зимски гуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 17:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зимски гуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На колку време треба да се менуваат гумите: На секои четири години или поретко? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892652

Со доаѓањето на постудените денови, неопходнo е да се заменат летните гуми со зимски, а законот вели дека тоа мора да се направи најдоцна до 15 ноември. Автомобилот и неговото одржување е се поскапо, па многу луѓе се трудат да заштедат пари. Секако, безбедноста е на прво место, а многу возачи одговорно ја следат препораката 4х4х4, што значи дека возилото мора да има четири идентични гуми кои мора да се менуваат на секои четири години, а тие (без разлика на староста) да имаат минимум 4 милиметри шари. Меѓутоа, како што индустријата за гуми напредуваше многу во последните години, Автомото сојузот на Словенија (AMZS) ја промени својата препорака и сега го продолжува периодот на безбедно користење на 6 до 8 години. Секако, менувањето гуми не може да се одложува на неодредено време, бидејќи гумите постари од 10 години губат флексибилност и со тоа држат поради хемиските промени поради стареење, пишува N1 Словенија. Правилниот притисок во гумите е клучен Правилниот притисок во гумите е директно поврзан со својствата на гумата при возење. Важно е да ги следите препораките на производителот, кои обично можете да ги најдете на налепницата на столбот на вратата од возачката страна или на капачето на резервоарот за гориво. Исто така, пред патувањето, кога планирате дополнително да го оптоварите автомобилот, важно е да го поправите притисокот во гумите. Зимски гуми во зима и летни гуми во лето Покрај изгледот и длабочината на шарата, зимските и летните гуми се разликуваат и по составот на самата гума. Зимските гуми се помеки при пониски температури, а производителите на пневматици советуваат да се постават на температури пониски од 7 Целзиусови степени. Накратко, дури и најлошите зимски гуми се подобри од новите летни гуми кога се вози на ниски температури.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/feed/ 0
ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ЗА ЗИМСКИТЕ ГУМИ: Како го спасуваат животот и дали смее да се комбинираат со летните? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-za-zimskite-gumi-kako-go-spasuvaat-zivotot-i-dali-smee-da-se-kombiniraat-so-letnite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-za-zimskite-gumi-kako-go-spasuvaat-zivotot-i-dali-smee-da-se-kombiniraat-so-letnite/#respond Fri, 28 Oct 2022 14:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=751849

Законска обврска е возилото на четири тркала да мора да има вградени зимски гуми во периодот од 15 ноември до 15 април, доколку на коловозот има снег или мраз.. Лаички, ова укажува дека според словото на законот во тие ситуации не смеат да се комбинираат со летни гуми. Длабочината на шарата, односно шарата на гумите мора да биде најмалку 4 mm, но се препорачува да ги замените гумите пред тоа да се случи. Гумите постари од пет години мора детално да се проверуваат еднаш годишно, додека гумите со ознака „М+С“ се сметаат за зимски гуми и можат да се користат во наведениот период. Разликата помеѓу летните и зимските гуми е позната по нивниот состав. Летните гуми се поотпорни на високи температури, додека зимските се направени од материјал кој е поотпорен на ниски температури. На температура под 7 степени, летните гуми ја губат својата најважна карактеристика - доброто држење. Нивното растојание за сопирање при сопирање е до двапати подолго од вообичаената патека што ја оставаат зимските гуми. Разликата помеѓу летните и зимските гуми е исто така во длабочината на шарата. Имајте предвид дека зимските гуми се подобри за употреба дури и кога патиштата се суви, ако температурите се пониски од седум степени, како и дека конструкцијата на металниот „костур“ на зимските гуми е тврда и поотпорна на механички удари. За „улогата“ на соодветните гуми во безбедноста во сообраќајот говори и тоа што месечно во просек по четири лица умираат, а 80 се повредени поради лизгавиот коловоз поради временските услови во зимскиот период од годината. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот е должен да поседува зимска опрема во патниот сообраќај и да ја користи на пропишан начин, во спротивно е предвидена глоба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-za-zimskite-gumi-kako-go-spasuvaat-zivotot-i-dali-smee-da-se-kombiniraat-so-letnite/feed/ 0
Замената на зимските гуми го намалува ризикот од несреќи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamenata-na-zimskite-gumi-go-namaluva-rizikot-od-nesrekji/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamenata-na-zimskite-gumi-go-namaluva-rizikot-od-nesrekji/#respond Mon, 04 Apr 2022 14:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=658312

Замената на зимските гуми со летни не е задолжителна, но на возачите им се препорачува тоа да го прават бидејќи на тој начин се намалува ризикот од сообраќајни незгоди во градски услови. Летните пневматици даваат најдобри перформанси на температури над 7 степени, а зимски подолу, па, доколку возачите не ги заменат гумите, ќе ги потрошат и нема да можат да ги користат следната сезона. Летните гуми се направени за да обезбедат многу подобар проток на вода што придонесува за пократко растојание за сопирање и потоа се случуваат помалку сообраќајни несреќи, особено во градски услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamenata-na-zimskite-gumi-go-namaluva-rizikot-od-nesrekji/feed/ 0
Еве како правилно да ги чувате летните гуми за подолго да траат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/eve-kako-pravilno-da-gi-chuvate-letnite-gumi-za-podolgo-da-traat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/eve-kako-pravilno-da-gi-chuvate-letnite-gumi-za-podolgo-da-traat/#respond Mon, 06 Dec 2021 08:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=604593

Речиси еден месец е на сила задолжителната обврска за зимска опрема за возилата, а доколку се уште соодветно не сте ги складирале летните пневматици би требало да знаете неколку важни информации Со правилно чување гумите не ги губат своите карактеристики и нивниот век на траење ќе биде подолг. Експертите од Goodyear подготвија неколку корисни совети. Пред складирање, гумата исчистете ја од прашина, отстранете ги каменчињата и останатите ситни предмети кои би можеле да ја оштетат гумата или да влијаат на површината. Чувајте ги гумите во темно, суво и студено место бидејќи изложувањето на дневна светлина, особено УВ зраците им штетат. На пневматиците исто така им штети контакт со масла, лакови и горива. Гуми со бандаж Ако гумите ги складирате со бандажи, тогаш најпрво треба да го намалите притисокот на воздухот, но не целосно да ги испразните. Гумите со бандаж не ги складирајте во исправена положба, туку закачете ги на носачи. Доколку не можете ова да го направите, тогаш поставете ги гумите една над друга, но да не биде повисоко од 1,5 метри. Гуми без бандаж Гумите наместете ги исправено, а меѓу нив оставете малку простор. Се препорачува на секои четири недели да ги превртите за пневматикот да не се деформира. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/eve-kako-pravilno-da-gi-chuvate-letnite-gumi-za-podolgo-da-traat/feed/ 0
Од денес почнува обврската за задолжителна зимска опрема, еве што треба да имате https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-pochnuva-obvrskata-za-zadolzitelna-zimska-oprema-eve-shto-treba-da-imate/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-pochnuva-obvrskata-za-zadolzitelna-zimska-oprema-eve-shto-treba-da-imate/#respond Fri, 15 Nov 2019 06:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=264320

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество  во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи. Што се подразбира под зимска опрема? Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 мм. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 мм. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг се подразбира: – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 8 мм. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци. Казни и санкции за немање зимска опрема Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови на возачот кој постапува спротивно на одредбата за задолжителна зимска опрема.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-pochnuva-obvrskata-za-zadolzitelna-zimska-oprema-eve-shto-treba-da-imate/feed/ 0
Казни до 5.000 евра ако возите без зимски гуми: Какви се законите во Македонија, соседството и Европа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-5-000-evra-ako-vozite-bez-zimski-gumi-kakvi-se-zakonite-vo-makedonija-sosedstvoto-i-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-5-000-evra-ako-vozite-bez-zimski-gumi-kakvi-se-zakonite-vo-makedonija-sosedstvoto-i-evropa/#respond Wed, 13 Nov 2019 14:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=263598

Зимата е период кога многумина решаваат да заминат на скијање надвор од државата. Некои во соседството, а некои и малку подалеку со цел да имаат и поквалитетни патеки. Но, патувањето станува се порелано, и почесто. Доколку решите да заминете од Македонија во зима, треба да знаете дека постојат земји во регионот каде нема да можете да возите доколку немате зимски гуми на автомобилот. Генерално, колку одите по на север толку се постриктни во примената на овие закони и сте принудени да ги следите нивните прописи. Може да бидете казнети, парично или пак да бидете исклучени од сообраќај. Па ќе морате да купите таму зимски гуми кои се сигурно поскапи отколку во Македонија. Во Европа не постојат единствени правила за задолжителна зимска опрема, бидејќи во некои земји со закон е пропишано патничките возила да имаат зимски гуми, додека во други тоа не е случај. Можете да минете и без казни, но доколку се случи несреќа и вие сте вклучени, и се утврди дека сте возеле без зимски гуми тогаш казната може да биде и до 5.000 евра. Порталот 24АУТО.МК  пренесува детална анализа за законите во соседството и Европа. Како е во соседството: Албанија – Нема обврска за користење на зимски гуми Бугарија – Користење на зимски гуми на сите тркала е задолжително кога има снег или мраз на патот. Ова не се однесува на возилата со странски регстрации. Хрватска – Користење на зимски гуми не е задолжително, но е препорачливо. БиХ – Од 15 ноември до 15 март е задолжително користење зимски гуми, барем на погонските тркала. Словенија – Задолжително користење зимски гуми во период од 15 ноември до 15 март на сите тркала, за возила полесни од 3,5 тона. Оние со поголема тежина тоа треба да го имаат на погонските тркала. Грција – Нема обврска Унгарија – Нема специфично назначено задолжително користење, но може да се браат на одредени патишта под одредни услови и тоа би било означено. Црна Гора – Задолжително користење на зимска опрема во период од 15 ноември до 15 март Србија – Користење на зимски гуми е задолжителново период од 1 ноември до 1 април за сите возила со тежина до 3,5 тона во зимски услови. Во Европа Во Германија, Словачка и Австрија со закон е предвидено учесниците во сообраќајот да имаат зимски гуми во зимски услови на патиштата. Во Италија и Унгарија зимската опрема може да се наложи краткорочно со поставување на знаци. Во Германија и Австрија возачот има законска обврска своето возило да го прилагоди на условите на патот во текот на зимата. Тоа значи дека мора да користи зимски гуми во случај на снег или мраз на патот. Во Австрија за таа обврска постои со закон определен рок од 1 ноември до 15 април, додека во Германија временски период не е определен, туку зимската опрема се бара за зимски услови на возење. Во Германија дополнително возачите се должни да имаат антифриз во системот за миење на ветробранското стакло, а ако не ја почитуваат оваа обврска им следува казна од 20 евра. Според австрискиот закон, патничките возила и камиони до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми ако врне снег или на патот има мраз. Како алтернатива, законот предвидува синџири на погонските тркала, но само ако патниот правец во целост е прекриен со снег или мраз. За непочитување на оваа обврска со закон е предвидена казна од 35 евра, а ако поради непоседување на зимска опрема се загрозуваат другите учесници во сообраќајот казната може да изнесува до 5.000 евра. Ако возачот не користи зимска опрема во зимски услови, а направи штета, осигурувањето не ги презема трошоците и кај каско осигурувањата. Кога се работи за синџири, во Германија тие се дозволени, но со ограничена брзина од 50 километри на час. Во планинските предели ланците се обавезни ако на патот се поставени знаци кои предупредуваат на тоа. Гумите со клинци, за разлика од Австрија, не се дозволени во Германија. Во Данска не постои општа обврска за користење на зимска опрема, а за гуми со клинци определен е период од 1 ноември до 15 април, кога смеат да се користат и тие мора да бидат монтирани на сите четири тркала. Во Финска постои законска обврска за користење на зимски гуми, која важи и за возила регистрирани во странство, во период од 1 декември до крајот на февруари. Во Норвешка не постои со закон определена обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака тие да бидат монтирани на сите четири тркала. Во Шведска пак, од 1 декември до 31 март сите патнички возила до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми, чиј профил не смее да бие под 3 милиметри. Ако на патиштата нема снег и мраз, со одобрение на полицијата, може да се вози и со летни гуми, но профилот мора да биде најмалку 5 милиметри и тоа правило важи само за возила регистрирани во Шведска. Во Франција не постои општа обврска за користење на зимска опрема, но зимските гуми можат да се бараат на планинските патишта во случај на голем снег. Во Италија зимски гуми се пропишуваат за некои делници од патната мрежа и тоа во одредени периоди и во одредени услови на патиштата. Така на пример, во долината Аоста постои обврска за користење на зимски гуми во период од 15 октомври до 15 април. Во Холандија не постои општа обврска за користење на зимски гуми и забрането е да се користат гуми со клинци, додека и за синџирите е предвидено да можат да се користат само на улици кои во целост се покриени со снег. Во Швајцарија не постои општа обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака да се користат во случај ако на патот има снег или мраз. Ако возилото, поради некористење на зимска опрема го блокира патот во зимски услови, полицијата може да наплати казна. Исто така и во случај на предизвикување на сообраќајна незгода во зимски услови на возење без соодветна опрема, возачот може да сноси одговорност. ИЗВОР: 24АУТО.МК  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-5-000-evra-ako-vozite-bez-zimski-gumi-kakvi-se-zakonite-vo-makedonija-sosedstvoto-i-evropa/feed/ 0
„Фати ја зимата навреме“ – кампања за обврската за промена на пневматици https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fati-ja-zimata-navreme-kampanja-za-obvrskata-za-promena-na-pnevmatici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fati-ja-zimata-navreme-kampanja-za-obvrskata-za-promena-na-pnevmatici/#respond Fri, 08 Nov 2019 06:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=261504

Кампања за потсетување на возачите на законската обврска за промена на летните со зимски пневматиците „Фати ја зимата навреме“ ќе спроведе денеска на територијата на Општина Аеродром Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со општествено одговорни компании. – Сакаме да им посветиме внимание на сите учесници во сообраќајот со што ќе укажеме на потребата да се едуцираат и ќе ја потенцираме важноста за промена на пневматикот во соодветен период од годината. Службениците на секој возач ќе му подарат промотивен материјал со едукативни пораки, информираат од СВР Скопје. Кампањата ќе започне од пред Капитот Мол со почеток во 12.00 часот и ќе се одвива на прометни раскрсници каде полициските службеници ќе апелираат до возачите во однос на законската обврска за промена на пневматиците согласно законскиот рок. Согласнос со член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса што не надминува 3.500 килограми се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fati-ja-zimata-navreme-kampanja-za-obvrskata-za-promena-na-pnevmatici/feed/ 0
РСБСП со потсетување до возачите: На 15-ти ноември започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-so-potsetuvanje-do-vozachite-na-15-ti-noemvri-zapochnuva-zakonskata-obvrska-za-zadolzitelno-nosenje-zimska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-so-potsetuvanje-do-vozachite-na-15-ti-noemvri-zapochnuva-zakonskata-obvrska-za-zadolzitelno-nosenje-zimska-oprema/#respond Wed, 14 Nov 2018 09:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=127631

На 15 ноември 2018 година (четврток), започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување на законските одредби, за управување со возило во зимски услови, кои возачите треба да ги почитуваат. Иако временските услови сѐ уште се стабилни, сепак во наредниот период се очекуваат минусни температури, особено во раните утрински и доцните вечерни часови. Појавата на голомразица на одредени осојни места, мостови, подвозници или надвозници е речиси извесна, а исто така сѐ почеста ќе биде и појавата на замрзнати коловози. Со цел безбедно патување и безбедно пристигнување на саканата дестинација, РСБСП со потсетување за законските обврски кои треба да ги почитуваат возачите. Имено, согласно член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член од Законот, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови. Според истиот член од ЗБСП, полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема, истата секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат бидејќи само на тој начин ќе се овозможат услови за безбедно управување со возилото во зимски услови и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина. Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Биди одговорен возач и почитувај ја законската обврска за поседување соодветна зимска опрема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rsbsp-so-potsetuvanje-do-vozachite-na-15-ti-noemvri-zapochnuva-zakonskata-obvrska-za-zadolzitelno-nosenje-zimska-oprema/feed/ 0