живко белчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 10:44:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png живко белчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белчев: Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/#respond Thu, 03 Nov 2022 08:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=755019

Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име, посочува Живко Белчев. Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус: „Во емисија на еден електронски медиум, Стевче Јакимовски вчера раскажува целосно измислен разговор кој јас сум го водел со Советникот од општина Илинден од ГРОМ. Целосно го демантирам она што го кажува Стевче Јакимовски. Со Советникот од општина Илинден освен краток пријателски разговор на средбата на обуката во Хилтон ништо друго не беше разговарано. А кога се однесува на делот на апсење и носење со лисици, можам само да го потсетам Стевче Јакимовски кога власта го апсеше со финансиска полиција во доцните часови на таа ноќ јас бев еден од десетината луѓе кои стоеа пред зградата на Финансиската полиција за да му дадат поддршка. На крај сакам и јавно како што тоа го сторив и во личната комуникација со Јакимовски, да го замолам да не го валка моето име во јавноста. Ниту го споменувам, ниту сакам да ме споменува“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/feed/ 0
Белчев: Лагите на градоначалникот Борче Георгиевски како одминува времето излегуваат на виделина https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-lagite-na-gradonachalnikot-borche-georgievski-kako-odminuva-vremeto-izleguvaat-na-videlina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-lagite-na-gradonachalnikot-borche-georgievski-kako-odminuva-vremeto-izleguvaat-na-videlina/#respond Sat, 17 Aug 2019 09:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=230479

Лагите на градоначалникот Борче Георгиевски како одминува времето излегуваат на виделина, ова го истакна Живко Белчев од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата. -Да потсетиме, на јавна расправа пред жителите на населеното место Јурумлери градоначалникот Георгиевски вети дека секоја куќа во населеното место Јурумлери до јуни 2019 година ќе биде приклучена на фекална канализација. Денес сме месец август а во населеното место Јурумлери не е завршена ниту примарната мрежа на фекалната канализација а не пак да се спроведе секундарната мрежа, потенцира Белчев. Тој додава дека со ова Борче Георгиевски повторно на дело докажа дека ги манипулира граѓаните на населеното место Јурумлери. Граѓаните на Општина Гази Баба се сведоци дека од ветениот живот во Гази Баба нема ништо. Општина Гази Баба стана општина пример на незаконски дејствувања, дивоградби, непотизам... Општина Гази Баба под раководство на Борче Георгиевски нема иднина. -Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија и во наредниот период ќе продолжи да се бори за интересот и потребите на граѓаните на Општина Гази Баба, вели Белчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-lagite-na-gradonachalnikot-borche-georgievski-kako-odminuva-vremeto-izleguvaat-na-videlina/feed/ 0
Белчев: Општина Гази Баба секој ден уназадува, ветените проекти на Георгиевски остануваат мртво слово на хартија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-opshtina-gazi-baba-sekoj-den-unazaduva-vetenite-proekti-na-georgievski-ostanuvaat-mrtvo-slovo-na-hartija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-opshtina-gazi-baba-sekoj-den-unazaduva-vetenite-proekti-na-georgievski-ostanuvaat-mrtvo-slovo-na-hartija/#respond Thu, 25 Apr 2019 10:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=191061

Општина Гази Баба секој ден уназадува, ветените проекти на Борче Георгиевски остануваат мртво слово на хартија. Во делови во нашата општина на граѓаните им се одзема дури и правото на чиста животна средина кое е загарантирано. Жителите се соочуваат со огромни проблеми, а надлежните од општина Гази Баба и градот Скопје се недопирливи и глуви на нивните апели, истакна Живко Белчев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Гази Баба. -На територија на Општина Гази Баба создадени се огромни депонии на смет и шут кој се носи од целиот град. Во вечерните часови како што беше случајот и пред неколку денови со депонијата во населеното место Кирил Петрушевски се случува огромен смет да биде запален и директно да се загрозува здравјето на жителите, рече Белчев и додаде: „Господине Георгиевски, вие и Петре Шилегов имате одговорност за последиците по здравјето на граѓаните во овој случај. Како е можно да го игнорирате ова злодело? Дополнително алармот е вклучен со тоа што Јавното комунално претпријатие го претворивте во прибежиште на членови на СДСМ од месните организации и е тотално нефункционално за намената за која што треба да ја извршува. Но секако е функционално кога треба да одработува за партијата СДСМ, како што вчера обелоденија дел од медиумите каде камион сопственост на ЈКП „Гази Баба 2007“ е фотографиран пред штабот на СДСМ како разнесува рекламен материјал“. ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потенцираше тој, со сите средства ќе се бори за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапува нивните интереси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/belchev-opshtina-gazi-baba-sekoj-den-unazaduva-vetenite-proekti-na-georgievski-ostanuvaat-mrtvo-slovo-na-hartija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Му порачуваме на Шилегов 8-те милиона евра за дислокација на галиите да ги пренамени за ново училиште во Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mu-porachuvame-na-shilegov-8-te-miliona-evra-za-dislokacija-na-galiite-da-gi-prenameni-za-novo-uchilishte-vo-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mu-porachuvame-na-shilegov-8-te-miliona-evra-za-dislokacija-na-galiite-da-gi-prenameni-za-novo-uchilishte-vo-chento/#respond Sat, 17 Feb 2018 14:11:56 +0000 http://kurir.mk/?p=22471

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради ново основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Ченто. Се работеше за проект за изградба на комплетно ново училиште, бидејќи во моментов учениците учат во простории кои се изградени во 60-тите години од средината на минатиот век. И верувајте дека и ќе беше реализирано, исто како што ја ветивме спортската сала и ја изградивме, истакна на денешната прес-конференција Живко Белчев, советник во Советот на Општина Гази Баба. Се наоѓаме во ситуација, вели тој, кога градоначалникот Петре Шилегов сака да потроши не 5 туку 8 милиони евра за дислокација на веќе постоечки објекти како галиите од речното корито во Центар, а општина Гази Баба во моментов нема пари да одвои ниту за канализација во Јурумлери, ниту за изградба на ново основно училиште во населбата Ченто. Белчев вели дека ова е класично недомаќинско работење. Ова е класично расипничко работење. -Еве му порачуваме на Петре Шилегов 8-те милиона евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на ново основно училиште во населба Ченто. Веднаш нека ги пренамени и ќе реши голем проблем и за учениците и за граѓаните од населба Ченто. Доколку не ги пренамени овие пари, зборот нема да биде повеќе збор како што велеа Ѓорѓиевски и Шилегов, туку зборот ќе биде лага, како што впрочем тоа го докажаа и многупати наназад. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил. Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов и Борче Ѓорѓиевски, нагласува Белчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mu-porachuvame-na-shilegov-8-te-miliona-evra-za-dislokacija-na-galiite-da-gi-prenameni-za-novo-uchilishte-vo-chento/feed/ 0