житарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Mar 2023 13:47:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png житарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАЈЗДРАВАТА ЖИТАРКА НА СВЕТОТ! Подобра е од пченицата и прави чуда за телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najzdravata-zhitarka-na-svetot-podobra-e-od-pchenitsata-i-pravi-chuda-za-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najzdravata-zhitarka-na-svetot-podobra-e-od-pchenitsata-i-pravi-chuda-za-teloto/#respond Fri, 17 Mar 2023 13:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=813241

Спелтата е житарка која не е генетски модифицирана и која со себе носи голем број на придобивки за организмот. Го штити здравјето на целото тело, од глава до пети, а лековитите својства на оваа житарка се докажани со бројни истражувања. По потекло од Јужна Азија, била донесен на Блискиот Исток и оттогаш се проширила низ Европа. Извесен период беше запоставена, но во последно време многу се зборува за неа. Спелтата е широко користена, таа е одлична замена за луѓе кои се алергични на пченица, а нејзиниот пријатен, јаткаст вкус додава уште еден плус. Спелтата содржи идеален сооднос на протеини, јаглени хидрати, масти, минерали, витамини и целулоза. Диететските влакна се лесно растворливи во вода, што овозможува добра ресорпција на хранливите материи во организмот. Исто така, има висока содржина на протеини, што ја прави одличен избор кога станува збор за варење и градење мускули. Спелтиното брашно содржи многу малку маснотии, сол, шеќер и холестерол. Богат извор е на минерали и витамини, вклучувајќи ги витамините Б, магнезиум, цинк, железо, манган, бакар и селен. Иако спелтата и пченицата се нешто слични по хранлива вредност, спелтата има повеќе витамин К, како и минерали, вклучувајќи ги железото, калиумот и цинкот, отколку пченицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najzdravata-zhitarka-na-svetot-podobra-e-od-pchenitsata-i-pravi-chuda-za-teloto/feed/ 0
Украина воспоставува коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-vospostavuva-koridori-za-izvoz-na-zitarki-preku-polska-i-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-vospostavuva-koridori-za-izvoz-na-zitarki-preku-polska-i-romanija/#respond Sun, 12 Jun 2022 18:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=689966

Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник. На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените. Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони житарки се во пристаништата поради руската блокада. – Украина беше во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна. Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние даваме се од себе да ги развиеме тие рути, изјави Сеник. Тој не даде детали колку житарки веќе се преместени или ќе бидат префрлени преку овие рути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-vospostavuva-koridori-za-izvoz-na-zitarki-preku-polska-i-romanija/feed/ 0
ФАО: Најмалку 25 милиони тони житарки чекаат извоз од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/#respond Fri, 06 May 2022 13:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=673012

Речиси 25 милиони тони житарки чекаат да бидат извезени од Украина поради инфраструктурните предизвици и блокадата на пристаништата на Црното Море, вклучително и Мариупол, изјави денеска претставник на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Блокадата, според многумина, е една од причините за високите цени на храната кои достигнаа рекордно високо ниво во март, поттикнати од руската инвазија врз Украина, за малку да паднат во април, соопшти ФАО. Украина беше четврти најголем извозник на пченка во светот во сезоната 2020/2021 и шести извозник на пченица, според Меѓународниот совет за житарки. – Во Украина во моментов сме сведоци на речиси гротескна ситуација во која речиси 25 милиони тони житарки што можат да се извезат, не можат да ја напуштат земјата поради недостиг на инфраструктура и блокада на пристаништата, изјави заменик – директорот за пазар и трговија на ФАО, Јозеф Шмидхубер. Полните силоси може да значат недостиг на простор за складирање за време на следната жетва во јули и август, предупреди Шмидхубер. -И покрај војната, условите за жетва не се толку лоши. Ова всушност може да значи дека Украина нема доволно капацитет за складирање, особено ако не се отвори коридор за извоз на пченица, нагласи претставникот на ФАО. Загрижувачки се и информациите дека во борбите се уништени некои магацини, додаде Шмидхубер, без да наведе детали. Од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари, Украина беше принудена да извезува житарки со воз преку западната граница или преку малите речни пристаништа на Дунав наместо по море. Претходно оваа недела, претседателката на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, рече дека е „сериозно загрижена“ поради зголемувањето на цените на храната, додавајќи дека работи со партнерите за да се најдат решенија за проблемот. -Навистина би му помогнало на светот ако можеме да ги извеземе овие житарки од Украина, нагласи лидерката на СТО.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-najmalku-25-milioni-toni-zitarki-chekaat-izvoz-od-ukraina/feed/ 0
Овие 3 житарки се мелем за цревата: Го стимулираат и подобруваат варењето и дигестивниот систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/#respond Tue, 26 Apr 2022 05:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=667782

Доколку долго време имате проблеми со варењето, неопходно е да ја промените исхраната и да воведете лесна храна која ќе ги ублажи проблемите поврзани со еден многу важен процес во организмот, како што е варењето. Житариците или „зрната на цивилизацијата“ како што многумина ги нарекуваат, се основата на човечката исхрана. Важноста на житариците не е само во тоа што се храна која редовно се користи, туку и во тоа што обезбедуваат најголем дел од дневниот внес на енергија. Освен што се многу здрави, житариците се полни со витамини, минерали и биоактивни материи кои ја обновуваат цревната флора и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт. Во „морето“ житарки издвоивме три кои се мелем за цревата. 1. Јачмен Јачменот содржи скроб, протеини, целулоза, витамини и минерали. Најзастапени се витамините Б, а минералите се калиум, калциум, цинк, фосфор и магнезиум. При готвење на јачменот се ослободува слуз, кој исклучително благотворно делува на органите за варење. Поради високиот процент на растворливи и сурови растителни влакна, јачменот поволно делува на регулација на холестеролот во крвта, но и на дигестивни проблеми. 2. Ориз Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност, па брзо носи енергија и обезбедува подолго чувство на ситост. Поради својата хранлива вредност, тој е исклучително корисен за нервниот систем и варењето. Не содржи глутен и е најмалку алергенска житарка. Влакната од мембраната на зрното ориз го стимулираат празнењето на цревата. Вклучете интегрален ориз во вашето мени заедно со друга храна богата со растителни влакна и ферментирани млечни производи, за да ја подобрите цревната флора. 3. Киноа Ова растение е познато и како мајка на сите житарки. Постојат повеќе од сто видови киноа, но најкористените ширум светот се белата, црвената и црната киноа. Инаку, киноата е псевдожитарка, но нутритивно се третира како цело зрно, што значи дека при подготовката не се отстранува дел од неа. Киноата е значаен извор на растителни влакна кои имаат корисен ефект врз метаболизмот и варењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-3-zitarki-se-melem-za-crevata-go-stimuliraat-i-podobruvaat-varenjeto-i-digestivniot-sistem/feed/ 0
Намалете го ризикот од рак: 100 грама дневно од ова може да ја спречи опасната болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namalete-go-rizikot-od-rak-100-grama-dnevno-od-ova-moze-da-ja-sprechi-opasnata-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namalete-go-rizikot-od-rak-100-grama-dnevno-od-ova-moze-da-ja-sprechi-opasnata-bolest/#respond Thu, 01 Feb 2018 17:38:33 +0000 http://kurir.mk/?p=17189

Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана има големо влијание во развивањето на болестите, а еве што треба да јадете секој ден како превенција од канцер. Познато е дека мали промени во начинот на живот можат да ја спречат лошата болест, а така е и со исхраната. Научниците истакнуваат дека само 3 порции печива од цело зрно дневно може да го намалат ризикот од канцер за 17 отсто. Ако ги замените производите од преработени житарки со производи од цело зрно, ако јадете повеќе зеленчук, овошје и мешунки, би го смалиле ризикот за дебелеење, а со тоа и ризикот од опасни промени во телото. Експертите истакнуваат дека ако секој ден јадете 90 грама производи од цело зрно пченица ќе го смалите ризикот од рак на цревата. Исто така се апелира дека претерано внесување на месо, како салами и сланина се едно од главните причини за рак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namalete-go-rizikot-od-rak-100-grama-dnevno-od-ova-moze-da-ja-sprechi-opasnata-bolest/feed/ 0