животно дело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 10:42:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png животно дело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште една причина за славење во семејството Ражњатовиќ, откако дозна дека Анастасија е бремена, Цеца вчера во куќата ја внесе оваа скапоцена работа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/#respond Fri, 28 Apr 2023 07:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=828554

Фол пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ не ја симнува насмевката од лицето! Вчера како бомба во медиумите одекна веста дека нејзината ќерка Анастасија  е бремена. Анастасија  е бремена во четвртиот месец и ќе роди девојче. Таа и Немања Гудељ нетрпеливо чекаат да го видат својот наследник. Цеца меѓу првите ја дозна оваа радосна вест. Цеца на прославата на раѓањето на малиот Крстан изјави дека едвај чека да добие внука. - Се надевам дека ќе имам десет внуци. Би сакале и тие да имаат девојче, јас би банкротирала, изјавила тогаш пејачката. Цеца синоќа за прв пат се појави во јавноста откако се дозна дека Анастасија е бремена. Пејачката дојде во „Националниот музички совет“ на РТС, каде и беше доделена награда за животно дело. Цеца за оваа пригода избра долг бел фустан и сребрени сандали. Сите забележаа дека Цеца е расположена и дека не ја симнува насмевката од лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ushte-edna-prichina-za-slavene-vo-semejstvoto-razhnatovik-otkako-dozna-deka-anastasija-e-bremena-tsetsa-vchera-vo-kukata-ja-vnese-ovaa-skapotsena-rabota-foto/feed/ 0
Архитектот креатор на С.Ц. „Јане Сандански“ и други објекти доби награда за животно дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhitektot-kreator-na-s-c-jane-sandanski-i-drugi-objekti-dobi-nagrada-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhitektot-kreator-na-s-c-jane-sandanski-i-drugi-objekti-dobi-nagrada-za-zivotno-delo/#respond Fri, 22 Jan 2021 11:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=458522

Архитектот Ѓоко Радовановиќ е добитник на наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2020 година, врз основа на одлуката на Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) донесена на 14 јануари 2021 година. ААМ ја додели оваа награда откако сите членови на Комисијата поединечно изразиле поддршка за кандидатурата на архитект Ѓоко Радовановиќ и едногласно поднеле предлог – одлука до УО на ААМ за негово прогласување за добитник за 2020 година. Членови на Комисијата биле: Мартин Гулески претседател и Миодраг Митровиќ, Виолета Бакалчев, Јана Гугулоска Ѓорѓевиќ и Ѕвонко Тасевски. Наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“, како што посочуваат од Асоцијацијата, е востановена на 28 декември 1989 година, во чии рамки академик Крум Томовски свечено бил прогласен за прв Лауреат. Наградата се доделува врз основа на јавен повик на кој можат да се пријават кандидати – државјани на Република Северна Македонија, додека право на поднесување на предлози имаат само членови на ААМ. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска Академија на ААМ. – Особено ми е драго што оваа награда се додели на еден истакнат архитект како што е Ѓоко Радовановиќ. Неговите архитектонски дела, стилот и изразот оставаат огромен белег, посебно на градот Скопје. Работата на архитект Радовановиќ е од суштинска важност за современата македонска архитектура, во целина, истакна проф. д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ. Ѓоко Радовановиќ е роден во Подујево, во 1949 година. Средно образование, насока архитектонски техничар, завршува во Ниш (1967), а Високото образование го продолжува на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Радовановиќ зад себе има богато архитектонско творештво. Креатор е на проекти и објекти кои оставиле значаен белег на современата македонска архитектура. Автор е на 124 проекти, од кои негови позначајни архитектонски дела се: Соравиа Центар Скопје (“Soravia Center Skopje”), Соравиа Ресорт Скопје (“Soravia Resort Skopje”), С.Ц. „Јане Сандански“, „Вила Дарко Панчев“, индустриски објект „Рио Кафе“ и многу други. Во доменот на изработка на специфични проекти, се јавува како автор на „Студија за монтажни соларни куќи“ и на „Студија за монтажни санитарни кабини“. – За успешната кариера на Радовановиќ зборуваат и досегашните две големи награди за архитектура, доделени под покровителство на Претседателот на РСМ – за Спортскиот Центар ,,Јане Сандански” (2014) и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје (2016), се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhitektot-kreator-na-s-c-jane-sandanski-i-drugi-objekti-dobi-nagrada-za-zivotno-delo/feed/ 0
Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/#respond Wed, 23 Dec 2020 16:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=447322

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров е добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело, за МИА потврдија од македонската Федерација на планинарски спортови. Минчоров е долгогодишен член и актуелен претседател на планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Тој ја добива престижната плакета за оваа година, со ликот на Даре Џамбаз, за долгогодишна активност и придонес за развивање на македонското планинарство. Ваква одлука донело претседателството на македонската Федерација на планинарски спортови на онлајн седница. По разгледување на пристигнатите предлози, било одлучено плакета да се додели и на Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов” од Битола, за долгогодишна активност, јубилеј од 60 години традиција и придонес за развивање на македонското планинарство. -За врвно спортско остварување во планинарството за 2020 година, плакета се доделува и на Илина Арсова од ДПС „Трансверзалец”, од Скопје, а признание за млада надеж во планинарството на Меланија Јовановска од ПК „Ај Лав Хајкинг Груп Маседонија”, додаваат од Федерацијата. Доделувањето на плакети и признание ќе биде дополнително. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/feed/ 0
Награда за животно дело „Анче Џамбазова“ за Ѓокица Лукаревски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-za-zivotno-delo-anche-dzambazova-za-gjokica-lukarevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-za-zivotno-delo-anche-dzambazova-za-gjokica-lukarevski/#respond Sun, 04 Oct 2020 08:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=412103

Доајенот на Драмски театар и на македонското глумиште, актерот Ѓокица Лукаревски, е овогодинешен добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ што се доделува на Фестивалот на комедијата Гола месечина. Лукаревски (Скопје, 29 април 1951), е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. -Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во „Пресуда“, „Македонски народни приказни“, „Хихирику“ итн, објавија организаторите на фестивалот. На втората фестивалска вечер Лукаревски настапи во „Партија реми“, во режија на Виолета Џолева, претстава со којашто во 2018 година тој одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagrada-za-zivotno-delo-anche-dzambazova-za-gjokica-lukarevski/feed/ 0
Дени де Вито ќе ја добие наградата за животно дело https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/deni-de-vito-kje-ja-dobie-nagradata-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/deni-de-vito-kje-ja-dobie-nagradata-za-zivotno-delo/#respond Fri, 25 Oct 2019 09:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=255933

Дени де Вито ќе ја добие наградата за животно дело на годинешниот Меѓународен филмски и камерен фестивал во Торуњ, Полска. Меѓу позначајните улоги му се оние во оскаровскиот филм „Лет над кукавичкото гнездо и во хумористичната серија „Такси“ за која во 1981 година доби „Златен глобус“ и „Еми“ за најдобра машка споредна улога. Глумецот во 2001 го продуцираше филмот „Ерин Брокович“, кој беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм. Меѓународниот филмски фестивал во Торуњ ќе се одржи од 9. до 16 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/deni-de-vito-kje-ja-dobie-nagradata-za-zivotno-delo/feed/ 0
Ален Делон прими награда за животно дело https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/#respond Mon, 20 May 2019 06:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=199831

Францускиот актер Ален Делон (83) сношти ја прими наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Почесната Златна палма (Палм д`Ор), Делон ја заслужи со кариерата долга шест децении. Наградата му ја врачи ќерката Анушка Делон. -Едно нешто за коешто сум сигурен и на кое сум горд – е мојата кариера. И оваа награда која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет, рече Делон. Делон првиот филм го сними 1963 година, а тоа беше остварувањето на Лукин Висконти – „Леопард”. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/feed/ 0
Виолета Томовска доби награда за животно дело од родната Битола https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/#respond Mon, 05 Nov 2018 12:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=123636

Легендата на македонската народна песна, Виолета Томовска е годинашната добитничка на наградата за животно дело „4 ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола. Управниот одбор за доделување на оваа награда едногласно одлучи ова признание да го добие токму нивната славна сограѓанка, која годинава одбележува 58 години кариера. 73-годишната дива деновиве го доби истото признание и на јубилејното 25. издание на фолк-фестивалот „Филиграни“, кој се одржа минатата недела во Домот на АРМ. Порано годинава, таа откри дека сè уште неуморно снима нови песни, а голема желба ѝ е да одржи уште еден голем концерт во Скопје или во родната Битола. „Би сакала уште еднаш на сцената да застанам со сите мои колеги, текстописци, композитори и да им се заблагодарам за сите прекрасни мигови и песни што ми ги подариле од срце, а јас ѝ ги подарив на мојата публика“ – изјави Томовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/feed/ 0