живеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 11:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png живеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белград моментално е најскапиот град за живеење во регионот, а еве на кое место е Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belgrad-momentalno-e-najskapiot-grad-za-zhiveene-vo-regionot-a-eve-na-koe-mesto-e-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belgrad-momentalno-e-najskapiot-grad-za-zhiveene-vo-regionot-a-eve-na-koe-mesto-e-skopje/#respond Thu, 12 Jan 2023 11:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=786432

Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци. При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, здравството... Утврдено е дека на Западен Балкан најскап град за живеење е Белград, главниот град на Србија (186 место во Европа), веднаш по него е Будва (188 место во Европа), туристичката престолнина на Црна Гора, а на ред е Тирана (194 место во Европа), главен град на Албанија. Трошоците за живот во Белград се 42,5 отсто во споредба со трошоците за живот во Њујорк, а 41 отсто во Тирана. „Иако Тирана се смета за евтина за живеење од гледна точка на другите Европејци, таа е скапа за локалното население и нивото на приход. Зголемените трошоци и инфлацијата доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа“, пишува Euractiv. Ситуацијата во Белград не е детално опишана. Од друга страна, Приштина (234 место) се издвојува како едно од најевтините места за живеење во Европа, потоа Ниш (232 место), Крајова во Романија и Тузла во БиХ. Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се наоѓа на 206. место во Европа и е поскап за живеење од Скопје, Подгорица, Нови Сад - пренесува Klix.ba. Што се однесува до вкупната листа на најскапи градови во Европа за 2023 година, Базел е на врвот, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Во топ 10 се и Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка, а високо рангирани се и Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција. Близу до дното на листата се градовите во Украина зафатена од војна, а на последно место е градот Харков.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belgrad-momentalno-e-najskapiot-grad-za-zhiveene-vo-regionot-a-eve-na-koe-mesto-e-skopje/feed/ 0
Како да престанете да живеете од плата до плата во 3 лесни чекори https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prestanete-da-ziveete-od-plata-do-plata-vo-3-lesni-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prestanete-da-ziveete-od-plata-do-plata-vo-3-lesni-chekori/#respond Tue, 08 Sep 2020 11:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=400637

Никој не нè подготвува да ги плаќаме сметките, нема предмети и курсеви што нè учат како да одвојуваме месечна плата на месечни трошоци. Ние самите мора да го научиме тоа. Некои луѓе се природни таленти кога станува збор за доделување пари, трошење паметно и заштеда, а некои едноставно не знаат со пари и бројки. Вторите најчесто живеат од плата до плата, без разлика колку била голема. Но, исто како што добро искористениот ден треба да се испланира однапред користејќи распоред и список со обврски, на добро искористената плата ѝ треба свој план за да не се расфрла пред да ја добиеме следната. Направете добар финансиски план За да престанете да живеете од плата до плата и да избегнете вознемиреноста што се јавува пред крајот на месецот, треба да имате добар финансиски план. Добриот финансиски план е еднакво на добро испланиран ден. Штом знаете колку пари можете да потрошите за одредени работи, нема да ве доведат во непотребни минуси. Еве како да направите добар финансиски план. Реално гледајте на трошоците Прво треба реално да ги разгледате вашите сопствени трошоци. На самиот врв на трошоците, наведете ги потребните трошоци како што се закупнина, комуналии, заеми, итн. Потоа, трошоците за грижа за себе, што вклучува тренинг, третмани за убавина и слично, и трошоци за забава, како што се одење на кафе, ноќно излегување, одење во кино, итн. Последни на списокот ставете ги потребните трошоци што ги немате секој месец. Оваа категорија вклучува набавка на нови чизми, поправка на фрижидери и слично. Намалете ги непотребните трошоци Денес, кога храната може да се нарача со неколку кликања и кога можете да купите облека од удобноста на вашиот кревет, тешко е да не потрошите без никаков план и програма. Пред да одлучите да купите нов фустан следниот пат или да одите на трето кафе во денот, запрашајте се дали тоа е навистина потребно. Штедете Можете да заштедите со кратење на непотребни трошоци, но заштедата може да значи и издвојување на иста сума пари секој месец. Ако имате проблем со заштеда, дајте ѝ значење на заштедата со тоа што ќе штедите за некоја посебна пригода, патување или нешто што сте го посакувале долго време, а не можевте да си го дозволите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prestanete-da-ziveete-od-plata-do-plata-vo-3-lesni-chekori/feed/ 0