животен век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 06:23:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png животен век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/#respond Fri, 24 Mar 2023 06:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=815776

Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од Ковид-19, покажуваат податоците на Евростат. Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година. И во 2021 година во ЕУ очекуваниот животен век за жени е 82,9 години, и останува повисок споредено со тој кај мажи – 77,2 години, исто како и кај нас – 71,1 година за мажи и 75,5 години за жени. Од земјите во регионот најмал очекуван животен век има Бугарија – 71,4 години, по што следи Србија со 72,8 години. Поголем очекуван животен век од нас има Црна Гора – 73,8 години, Албанија – 75,5 и Хрватска со 76,7 години. Меѓу 2002 година, првата година за која се достапни податоци за сите земји членки на ЕУ, и 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ е зголемен за 2,5 години од 77,6 на 80,1 година. Растот е две години за жени и 2,9 години за мажите. На ниво на држава, највисок очекуван животен век при раѓање имаат Шпанија – 83,3 години, Шведска – 83,1 година и Луксембург и Италија со по 82,7 години, додека најнизок Бугарија – 71,4 години, Романија – 72,8 години и Латвија – 73,1 година. По региони во ЕУ во 2021 година највисок очекуван животен век имаат шпанските региони на Мадрид – 85,4 години и Навара – 84,8 години. Потоа следат Оландските острови во Финска со 84,6 години. Шпанските Кастиља и Леон – 84,3, како и италијанскиот регион Тренто со 84,2 и Стокхолм со 84,1 година. Од друга страна најмал очекуван животен век имаат три региони во Бугарија – Северо-западен со 69,7 години, Северно-централен – 70,4 години и Југо-источен региони – 71 година. Потоа следи францускиот прекуморски регион Мајот со 71,5 години, па романските региони Север-источен – 72 години и Југо-источен – 72,1 година, како и регионот на северна Унгарија – 72,1 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zhivoten-vek-vo-eu-namalen-vo-2021-godina-na-80-1-kaj-nas-na-73-2-godini/feed/ 0
Македонците во просек живеат 75 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-vo-prosek-zhiveat-75-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-vo-prosek-zhiveat-75-godini/#respond Fri, 17 Mar 2023 12:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=813188

Според новиот Индекс на просечен животен век во светски рамки, објавен од Обединетите Нации, македонските граѓани живеат во просек 75,26 години. За мажите одделно, таа бројка е 73,1 година, а жените во просек живеат 77,47 години. За споредба, посочени се и податоци од истражувањата и статистиката на Светската банка. Според оваа листа, просечниот животен век на Македонците е 74 години, на Македонките - 78 години, вкупно - 76 години. Истражувањата покажуваат дека долговечноста се заснова на три главни и основни фактора - генетика, пол и начин на живот. Потоа се земаат предвид и компоненти како што се хигиена, исхрана, култура, избор на професија, пороци, вежбање, пристап до квалитетна здравствена заштита, па дури и криминалните стапки. Според ОН, светскиот просек во поглед на животниот век заклучно со 2023 година бил 70,8 години за мажи и 76,0 години за жени, вкупно - 73,4 години. Очекуваниот животен век значително варира зависно од подрачјето, како и од земја до земја, па оваа 2023 година, тие бројки се движат од најниското ниво од 57,7 години во Западна Африка до највисокото од 82,7 години во Западна Европа. Општо гледано, очекуваниот животен век има повисок праг. Меѓу 2000 и 2016 година, очекуваниот животен век се зголемил за 5,5 години на светско ниво, со нагласка на зголемувањето од 10 години во одделни делови од Африка. Овие сознанија за овој раст во однос на „најтоплиот континент“ ги потврдуваат и извештаи на Светската здравствена организација. На списокот земји со најдолг животен век, според ОН се Монако (87,01 години), Хонг Конг (85,83), Макао (85,51), Јапонија (84,95), Лихтенштајн (84,77), Швајцарија (84,38), Сингапур (84,27) , Италија (84,2), Ватикан (84,16), Северна Кореја (84,14 години). Најкус просечен животен век имаат жителите на Чад (53,68 години), Нигерија (53,87 години), Лесото (54,91), Централноафриканската Република (55,48), Јужен Судан (56,51), Сомалија (57,35), Есватини (57,71), Намибија (59,93), Гвинеја (59,55), Мали (69,03 години). Македонците, во таа смисла, се некаде на средина на оваа листа. Од нашето поблиско соседство, просечниот животен век во Србија е 75,12 години, во Албанија - 78,06 години, Бугарија - 72,84, Грција - 82, во Босна и Херцеговина е 76,18 години, Хрватска - 79,4, а во Црна Гора е 77,78 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-vo-prosek-zhiveat-75-godini/feed/ 0
Научниците открија која е максималната возраст што човекот може да ја живее https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-koja-e-maksimalnata-vozrast-shto-chovekot-moze-da-ja-zivee/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-koja-e-maksimalnata-vozrast-shto-chovekot-moze-da-ja-zivee/#respond Thu, 17 Nov 2022 09:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=762247

Ако се надевавте дека ќе живеете вечно, имаме лоши вести. Колку и да сте здрави и среќни – времето на крајот ќе победи. Со текот на годините, очекуваниот животен век на човекот се зголемува, што значи дека можеме да очекуваме да живееме подолго од нашите предци. Според проценките на Евростат, просечниот жител на Хрватска роден во 2021 година треба да доживее 76,8 години, додека животниот век за мажите е само 73,7 години, а за жените 79,9 години. Жителите на Шпанија имаат највисок животен век (83,3 години) во рамките на Европската унија, а жителите на Бугарија имаат најмал (71,4 години). Најстарата личност која некогаш живеела била Жан Калмент, која живеела до 122 години. Таа е родена во 1875 година, а почина во 1997 година. Иако повеќето луѓе не се ни блиску до тоа, научниците решија да се обидат да откријат колку долго човечкото тело теоретски би можело да живее. Истражувачите од сингапурската биотехнолошка компанија Gero и Roswell Park Comprehensive Cancer Center во Бафало ја проучувале човечката отпорност, способноста на телото да се опорави од оштетување. Тие користеле вештачка интелигенција за да ги разгледаат медицинските податоци на стотици илјади доброволци за да го проценат максималниот човечки животен век. Факторирајќи ги годините, болеста и начинот на живот, тие откриле дека најдолгото што некој некогаш ќе живее е околу 150 години. Други студии за науката за стареење сугерираат дека рекордот за најстара личност на светот веројатно повторно ќе биде соборен до 2100 година, но дека повеќето нема да доживеат длабока старост од 122 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnicite-otkrija-koja-e-maksimalnata-vozrast-shto-chovekot-moze-da-ja-zivee/feed/ 0
Пад на очекуваниот животен век во Германија за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-germanija-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-germanija-za-vreme-na-pandemijata/#respond Tue, 26 Jul 2022 10:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=710292

Просечниот очекуван животен век во Германија забележливо падна меѓу 2019 и 2021 година, соопшти денеска националното Биро за статистика, препишувајќи ја промената на невообичаено високиот број на починати за време на пандемијата од Ковид-19, пренесе Бета. Очекуваниот животен век за новородените девојчиња минатата година бил 83,2 години, а за момчиња 78,2, што е намалување од 0,4 односно 0,6 години во однос на 2019, годината пред пандемијата. „Главната причина за ваквите податоци е невообичаено високиот број на починати за време на бранот од Ковид-19“, се наведува во соопштението. Зголемениот удел на стари лица во германското население доведе до очекување за зголемување на бројот на смртни случаи изминатите 20 години, истакнува Бирото, но, се додава оти очекуваниот животен век се зголемувал пред пандемијата. Пред појавата на Ковид-19, бројот на починати растеше во просек еден до два отсто годишно. Но, беше пет отсто повисок во 2020 година и дополнителни четири проценти поголем лани, покажуваат податоците. Тоа значи дека имало 70.000 до 100.000 повеќе починати за време на изминатите две години, отколку што би се очекувало статистички, пишува во соопштението. Како што се појаснува, регистрирани се речиси 115.000 лица починати со коронавирус изминатите две години, додека можно е мерките на претпазливост поврзани со пандемијата да допринеле за намалување на смртни случаи од други болести. Германија има 83 милиони жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-ochekuvaniot-zivoten-vek-vo-germanija-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Најдолго се работи во Италија, во Македонија покусо, ама покус е и животниот век https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdolgo-se-raboti-vo-italija-vo-makedonija-pokuso-ama-pokus-e-i-zivotniot-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdolgo-se-raboti-vo-italija-vo-makedonija-pokuso-ama-pokus-e-i-zivotniot-vek/#respond Sun, 29 May 2022 08:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=683019

Возраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како услов за пензија. Според податоците од пензиските фондови, најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија. Во земјите од Балканот, возраста на која може да се оствари пензија е слична и се движи околу 64-65 години. Во Северна Македонија мажите се пензионираат на 64, жените на 62 години, со можност по желба да продолжат да работат до 64, како и мажите. Но, разлики има и во очекуваниот животен век, кој при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години. Италија има очекуван животен век од 82,3 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат. Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години. Животниот век при раѓање во земјава споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија е скарен за за 1,5 години. Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Италијанците мора да работат најдолго. Условот и за мажите и за жените е 67 години и 20 години работен стаж, за предвремено пензионирање потребно е да имаат 63 години и три децении запишани во работната книшка или 36 години работа на опасни работни места. Една од можностите за предвремено заминување е да се има 62 години и 38 години работно искуство. Но, тие имаат и доста долг очекуван животен век од 82,3 години. Мажите и жените во Грција треба да работат до 67 години и да имаат најмалку 15 години стаж, исто како и Норвежаните. Но, во Грција остварувањето на право на пензија е можно и на 62 години и за мажи и за жени, но само доколку имаат над 40 години работен стаж. И во Норвешка старосната граница е 67 години, но може да се оди во пензија и по навршување 62 години ако се има поголем стаж. И Грција, како и Италија, има прилично долг очекуван животен век, кој во 2020 година изнесувал 81,4 години. Подолго се работи и во Холандија каде условите за пензионирање за мажи и жени се до 66 години и седум месеци. Меѓутоа, на тие во Холандија им требаат само пет години работно искуство или исто толку години престој во оваа земја, a имаат и очекуван животен век над 80 години. Во Русија во пензија се оди со 61 година и 6 месеци старост и 13 година пензиски стаж за мажи и 56 години и 6 месеци старост и 13 година стаж за жени. Исто така, можно е и предвремено пензионирање доколку имате поголем број години пензиски стаж. Во земјите во регионот старосната возраст на која може да се оствари пензија се слични и се движат околу 64-65 години. Во Србија, на пример, годинава мажите во пензија ќе можат да одат со 65 годишна возраст и најмалку 15 години стаж, а жените со навршени 63 години и четири месеци, и исто така 15 години работен стаж. Во пензија и едните и другите ќе можат да одат со 45-годишен стаж без разлика на возраста. Очекуваниот животен век во Србија – 74,5 години. Во земјава условот за остварување на правото на старосна пензија за мажи е кога ќе наполнат 64 години, односно 62 години за жена и најмалку 15 години работен стаж за прв пат е уреден во Законот за пензиското и инвалидското осигурување донесен во 2000 година. – Во преодниот период од 1 септември 2000 година до 31 декември 2001 година, односно 31 декември 2007 година, старосната граница за стекнување право на старосна пензија за маж и жена постепено се зголемува, велат од МТСП. Претходно, согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување од крајот на 1993 година, кој е прв со кој се уредува пензиското и инвалидското осигурување по осамостојување на земјава, условите за стекнување право на старосна пензија биле 63 години за мажи и 60 години за жени со најмалку 20 години стаж. Оние осигуреници кои не наполниле пензиски стаж од 20 години стекнуваат право на старосна пензија кога ќе наполнат 65 години живот (маж), односно 63 години (жена) и најмалку 15 години стаж на осигурување. Според податоците од МТСП, со законски изменувања и дополнувања од 2001 година се уредува дека осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години (маж), односно 30 години (жена), правото на старосна пензија можат да остварат и со исполнување на 40 години (маж), односно 35 години (жена) пензиски стаж, без оглед на возраста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najdolgo-se-raboti-vo-italija-vo-makedonija-pokuso-ama-pokus-e-i-zivotniot-vek/feed/ 0
Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4, кај нас 74,4 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zivoten-vek-pri-ragjanje-vo-eu-vo-2020-godina-iznesuva-80-4-kaj-nas-74-4-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zivoten-vek-pri-ragjanje-vo-eu-vo-2020-godina-iznesuva-80-4-kaj-nas-74-4-godini/#respond Sat, 30 Apr 2022 07:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=670018

Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат. Во земјите од регионот најголем очекуван животен век при раѓање имаат Грција – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5, Северна Македонија – 74,4 и Бугарија – 73,6 години. Животниот век при раѓање во нашата земја споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија за 1,5 години. Според податоците на Евростат, на ниво на ЕУ жените имаат за 5,7 години повисок очекуван животен век (83,2 години) отколку мажите (77,5 години), додека споредно со 2019 година на ниво на ЕУ очекуваниот животен век при раѓање е намален за 0,9 години. Мажите имаат поголемо намалување, за точно една години, додека жените за 0,8 години. Ваквото остро намалување на очекуваниот животен век се должи на зголемената смртност во 2020 година поради КОВИД-19 пандемијата. Во 2020 година региони со највисок очекуван животен век при раѓање се во Франција – Корзика (84 години), Шпанија – Балеарските Осторви (83,9 години) и Грција – Епир (83,8 години). Од друга страна во ЕУ сите региони со најмал очекуван животен век при раѓање се во Бугарија – Северозападен (72,1 година), Североцентрален (72,8) и Југоисточен (72,9 години). Францускиот остров Корзика имал најголем животен век на жените (87,0 години), а потоа следи шпанскиот регион Галиција (86,7). Два француски региони (Лоара и Миди-Пиринејски), Оландските Острови во Финска и регионот Епир во Грција забележале ист животен век на жените – 86,4 години. Највисоките нивоа на очекуваниот животен век на мажите при раѓање се забележани во регионот на Епир во Грција, во регионот на Умбрија во централна Италија и на Балеарските острови во Шпанија (сите 81,4). Очекуваниот животен век при раѓање е просечниот број на години што едно лице може да очекува да ги живее при раѓање доколку е подложено на моментални услови на смртност во текот на остатокот од својот живот. Помеѓу 2002 и 2020 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е зголемен за 2,8 години, од 77,6 на 80,4 години. Зголемувањето е за 2,4 години кај жените и 3,2 години кај мажите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochekuvaniot-zivoten-vek-pri-ragjanje-vo-eu-vo-2020-godina-iznesuva-80-4-kaj-nas-74-4-godini/feed/ 0
Нова студија: Промената на начинот на исхрана може да го продолжи животот и до 13 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nova-studija-promenata-na-nachinot-na-ishrana-moze-da-go-prodolzi-zivotot-i-do-13-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nova-studija-promenata-na-nachinot-na-ishrana-moze-da-go-prodolzi-zivotot-i-do-13-godini/#respond Thu, 10 Feb 2022 14:02:50 +0000 https://kurir.mk/?p=629703

Промената на вашата исхрана може да ви го продолжи животот до 13 години, според неодамна објавеното истражување, особено ако започнете кога сте млади. Студијата користела модел за да испита што би можело да се случи со долговечноста на мажот или жената доколку ја заменат „типична западна исхрана“ фокусирана на црвено месо и преработена храна со „оптимизирана исхрана“ фокусирана на помалку консумирање црвено и преработено месо и конзумирање повеќе овошје, зеленчук, мешунки, цели зрна и јаткасти плодови, пренесува Си-Ен-Ен. Ако жената почне да јаде оптимално на 20-годишна возраст, би можела да го продолжи својот животен век за нешто повеќе од 10 години, според студијата објавена претходно оваа недела во списанието ПЛОС Медицин. Ако мажот се хранел поздраво од својот 20-ти роденден, би можел да си го продолжи животот за 13 години. Фокусирањето на поздрава исхрана исто така може да го продолжи животот на постарите луѓе, се вели во студијата. Почнувајќи од 60 години, жената може да го продолжи животниот век за осум години. Мажите кои почнуваат поздрава исхрана на 60-годишна возраст би можеле да го продолжат животниот век за речиси девет години. Исхраната базирана на растенија може да им користи дури и на 80-годишниците, вели студијата, мажите и жените би можеле да го продолжат животот за околу 3,5 години доколку воведат промени во исхраната. - Погледот дека подобрувањето на квалитетот на исхраната ќе го намали ризикот од хронични болести и прерана смрт е одамна воспоставено, а помалку хронични болести и прерана смрт значат подолг животен век, рече д-р Дејвид Кац, специјалист за превентивна медицина кој не беше вклучен во учењето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nova-studija-promenata-na-nachinot-na-ishrana-moze-da-go-prodolzi-zivotot-i-do-13-godini/feed/ 0
Ковид-19: Во светот над 4,7 милиони починати, очекуваниот животен век намален за 10 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-svetot-nad-4-7-milioni-pochinati-ochekuvaniot-zivoten-vek-namalen-za-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-svetot-nad-4-7-milioni-pochinati-ochekuvaniot-zivoten-vek-namalen-za-10-godini/#respond Wed, 29 Sep 2021 05:21:02 +0000 https://kurir.mk/?p=569769

По повеќе од 20 месеци пандемија, во светот досега од Ковид-19 починаа повеќе од 4,7 милиони луѓе (4.788,874), додека над 200 милиони (232.931,655) се заразиле, од кои 90 отсто. Активни се над 18,5 милиони случаи, од кои над 92.000 се однесуваат на пациенти кои се во тешка здравствена состојба. Од последици на Ковид-19 досега починаа околу 2,04 отсто од сите регистрирани случаи. Од почетокот на јули почна сериозно да се зголемува бројот на нови случаи, што се припишува на позаразната делта варијанта. На овој сој се должи е намалувањето на бројот на оздравени од инфекцијата, кој само до пред еден месец изнесуваше околу 92 отсто. Во последната седмица се забележува мало забавување на пандемијата, што според дел од експертите, може да се објасни со тоа дека пандемијата го достигнала платото. Сепак тие додеваат дека не може да се предвиди до кога ќе трае овој тренд со оглед на појавата на нови варијанти на вирусот. САД и натаму се лидер во светот според бројот на заразени. Таму досега се регистрирани 43.840,163 случаи, при што има над 38.000 нови случаи. Во таа земја од последиците на овој вирус починаа над 707 илјади луѓе. САД се лидер и кога станува збор за активни случаи, со над 9,8 милиони инфекции во моментов. Потоа следува Индија, каде се чини конечно е ставено под контрола ширењето на коронавирусот. Во земјата досега се регистрирани над 33,6 милиони случаи, од кои 32,9 милиони оздравеле, а 447.362 починале. На трето место е Бразил, каде ситуацијата со коронавирусот и натаму е многу тешка. До моментов во таа земја се регистрирани над 21,3 милиони случаи, од кои 594.652 починале. По овие три држави, но со огромна разлика меѓу нив кога станува збор за заразени лица се Велика Британија, Русија, Франција, Турција, Иран, Аргентина и Колумбија. Потоа следуваат Шпанија, Италија, Индонезија, Германија, Мексико, Полска, Јужна Африка, Украина, Филипини, Перу и Малезија. Што се однесува до смртноста на милион население, на прво место е Перу, а на второ е Босна и Херцеговина. Близу се и Северна Македонија, Унгарија, Црна Гора и Бугарија. На спротивниот пол се земјите од Западна Европа. Бидејќи вакцинацијата напредуваше брзо, бројот на жртви таму нагло се намали. Најдобар пример за ова е Британија, каде што има огромен пад на смртни случаи. Од почетокот на март, имаше само еден ден во кој беа пријавени повеќе од 200 смртни случаи. Нешто повеќе, во јануари беа регистрирани над 1.800 смртни случаи за едно деноноќие, што е повеќе од 10 пати од нивото забележано во последните месеци. Слична е ситуацијата и во Франција, Шпанија, Италија и Германија. Но, вакцинацијата не се одвива со иста брзина во светот, па најсиромашните земји се многу потешко погодени. Пандемијата на коронавирус ја влоши и онака мрачната економска перспектива за најсиромашните земји во светот и многумина веројатно ќе се борат со пандемиската криза со години, предупредија претставници на Обединетите нации. Светот почна да закрепнува од последиците од пандемијата, но закрепнувањето во „две брзини“ може „да ги поништи многуте позитивни ефекти од макотрпно изградениот развој“, предупреди Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД). Околу една милијарда луѓе во 46 „најмалку развиени земји“ би можеле да заостанат уште повеќе зад побогатите соседи, предупредува УНКТАД во својот најнов извештај. Овие земји заедно генерираат 1,2 трилиони долари бруто домашен производ, приближно како Мексико или Индонезија, и сега се на крстопат, рече генералната секретарка на УНКТАД, Ребека Гринспан. – Ним им е потребна силна поддршка од меѓународната заедница за да го развијат производствениот капацитет и институционалната рамка што им е потребна за да се справат со традиционалните и новите предизвици, како што се кризата со Ковид-19 и климатските промени, објасни Гринспан. На повеќето може да им требаат неколку години за да го вратат нивото на БДП пред пандемијата во 2019 година, а најтешкиот удар би можел да почне да стигнува некаде кон средината на деценијата, предупреди УНКТАД. Експертите најавуваат дека сето ова ќе го намали очекуваниот животен век на човекот. Докторката по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години. – Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. … Имаме нов природен непријател, посочи Баранова. Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето. – Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, наведе Баранова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-vo-svetot-nad-4-7-milioni-pochinati-ochekuvaniot-zivoten-vek-namalen-za-10-godini/feed/ 0
Коронавирусот го намали животниот век за 10 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-namali-zivotniot-vek-za-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-namali-zivotniot-vek-za-10-godini/#respond Tue, 28 Sep 2021 06:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=569235

Докторка по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години. – Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. Додека луѓето се млади и имуни, тие се справуваат со дури и со повеќекратни имунизации. Меѓутоа, како што старееме, телото се повеќе се разболува, а коронавирусот е една од тие болести, така што животниот век се намалува … Имаме нов природен непријател, посочи Баранова. Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето. – Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, наведе додаде Баранова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-namali-zivotniot-vek-za-10-godini/feed/ 0
Ковид-19 пандемијата го намали животниот век на граѓаните на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-pandemijata-go-namali-zivotniot-vek-na-gragjanite-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-pandemijata-go-namali-zivotniot-vek-na-gragjanite-na-eu/#respond Wed, 07 Apr 2021 10:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=493577

Во текот на минатата година во Европската унија опадна очекуваниот животен век на граѓаните, бидејќи 27-те земји членки се бореа со ефектите од пандемијата на коронавирусот, соопшти „Катимерини“. Агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат, денеска соопшти дека „од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, на почетокот на минатата година, опадна очекуваното траење на животот во повеќето земји-членки на ЕУ“. Според Еуростат, најголем пад има регистрирано во Шпанија, каде животот е пократок за 1,6 година во споредба со 2019 година. По неа следува Бугарија со загуба од 1,5 година, а ја следат Литванија, Полска и Романија, каде е регистрано намалување на животниот век за 1,4 година. Данска и Финска се единствените земји од ЕУ што забележаа зголемување на очекуваното траење на животот за 0,1 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-pandemijata-go-namali-zivotniot-vek-na-gragjanite-na-eu/feed/ 0