животна средина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 07:20:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png животна средина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=854811

Заштитата на биолошкиот диверзитет, почвата и водите, иницијативите за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрата заштита на граѓаните и животната средина, ќе бидат главни теми на денешната неформална средба на министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Ваљадолид. На средбата ќе стане збор и за новата Директива за амбалажа и отпад од амбалажа, со која се предвидува до 2030 година целокупната амбалажа на пазарот на ЕУ да може повторно да се користи или да се рециклира на економски одржлив начин, како дел од напорите за зајакната контрола на загадувањето, спроведување на процесот на транзиција кон моделот на циркуларна економија и намалување на отпадот. Министрите ќе разговараат и за примената на најсовремени технологии во хемиската индустрија, како и за пофункционално управување со водите и третманот на отпадните води. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neformalen-sostanok-na-ministrite-za-zhivotna-sredina-na-eu/feed/ 0
ДЗР: Мерките и активностите на надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/#respond Tue, 13 Dec 2022 11:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=774895

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства. Ова е заклучокот на Државниот завод за ревизија, кој изврши ревизија на успешност на тема „Даноците за животна средина во функција на ефективно спроведување на политиките за заштита на животната средина“, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година. -Стекнато е разумно уверување, дека стратешката и нормативна рамка, усогласеноста на националното со ЕУ законодавството за животна средина, воведување на начелото „загадувачот плаќа“, воведување на надоместоците за животна средина и инвестициските вложувања по одделни области обезбедуваат одреден напредок во однос на спроведувањето на политиките, но истиот е недоволен за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства, е заклучокот на ревизорите врз основа на опфатот и доказите обезбедени со ревизијата. Од ДЗР појаснуваат дека, согласно воспоставената статистика, даноците за животна средина се класифицирани во четири категории и тоа: даноци за загадување, даноци за искористување на ресурси, енергетски даноци и транспортни даноци. -Од вкупните даноци за животна средина, со ревизијата се опфатија: даноците за загадување и даноците за искористување на ресурси како и дел од транспортните даноци за животна средина, кои за периодот опфатен со ревизијата од 2019 до 2021 година, изнесуваат 838.142 денари, велат од ДЗР. Ревизорите утврдиле отсуство на интегриран пристап во решавањето на проблемите со животната средина на национално и локално ниво, а администрирањето на надоместоците за животна средина од повеќе институции не овозможува увид од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), надлежно за спроведување на политиката на животната средина. -Со ревизијата е утврдено дека не се почитува принципот „загадувачот плаќа“ при утврдување на висината на надоместоците. Надлежните субјекти не го пресметуваат варијабилниот дел на надоместокот за испуштање на води, утврдени се фиксни износи на надоместоците за управување со отпад, надоместоците за поседување на интегрирана еколошка дозвола не се движат во законски определените рамки по емисиони точки, а општините немаат еднаков пристап при утврдување на основата за пресметка на надоместокот за услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, соопштуваат од ДЗР. Во ревизорскиот извештај се наведува дека, недостасува единствен информациски систем кој ќе ги содржи информациите и податоците од сите институции вклучени во процесот на пресметка и наплата на надоместоците, редовна институционална комуникација и координација за размена на податоците, а Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) нема законска надлежност за санкционирање на обврзниците кои не го платиле надоместокот, што не овозможува ефективно администрирање на приходите од надоместоците за животна средина. -За периодот од 2020 година до денот на вршење на ревизијата, во Буџетот на РСМ не се остварени приходи по основ на надоместоци за користење и испуштање на води во износ од 101.616 илјади денари, за што се склучени спогодби, а процентот на неприходувана вода на ниво на држава од 60,46 отсто е значајно повисок од земјите на ЕУ (30 проценти), објаснуваат од ДЗР. Поради неиздадени/ ненавремено издадени решенија за плаќање на надоместокот за поседување на А-интегрирана дозвола, ненавремено и нецелосно утужување, заклучно со 31.12.2021 година, остварени биле помалку приходи и во буџетот на МЖСПП, односно, ненаплатени биле побарувања од 9.453 денари, а отпишани 30.273  денари. амо 37 отсто од општините остваруваат приходи по основ на надоместоци за управување со комунален отпад, средства кои треба да бидат искористени за реализирање на регионалните планови и цели за управување со оваа област, велат од ДЗР. Централната лабораторија за животна средина не е целосно акредитирана, а поради не воспоставената соработка со МЖСПП, ДИЖС користи услуги од приватни акредитирани лаборатории, кои во исто време вршат мерења и изготвуваат елаборати на загадувачите. -Не може да се обезбеди показател за степенот на искористеност на средствата од надоместоци за животна средина во однос на финансирање на активностите од областа на животната средина, соопштуваат од ДЗР. Во периодот 2019-2021 година, програмите за инвестирање во животната средина имаат реализација од 62,7 отсто, а поради не преземените мерки од договорните страни раскинати се договори за реализација на проекти од Програмата за управување со водите во износ од 6.520 илјади денари. -Средствата од буџетот на МЖСПП не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата, а на локално ниво, планираните средства за заштита на животната средина не обезбедуваат реализација на планските документи и спроведување на активности во приоритетните зони и агломерации, истакнуваат од ДЗР. Поради отсуство на интегриран пристап во начинот на распределба и користење на надоместоците за животна средина, според податоците од Државен завод за статистика, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина учествуваат незначително во БДП со 0,6 отсто за 2020 година. Од ДЗР нагласуваат дека целта на извршената ревизија е да даде одговор на прашањето: „Дали даноците за животна средина придонесуваат за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства?” Ревизијата е извршена како пилот ревизија во рамки на твининг проектот со Врховните ревизорски институции на Република Бугарија и Република Хрватска, проект кој е финансиран од средствата на Европската Унија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/feed/ 0
ОН со сателити ќе пронаоѓаат истекување на метан на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=759042

Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) во петокот објави дека ќе покрене јавна база на податоци за светските истекувања на метан, снимени од вселенските сателити, што ќе биде нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Новиот систем наречен МАРС е резултат на ветувањето потпишано минатата година од 119 земји за намалување на емисиите на метан за 30 отсто оваа деценија. Научниците нагласуваат дека оваа цел е клучна за борбата против климатските промени. -МАРС е голем чекор во помагањето на владите и земјите да ја постигнат оваа важна, краткорочна цел за климата. Намалувањето на емисиите на метан може да донесе брза и голема промена бидејќи овој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот, рече Ингер Андерсен, извршниот директор на УНЕП, во изјавата на самитот за климата COP27 во Египет. Метанот е безбоен, запалив гас без мирис, кој најмногу се појавува во депониите, во земјоделството, сточарството и при екстракција на нафта и гас. Во однос на количината, по јаглерод диоксидот, тој е втор најзастапен стакленички гас во атмосферата и е одговорен за околу една четвртина од затоплувањето на планетата. На глобално ниво, според Обединетите нации, метанот е одговорен за околу 30 проценти од затоплувањето. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од јаглерод диоксидот, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглеродниот диоксид останува стотици години, па се верува дека неговото намалување брзо ќе влијае на глобалното затоплување. Системот МАРС ќе користи постоечка мрежа на сателити за откривање на гасот ширум светот, одредување на степенот на истекување и идентификување на компанијата и владата кои се одговорни, соопшти УНЕП. Програмската опсерваторија потоа ќе ги сподели овие информации со одговорните засегнати страни за да се поправи истекувањето. По период од 45 до 75 дена, опсерваторијата ќе објави информации за истекувањето и одговор од компанијата или владата во базата на податоци. Системот прво ќе се фокусира на светските капацитети за нафта и гас, еден од најголемите извори на метан, пред да се префрли на индустријата за јаглен, отпадот, сточарството и производството на ориз. Иницијативата делумно ќе биде финансирана од САД и Европската унија, заедно со филантропските организации на основачот на Амазон Џеф Безос и Глобалниот центар за метан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/feed/ 0
Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/#respond Fri, 02 Sep 2022 12:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=727757

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.М.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад". На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано на влезот во општина Арачиново и го затекнале пријавениот З.М. како во моментот на контролата неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност -Складирање и третман на отпад издадена од Министерството за животна средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/feed/ 0
Во Шведска започна конференцијата на ОН за животната средина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zapochna-konferencijata-na-on-za-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zapochna-konferencijata-na-on-za-zivotnata-sredina/#respond Thu, 02 Jun 2022 11:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=685523

Стокхолм, 2 јуни 2022 (МИА) – Конференцијата на Обединетите нации за животната средина започна денеска во Стокхолм, 50 години откако главниот град на Шведска, исто така, беше домаќин на меѓународниот состанок, што се занимава со актуелни прашања околу климата. Нејзиното име е „Стокхолм+50“ и предвидено е да трае два дена. Меѓу присутните се и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и бројни државни лидери, министри, активисти за животната средина. На отворањето на конференцијата, шведскиот крал Карл XVI Густаф ги поздрави делегациите од целиот свет и се осврна на првата еколошка конференција во Стокхолм, во 1972 година, нарекувајќи ја „историска“. – Оттогаш поминавме долг пат. Но, сакам јасно да кажам: немаме дополнителни 50 години за пресврт. Ако сакаме да го намалиме глобалното затоплување, следните неколку години ќе бидат клучни, изјави кралот. Под слоганот „Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност и наша можност“, мисијата на конференцијата е да се поттикне спроведувањето на постоечките климатски договори, како што се целите за одржлив развој на ОН и Парискиот договор. Но, не се очекува донесување нови конкретни договори и одлуки. – Светот веќе постави доста амбициозни цели, затоа овој состанок нема да постави нови, истакна шведската премиерка Магдалена Андерсон. Наместо тоа, таа посочи дека на конференцијата ќе се разговара за начините за постигнување на постоечките цели што е можно побрзо и поефикасно. На првата конференција за животната средина на ОН во Стокхолм во 1972 година формирана е Програмата за животна средина на Обединетите нации. Врз нејзините темели, влади низ целиот свет формираа министерства за заштита на животната средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-zapochna-konferencijata-na-on-za-zivotnata-sredina/feed/ 0
УНИЦЕФ: Прекумерната потрошувачка од богатите земји ја уништува светската животна средина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-prekumernata-potroshuvachka-od-bogatite-zemji-ja-unishtuva-svetskata-zivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-prekumernata-potroshuvachka-od-bogatite-zemji-ja-unishtuva-svetskata-zivotna-sredina/#respond Tue, 24 May 2022 08:57:01 +0000 https://kurir.mk/?p=680834

Ако целиот свет троши ресурси според стапката на најбогатите земји, ќе ни требаат повеќе од три планети Земја, се вели во извештајот на УНИЦЕФ. Детскиот фонд на ОН го спореди глобалното влијание врз животната средина на 39 членки на Европската унија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Изложеноста на штетни загадувачи, потрошувачката на ресурси, отстранувањето на е-отпадот и националниот придонес во климатската криза се меѓу индикаторите опфатени со студијата. Шпанија, Ирска и Португалија се на врвот на скалата бидејќи на своите деца им нудат добра животна средина и имаат релативно низок придонес за глобалните еколошки проблеми. Од друга страна, Австралија, Белгија и Канада се меѓу најбогатите земји во светот, за кои се вели дека имаат сериозно влијание врз глобалната средина, а со тоа и врз децата ширум светот, како и врз децата во тие земји. „Не само што повеќето богати земји не успеваат да обезбедат здрава животна средина за децата во нивните граници, туку придонесуваат и за уништување на животната средина на децата во другите делови на светот“, рече Гунила Олсон, директорка на Канцеларијата за истражување на УНИЦЕФ „Иноченти“. „Во некои случаи, гледаме дека земјите обезбедуваат релативно здрава животна средина за децата дома, но тие се меѓу најголемите загадувачи што ја уништуваат животната средина во странство“, додаде таа. Австралија, Белгија, Канада или САД не обезбедуваат здрави услови за децата кои живеат во нивната област, додека помалку богатите земји во Јужна Америка и Европа прават помала штета на општата состојба на планетата, покажа истражувањето. Во 39 набљудувани земји, повеќе од 20 милиони деца имаат високо ниво на олово во крвта, се вели во извештајот. Иако Финска, Исланд и Норвешка се во првите редови во обезбедувањето здрава животна средина за сопственото потомство, од друга страна, тие се на последното место според влијанието на планетата во однос на емисиите, е-отпадот и нивото на потрошувачка. Во Исланд, Латвија, Португалија и Британија, секое петто дете е изложено на влага и мувла дома, а во Кипар, Унгарија и Турција, повеќе од секое четврто. Многу деца вдишуваат отровен воздух внатре и надвор, особено во Мексико, за разлика од Финска и Јапонија, се вели во извештајот. Во Белгија, Израел, Холандија, Полска, Чешка и Швајцарија, постои можност повеќе од секое дванаесетто дете да биде изложено на високо ниво на загадување поврзано со пестициди, се вели во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-prekumernata-potroshuvachka-od-bogatite-zemji-ja-unishtuva-svetskata-zivotna-sredina/feed/ 0
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-4/#respond Thu, 19 May 2022 10:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=678881

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад" по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик. Во текот на февруари 2022 година во Скопје, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и преставници од други надлежни инспекторати извршиле контрола во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.,,1" во с.Арачиново, при што го затекнале пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар на Република  Македонија како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност „Складирање и третман на отпад", издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање. На тој начин тој го сторил делото кое му се става на товар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-4/feed/ 0
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-3/#respond Tue, 10 May 2022 12:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=674493

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(61) од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик. Првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во с.Љубош, неовластено тргувал со отпад без да поседува Дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-3/feed/ 0
Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/#respond Sat, 07 May 2022 07:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=673240

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје Ф.Ј.(20) од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик. Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, кој што се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на ул.,,Максут Садик" односно на ул.„376". ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/feed/ 0
Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на животната средина и природата со отпад” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/#respond Tue, 03 May 2022 13:55:54 +0000 https://kurir.mk/?p=671198

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик. На 14.02.2022 на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност - складирање и третман на отпад".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-skopjanec-za-zagrozuvanje-na-zivotnata-sredina-i-prirodata-so-otpad-2/feed/ 0