалата возраст (од 9 месеци до 2 години) и воведување на јасли и во оваа детска градинка. Токму во таа насока од 2009 година со изградбата на детската градинка Гоце Делчев која беше со почетен капацитет од 60 дечиња, со надградбата, проширувањата и нов објект во Миладиновци, се создадени услови за згрижување вкупно 540 дечиња од предучилишна возраст во Општина Илинден. Царовска воедно ја посети и постоечката детска градинка Гоце Делчев каде се запозна со условите и работењето на градинката кој е една од најголемите детски градинки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-dobiva-nova-gradinka-kje-zgrizi-90-dechinja-deneska-zapochna-izgradbata/feed/ 0
„Инвестициските патишта водат кон општина Илинден“- Одржан 13. Форум за Локален економски развој https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investiciskite-patishta-vodat-kon-opshtina-ilinden-odrzan-13-forum-za-lokalen-ekonomski-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investiciskite-patishta-vodat-kon-opshtina-ilinden-odrzan-13-forum-za-lokalen-ekonomski-razvoj/#respond Wed, 20 Nov 2019 14:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=266684

Општина Илинден го организираше 13-от Форум за Локален економски развој под мотото „Инвестициските патишта водат кон општина Илинден“, на кој учествуваа повеќе од 130 компании, кои стопанисуваат или се со седиште на територија на општината. Форумот го отвори градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, и пред присутните стопанственици ги промовираше силните страни на општина Илинден, како инвестициска дестинација, со тенденција брзо да напредува, расте и се развива, со потенцијал и квалитет да се движи напред со пропулзивниот ритам на инвестициите. -Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции, отворање на нови, реални, слободни работни места и зголемување на вработеноста, со што продолжува инвестицискиот циклус карактеристичен за општина Илинден. Новите членови на бизнис семејството кои во изминатите години ги реализираа своите инвестиции во Општина Илинден, го следат континуитетот на инвестицискиот циклус во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 190 инвестиции, од кои 37 странски директни инвестиции (СДИ), што придонесе невработеноста во општината која во 2008 година изнесуваше 38%, континуирано да се намалува и денес изнесува 5%, вклучувајќи ги и пасивните баратели на работа. -Веруваме дека, бизнисите играат клучна улога во економијата, секој член на бизнис секторот заслужува економија која му овозможува на секој поединец да успее преку напорна работа и креативност и да води исполнет и достоинствен живот. Најголемите работодавци инвестираат во своите локални заедници затоа што знаат дека тоа е единствениот начин за успех на долг рок. -Имаме јасна визија, Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден е препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, каде што образованието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на човечкиот капитал. Општина Илинден е јавен сервис на граѓаните, кои преку осовременувањето на инфраструктурата, промоција на еколошките технологии, ги исполнува европските стандарди за деловната клима и го стимулира социо-економскиот развој во општината. -Засилувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината се приоритети во општинското работење. Затоа се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги. -Одржливиот развој претставува постојан, континуиран процес којшто вклучува подобрување на интеграцијата на економските, социјалните и аспектите на заштита на животната средина. Оттука се и предизвиците за правилен избор на областите на развој и надлежностите во кои е можно да се постигнат најголеми ефекти. -Започнатите и успешно завршените проекти отвораат порти со полиња за поставување нови цели и изнаоѓање креативни решенија. Сето ова бара стратешки пристап, постојано вложување напори, искористување на постоечките и создавање можности за нови ресурси, како и проширување на целните групи спроведувачи и корисници. -Трансформацијата на административните процеси и процедури, односно начинот на кој владините институции и локалните самоуправи комуницираат со граѓаните, со бизнис секторот и меѓу себе, претставува реформска задача којашто треба да им даде живот на техничките решенија. -Подобрување и модернизирање на патната, комуналната и енергетската инфраструктура, подобрувањето на квалитетот на услугите, намалувањето на сиромаштијата остануваат наши приоритети како перспективи за натамошен развој, овозможување подобри услови за живеење, подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на општина Илинден, истакна градоначалникот Стојановски. Во сферата на Локалниот економски развој, како признание за успешно делување и соработка помеѓу бизнис секторот и локалната самоуправа, како и за успешно усвојување и реализаација на планови и програми за креирање на поволна деловна клима, општина Илинден доби Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници. Ова престижно признание беше врачено на свеченоста во рамките на светскиот конгрес на претприемачи, што се одржа во Скопје. Општина Илинден се стекна и со сертификат за креирање на добра деловна клима BFC CEE (Business Friendly Certification in South East Europe), пштина со поволно бизнис опкружување во југоисточна европа. во рамки на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа , што се одржа во Белград. Градоначалникот овие награди и признанија им ги честиташе на членовите на бизис секторот, претприемачите од Општина Илинден. Пред присутните членови на Форумот во делот на транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги се презентираше реализацијата на општинскиот буџет како и се почија предлог проекти од јавен интерес кои можат да се реализираат со примена на концептот на корпоративна општествена одговорност. На Форумот се обратија и повеќемина стопанственици, кои посочија дека Општина Илинден е позитивен пример во нашата држава која преку воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор, создава услови за забрзан и оддржлив економски раст, отворање на нови работни места, воспоставува и одржува динамична претприемачка култура и квалитетни услови за живеење. Од страна на бизнис секторот, претприемачите на Форумот беше посочена нивната заложба за поголема општестевена одговорност кон локалната заедница и активно да се вклучат во реализација на проекти од јавен интерес и јавно добро. Токму како еден таков пример за соработка во рамки на Форумот за ЛЕР беше и потпишувањето на договорот помеѓу Општина Илинден и ОКТА Рафинеријата за нафта, со кој водоснабдителниот систем на ОКТА се предаде на трајна сопственост на Општина Илинден. Придобивки од овој договор се во зголемување на капацитетите за водоснабдување како и модернизирање и проширување на водоводниот систем, се со цел обезбедување на стабилен и оптимален притисок на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/investiciskite-patishta-vodat-kon-opshtina-ilinden-odrzan-13-forum-za-lokalen-ekonomski-razvoj/feed/ 0
Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ 2019 за Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zlatna-nagrada-i-priznanie-globallocal-2019-za-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zlatna-nagrada-i-priznanie-globallocal-2019-za-opshtina-ilinden/#respond Fri, 18 Oct 2019 10:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=253379

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година и беше доделена на Општина Илинден. Наградата е доделена од страна на Меѓународниот економски форум Перспективи-Дубровник и Промо глобал-Загреб врз основа на Одлуката на Меѓународниот комитет за доделување на интернационални награди и признанија за заедниците и институциите за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „GLOBALLOCAL“. Ова престижно признание му беше врачено на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на свеченоста во рамките на Вториот светски конгрес на претприемачи, што се одржа во Скопје. Градоначалникот Стојановски искажа благодарност до Меѓународниот комитет за доделувањето на оваа награда која, како што рече, претставува еден вид сатисфакција за вложениот повеќегодишен труд во креирањето на добар амбиент за развој на претприемништвото во Општина Илинден. Наградата „GLOBALLOCAL“ на најдобрите локални самоуправи во креирањето на добар амбиент во претприемништвото им се доделува на посебно успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани. Градоначалникот Жика Стојановски активно учествуваше во работата на Светскиот конгрес на претприемачи. Во своето обраќање на пленарната свечена седница тој ги претстави и ги промовираше силните страни на Општина Илинден, која како инвестициска дестинација, со пропулзивен ритам расте, се развива и напредува. -Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализацијата на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите, како и резултат на спроведувањето на реален и ефективен концепт во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти. Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции, отворање на нови, реални, слободни работни места и зголемување на вработеноста, со што продолжува инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден, во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 187 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ), што придонесе невработеноста во општината која во 2008 година изнесуваше 38%, континуирано да се намалува и денес изнесува 5%, истакна градоначалникот Стојановски во своето обраќање. Тој додаде дека воспоставеното партнерство и соработка меѓу јавниот, приватниот (бизнис) и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување на легитимност на стратешките и акционите планови во создавањето на подобри услови за забрзан и оддржлив економски раст, воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење. -Имаме јасна визија, Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден е препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување, каде што образованието, знаењето и ИКТ се императив за растечкиот стандард на човечкиот капитал, додаде Стојановски. Како дел од работата на Светскиот конгрес на претприемачи 2019 градоначалникот Жика Стојановски учествуваше и на панел сесијата „Globallocal“ – проактивните претприемачки заедници креираат поволен претприемнички екосистем“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zlatna-nagrada-i-priznanie-globallocal-2019-za-opshtina-ilinden/feed/ 0
Стојановски: Општина Илинден нема долгови, ние пријавивме обврски и врз основа на истите добивме средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanovski-opshtina-ilinden-nema-dolgovi-nie-prijavivme-obvrski-i-vrz-osnova-na-istite-dobivme-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanovski-opshtina-ilinden-nema-dolgovi-nie-prijavivme-obvrski-i-vrz-osnova-na-istite-dobivme-sredstva/#respond Tue, 25 Jun 2019 18:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=212798

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски во денешното гостување на Телма телевизија истакна дека во однос на распределбата на средства од страна на централната власт, општината Илинден нема никикви долгови и средствата кои се добиени се по основ на пријавени обврски. Тој вели дека распределбата на средствата од страна на владата, дилема е дали е правилна или не, целта треба да биде општините да излезат од криза особено посериозно задолжените. -Општините кои не биле задолжени или помалку задолжени треба да се стимулираат во следниов период со подршка на проекти кои се приоритетни за реализација, вели Стојановски. Градоначалникот објасни дека сега треба општините да добијат поддршка од владата за да се изедначи поддршката од централната власт во делот на инвестиции кои се потребни, за капитални прокети кои општините не можат да ги направат сами. -Треба да се даде поддршка за средства, пример за бизнис секторот, кој креира работни места со кои се намалува невработеноста. Младите ќе ги задржиме единствено со добри квалитетни работни услови во близина на местата на живеење, вели Стојановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanovski-opshtina-ilinden-nema-dolgovi-nie-prijavivme-obvrski-i-vrz-osnova-na-istite-dobivme-sredstva/feed/ 0
Со стиховите од Рацин отворена јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-stihovite-od-racin-otvorena-jubilejnata-20-ta-literaturna-manifestacija-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-stihovite-od-racin-otvorena-jubilejnata-20-ta-literaturna-manifestacija-ilinden/#respond Wed, 15 May 2019 09:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=198096

Во присуство на голем број писатели, поети, литературни критичари и вљубеници во пишаниот збор и уметноста, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден на свечен начин беше отворена јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“. Посакувајќи им добредојде на присутните, манифестацијата ја отвори нејзиниот покровител, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Тој истакна дека Литературната манифестација зафаќа достојно место во просторот на културните збиднувања, и  со сета своја автентичност остава белег и придонес за афирмација на културата во локалната самоуправа во нашата држава и дава можност за учество во културната размена со светот. Притоа, рече дека оддржливоста на литературната манифестација „Илинден“ во целиот период се постигнува благодарение на целосната посветеност, заложба и поддршка на Друштвото на писателите на Македонија, Министерството за култура и Општина Илинден како локална самоуправа. - Самото постоење на оваа манифестација веќе 20 години ни дава потврда дека сме на вистинскиот пат во насока на промовирање на современите културни достигнувања и негување на културата и културните вредности преку приближување на пишаниот збор до што поголем број читатели. Задоволни сме што успеавме да изградиме мост меѓу домашните и писателите од странство при што размената на искуства е дргоцена за сите нас.  Но, исто така, горди сме што токму Литертурната манифестација „Илинден“ беше место за многу млади автори да ја доживеат својата афирмација, истакна градоначалникот Стојановски. Ја искористи можноста да им искаже голема благодарност на сите оние што придонесоа Литературната манифестација „Илинден“ да го стекне реномето што денес го има. - Пред се, благодарност до писателите, поетите, доајени на пишаниот македонски збор кои што ја одржуваа  литературната манифестација. Благодарност до Друштвото на писателите на Македонија, кое даде драгоцен придонес оваа манифестација денес да биде една од престижните во земјата и регионот. Благодарност до младите автори кои се иднината на македонската поезија и проза, благодарност до сите досегашни учесници, до сите посетители на оваа манифестација, до сите граѓани на Општина Илинден, до сите оние што на било кој начин ја забогатија и станаа дел од историјата на оваа манифестација, додаде Стојановски. По свеченото отворање на манифестацијата, по повод 80-ет годишнината од излегувањето, на десет словенски јазици беше промовирана стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Беседа за авторот и за ова вонсериско ремек дело  одржа проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а стихови од Рацин на дел од  словенските јазици читаа Владимир Луков, Сања Должан, проф. д- Јасминка Делова-Силјанова, Игор Дворшќак, Наталија Кикило и Антонио Павловски. Свеченото отворање на 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“ беше збогатено со настап на Драган Мијалковски кој со неговите евергрини се погрижи за убавото расположение на присутните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-stihovite-od-racin-otvorena-jubilejnata-20-ta-literaturna-manifestacija-ilinden/feed/ 0
Локален совет за превенција на општина Илинден: Конкретни мерки за поголема безбедност во сообраќајот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lokalen-sovet-za-prevencija-na-opshtina-ilinden-konkretni-merki-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakjajot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lokalen-sovet-za-prevencija-na-opshtina-ilinden-konkretni-merki-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakjajot/#respond Mon, 18 Feb 2019 10:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=165152

Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ се одржа работен состанок на Локалниот совет за превенција на општина Илинден. На дневен ред на Советот со кој претседаваше градоначалникот Жика Стојановски беше безбедноста во сообраќајот и воспоставувањето на механизми за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница, како и разгледувањето на можностите за превентивна заштита и решавање на безбедносните проблеми во локалната заедица. Покрај членовите на Локалниот совет за превенција што го сочинуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, претставници на Советот на општина Илинден, претставници на невладиниот сектор, на јавните претпријатија, на медиумите, на месните заедници и на локалната самоуправа, на работниот состанок присуствуваа и претставници од Советот на родители на училишните одбори од ООУ ”Гоце Делчев”, СОСУ ”Илинден” и ЈОУДГ ”Гоце Делчев”, претставници од бизнис секторот, како и претставници од Асоцијацијата на здружение на возачи (Мак Транс). На состанокот беа разгледани повеќе теми од областа на безбедноста на сообраќајот за што беа донесени и соодветни заклучоци. Како еден од поголемите проблеми во сообраќајот беше посочено транзитирањето на тешките товарни возила низ Општината кои значително влијаат на оштетувањето на патната инфрструктура, но и директно влијаат на безбедноста на учесниците во сообраќајот, на пешаците, а особено на учениците во централното подрачје на Општината. Притоа, и преку искажувањата од страна на овластените претставници на транспортните здруженија, но и од страна на претставниците на јавните општински установи, училиштата, градинката, Советот на родителите, заеднички беше потенцирано дека во идниот период, со воведување на одредени мерки, интензивно треба да се работи на подобрување на состојбата. На состанокот, исто така, беше посочено дека треба да се спроведат превентивни мерки на полето на едукацијата, пред се во интензивирањето на соработката меѓу граѓаните, полицијата и локалната самоуправа. Како што беше посочено на состанокот, за ова многу ќе придонесе и отворањето на полициска канцеларија во општина Илинден, при што граѓаните за одредени проблеми ќе можат директно да се обратат на полициските службеници. Отворањето на полициска канцеларија е прв чекор кон отворање на полициско одделение во општината, затоа што реално ова го налага и интензивниот локален економски развој на општина Илинден, каде што последниве години има голем прираст како на населението така и на бројот на стопански субјекти, што од своја страна налага и поголема присутност на службите на Министерството за внатрешни работи во насока на поголема безбедност во сообраќајот и воопшто во локалната заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lokalen-sovet-za-prevencija-na-opshtina-ilinden-konkretni-merki-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakjajot/feed/ 0
Среќникот што го фати Богојавленскиот крст во традиционална посета на Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srekjnikot-shto-go-fati-bogojavlenskiot-krst-vo-tradicionalna-poseta-na-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srekjnikot-shto-go-fati-bogojavlenskiot-krst-vo-tradicionalna-poseta-na-opshtina-ilinden/#respond Mon, 21 Jan 2019 12:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=154770

Во Општина Илинден продолжува традицијата, среќникот што го фати Богојавленскиот крст што свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ го положија во водите на езерото на хотелот Белви по повод Богојавление-Водици, да ја посети Општина Илинден. Годинава таа чест ја имаше 31 годишниот Дејан Ристовски, од н.м. Марино, кој на големо задоволство на градоначалникот Жика Стојановски и администрацијата го донесе крстот во просториите на Општина Илинден. Градоначалникот Стојановски му се заблагодари на Ристовски за посетата на Оштината со верба дека Богојавленскиот крст ќе донесе здравје, радост, среќа, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден. Дејан Ристовски кој за прв пат го фати крстот во своето петто учество на манифестацијата, не ја криеше радоста дека конечно му се остварила големата желба. Тој на градоначалникот, на вработените во локалната самоуправа, како и на сите граѓани на Општина Илинден им посака Богојавленскиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа. Општина Илинден и црквата „Св. Константин и Елена“, традиционално, веќе 11-та година по ред по повод Богојавление-Водици, организираат положување на крстот во водите на езерото на хотелот Белви. Она што посебно радува е податокот што во одбележувањето на овој голем православен празник од година во година учествуваат се поголем број верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srekjnikot-shto-go-fati-bogojavlenskiot-krst-vo-tradicionalna-poseta-na-opshtina-ilinden/feed/ 0