зима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 07:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Топлата зима во Европа ги пресуши реките, езерата и каналите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplata-zima-vo-evropa-gi-presushi-rekite-ezerata-i-kanalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplata-zima-vo-evropa-gi-presushi-rekite-ezerata-i-kanalite/#respond Mon, 27 Feb 2023 07:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=805411

Зимскиот топлотен бран, рекордно ниските врнежи од дожд и запрепастувачкиот недостаток на снег во Европа ги доведоа реките, каналите и езерата низ континентот на алармантно ниски нивоа, а експертите предупредуваат дека може да се повторат големите суши од минатата година. Сликите на исушените речни корита и езера обично се поврзуваат со жешкото лето - не со зимата. Но, исклучително топлиот и сув почеток на годината влијае на дел од Европа, вклучително централна и југозападна Франција, северна Шпанија и северна Италија. Постои загриженост што може да значи тоа за снабдувањето со вода. Состојбата со водата во Европа стана „многу несигурна“, според студијата објавена во јануари од истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац во Австрија, која користела сателитски податоци за да ги анализира светските ресурси на подземни водни. „Пред неколку години, никогаш не би замислил дека водата ќе биде проблем овде во Европа“, вели Торстен Мајер-Гур, еден од истражувачите. „Всушност имаме проблеми со водоснабдувањето – мораме да размислиме за ова“. Јули 2022 година беше „втор најсушен месец од сите месеци заедно“ во Франција од почетокот на мерењата во 1958-1959 година, со кумулативни вкупни врнежи од 9,7 милиметри, јави дописникот на М Франција, која го доживува најсушниот период во последните повеќе од 60 години, наскоро може да воведе рестрикции за водата. Земјата „претрпе серија од 32 последователни дена без врнежи од 21 јануари до 21 февруари“, изјави Симон Мителбергер, климатолог во Метео-Франс, за Си-Ен-Ен, што е најдолг период откако се води евиденција од 1959 година. Тоа има штетно влијание врз реките и езерата, како и врз почвата. „Почвата е многу посува од вообичаено“, вели Мителелбергер. Сегашното ниво на влажност на почвата во Франција вообичаено не би се видело до средината на април. Снежните врнежи исто така се ниски. „Ситуацијата на Пиринеите е блиску до најнискиот рекорд на количество снег за тој период од годината“, рече Мителбергер. Според CIMA Research Foundation, на Алпите има 63% помалку снег од вообичаено. Недостатокот на снег во зима може да ги загрози резервите на вода во пролет и лето, бидејќи има помалку топење на снегот за одржување на реките. Минатото лето, Франција ја претрпе најголемата суша досега, но, предупредува Мителбергер, оваа година „ситуацијата може да биде уште полоша доколку нема значителни врнежи во следните неколку месеци“. Кристоф Бешу, министер за еколошка транзиција, ја нарече зимската суша „невидена“ и предупреди дека земјата е во состојба на готовност. Во Италија, некои од најпознатите водни површини во земјата пресушуваат. Нивото на водата во езерото Гарда е толку ниско што сега е возможно да се пешачи до островот во средината на езерското корито. Пред неколку месеци оваа патека не постоеше. Сега е исто така многу потешко да се земе водено такси во Венеција, бидејќи некои од нејзините канали станаа премногу плитки за да можат да пловат гондолите, делумно поради недостигот на врнежи. Градот кој долго време се плашеше од поплави сега се бори со спротивниот проблем. Најдолгата река во Италија, По, која тече низ нејзиното северно земјоделско срце, има 61% помалку вода од вообичаеното за овој период од годината. Минатото лето, италијанската влада прогласи вонредна состојба во областа околу По, која ја доживеа најголемата суша во последните 70 години. Џорџо Зампети, генерален директор на Легамбиенте, италијанска еколошка групација, стравува дека најлошото допрва доаѓа: „2023 штотуку започна, но покажува загрижувачки знаци во однос на екстремните временски настани [и] нивоата на суша“, рече тој во изјава за медиумите. Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите Во Шпанија, која во 2022 ја доживеа најтоплата година досега, постои загриженост за снабдувањето со вода. „Не можеме да гарантираме снабдување со вода за пиење или за економска употреба, потпирајќи се исклучиво на дождот“, рече неодамна на прес-конференција Тереза Рибера, министерка за еколошка транзиција. Земјата ги одобри плановите за инвестирање околу 24 милијарди американски долари во управувањето со водите, вклучувајќи мерки за подобрување на санитарните услови и третман и модернизирање на наводнувањето. Од 1980 година просечната достапна вода е намалена за 12%, со проекции дека може да има дополнително намалување до 40% до 2050 година. Сувото време во Шпанија, исто така, го загрозува ценетиот „jamón ibérico bellota“, бидејќи ниските врнежи и зголемените температури влијаат на желадите што ги јадат свињите. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), ерозијата на почвата може да доведе до загуба од 10 отсто во глобалното земјоделско производство до 2050 година. Со оглед на тоа што Додека Европа и претходно беше погодена од летните суши, експертите стравуваат дека исклучително сувите последни два месеца може да сигнализираат нова реалност, делумно предизвикана од зголемувањето на просечните глобални температури. „Овие услови беа ретки во минатото, но климатските промени ги менуваат режимите на врнежи во Европа и ги прават овие екстреми повторливи и поинтензивни“, изјави за Си-Ен-Ен Андреа Торети, климатолог во Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. „Постои зголемена загриженост поради недостатокот на врнежи во последните недели, како и поради сушата во 2022 година. Следните недели ќе бидат клучни“, смета Торети. Припишувањето на зимската суша на климатските промени ќе бара специфична анализа која сè уште не е спроведена, но Торети вели дека таквите настани „се очекуван ефект од климатските промени во смисла на почести и поинтензивни екстреми“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplata-zima-vo-evropa-gi-presushi-rekite-ezerata-i-kanalite/feed/ 0
Англиските клубови оваа зима потрошија рекордни 440 милиони фунти за засилувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliskite-klubovi-ovaa-zima-potroshija-rekordni-440-milioni-funti-za-zasiluvana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliskite-klubovi-ovaa-zima-potroshija-rekordni-440-milioni-funti-za-zasiluvana/#respond Wed, 25 Jan 2023 13:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=791740

Клубовите од англиската Премиер лига го соборија рекордот по трошење пари за засилувања во зимскиот преоден рок. Премиерлигашите потрошија 440 милиони фунти на трансфери во зимскиот трансфер прозорец. Последниот рекорд беше поставен во 2018 година, кога англиските клубови потрошија 430 милиони фунти во јануари. Челзи беше најголем трошач оваа зима, а новите трансфери го чинат клубот околу 180 милиони фунти. Во овој преоден рок „сините“ потпишаа со Михаил Мудрик, Беноит Бадијашиле, Нони Мадуеке, Андреј Сантос, Давид Фофан и го позајмија Жоао Феликс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angliskite-klubovi-ovaa-zima-potroshija-rekordni-440-milioni-funti-za-zasiluvana/feed/ 0
Почнува зимата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zimata/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=778406

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента. Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-zimata/feed/ 0
Утре е ЗИМСКА КРАТКОДЕНИЦА и денот кога официјално започнува зимата: Време е да замислите желби https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-zimska-kratkodenica-i-denot-koga-oficijalno-zapochnuva-zimata-vreme-e-da-zamislite-zelbi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-zimska-kratkodenica-i-denot-koga-oficijalno-zapochnuva-zimata-vreme-e-da-zamislite-zelbi/#respond Tue, 20 Dec 2022 21:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=778310

Зимската краткоденица ја означува најдолгата ноќ и најкраткиот ден во годината и го претставува и почетокот на зимата Иако можеби мислите дека помалку сончева светлина и почетокот на студеното време не вреди да се слави, зимската краткоденица всушност се смета за исклучително важен ден во многу култури. Тоа претставува можност да ги изразиме нашите желби и да ги прошириме нашите хоризонти. Ова е совршена можност да размислиме за нашето патување во изминатата година и да ги визуелизираме нашите следни чекори. Зимската краткоденица во астрологијата се случува во исто време кога Сонцето влегува во знакот Јарец и започнува сезоната на Јарец. Затоа во овие денови многумина ќе имаат креативност, но и дисциплина и посветеност. Можно е овие денови да се променат квалитетите кон кои се стремите. Поради енергијата на Јарецот, зимската краткоденица е одлично време да се фокусирате на кариерата. Искрено размислете дали го гледате значењето во вашата работа. Дали се чувствувате усогласени со вашата работа? Дали сте соодветно платени? Дали се чувствувате поддржани на работа? Запишете ги вашите одговори и почнете да правите планови за иднината. Бидејќи најкраток ден во годината, зимската краткоденица го означува и почетокот на патувањето кон подолгите денови. Иако деновите ќе бидат пократки, а ноќите подолги – сега треба да планирате, да ги визуелизирате вашите желби, да поставите цели и новогодишни одлуки. Една од најпопуларните активности е пишувањето намери. Напишете ја вашата намера на парче хартија, а потоа фокусирајте го вашиот ум на годината што претстои, на чекорите што ве очекуваат на тоа патување, на сите околности и ваши можности. Замислете како желбата веќе да се случила, ова ќе поттикне позитивни вибрации кај вас и ќе ве мотивира да се борите за она што го сакате. Важен дел од прославата отсекогаш бил искажувањето љубов кон најблиските. Ова е одлична можност да ги поканите пријателите или семејството на вечера и уште повеќе да се поврзете еден со друг. Се разбира, не заборавајте да се поврзете со себе. Темата на зимските кратки денови нè поттикнува на интроспектива. Ова е идеално време да погледнете во себе и да се фокусирате на она што е во вашето срце. Дури и ако специфичните ритуали не ве убедат, можете да ја искористите оваа енергија со исклучување на телефонот, палење свеќа и релаксирачка музика и едноставно поминување квалитетно време со себе. Одвојте неколку моменти за да размислите длабоко за себе и вашето минато и визуелизирајте што сакате за вашата иднина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/utre-e-zimska-kratkodenica-i-denot-koga-oficijalno-zapochnuva-zimata-vreme-e-da-zamislite-zelbi/feed/ 0
Зеленски: На Украина и се потребни 800 милиони евра за потребите на населението во текот на зимата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-na-ukraina-i-se-potrebni-800-milioni-evra-za-potrebite-na-naselenieto-vo-tekot-na-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-na-ukraina-i-se-potrebni-800-milioni-evra-za-potrebite-na-naselenieto-vo-tekot-na-zimata/#respond Tue, 13 Dec 2022 10:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=774867

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени денеска дека Украина, чија енергетска инфраструктура е уништена од руските напади, има потреба од „најмалку 800 милиони евра“ итна помош за да ги задоволи потребите на населението во текот на зимата. Зеленски преку видео врска зборуваше на отворањето на меѓународната конференција за солидарност со Украина, организирана во Париз. „Потребни ни се неколку категории опрема, трансформатори, опрема за реставрација на високонапонски мрежи, гасни турбини… на нашиот енергетски систем му треба, барем до крајот на грејната сезона, итна помош од европскиот енергетски систем, т.е. струја од земјите на Европската унија во Украина“, рече Зеленски. Украинскиот претседател додаде дека оваа помош „ќе чини околу 800 милиони евра“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-na-ukraina-i-se-potrebni-800-milioni-evra-za-potrebite-na-naselenieto-vo-tekot-na-zimata/feed/ 0
Хејнс: Зимава ќе успори војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-zimava-kje-uspori-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-zimava-kje-uspori-vojnata-vo-ukraina/#respond Sun, 04 Dec 2022 15:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=770861

Директорката на американското разузнавање Аврил Хејнс изјави дека руската војна во Украина го „намалува темпото“ и посочи во наредните месеци украинските сили имаат добри изгледи. Таа алудираше на изјавите од некои аналитичари, дека советниците на рускиот претседател Владимир Путин го изолираат од лошите вести за ситуацијата на военото поле. – Тој станува поинформиран за предизвиците со кои војската се соочува во Русија. Но сè уште е нејасно дали има целосна претстава колку предизвици имаат во оваа фаза, изјави Хејнс синоќа на Реган форумот за национална одбрана. Таа додаде дека се гледа  намаленото темпо на конфликтот, како и оти двете страни ќе гледаат повторно да се опремат, да ги обноват резервите и да се реорганизираат, за можна украинска противофанзива на пролет. Хејнс посочи дека таквата ситуација и во тој временски период е „пооптимистична за Украинците“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-zimava-kje-uspori-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Зимска нега на сувите усни, не ги заборавајте овие основни ритуали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zimska-nega-na-suvite-usni-ne-gi-zaboravajte-ovie-osnovni-rituali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zimska-nega-na-suvite-usni-ne-gi-zaboravajte-ovie-osnovni-rituali/#respond Sat, 26 Nov 2022 20:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=767044

Прво и основно правило за нега на усните во зимскиот период е нивна секојдневна нега бидејќи студениот ветер им штети. Усните поради честата промена на температура, од студено на топло, се сушат. Еве како да си помогнете, да немате испукани усни во зимските денови. Доколку се најдете во ваква фаза треба да избегнувате парфимирани балсами. Избегнувајте балсами кои содржат еукалиптус и ментол и мириси. Овие состојки може да влијаат на сувоста на усните, односно ќе ги омекнат само накратко пред повторно да почнат да пукаат или да се сушат. Ако усните не ти третирате навреме, може да дојде до воспаление. Усните се чувствителни бидејќи постојано се растегнуваат при зборување или џкавање. Затоа е важно секогаш да бидат хидратизирани за да останат здрави. Идеално е да ги третирате навечер пред спиење. Ставете крема која има регенеративни својства и ќе им помогне да се обноват. Глицеринот е одличен за нега на кожата на усните, делува мрсно, но навистина помага. Маслата се добри, често ги има во кремите и балсамите за нега на усните. Ако често се надвор, не заборавајте да ставите балсам со заштитен УВ фактор бидејќи усните ниту во зимскиот период не се поштедени. Она што е исто така многу важно е да пиете многу вода, бидејќи на кожата се гледа дали организмот е дехидриран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zimska-nega-na-suvite-usni-ne-gi-zaboravajte-ovie-osnovni-rituali/feed/ 0
СЗО предупредува на „опасна по живот“ зима за милиони луѓе во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-opasna-po-zivot-zima-za-milioni-lugje-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-opasna-po-zivot-zima-za-milioni-lugje-vo-ukraina/#respond Mon, 21 Nov 2022 17:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=764368

Светската здравствена организација предупреди дека претстојната зима ќе биде „опасна по живот“ за милиони Украинци по серијата разорни руски напади врз енергетската мрежа на таа држава. – Оваа зима ќе биде опасна по живот за милиони луѓе во Украина, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа. – Едноставно кажано – оваа зима ќе биде за опстанок, рече тој, додавајќи дека тоа ќе биде тест и за здравствениот систем во земјата. Украина, која деветти месец се брани од руската агресија, треба да ги реши проблемите особено со снабдувањето со топлинска и електрична енергија. – Струјата е неопходна за работа со уреди во одделенијата за интензивна нега, за инкубатори или за складирање на крв, истакна Клуге. Според него, четвртина од Украинците се без струја, што ги натера да користат алтернативни извори на топлина, вклучувајќи јаглен или дизел генератори. Ова носи здравствени ризици, вклучително и изложување на токсични материи кои се штетни за децата, постарите лица и оние со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и случајни изгореници и повреди, предупреди Клуге. – СЗО досега верификуваше 703 напади врз медицински установи кои се случија од почетокот на војната пред девет месеци. Ова е кршење на меѓународното хуманитарно право и законот за војување, рече Клуге на прес-конференција во Киев каде се сретна со членовите на украинската Влада. Тој додаде дека освен ризиците предизвикани непосредно од војната, во Украина постојат исти здравствени ризици како и на други место во Европа, вклучително и пандемијата на Ковид-19 или сезонскиот грип. Меѓутоа, во земјата разурната од војна, нивниот третман е комплициран поради ниските стапки на вакцинација и недостапноста на лекови. Шефот на европскиот огранок СЗО затоа повика на брзо воспоставување хуманитарни коридори преку кои ќе биде можно да се транспортира се што е потребно во Украина, особено на териториите кои неодамна беа ослободени од руската окупација, каде што ситуацијата е уште полоша отколку во другите делови на земјата. Според него, исто така, десет милиони Украинци, односно четвртина од населението, се изложени на ризик од психолошки проблеми, особено поради постојана изложеност на стрес, анксиозност, депресија или посттрауматски синдром. Годинава, ова е четврта посета на Клуге на Украина. Во својот говор тој им се заблагодари на украинските лекари, медицински сестри и други здравствени работници за нивното херојство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-opasna-po-zivot-zima-za-milioni-lugje-vo-ukraina/feed/ 0
Совети за дамите: На што треба да внимавате кога се шминкате во зима? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-damite-na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-shminkate-vo-zima/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-damite-na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-shminkate-vo-zima/#respond Sat, 19 Nov 2022 14:30:11 +0000 https://kurir.mk/?p=763437

Најчестата грешка која жените ја прават е тоа што користат иста нијанса на пудра како во лето, но освен ако не одите на солариум во текот на цела година, во зима кожата ви е посветла за нијанса или две, па со тоа и пудрата треба да биде посветла. Камените пудри или течните со мат ефект можеби помагаат при спречување на сјајот на лицето, но истовремето ја сушат кожата, што не ви е дополнително потребно во зима. Во зима преферирајте пудри со кремаста текстура и навлажнувачки ефект, избегнувајте пудра во прав. Во зима усните често се сушат и пукаат, а со мат кармините само го поттикнувате процесот и правите усните да изгледаат непривлечно. Користете кармини или лабела со покремаста текстура, кои ќе ги омекнуваат и штитат усните. Сјајот за усни во зима прво е непрактичен доколку има ветер или ставате марами и шалови околу уста, плус, има лош ефект на ладното, исто како кога ги лижете усните и предизвикувате полесно пукање. Во зима не смеете да си дозволите снегот или дождот да ви ја размачкаат шминката или пак насолзените очи од студеното време, па затоа задолжително користете водоотпорна маскара и моливче за очи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-damite-na-shto-treba-da-vnimavate-koga-se-shminkate-vo-zima/feed/ 0
На вашата кожа ѝ е потребна посебна нега во есен и зима – еве што МОРА да правите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashata-koza-e-potrebna-posebna-nega-vo-esen-i-zima-eve-shto-mora-da-pravite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashata-koza-e-potrebna-posebna-nega-vo-esen-i-zima-eve-shto-mora-da-pravite/#respond Wed, 16 Nov 2022 19:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=761183

Кожата е најголемиот орган, кој е склон на многу иритации во текот на есента и зимата. Затоа е потребно во овој дел од годината да посветите особено внимание на кожата, со посебна нега. Еве неколку предлози за тоа што треба да правите во студените месеци: Еднаш неделно правете пилинг на вашата кожа. Во зима обновувањето на горниот слој на клетки на лицето е успорено. Затоа ни козметичките препарати не помагаат. Потребо е да ги симнувате мртвите клетки со пилинг, за вашата кожа да може да добие на еластичност и свежина. Користете купки со масло. Само така ќе може да и го вратите ph балансот на вашата кожа и да го спречите нејзиното сушење. Со овие купки на зима, ќе ја подобрите и лимфната дренажа на кожата. Ниските температури, греењето во просториите во кои седите, предизвикуваат иритација на кожата на рацето и нејзино сушење. Затоа се препорачува често да ги мачкате со крема за раце. Кожата на телото мачкајте ја со лосиони и млека за да го спречите сушењето и непријатното чешање. Користете креми и лосиони кои содржат масло од бадем, кокос, авокадо, шипка. Избегнувајте ги кремите кои се парфимирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vashata-koza-e-potrebna-posebna-nega-vo-esen-i-zima-eve-shto-mora-da-pravite/feed/ 0