животно осигурување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 08:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png животно осигурување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-305-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-37-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-305-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-37-milioni-evra/#respond Thu, 06 Apr 2023 08:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=820913

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 милиони евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305 322 лица што е за речиси 45 000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171. 000 и е зголемен за 7 отсто. Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра) -Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента. Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице, информираат од АСО. Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 милиони евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243 000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година. Од АСО објаснуваат дека една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат осигурениците. Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода). -Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13 600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 милиони евра). Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување - живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто. Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 милиони евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента. Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 милиони евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании. Како што потенциарат од АСО, друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со законските барања. Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот, укажуават од Агенцијата, се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси. Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-305-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-37-milioni-evra/feed/ 0
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-300-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-nad-25-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-300-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-nad-25-milioni-evra/#respond Tue, 17 Jan 2023 08:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=788233

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот кое нема штедна компонента и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. Како што соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), за првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра. Вкупно 297.559 граѓани го осигурале животот заклучно со крајот на септември 2022 година. Во осигурување живот за овој период се вложени 1,56 милијарди денари (25,4 мил.евра), покажуваат податоците кои петте компании за осигурување живот ги доставија до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 година пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период од една година. Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има осигурителниот продукт популарно познат како ризико осигурување. Со него во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице. Ризико осигурување на крај на септември 2022 година имале над 237.000 лица што е за 52 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година. Причина за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат осигурениците. Од сите договори за осигурување живот над 48.300 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Продажбата на овој осигурителен продукт бележи благ пад од 4 отсто во споредба со претходната година. Вкупно за овој период во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 828,1 милиони денари (13,3 мил.евра) Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. За првите девет месеци лани во овој продукт 11.800 граѓани вложиле 318,8 милиони денари (5,2 мил.евра). Во овој период во продажбата на животно осигурување учествуваат пет осигурителни компании. „Кроација осигурување“ учествува со 31 отсто, „Граве“ со 22 отсто, „Винер лајф“ со 18 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 17 отсто и „Уника лајф„ со 12 отсто. Компаниите за осигурување живот во првите девет месеци во 2022 годинава исплатиле вкупно 484,8 милиони денари (7,9 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или ако осигуреник починал. Петте друштва за осигурување на живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на трет квартал лани изнесува 11 милијарди денари (179,6 мил.евра) што претставува 36 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании. АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување се усогласени со овие законски барања, во континуитет. Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби, и со солидни приноси. Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-300-000-gragani-imaat-zhivotno-osiguruvane-vlozhile-nad-25-milioni-evra/feed/ 0
АСО: Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/#respond Tue, 12 Jul 2022 08:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=703725

Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци од годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат животно осигурување надмина 281.000. Тоа е за 8 отсто повеќе осигурени лица во споредба со крајот на претходната година. Во првите три месеци во осигурување живот граѓаните вложија 494 милиони денари, односно осум милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Како што информираат од АСО, најбројни се вложувањата во таканареченото ризико – осигурување. Повеќе од 220.000 граѓани имаат ризико осигурување и тоа е за речиси 20.000 осигуреници повеќе во споредба со крајот на 2021 година. – Овој продукт вклучува осигурувањето на животот на осигуреникот и во случај на негова смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Кај овој вид осигурување доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија, појаснуваат од АСО. Осигурување живот со штедна компонента, на крајот на март годинава, како што велат, имаат 50.000 граѓани. Овој продукт овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена камата. -До крајот на март годинава околу 11.000 граѓани имаат животно осигурување популарно наречено „јунит линкд осигурување“. Кај оваа класа дел од парите уплатени за осигурување живот се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Токму заради тоа што вредноста на овие вложувања зависи од берзите ризикот од вложувањето во овој производ го превзема осигуреникот. Тоа значи дека на истекот на периодот на кој е склучен договорот за осигурување износот на парите што треба да ги добие осигуреникот ќе зависи од пазарните (т.е. берзанските) цени на уделите на инвестициските фондови во кои биле вложувани парите од животното осигурување, нагласуваат од АСО. Прецизираат дека од вкупните вложувања во животно осигурување во првите три месеци, 387 милиони денари (6,3 милиони евра) се вложувања во класичните осигурителни производи : ризико и осигурување со штедна компонента. Вложувањата во „јунит линкд“ осигурување за овој период достигнаа 107 милиони денари (1,7 милиони евра). – Петте компании за осигурување живот во првите три месеци годинава исплатиле вкупно 180 милиони денари (2,9 милиони евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на случена смрт. Минатата година беше рекордна од аспект на вкупните вложувања во осигурување живот кои надминаа 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра, порачуваат од АСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-nad-281-000-gragjani-imaat-zivotno-osiguruvanje-vlozile-osum-milioni-evra-za-tri-meseci/feed/ 0