живко муакетов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Dec 2022 18:15:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png живко муакетов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мукаетов: Мисијата ќе биде исполнета кога ќе ги добиеме новите Кире, Столе, Жути https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-misijata-kje-bide-ispolneta-koga-kje-gi-dobieme-novite-kire-stole-zuti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-misijata-kje-bide-ispolneta-koga-kje-gi-dobieme-novite-kire-stole-zuti/#respond Sat, 24 Dec 2022 18:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=780102

Живко Мукаетов со посебна гордост зборуваше за развојот на проектот и најави убави денови за клубот и македонскиот ракомет. „Пред година дена започнавме проект на визија, важен за мак-ракометот, основна цел е да се регрутираат млади таленти кои ќе ги научиме на добри човечки вредности и да имаме раст на мак-ракометот. Основна идеја и цел е да го шириме нашиот проект. Почнавме пред една и пол година, но ова кое сега го гледате е едно прекрасно чувство на млади луѓе посветени на спортот. Посакуваме да изградиме систем во кој сите ќе се вклопат и човековите вредности и растот ќе бидат на прво место. Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Кога ќе го постигнеме тоа, ќе може да кажеме дека тоа е тоа што треба. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава Република Македонија, затоа што сметам дека тоа нешто е многу важно. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, мора да веруваме во Македонецот ако сакаме да направиме нешто како што треба!“, рече Мукаетов. Во моментот Алкалоид дава многу репрезентативни имиња во сите возрасни категории, а одлично игра и во првата сезона во Суперлигата. По повеќе од една сезона настапи во СЦ „Борис Трајковски“, клубот веќе започна своите домашни натпревари да ги игра во салата во Автокоманда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-misijata-kje-bide-ispolneta-koga-kje-gi-dobieme-novite-kire-stole-zuti/feed/ 0
Мукаетов: Пред ЕП ретко кој знаеше како изгледаат ракометарките, а сега се спортски симболи https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-pred-ep-retko-koj-znaeshe-kako-izgledaat-rakometarkite-a-sega-se-sportski-simboli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-pred-ep-retko-koj-znaeshe-kako-izgledaat-rakometarkite-a-sega-se-sportski-simboli/#respond Sat, 12 Nov 2022 15:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=759648

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, при посетата на неговиот колега од ЕХФ, Михаел Видерер, задоволно зборуваше пред новинарите за текот на Европското првенство за ракометарки и за целата организација во Скопје. Мукаетов им се заблагодари на сите вклучени во целиот процес на подготовка и реализација на првенството. „Искрено сум горд на сето она што го сработевме, ова беше сериозен проект за кој верувам дека целосно одговоривме на предизвикот. Горд сум што имавме над илјада волонтери во сите сегменти од шампионатот, сите тие на свој начин дадоа придонес за оваа организација да биде на највисоко ниво, што е додадена вредност за нас како организатори, но и за нив самите бидејќи се дел од едно големо натпреварување“, рече претседателот. „Она што ме прави исклучително горд е фактот дека ракометарките станаа спортски симболи, до пред ова ЕП ретко кој знаеше како изгледаат, а сега веќе се многу попознати за јавноста, за фановите. Тоа е еден голем плус за она што се обидуваме да го направиме, да го кренеме женскиот ракомет, за и оваа селекција почесто да учествува на големитe натпреварувања“, изјави Мукаетов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mukaetov-pred-ep-retko-koj-znaeshe-kako-izgledaat-rakometarkite-a-sega-se-sportski-simboli/feed/ 0