зимска бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 06:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зимска бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во САД температурите се спуштаат и до минус 45 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-temperaturite-se-spushtaat-i-do-minus-45/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-temperaturite-se-spushtaat-i-do-minus-45/#respond Thu, 23 Feb 2023 06:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=803959

Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми. Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови. Налетите на ветрот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час, а во некои делови на САД, под влијание на екстремно студен бран, температурите би можеле да паднат до минус 45 степени Целзиусови. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави - најобилни снежни врнежи во изминатите 30 години. Во исто време одредени делови од источниот дел на САД имаат екстремно високи температури - во Орландо, Флорида би можеле да достигнат до 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени, најавија метеоролозите. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-temperaturite-se-spushtaat-i-do-minus-45/feed/ 0
Првата зимска бура во САД донесе снег, дожд и торнада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=783720

Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата. Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на државите Небраска, Јужна Дакота и Минесота, каде се очекува да наврне и до метар снег. Врнежите се очекува да бидат проследени со невреме и грмотевици. Прогнозите се дека снежните наноси ќе доведат до прекин во сообраќајот во некои области, додека маглата и замрзнатиот дожд ќе бидат предизвик за возачите на други места. Предупредувања за зимска бура и мраз се објавени во и околу Минеаполис и Сент Пол во Минесота, откако замрзнат дожд проследен со обилни снежни врнежи го погоди северниот дел на сојузната држава. Во западните предградија на споените градови има метарски наноси од снег. Иако постојано службите работат, десет сантиметри снег има на пистата на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол што придизвика откажување на повеќе од 200 летови. Се очекува денеска студениот бран да стигне до Нова Англија, кој веќе донесе силен дожд, моќни грмотевици, град и торнада во долниот тек на реката Мисисипи, на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив, долж течението на реката Тенеси и јужните делови на Апалачките Планини. Предупредувања за торнадо и силни грмотевици се издадени на многу локации во јужните држави Луизијана, Мисисипи, Алабама и Џорџија, како и за поплави во јужните делови на областа. Само во текот на последните 24 часа се пријавени осум торнада, како и десетици силни ветрови што корнеа дрвја, уриваа далноводи, оштетуваа станбени објекти. Денешната прогноза предвидува нови обилни врнежи од снег во планините Сиера Невада, како и долж техоокеанското крајбрежје се до крајниот северозапад. Во Северна Калифорнија синоќа без напојување со електрична енергија останаа 21 илјада станбени и деловни објекти.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/feed/ 0
Американските авиокомпании откажаа илјадници летови поради смртоносната зимска бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-otkazaa-iljadnici-letovi-poradi-smrtonosnata-zimska-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-otkazaa-iljadnici-letovi-poradi-smrtonosnata-zimska-bura/#respond Mon, 26 Dec 2022 16:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=780757

Силната зимска бура што ги зафати САД предизвика откажување на илјадници летови за време на долгиот божиќен викенд. Вкупниот број на откажувања денеска изнесува 2.767. Доцнеле 5.319 летови. Според веб-страницата за следење летови FlightAware, само Southwest Airlines откажала 725 летови, а 103 летови биле одложени. Во петокот беа откажани 1.238 летови на Southwest. China Eastern Airlines Corp. денеска откажа 596 летови, што претставува 32 проценти од нивната вкупна услуга. Вкупните откажувања на авиокомпанијата „Делта“ беа 247, а 69 летови беа одложени. Јунајтед ерлајнс откажа 84 летови, а авиокомпанијата Алјаска откажа 79 летови. Смртоносната зимска бура погоди повеќе од 200 милиони луѓе, а досега загинаа најмалку 12 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-otkazaa-iljadnici-letovi-poradi-smrtonosnata-zimska-bura/feed/ 0
Поради зимска бура во североисточниот дел на САД, откажани повеќе од 1.400 лета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/#respond Mon, 31 Jan 2022 15:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=625087

Повеќе од 1.400 лета во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба. Според веб-страницата за следење летови flightaware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1 450 во неделата попладне. Одложени се уште 1 774 лета поврзани со САД. Аеродромот „Ла гвардија“ и меѓународните аеродроми „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и „Логан“ во Бостон беа меѓу најтешко погодените со одложувања и откажувања. Во Масачусетс околу 31 000 од 2,6 милиони корисници беа без електрична енергија претходно во текот на неделата, според веб-страницата poweroutage.us. Времето предизвика и три смртни случаи во Њујорк. Постара жена во саботата беше пронајдена на паркинг во хотел во Униондејл, Њујорк, со отворен прозорец од автомобилот, а властите пријавија и смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои паднале во саботата додека чистеле снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/feed/ 0
Шест жртви во зимска бура во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-zrtvi-vo-zimska-bura-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-zrtvi-vo-zimska-bura-vo-sad/#respond Mon, 16 Dec 2019 10:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=278125

Шест лица во две американски држави загинаа во бурата која го зафати централниот дел на САД, соопштија властите. Бурата го зафати регионот од Карпестите Планини до Средниот Запад, соопшти Националната метеоролошка служба. Се очекува во текот на денешниот ден бурата да го погоди Источниот брег. Околу 13 милиони лица од Колорадо до Конектикат се во зоната на предупредување за опасно време, додека можно е влијанието да засегне 39 милиони луѓе во 16 држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-zrtvi-vo-zimska-bura-vo-sad/feed/ 0
Зимска бура се движи кон Вашингтон, најмалку пет загинати на Средниот запад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-se-dvizi-kon-vashington-najmalku-pet-zaginati-na-sredniot-zapad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-se-dvizi-kon-vashington-najmalku-pet-zaginati-na-sredniot-zapad/#respond Sun, 13 Jan 2019 10:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=151630

Зимска бура со силен снег на американскиот Среден запад, поради која најмалку пет луѓе загинаа, се движи источно кон Вашингтон. Се очекува бурата да погоди појас од 2.900 км од Колорадо до Средниот запад. Бурата го погоди Канзас и Мисури во петокот и повторно вчера, и се прошири на делови од Илиноис, Индијана и Охајо. Најмалку пет луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи поради лошите временски услови на автопатишта во Мисури и Канзас. Полицијката соопшти дека „во овој момент состојбата на сите патишта во Канзас е лоша“. Десетици летови од меѓународниот аеродром во Сент Луис беа откажани. Снег за денеска најавуваат метеоролозите за подрачјето од Њујорк преку Вашингтон до Вирџија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-se-dvizi-kon-vashington-najmalku-pet-zaginati-na-sredniot-zapad/feed/ 0
Германија се подготвува за зимска бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-zimska-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-zimska-bura/#respond Thu, 18 Jan 2018 11:04:44 +0000 http://kurir.mk/?p=12784

Жителите на Германија се подготвуваат за зимската бура, што според прогнозите, ќе почне од западниот дел на земјата со обилни врнежни на снег и дожд, проследени со силни ветрови. Голем број од училиштата во Германија се затворени поради очекувањето на зимската бура. Германските власти ги предупредија граѓаните, особено во западниот и северниот дел на земјата, да не излегуваат од нивните домови, доколку е тоа можно. Поради бурата голем број возови се движат со намалена брзина, а исто така се регистрирани и бројни сообраќајни несреќи поради лизгавите патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-podgotvuva-za-zimska-bura/feed/ 0
Зимска бура донесе многу снег во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-donese-mnogu-sneg-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-donese-mnogu-sneg-vo-japonija/#respond Wed, 10 Jan 2018 09:48:27 +0000 http://kurir.mk/?p=8685

Зимската бура, која денеска погоди огромните области во Јапонија, донесе 75 сантиметри снег на некои места, соопшти јапонската метеоролошката служба. На северниот остров Хокаидо поради бурата патувањата ги откажаа 149 возови и осум бродови. Во градот Масике бурата беше придружена со ветрови со брзина до 124 километри на час, а на некои делови од островот паднаа 35 сантиметри снег. Јапонската метеоролошка служба предвидува уште снег до 60 сантиметри на Хокаидо, во североисточните делови и областа Хокурику. Таа предупреди за виулици, големи бранови и сообраќаен метеж во северниот дел на Јапонија и долж брегот на Јапонското Море до петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimska-bura-donese-mnogu-sneg-vo-japonija/feed/ 0