жил симон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Nov 2022 13:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жил симон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жил Симон ја заврши кариерата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zil-simon-ja-zavrshi-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zil-simon-ja-zavrshi-karierata/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=756199

Францускиот тенисер Жил Симон на Мастерсот во Париз го одигра својот последен официјален натпревар во кариерата. Симон, кој следниот месец ќе наполни 38 години, се прости од тенисот со пораз од Феликс Оже Алијасим. Канаѓанецот беше убедлив со 6-1, 6-3. За Симон ова беше 898-ми меч во кариерата. Освои 14 турнири, најдобар пласман на АТП-листата му беше шестото место. Тој беше еден од четворицата француски тениски мускетари од кои се повлекоа тој и Цонга, а активни се уште Гаске и Монфис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zil-simon-ja-zavrshi-karierata/feed/ 0
Нови разногласија за реформите на Дејвис купот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-raznoglasija-za-reformite-na-dejvis-kupot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-raznoglasija-za-reformite-na-dejvis-kupot/#respond Wed, 18 Apr 2018 14:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=42615

Францускиот тенисер Жил Симон го обвини раководството на  Меѓународната тениска фередација (МТФ) дека го игнорира мислењето на Здружението на тенисери при донесувањето на одлуките. Симон смета дека МТФ треба да има слух за играчите, но дека во реалноста се случува спротивното. Според него Федерацијата го игнорира мислењето на тенисерите кога станува збор за реформите во форматот на Дејвис купот.

- За жал ние немаме влијание врз плановите за реформа на Дејвис купот. Постојано сугерираме, но тоа не се одразува врз одлуките, истакна францускиот тенисер.

Според него долго се разговарало за промените во Купот и е свесен дека не постои универзално решение.

- Нема универзално решение, секогаш некој ќе биде незадоволен од промените. Да постоеше такво решение досега ќе го прифатевме, наведе Симон.

Гласањето за промената на форматот на Дејвис купот ќе се одржи во август, а со реформите се предвидува тој да добие рамка на Светски куп, при што најдобрите репрезентации ќе се собираат една недела во ноември во одреден град и ќе се борат за трофејот. Реформите досега јавно ги поддржаа Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-raznoglasija-za-reformite-na-dejvis-kupot/feed/ 0