Зимбабве – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 08:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зимбабве – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Емерсон Мнангагва реизбран за претседател на Зимбабве https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emerson-mnangagva-reizbran-za-pretsedatel-na-zimbabve/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emerson-mnangagva-reizbran-za-pretsedatel-na-zimbabve/#respond Sun, 27 Aug 2023 08:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=871406

Националната изборна комисија на Зимбабве синоќа соопшти дека актуелниот претседател Емерсон Мнангагва победил на претседателските избори оваа недела со приближно 53 отсто од гласовите, но опозицијата и аналитичарите веднаш го доведоа во прашање резултатот. Мнангагва, кој ја презеде функцијата од долгогодишниот претседател Роберт Мугабе по воениот удар во 2017 година, се очекуваше да обезбеди втор мандат, бидејќи аналитичарите велат дека изборите биле наместени во корист на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, која е на власт повеќе од четири децении. Изборната комисија соопшти дека главниот противник на Мнангагва, Нелсон Чамиса, кој ја предводи опозициската партија Граѓанска коалиција за промени, освоил 44 отсто од гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emerson-mnangagva-reizbran-za-pretsedatel-na-zimbabve/feed/ 0
Повеќе од 150 деца ги загубија животите во епидемија на сипаници во Зимбабве https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-150-deca-gi-zagubija-zivotite-vo-epidemija-na-sipanici-vo-zimbabve/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-150-deca-gi-zagubija-zivotite-vo-epidemija-na-sipanici-vo-zimbabve/#respond Thu, 18 Aug 2022 06:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=720222

Најмалку 157 деца починаа како резултат на појава на сипаници во Зимбабве, а повеќе од 2.000 инфекции се пријавени низ целата земја, соопшти владата на таа држава. Случаите рапидно се зголемија во јужноафриканската нација откако властите соопштија дека првата инфекција била регистрирана претходно овој месец, при што пријавените смртни случаи речиси се удвоиле за помалку од една недела. „Од 15 август, кумулативниот број низ целата земја се искачи на 2.056 случаи и 157 смртни случаи“, рече министерката за информации Моника Муцвангва на брифинг. Муцвангва рече дека владата ќе ги интензивира вакцините и се повика на специјални закони кои и дозволуваат да повлече пари од националниот фонд за катастрофи „за справување со итни случаи“. Таа рече дека владата треба да се ангажира со традиционалните и верските водачи за да ја добие нивната поддршка за кампањата за вакцинација, додавајќи дека повеќето од жртвите не биле вакцинирани. Министерството за здравство претходно ги обвини собирите на црковните секти за избувнувањето на епидемијата. Во април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Африка се соочува со експлозија на болести што може да се спречат поради доцнење со вакцинирањето на децата, при што бројот на случаи на морбили се зголеми за 400 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-150-deca-gi-zagubija-zivotite-vo-epidemija-na-sipanici-vo-zimbabve/feed/ 0
Зимбабве ја подига границата за согласност за сексуален однос на 18 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-ja-podiga-granicata-za-soglasnost-za-seksualen-odnos-na-18-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-ja-podiga-granicata-za-soglasnost-za-seksualen-odnos-na-18-godini/#respond Fri, 27 May 2022 06:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=682190

Уставниот суд на Зимбабве одлучи дека границата за согласност за сексуален однос треба да се подигне на 18 години. Со тоа, Судот ги прогласи за неуставни претходните одредби од Кривичниот законик, според коишто, границата за согласност беше 16 години. – Оваа пресуда гарантира заштита на девојчињата помлади од 18 години. Во минатото имавме постари мажи кои ги експлоатираат девојките. Педофилите се извлекуваа со злоупотребите!, појасни Талент Џумо, раководителка на здружението „Сестринство Кацве“, коешто се бори за правата на девојчињата. Според одлуката на судот, министерот за правда и Собранието имаат рок од 12 месеци „да донесат закон со којшто се штитат сите деца од сексуална експлоатација, согласно одредбите на Уставот“. Иницијативата пред судот за подигање на старосната граница ја покренаа две жени, кои стапиле в брак додека сѐ уште немале наполнето 18 години. Јавноста ја поздрави пресудата, бидејќи прогласувањето за незаконски сексуални односи со малолетници треба да ја намали појавата на тинејџерски бремености и бракови кај децата. Како последица на сѐ тоа, стотици девојчиња мораат да го напуштат училиштето. Властите и групите за човекови права велат дека бројот на такви случаи дури и се зголемил за време на пандемијата на коронавирусот. Адвокатот Тендај Бити, кој ги застапува двете жени во судот, рече дека пресудата веројатно нема целосно да ја спречи злоупотребата на деца, но ќе го намали бројот на такви случаи. Во 2016 година, Уставниот суд на африканската држава го забрани бракот пред девојката да наполни 18 години, откако ги разгледа одредбите од Законот за брак кои дозволуваа и бракови меѓу малолетници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-ja-podiga-granicata-za-soglasnost-za-seksualen-odnos-na-18-godini/feed/ 0
„Нема вакцина, нема плата“: Владата на Зимбабве со порака до државните службеници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-vakcina-nema-plata-vladata-na-zimbabve-so-poraka-do-drzavnite-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-vakcina-nema-plata-vladata-na-zimbabve-so-poraka-do-drzavnite-sluzbenici/#respond Thu, 16 Sep 2021 14:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=564429

Шефот на Комисијата за јавни услуги на Зимбабве, Џонатан Вутавунаше денеска ги известил државните службеници дека ако не се вакцинираат против Ковид-19, нема да им биде дозволено да работат и нема да бидат платени. Вутавунаше, потврдил за ДПА дека писмото од 15 септември, во кое им се вели на сите 300.000 државни службеници да се вакцинираат или да останат без плата, е вистинско. -Во согласност со одлуката на Кабинетот, сите државни службеници ќе бидат вакцинирани без одлагање и невакцинираните членови нема да смеат да се јават на должност и нема да се сметаат дека работат, се вели во писмото на Вутавунаше. -Затоа, се повикуваат сите шефови на министерства да договорат сите државни службеници под нивна јурисдикција да бидат вакцинирани и да им објаснат на сите што ќе изберат да не се вакцинираат дека нема да се смета дека работат, се додава. Оттогаш разни работнички синдикати соопштија дека ќе одат на суд, опишувајќи ја директивата на Вутавунаше како „драконска“ и „дискриминирачка“. -Додека ние продолжуваме да ги повикуваме нашите членови и сите граѓани да се вакцинираат, ние дефинитивно ќе ја одведеме владата на суд за прашањето за задолжителна вакцина. Работниците или граѓаните не треба да бидат дискриминирани врз основа на нивните верувања и вредности. Владата треба да стори повеќе за ширење информации за важноста од вакцинирање отколку за командна програма за вакцинација, изјави Робсон Чере, шеф на Обединетите синдикати на рурални наставници. Според официјални информации, досега 1.963.058 луѓе се целосно вакцинирани во Зимбабве, земја со околу 14,6 милиони луѓе. Зимбабве има 127.083 потврдени случаи на коронавирус и има регистрирано 4.551 смртни случаи од оваа болест, според Универзитетот Џонс Хопкинс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nema-vakcina-nema-plata-vladata-na-zimbabve-so-poraka-do-drzavnite-sluzbenici/feed/ 0
Здравствените работници во Зимбабве бараат плати во долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenite-rabotnici-vo-zimbabve-baraat-plati-vo-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenite-rabotnici-vo-zimbabve-baraat-plati-vo-dolari/#respond Mon, 06 Jul 2020 16:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=370177

Медицинските сестри и техничари од државните болници во Зимбабве денеска излегоа на протест, барајќи нивните плати да им бидат исплаќани во американски долари место во локалната валута заради огромната инфлација во земјата, а во го главниот град Хараре беа уапсени 12 демонстранти, соопшти синдикатот. Една медицинска сестра во изјава за британските медиуми кажа дека со месечна плата од само 47 долари не може да се прехрани себе си и нејзините четири деца и не може психички да биде подготвена да се грижи за болните. Здравствените работници, исто така, соопштија дека ветеното покачување на платите не било исплатено со нивните јунски плати. Стапката на инфлација во Зимбабве достигна речиси 800 проценти, потсетувајќи ги луѓето од оваа земја за периодот од пред десет години, кога хиперинфлацијата ги девалвираше сите нивни приходи и заштеди, поради што тамошните власти одлучија зимбавеанскиот да го заменат со американскиот долар како официјална валута. По една деценија од лани зимбабвеанскиот долар повторно беше воведен во финанските текови на земјата, но со огромна брзина загуби на вредноста, по што цените на стоките и услугите станаа недостапни за многумина, што е особен проблем во ситуација кога во земјата се зголемува бројот на случаи сп Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvenite-rabotnici-vo-zimbabve-baraat-plati-vo-dolari/feed/ 0
Инфлацијата во Зимбабве изнесува речиси 800 отсто на годишно ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-zimbabve-iznesuva-rechisi-800-otsto-na-godishno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-zimbabve-iznesuva-rechisi-800-otsto-na-godishno-nivo/#respond Wed, 17 Jun 2020 05:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=358863

Годишната инфлација во Зимбабве во мај се зголеми на 785,55 проценти, соопшти Националната агенција за статистика на ова аафриканска земја. Блумберг наведува дека годишната инфлација на Зимбабве во април изнесуваше 765,57 проценти, а во мај веќе 785,55 проценти. Месечната стапка на инфлација во мај е 15,13 проценти, а претходниот месец беше 17,64 проценти, пренесува агенцијата Блумберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/inflacijata-vo-zimbabve-iznesuva-rechisi-800-otsto-na-godishno-nivo/feed/ 0
Мугабе почина денес- веднаш е прогласен за национален херој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mugabe-pochina-denes-vednash-e-proglasen-za-nacionalen-heroj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mugabe-pochina-denes-vednash-e-proglasen-za-nacionalen-heroj/#respond Fri, 06 Sep 2019 18:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=237944

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој почина денеска на 96-годишна возраст, е прогласен за „национален херој“, објави шефот на државата Емерсон Мнангагва. Тој го наследи Мугабе на чело на земјата, откако армијата излезе на улиците и по протестите на граѓаните во ноември 2017 година. – Зану-ПФ, партија на власт од 1980 година, се состана и му додели статус – заслужен национален херој, рече Емерсон Мнангагва во телевизиското обраќање. Тој додаде дека земјата ќе биде во жалост се до погребот на Мугабе, чиј датум се уште не е објавен. Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mugabe-pochina-denes-vednash-e-proglasen-za-nacionalen-heroj/feed/ 0
Најмалку 24 загинати во налет на циклон во Зимбабве https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-vo-nalet-na-ciklon-vo-zimbabve/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-vo-nalet-na-ciklon-vo-zimbabve/#respond Sat, 16 Mar 2019 15:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=175446

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати, во источниот дел на Зимбабве по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре. Војската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот. Неколку илјади луѓе се погодени од невремето во пограничниот дел во близина на Мозамбик, нагласија локалните власти. Во Мозамбик загинаа 19 лица, додека 56 во Малави. Половина милион жители на Мозамбик останаа без електрична енергија, а во градот Бејра се уништени неколку илјади куќи, соопшти Националниот институт за спречување на катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-zaginati-vo-nalet-na-ciklon-vo-zimbabve/feed/ 0
Зимбабве планира да воведе нова валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/#respond Sun, 13 Jan 2019 09:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=151585

Во следните 12 месеци Зимбабве ќе воведе нова валута. Тоа го изјави министерот за финансии Мтули Нкубе откако недостиг на американски долари причини хаос во финансискиот систем предизвикувајќи затворање на фирми и закани за протести. Зимбабве се откажа од својата парична единица во 2009 година поради хиперинфлација и ги прифати американскиот долар и други валути вклучително и фунтата и јужноафриканскиот ранд. Во 2008 година инфлацијата беше 500 милијарди проценти, највисоко ниво во светот за држава што не е во војна. Во 2016 година беше воведена заменска валута со цел да биде запрен недостигот од долари, но нејзината вредност исто така беше уништена. Претседатлот Емерсон Мнангагва е под притисок за оживување на економијата, но недостигот од долари ги поткопува напорите за привлекување странски инвеститори. Според централната банка, има помалку од 400 милиони долари во оптек. Во државата има недостиг од гориво, а компаниите се присилени да купуваат долари „на црно“ со вредност повисока од 370 отсто од нормалната МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/feed/ 0
Изгоре патнички автобус во Зимбабве, загинаа над 40 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgore-patnichki-avtobus-vo-zimbabve-zaginaa-nad-40-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgore-patnichki-avtobus-vo-zimbabve-zaginaa-nad-40-lica/#respond Fri, 16 Nov 2018 11:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=128523

Повеќе од 40 лица загинаа, а најмалку 20 се повредени откако изгоре патнички автобус во Зимбабве, соопшти полицијата. Меѓу повредените има лица со тешки изгореници, а властите сè уште немаат детали за причините за пожарот. несреќата се случи на околу 550 километри од Хараре, додека автобусот се движел кон Јужна Африка. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgore-patnichki-avtobus-vo-zimbabve-zaginaa-nad-40-lica/feed/ 0