живеалиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Apr 2020 12:28:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png живеалиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се замрзнува можноста за промена на постојано живеалиште во Грција, за да се спречи масовно движење за Велигден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/#respond Sat, 04 Apr 2020 12:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327235

Независната служба за јавни приходи на Грција го прекинува разгледувањето на електронски поднесените барања за промена на постојаното место на живеење од даночните обврзници, со цел да се спречи прекршување на мерките за забрана за движење и масовен излез на граѓаните од урбаните средини во пресрет на Велигден, објавија грчките медиуми. Од забраната за движење во Грција што е во сила од 23 март 2020 година, исклучок е еднократно префрлање од моменталното кон постојаното место на живеење, па така, некои од „досетливите“ Грци за да заминат во нивните села, во викендичките и далеку од урбаните средини за Велигден, започнале да поднесуваат барања за промена на постојаното место на живеење, јави дописничката на МИА од Атина. За да се спречи ова, што веројатно би предизвикало и масовно кршење на превентивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, Независната служба за јавни приходи на Грција одлучи да ги замрзне сите барања за промена на адресата сѐ додека е во сила забраната за движење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/feed/ 0
Доналд Трамп го менува живеалиштето од Њујорк во Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tramp-go-menuva-zivealishteto-od-njujork-vo-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tramp-go-menuva-zivealishteto-od-njujork-vo-florida/#respond Fri, 01 Nov 2019 08:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=258678

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека ќе го промени своето постојано жителство од Њујорк во Палм Бич, на Флорида, бидејќи односот кон него во родниот град бил „многу лош“, јавија американските медиуми. „Моето семејство и јас Палм Бич, на Флорида, ќе го направиме нашето постојано живеалиште“, напиша Трамп на Твитер. „ Го почитувам Њујорк и луѓето од Њујорк и секогаш тоа ќе го правам, но, за жал, и покрај фактот дека што секоја година плаќам милиони долари за градски, државни и локални даноци, кон мене се однесуваа многу лошо, како политичките лидери на градот, така и на државата”, напиша тој и додаде дека „малкумина биле третирани полошо од него”. Според напис во „Њујорк Тајмс“, Трамп, кој е роден њујоркчанец, и неговата сопруга Меланија, во септември поднеле посебни изјави за промена на жителството, менувајќи ја адресата од Менхетн со Палм Бич. „Њујорк Тајмс“, исто така, напиша дека од Белата куќа одбила да коментира зошто Трамп ја менува својата адреса на живеење, но цитира извор близок до претседателот, кој кажува дека тоа е главно заради даночни цели. Освен Белата куќа, главната резиденција на Трамп во иднина ќе биде летувалиштето Мар-а-Лаго, каде Трамп откако стана претседател минал 99 дена, споредено со само 20-те дена во неговата претходна резиденција во „Трамп Тауер“, напиша „Њујорк Тајмс“. „Не сакав да ја донесам ваквата одлука, но на крајот тоа ќе е најдобро за сите заинтересирани”, напиша уште Трамп на Твитер. Њујорк „секогаш ќе има специјално место во моето срце!”, дополни тој. Но, Њујорк не секогаш го сакал Трамп, забележуваат агенциите и потсетуваат дека демонстрациите пред „Трамп Тауер“ се чести и претседателот многу пати спорел и влегувал во конфликт со градското и државното раководство. Последниот ваков случај беше на почетокот на минатиот месец кога федерален сидија од Њујорк го отфрли неговото барање да се блокира пристапот до неговите лични и корпоративни даночни изјави за последните неколку години. Раководството на Њујорк, се чини, дека е целосно согласно со неговата одлука, оценувајќи дека Трамп донел правилна одлука. Гувернерот Ендрју Куомо на Твитер напиша : „Добро што се ослободивме од него. Доналд Трамп и така или воопшто не плаќаше даноци тука“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/donald-tramp-go-menuva-zivealishteto-od-njujork-vo-florida/feed/ 0
Мечето Теди ќе добие ново живеалиште во штипскиот ЗОО парк https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mecheto-tedi-kje-dobie-novo-zivealishte-vo-shtipskiot-zoo-park/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mecheto-tedi-kje-dobie-novo-zivealishte-vo-shtipskiot-zoo-park/#respond Thu, 02 Aug 2018 10:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=83812

Двегодишното мече Теди од штипскиот ЗОО парк нема доволно простор за живеење и наскоро ќе добие ново живеалиште. Директорот на штипското Комунално претпријатие „Исар“ Живко Тасев под чија надлежност е работната единица ЗОО парк изјави дека се свесни оти мечето Теди нема доволно простор за живеење. Посочи дека веќе имаат решение за што се обратиле и до донаторот, лекарот Угриновски. - Ние утврдивме дека живеалиштето на мечката е мало. Со неговото растење се доведува до ситуација живеалиштето на мечето да не ги задоволува стандардите. Испративме проекти и писмо до донаторот, лекарот Угриновски и чекаме одговор за да се направи ново живеалиште, кое ќе ги задоволува сите стандарди за живеење на мечката, вели Тасев. Тој истакна дека веќе имаат избрано и нова локација за живеалиштето на мечката Теди, која се наоѓа во подолниот дел на ЗОО паркот, каде нема бучава од движењето на автомобилите и моторите низ паркот Суитлак. Тасев информира дека останатите живеалишта се во добра состојба, а вработените постојано се грижат за нив, како и за уредувањето околу нив. Во штипскиот ЗОО парк, кој е единствен на истокот има педестина животни, а е отворен пред четири години. Мечето Теди е атракција во штипскиот ЗОО парк. Живее во кафез на простор од петнаесетина метри и секојдневно го вознимирува бучавата од автомобилите и високите температури. Пред десетина дена го скршил вратат меѓу затворениот и отворен простор. Одгледувачите сега не смеат да се приближат и да му го исчистат кафезот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mecheto-tedi-kje-dobie-novo-zivealishte-vo-shtipskiot-zoo-park/feed/ 0