житни култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 20:25:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png житни култури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК воведе тридневна забрана за увоз на житни култури од Украина во пет земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vovede-tridnevna-zabrana-za-uvoz-na-zhitni-kulturi-od-ukraina-vo-pet-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vovede-tridnevna-zabrana-za-uvoz-na-zhitni-kulturi-od-ukraina-vo-pet-zemji/#respond Tue, 02 May 2023 20:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=829911

Европската комисија привремено го забрани увозот на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина во пет земји-членки на ЕУ, со одредба дека овие производи сепак ќе можат да минуваат низ тие земји. Комисијата наведува дека станува збор за „привремена, превентивна мерка“, која е неопходна со оглед на исклучителните околности на сериозни логистички тесни грла во пет земји-членки – Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Во исто време, Бугарија, Унгарија, Полска и Словачка се обврзаа да ги укинат едностраните мерки што ги донесоа за забрана на увоз на пченица, пченка, маслодајна репка и сончоглед од Украина. Романија не воведе еднострани мерки. „Целта е да се ублажат логистичките тесни грла поврзани со овие производи во Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Мерките ќе стапат на сила на 2 мај и ќе траат до 5 јуни 2023 година“, соопшти Комисијата. Во овој период овие производи ќе продолжат да бидат во слободен промет во сите земји членки на Европската унија, освен во петте земји членки на првата линија. Тие производи може сè уште да транзитираат низ териториите на тие пет земји-членки преку заедничката царинска транзитна постапка. Во овие пет земји-членки ќе може да се увезуваат житни култури само доколку се наменети за транзит кон други членки на Унијата или во трети земји, се појаснува во информацијата. Минатиот петок, членките на ЕУ поддржаа едногодишно продолжување на регулативата според која ЕУ ги укина царините за украинското жито. Сега тоа треба да го потврди Европскиот парламент, а потоа и Советот на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-vovede-tridnevna-zabrana-za-uvoz-na-zhitni-kulturi-od-ukraina-vo-pet-zemji/feed/ 0
Забранет извозот на житарки и масло, според светските прогнози цените на храната може да се зголемат од 8 до 20 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranet-izvozot-na-zitarki-i-maslo-spored-svetskite-prognozi-cenite-na-hranata-moze-da-se-zgolemat-od-8-do-20-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranet-izvozot-na-zitarki-i-maslo-spored-svetskite-prognozi-cenite-na-hranata-moze-da-se-zgolemat-od-8-do-20-otsto/#respond Sat, 12 Mar 2022 08:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=645824

Пченицата, јачменот, пченката, пченичното брашно, семето од сончоглед и сончогледовото масло од вчера се забранети за извоз. Мерката е времена и ќе трае десет дена, а се воведе за да се заштитат домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, како и за да се избегнат секакви шпекулативни дејства на трговците. Надлежните уверуваат дека простор за паника нема. Државните резерви се полни и ако се оцени дека е потребно, ќе бидат активирани. Се следи и движењето на цените. Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, сега не е време за политикантство и шпекулации. Сите чинители, и економски и политички, треба да покажат разбирање и да придонесат за намалување на негативните последици од кризата. – Граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат. Им гарантирам дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Приватните млинови, приватните компании во земјата располагаат со преку 50 илјади тони залихи пченица, преку 10 илјади тони пченка и над 8 илјади тони јачмен што се должи на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година на 253 илјади тони во 2021 година. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши. Според него, забраната за извоз се носи превентивно, за да не настанат поглеми нарушувања на пазарот. -Треба да се има предвид дека во вакви времиња одредени трговци се обидуваат да направат поголеми профити. Домашните производители и трговци прво треба да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и по добивање одредени понуди, поголеми цени од странство, да го пренасочат производството за експорт, порача Бектеши. Презентирајќи ги бројките од Царинската управа, министерот рече дека само во последните 10 дена од земјава се извезени 416 тони масло од сончоглед, 700 тони пченка, 166 тони брашно од обична пченица, два тона брашно од наполица и 174 тони тврда пченица. -Северна Македонија е држава членува во одредени форуми, вклучувајќи ја и ЦЕФТА, и имаме договори со сите, но кога имаме еднострана одлука од наш сосед секако дека ние мора ние да се грижиме за нашите граѓани првично, а секако дека кога ќе имаме дополнителни количини како што имаме и сега, затоа е и времена мерката, ќе дозволиме и извоз, но најважно од се е трговците, производителите да знаат дека сите овие мерки, овие 400 милиони евра кои ги дава Владата се средства на граѓаните, се со цел да нема ценовни шокови од страна на домашното производство, од страна на трговците на големо на овие одредени производи. Првично, треба целосно да се покрие домашниот пазар со подобри цени, а се што е повеќе од тоа ние ќе дозволиме да се извезува, објасни Бектеши. И државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски потврди дека во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државните резерви пченица. -Има доволно лебно жито во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување, истакна Димковски. Тој информира дека се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени. Моментно, дополни, има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури. Прогнозите во светски рамки се дека поради руско-украинскиот конфликт цените на храната може да се зголемат од осум до 20 отсто. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, а има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Како што посочува ФАО, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranet-izvozot-na-zitarki-i-maslo-spored-svetskite-prognozi-cenite-na-hranata-moze-da-se-zgolemat-od-8-do-20-otsto/feed/ 0
Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-imame-rezervi-na-nafteni-derivati-i-zito-gragjanite-da-bidat-smireni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-imame-rezervi-na-nafteni-derivati-i-zito-gragjanite-da-bidat-smireni/#respond Fri, 04 Mar 2022 08:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=640671

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. -Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки, стои во соопштението на Владата. Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони. Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен. Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-imame-rezervi-na-nafteni-derivati-i-zito-gragjanite-da-bidat-smireni/feed/ 0
Годинава послаб квалитетот на зрната кај житните култури во кумановско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-poslab-kvalitetot-na-zrnata-kaj-zitnite-kulturi-vo-kumanovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-poslab-kvalitetot-na-zrnata-kaj-zitnite-kulturi-vo-kumanovsko/#respond Thu, 26 Jul 2018 12:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=81385

Квалитетот на зрната кај житните култури годинава во поширокиот кумановски регион е со послаб квалитет во однос на претходните години поради честите врнежи од дожд во текот на летово, информираа денеска надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство Куманово. Оттаму потенцираат дека поради климатските услови и  жетвата се одвива со намален интензитет согласно временските прилики. Индивидуалните земјоделци годинава засеале пченица на површина од 10.800 хектари, а претпријатијата на 2000 хектари. - Досега претпријатијата ожнеале 1.500, а земјоделците 8.100 хектари или 75 проценти од вкупните површини. Просечните приноси кај претпријатијата се движат до пет тона додека кај земјодлеците од 2,5 до 3,5 тони по хектар, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути. Од вкупно 7.850 хектари со јачмен, ожнеани се 4.480 хектари од вкупно насеаните 6.850 хектари од земјоделците и 800 од 1.000 хектари  кои ги насеале претпријатијата или над 80 проценти од површините. Просечниот принос се движи слично како и кај пченицата од 2,5 до 3,5 тони кај земјоделците и до пет тони кај претпријатијата. Жетвата кај површините со тритикале се движи околу 60, а кај овесот околу 50 проценти. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godinava-poslab-kvalitetot-na-zrnata-kaj-zitnite-kulturi-vo-kumanovsko/feed/ 0
Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-prilep-oshteteni-povrshini-so-tutun-piperki-i-zitni-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-prilep-oshteteni-povrshini-so-tutun-piperki-i-zitni-kulturi/#respond Mon, 23 Jul 2018 14:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=80042

Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури. Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури. Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони. Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат последните 25 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-prilep-oshteteni-povrshini-so-tutun-piperki-i-zitni-kulturi/feed/ 0