жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 10:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина го суспендира новиот коридор за жито поради можни руски воздушни напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=893349

Украина го суспендираше својот нов коридор за жито на Црното Море, бидејќи смета дека постои закана од руски воени авиони, соопшти денеска консултантската компанија „Барва инвест“, со седиште во Киев. - Би сакале да ве информираме за привремениот прекин на сообраќајот на бродови до и од пристаништата. Сегашната забрана е во сила на 26 октомври, но постои можност таа да биде продолжена, објави консултантската компанија на телеграм. Украинските власти не беа веднаш достапни за коментар. Консултантската фирма објави дека де факто суспензијата е во сила веќе два дена по налог на војската, која како причина ја наведе заканата од зголемена активност на руските воздухопловни сили во областа. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека им наредил на руските воени авиони кои носат ракети Кинжал да патролираат по Црното Море. Украина отвори „хуманитарен коридор“ за бродови до африканските и азиските пазари во август, за да се обиде да ја заобиколи де факто блокадата во Црното Море, откако Русија се повлече од договорот што му гарантираше на Киев безбеден поморски извоз. Украинските власти и извори за бродски превоз соопштија дека повеќе од 40 товарни бродови поминале низ коридорот досега и 1,5 милиони метрички тони товар ги напуштиле украинските поморски пристаништа низ коридорот. Пратките главно содржат житарки, маслодајни семиња и растителни масла. Украинските земјоделци оваа недела рекоа дека новата рута може да овозможи извоз до 2,5 милиони тони храна месечно, речиси неутрализирајќи го влијанието на одлуката на Русија да се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН. Првиот украински заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки вчера рече дека испораката на жито преку новиот коридор во октомври може да надмине еден милион тони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-suspendira-noviot-koridor-za-zhito-poradi-mozhni-ruski-vozdushni-napadi/feed/ 0
Киев: Русија уништи 300 илјади тони жито откако се повлече од договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-rusija-unishti-300-iljadi-toni-zhito-otkako-se-povleche-od-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-rusija-unishti-300-iljadi-toni-zhito-otkako-se-povleche-od-dogovorot/#respond Fri, 13 Oct 2023 20:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=888687

Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече од договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми. Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат новиот хуманитарен коридор за жито во Црното Море што Киев го објави во август. Според украинската влада, вкупно 25 бродови влегле во украинските пристаништа за да бидат натоварени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-rusija-unishti-300-iljadi-toni-zhito-otkako-se-povleche-od-dogovorot/feed/ 0
Украина, Полска и Литванија постигнаа договор за забрзување на извозот на жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-polska-i-litvanija-postignaa-dogovor-za-zabrzuvane-na-izvozot-na-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-polska-i-litvanija-postignaa-dogovor-za-zabrzuvane-na-izvozot-na-zhito/#respond Tue, 03 Oct 2023 14:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=884694

Украина, Полска и Литванија договорија план за забрзување на извозот на украински житарки, соопштија денеска официјални претставници. Според договорот, инспекциите на житото од украинско-полската граница се пренесуваат во литванското пристаниште на Балтичкото Море, се наведува во соопштението на украинското Министерство за земјоделство. Поместувањето на местото на инспекциите има за цел да го олесни транзитот на украинскиот извоз преку полска територија, се вели во соопштението. Од литванското пристаниште Клаипеда, каде од утре ќе се контролира присуството на штетници и болести, жито ќе може да се извезува по морски пат низ целиот свет. Договорот, исто така, може да помогне да се намалат тензиите околу цените на житото меѓу Украина и Полска во време кога меѓународната поддршка за напорите на Киев да се одбрани од Русија може да се намали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-polska-i-litvanija-postignaa-dogovor-za-zabrzuvane-na-izvozot-na-zhito/feed/ 0
Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-tovaren-brod-so-ukrainsko-zhito-pristigna-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-tovaren-brod-so-ukrainsko-zhito-pristigna-vo-istanbul/#respond Sun, 24 Sep 2023 08:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=881185

Вториот товарен брод со украинско жито пристигна денеска во Истанбул преку Црното Море, и покрај заканите на Москва дека ќе ги нападне бродовите што влегуваат и излегуваат од Украина, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај. Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса. Тоа е вториот брод што помина низ тој поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море за да се заобиколи блокадата на Русија. Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-tovaren-brod-so-ukrainsko-zhito-pristigna-vo-istanbul/feed/ 0
Уште еден брод со жито исплови од украинското пристаниште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-brod-so-zhito-isplovi-od-ukrainskoto-pristanishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-brod-so-zhito-isplovi-od-ukrainskoto-pristanishte/#respond Fri, 22 Sep 2023 07:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=880580

Вториот товарен брод „Аројат“ го напушти украинското црноморско пристаниште Чорноморск откако натовари жито, изјави денеска извор од индустријата. Товарните бродови Ресилиент Африка (Resilient Africa и Aroyat) пристигнаа во Украина во саботата и требаше да заминат откако ќе натоварат речиси 20.000 тони пченица за Африка и Азија. Бродот Ресилиент Африка ја напушти Украина во вторникот со товар од 3.000 метрички тони пченица. Испораките се тест за способноста на Украина повторно да ги отвори поморските патишта откако договорот постигнат со посредство на ОН за да и се дозволи да извезува жито пропадна кога Русија се повлече. Украина минатиот месец најави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да ги ослободи бродовите заглавени во нејзините пристаништа откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година и да го заобиколи неуспешниот договор. Москва започна чести напади со беспилотни летала и ракети врз инфраструктурата за извоз на жито во Украина. Трите поморски пристаништа во Одеса, вклучувајќи го и Чорноморск, испорачаа десетици милиони тони жито за време на руската инвазија според договор со посредство на ОН. Пет од неколкуте бродови заглавени во Одеса досега го напуштија пристаништето користејќи привремен коридор што се протега на западниот брег на Црното Море во близина на Романија и Бугарија. Договорот за жито во Црното Море беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули 2022 година за борба против глобалната криза со храна, отежната со руската инвазија на Украина. Украина и Русија се меѓу најголемите светски извозници на жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-brod-so-zhito-isplovi-od-ukrainskoto-pristanishte/feed/ 0
Лавров: Русија ќе го почитува Договорот за житарките кога ќе бидат исполнети условите на Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-ke-go-pochituva-dogovorot-za-zhitarkite-koga-ke-bidat-ispolneti-uslovite-na-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-ke-go-pochituva-dogovorot-za-zhitarkite-koga-ke-bidat-ispolneti-uslovite-na-moskva/#respond Sun, 10 Sep 2023 16:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=876647

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе се врати на Договорот за извоз на украинските житарки преку Црното Море „истиот ден“ кога ќе бидат исполнети условите на Москва за извоз на сопствено жито и ѓубриво на светскиот пазар. - Кога ќе се преземат сите неопходни активности за отстранување на пречките за нашиот извоз на жито и вештачко ѓубриво, истиот ден ќе се вратиме на колективното спроведување на украинскиот дел од иницијативата за Црното Море, посочи Лавров по Самитот на Г20 во Индија. Во вчера усвоената декларацијата од Самитот на Г-20 се апелира на „целосна, навремена и ефикасна имплементација за да се обезбеди моментална испорака на жито, храна и ѓубриво од Русија и Украина за да се задоволи побарувачката во земјите во развој“. Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-rusija-ke-go-pochituva-dogovorot-za-zhitarkite-koga-ke-bidat-ispolneti-uslovite-na-moskva/feed/ 0
Путин: Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/#respond Mon, 04 Sep 2023 16:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=874469

Рускиот претседател Владимир Путин денеска по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции. Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји. Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/feed/ 0
Русија нападна едно од главните украински пристаништа за извоз на жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-napadna-edno-od-glavnite-ukrainski-pristanishta-za-izvoz-na-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-napadna-edno-od-glavnite-ukrainski-pristanishta-za-izvoz-na-zhito/#respond Mon, 04 Sep 2023 05:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=874208

Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта врз едно од главните украински пристаништа за извоз на жито, само неколку часа пред планираната средба помеѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, соопштија украинските власти. Украинските воздухопловни сили по полноќ ги повикаа жителите на Измаил, едно од двете главни украински пристаништа за извоз на жито преку Дунав во регионот Одеса, да се засолнат. Некои украински медиуми јавија дека во областа се слушнале експлозии. Путин и Ердоган денеска треба да се сретнат во руското црноморско одморалиште Сочи, додека Анкара и ОН се обидуваат да го оживеат Договорот за извоз на жито преку Црно Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-napadna-edno-od-glavnite-ukrainski-pristanishta-za-izvoz-na-zhito/feed/ 0
Ердоган оди кај Путин за обновување на договорот за жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-odi-kaj-putin-za-obnovuvane-na-dogovorot-za-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-odi-kaj-putin-za-obnovuvane-na-dogovorot-za-zhito/#respond Tue, 29 Aug 2023 05:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=871886

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела ќе отпатува за Русија и ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, што може да значи напредок во враќањето на Русија кон клучниот договор за жито во Црното Море, потврди портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), Омер Челик. -Претседателот Ердоган досега спроведуваше интензивна дипломатија за да помогне во спречувањето на глобалната криза со храна, рече Челик синоќа во Анкара, по состанокот на Централниот одбор за донесување одлуки и Административниот одбор на партијата. -Средбата меѓу Ердоган и Путин ќе треба да се одржи во Сочи, изјави Челик, пренесува весникот „Дејли Сабах“. Анкара во последните неколку недели ги интензивираше своите напори за обновување на коридорот за жито, за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во петокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленскиј на разговор за договорот, како и за неговата мировна формула за ставање крај на војната со Русија. Претходно Тасс јави дека Фидан ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров во Москва, најверојатно пред средбата меѓу Ердоган и Путин. Во нивниот последен телефонски разговор од 2 август Путин му соопштил на турскиот претседател дека Москва е подготвена да се врати на Црноморскиот договор за жито штом Западот ги исполни своите обврски во однос на рускиот извоз на жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-odi-kaj-putin-za-obnovuvane-na-dogovorot-za-zhito/feed/ 0
Пет земји од Источна Европа бараат нова забрана за увоз на украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-zemji-od-istochna-evropa-baraat-nova-zabrana-za-uvoz-na-ukrainsko-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-zemji-od-istochna-evropa-baraat-nova-zabrana-za-uvoz-na-ukrainsko-zhito/#respond Fri, 25 Aug 2023 14:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=870923

Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка го поддржуваат продолжувањето на забраната на ЕУ за увоз на украинско жито на нивните пазари до крајот на годината, изјави денеска полскиот министер за земјоделство Роберт Телус. ЕУ во мај им дозволи на петте земји соседна Украина да ја забранат продажбата на украинската пченица, пченка, семе од репка и сончоглед на локалните пазари, додека дозволи транзит на такви товари за извоз на други места. Забрана е во сила до 15 септември. - Ние поддржуваме забрана за увоз во нашите земји до крајот на годината. Сакам да кажам дека дури и ако не успееме, некои земји ќе воведат свои ограничувања. Нашата декларација е јасна, истакна Телус. Министрите за земјоделство на петте земји, исто така, се согласуваат за потребата од субвенции за транзит на жито и сакаат да се додадат и други производи на списокот за забрана за увоз, како што се малините во случајот со Полска, наведе Телус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-zemji-od-istochna-evropa-baraat-nova-zabrana-za-uvoz-na-ukrainsko-zhito/feed/ 0