животи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Nov 2020 14:47:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png животи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласија кризна состојба, а ништо не прават, Заев продолжува со загрозување на животите на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasija-krizna-sostojba-a-nishto-ne-pravat-zaev-prodolzuva-so-zagrozuvanje-na-zivotite-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasija-krizna-sostojba-a-nishto-ne-pravat-zaev-prodolzuva-so-zagrozuvanje-na-zivotite-na-gragjanite/#respond Sun, 22 Nov 2020 14:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=432856

Господ нека ни е напомош, тоа беше најчестата реакција во јавноста, откако власта прогласи кризна состојба во Македонија. Но, тоа не е поради сериозноста на пандемијата, туку поради несериозноста на власта, која како и за се досега за време на пандемијата излезе без план. Наместо да бидат подготвени, со план и стратегија како ќе делуваат уште на почетокот на кризната состојба, тие на првиот ден започнаа со кроење на планот. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше поставен на за прв човек на Главниот штаб за управување со кризи, како на шега кажа дека досега бил безгрижен, а потоа побара идеи од граѓаните. Да не знаеме што е поскандалозно. Дали тоа што во ек на пандемија како директор на Центар за управување со кризи бил безгрижен, дали дека на работата гледа како на шега, или дека наместо да излезе со план како ќе работи, тој немаше план бараше идеи од јавноста наместо од соработниците. Поставени на тие позиции се затоа што од нив се очекува да ги имаат идеите, дека треба да знаат што работат. Но, очигледно не знаат. Откако заврши состанокот на Главниот штаб за управување со кризи, Ангелов изјави дека нивната улога ќе била споредна односно ќе работеле на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за опасна болест. Неверојатно, кога од нив се очекуваат конкретни акции и мерки за заштита на граѓаните, тие ќе работеле на јакнење на свеста на граѓаните, ќе ги запознавале за каква болест се работи, небаре вчера се појави болеста. Изминуваат 10 месеци од првиот случај со корона вирус во Македонија, тие сега ќе работеле на свеста. Тоа требаше досега да го имаат направено. Уште на почетокот, но и во текот на летото кога се предвидуваше новиот бран требаше тоа да се работи на јавната свест. На крај на денот, за тоа не е потребна кризна состојба, за тоа не е потребен штаб за управување со кризи. Во кризна состојба, кога пандемијата голем замав и бројките на заразени и починати се застрашувачки, од Главниот штаб за управување со кризи најмалку се очекува да дели флаери по улици. Од нив се очекуваат конкретни и суштински мерки кои ќе помогнат во заштита на населението и помош за најпогодените кои се справуваат со болеста како што се болниците и лекарите. Но, од СДСМ не може и да се очекува и нешто друго. Така постапуваат од самиот почеток. Цело време се работи без план, убедувајќи ги граѓаните дека се е под контрола на очиглед на колапсот кој ни се случува. Немаа план и не ги подготвија ниту болничките капацитети и граѓаните за новиот бран кој дојде есенва, немаат план и стратегија ниту за кризната која по се изгледа не е донесена за справување со корона кризата туку за злоупотреба на ресурси. Катастрофална потфрлање, ужасно менаџирање и свесно загрозување на здравјето на животите на граѓаните. И бидејќи повеќе не им успева пиарот и лагите дека се е под контрола, сега сакаат да купат одреден период во кој ќе глумат дека нешто работат, иако сите веќе гледаат како системот крахира поради неодговорно и неспособно работење на власта. Токму и затоа реакцијата е Господ нека ни е напомош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasija-krizna-sostojba-a-nishto-ne-pravat-zaev-prodolzuva-so-zagrozuvanje-na-zivotite-na-gragjanite/feed/ 0
Николоски: Ненаучените лекции на власта ги чинат граѓаните губење на животи, состојбата во Прилеп е алармантна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nikoloski-nauchenite-lekcii-na-vlasta-gi-chinat-gragjanite-gubenje-na-zivoti-sostojbata-vo-prilep-e-alarmantna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nikoloski-nauchenite-lekcii-na-vlasta-gi-chinat-gragjanite-gubenje-na-zivoti-sostojbata-vo-prilep-e-alarmantna/#respond Wed, 15 Apr 2020 13:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=332691

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија, а во врска со ситуацијата во Прилеп, наброја дека состојбата во Прилеп е се полоша, тестовите доцнат, како и тоа дека потребно е масовно тестирање на населението и тестирање на целиот здравствен кадар, а во Прилеп нема ниеден респиратор во моментов, потребни се економски мерки за Пелагонискиот регион затоа што тој произведува 30% од БДП на македонската економија, вели тој. -За жал состојбата во Прилеп не е добра, бројот на заболени секојдневно расте, мислам дека бројот на болни е далеку поголем од оицијалната бројка која во моментот е прикажана во јавноста. За жал две семејства изгубија свои блиски би сакал да искажам сочувство на овие семејства, и на сите коишто се болни побрзо да закрепнат. Николоски критикуваше дека не се научија лекциите од Дебар и Куманово и ненаучените лекции се плаќаат со човечки животи, посочува Николоски. Тој вели дека она што го апелира за Прилеп пред се од една човечка побуда е тоа како да се спасат што повеќе човечки животи. - Мислам дека е потребно масовно тестирање во Прилеп, потребно е да се тестираат сите оние коишто биле во индиректен контакт со луѓето коишто се заболени, затоа што сега се тестираат директно заболените, кажа Николоски. Тој истакна дека тестовите доцнат, како и тоа дека има информации дека резултатите се добиваат помеѓу 5 и 7 дена што е недозволиво долго време, затоа што потребно е за брзо лечење на оние коишто го имаат вирусот е навремено да бидат информирани дали се заболени од коронавирусот и да знае здравствениот кадар каде да се насочи. -И трето коешто мислам дека е суштинско е да се направи тестирање на сиот здравствен персонал, за да бидат заштитени и да добијат највисоко заштитна опрема којашто за жал во моментов ја немаат, и да се прилагоди болницата во Прилеп за овие услови, за жал во Прилеп нема во моментов ниту еден респиратор, апелирам да се однесат респиратори, и болницата во Битола да ги зголеми своите капацитети, вели Николоски. Тој апелираше до министерството за здравство и до владата сериозно да се посветат на проблемите во Прилеп, за да не ни се случи втор Дебар или второ Куманово, како и тоа дека од најмалите бизниси до големите претпријатија сите се погодени, потребни се дополнителни економски мерки за заштита на стопанството, затоа што Пелагонискиот регион произведува дури 30% од македонскиот бруто домашен производ, на сите им е потребна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nikoloski-nauchenite-lekcii-na-vlasta-gi-chinat-gragjanite-gubenje-na-zivoti-sostojbata-vo-prilep-e-alarmantna/feed/ 0