жива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 10:05:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и ќе се тестира во ОХИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=748281

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), преку Канцеларијата за Постојани органски загадувачи (ПОПс), пристапува кон изработка на Национален имплементациски план за редукција и елиминација на живата, пред се на една пилот локација во ОХИС, а потоа и на ниво држава, најави ресорниот министер Насер Нуредини. – Минамата конвенцијата за жива ја потпишавме во јули 2014 година, а во 2020 година со Законот за ратификација и ја ратификувавме и со тоа станавме полноправна членка на овој меѓународен договор. Целта на Конвенцијата е да придонесе кон минимизирање на штетните ефекти на живата врз животната средина и здравјето на луѓето, како во национални и регионални, така и во глобални рамки, рече Нуредини во обраќањето на воведниот настан од проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива“. Имајќи го предвид мултисекторскиот аспект на примената и присуството на живата во сите сфери на човековото живеење, како индустријата, здравството, економијата, финансиите, земјоделството, науката, невладиниот сектор, додаде Нуредини, соработката помеѓу сите релевантни чинители во земјата е клучна и треба да придонесе кон успешно реализирање на предвидените активности на проектот. – Таквата соработка ќе обезбеди квалитетна база на податоци како појдовна основа за дефинирање на конкретни акции што ќе бидат преточени во национален имплементациски план за редукција и елиминација на жива во земјата. Живата е исклучително опасна по здравјето на луѓето и животните и бара разработен стратешки пристап за идентификација на контаминиран терен, рече Нуредини. Изработката на Стратегијата за идентификација на локација контаминирана со жива и нејзина практична примена на избрана пилот локација во поранешниот гигант ОХИС, е финансиски поддржана од Фондот на специфичната меѓународна програма на Минамата конвенцијата во рамките на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) . Министерството за животна средина и просторно планирање активно работи на спроведување на повеќе глобални договори поврзани со управувањето со хемикалии во текот на целиот нивен животен циклус. Земјава е потписник на повеќе меѓународни договори со кои се уредува и олеснува безбедното справување со опасните хемикалии, прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, како што се Монтреалскиот протокол, Стокхолмската, Ротердамската и Базелската конвенција и низа други не помалку важни меѓународни иницијативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izrabotuva-strategija-za-identifikacija-na-lokacija-kontaminirana-so-ziva-i-kje-se-testira-vo-ohis/feed/ 0
Жена од Ниш цела година докажува дека е жива https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/#respond Thu, 18 Mar 2021 10:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=484118

Драгица Рашиќ од Ниш веќе една година доживува непријатности поради потврдата за смрт со нејзиното име и фотографија, придружена со навредлив текст, која се споделува на социјалните мрежи. Во текстот на „посмртницата“, меѓу другото, се вели дека ја испуштила својата „погана душа“, погребот ќе биде на гробиштата во Долна Врежина и дека „таа ќе гори во пеколот“. Старицата изјави дека сè почнало пред една година кога на столбот близу нејзината куќа осамнал лажниот документ, за којшто сè уште не знае кој го испечатил и залепил. – Еден сосед ми се јави, ми рече дека мора да ми покаже нешто. Ме однесе кај бандерата и ми го покажа „известувањето“ со мојата слика и име. Бев изненадена кога го видов, го искинав и запалив, но останаа сликите во телефоните, раскажува бабичката која е на прагот од своето деветто десетлетие од животот. Поради тој плакат, роднини и пријатели се јавувле на нејзиното семејство, сопругот и ќерка ѝ за да прашаат – дали е навистина почината? – Внуката, инаку студентка, многу плачела кога ја видела сликата, па ќерка ми едвај ја смирила, вели Рашиќ. Таа рече и дека пријавиле в полиција, но ништо не помогнало. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/feed/ 0
„Слободен печат“: Во ОХИС има жива што може да ја умртви цела Европа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-vo-ohis-ima-ziva-shto-moze-da-ja-umrtvi-cela-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-vo-ohis-ima-ziva-shto-moze-da-ja-umrtvi-cela-evropa/#respond Thu, 14 Nov 2019 09:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=263954

Во темпираната хемиска бомба „ОХИС“ има околу осум тони жива, кои десет години се оставени да течат насекаде по погонот за електролиза, да испаруваат во воздухот и да понираат во почвата и во подземните води. Овој метал во течна состојба предизвикува несогледиви последици врз здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина, пишува „Слободен печат“. Според документ до кој дојде „Слободен печат“, за време на производството во фабриката во околината биле ослободени вкупно 400 тони жива, поради што денес е контаминирана пошироката област од 6.200 квадратни метри. Подземните води околу погонот за електролиза се загадени 20 пати над соодветната холандска интервентна вредност, а максималните дози во почвата се дури 98 пати над интервентната граница! Се претпоставува дека по затворањето на фабриката, во погонот за електролиза останале околу 8 тони жива и сè уште се таму, а системот во кој се чувал течниот метал не само што не бил херметички затворен, туку капе наоколу. Целиот текст прочитајте го на Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-pechat-vo-ohis-ima-ziva-shto-moze-da-ja-umrtvi-cela-evropa/feed/ 0