Жизел Бундшен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 10:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жизел Бундшен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Том Брејди упатил порака до Жизел Бундшен? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-brejdi-upatil-poraka-do-zhizel-bundshen/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-brejdi-upatil-poraka-do-zhizel-bundshen/#respond Fri, 24 Mar 2023 10:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=815911

По интервјуто на неговата поранешна сопруга, Бразилката Жизел Бундшен, каде што таа зборува за нивниот развод, случајно или не, американската рагби-ѕвезда Том Брејди на својот Инстаграм-профил сподели цитат во којшто се говори за предавство. „Што е успех? Да се ​​смееш често, и многу. Да се ​​здобиеш со почит од интелигентните луѓе и наклонетост на децата. Да ја заслужиш почитта на искрените критичари и да го преживееш предавството на лажните пријатели. Да ја цениш убавината, да го најдеш најдоброто во другите, да го направиш светот малку подобро место. Да знаеш дека еден живот е подобар поради тебе. Тоа е успех“, гласи објавата со зборовите на писателот Ралф Валдо Емерсон. Жизел во гостувањето за списанието „Венити фер“ (Vanity Fair), меѓу другото, ги отфрли гласините дека „му дала ултиматум“ на Брејди за да се пензионира од спортот. Том Брејди сѐ уште официјално не се изјаснил по интервјуто. Во тој разговор манекенката објасни како дошло до разделба - двајцата сакале различни нешта и рече дека таа не е причината поради којашто Брејди ја напуштил спортската кариера. Претходно таа изјавуваше дека секогаш ќе го поддржува. Познатиот пар се разведе во октомври лани, по 13 години в брак. Заедно го имаат 13-годишниот син Бенџамин и 10-годишната ќерка Вивијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-brejdi-upatil-poraka-do-zhizel-bundshen/feed/ 0
„Разделбата беше смртта на мојот сон“: Жизел Бундшен низ солзи за првпат проговорела за разводот од Том Брејди https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razdelbata-beshe-smrtta-na-mojot-son-zhizel-bundshen-niz-solzi-za-prvpat-progovorela-za-razvodot-od-tom-brejdi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razdelbata-beshe-smrtta-na-mojot-son-zhizel-bundshen-niz-solzi-za-prvpat-progovorela-za-razvodot-od-tom-brejdi/#respond Thu, 23 Mar 2023 21:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=815595

Славната манекенка Жизел Бундшен за првпат зборувала за разводот од Том Брејди, 5 месеци откако официјално заврши нивниот брак кој траеше 13 години. Жизел за тоа зборувала за новото издание на магазинот „Vanity Fair“ чија насловна страница ја краси. Во емотивниот разговор, таа рекла дека разводот е „смрт и повторно раѓање“ и порачала дека ја „оплакува смртта на својот сон“. „Тешко е бидејќи замислувате дека животот ќе ви тече на одреден начин, а сте направиле сѐ што сте можеле“, изјавила манекенката додека гласот ѝ треперел, а очите ѝ биле насолзени. По неколку здива, таа продолжила: „Верував во бајки додека бев дете. Мислам дека е убаво да верувате во тоа. Давате сѐ од себе да го остварите својот сон, давате 100 отсто и срцепарателно е кога нема да заврши онака како што сте се надевале и за кое сте се труделе, но можете да го направите само она што е ваш дел“. Убавата Бразилка ги прокоментирала и наводите дека се развела од Брејди бидејќи тој решил да му се врати на американскиот фудбал. „За тоа се потребни години (за разводот). Секогаш навивав за него и ќе продолжам засекогаш да навивам. Ако постои една личност за која сакам да биде најсреќна на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да биде успешен и да ги оствари своите цели. Сакам да му се остварат сите соништа, навистина го посакувам тоа, од срце“, порачала Жизел. „Понекогаш се развивате заедно, понекогаш се разделувате. Кога имав 26, а тој 29 години, се запознавме, сакавме семејство, сакавме сѐ заедно. Како што одминуваше времето, сфативме дека сме сакале поинакви нешта, а сега имаме избор“. „Тоа не значи дека не ја сакате другата личност. Тоа само значи дека, за да бидете автентични и вистински да го живеете животот кој го сакате, мора да имате некој кој е подготвен на компромис. Тоа е игра, тоа е рамнотежа“, истакнала Бундшен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razdelbata-beshe-smrtta-na-mojot-son-zhizel-bundshen-niz-solzi-za-prvpat-progovorela-za-razvodot-od-tom-brejdi/feed/ 0
„Го претставува ѓаволот“: Убавата Жизел обвинета за САТАНИЗАМ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pretstavuva-gavolot-ubavata-zhizel-obvineta-za-satanizam-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pretstavuva-gavolot-ubavata-zhizel-obvineta-za-satanizam-foto/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:24:40 +0000 https://kurir.mk/?p=809429

Манекенката Жизел Бундшен е обвинувана за сатанизам откако неодамна на насловната страница на „Вог Италија“, се појави со поза за којашто некои веруваат дека го претставува ѓаволот. Имено, критикувачите најдоа поврзаност меѓу поставеноста на супермоделката со ликот на Бафомет - еретичко-сатанско суштество од историските записи за Инквизицијата од 14. век. „Забележете ја сличноста на положбата на нејзините раце, со линиите на буквите О и Г, облеката и боите на сатанска свештеничка - сѐ потсеќа на Бафомет“, „Зошто наеднаш црвената боја стана толку 'будна' (се мисли на тренд-идеологијата 'Woke' - 'Будност')?“, „Сатанската вештерка“, „Oд кога популарната естетика околу славните стана сатанска?“ - се само дел од коментарите на Твитер. Имено, Жизел позираше за „Вог“ (Vogue) во црвен фустан на „Валентино“. Косата ѝ е сокриена под „залижаната“ црвена кусокоса перика, со многу шминка и целосно избледен тен. На усните има црвен кармин, додека очите ѝ е украсени со црна сенка, а пак лицето ѝ е украсено со дијамантски обетки... Сè тоа го прави целиот нејзин изглед - доста „мистичен“. Изгледот на Жизел го дизајнираше стилистот Иб Камара, кој е и главен уредник на списанието „Дејзд“ (Dazed). Инаку, манекенката досега била на дури 142 насловници на „Вог“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-pretstavuva-gavolot-ubavata-zhizel-obvineta-za-satanizam-foto/feed/ 0
Се разведува и најславниот и најубав пар: „Враќање нема, веќе ангажираа адвокати“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-razveduva-i-najslavniot-i-najubav-par-vrakjanje-nema-vekje-angaziraa-advokati/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-razveduva-i-najslavniot-i-najubav-par-vrakjanje-nema-vekje-angaziraa-advokati/#respond Wed, 05 Oct 2022 09:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=741279

Бразилската манекенка Жизел Бундшен и американскиот рагбист Том Брејди најмиле адвокати за почнување постапка за развод, потврдува неименуван извор близок до двојката за „Пејџ 6“ (PageSix). Тие се в брак 13 години и имаат две деца – 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан. Брејди има и 15-годишен син Џек, од претходната врска. Веќе пред неколку недели се појавија гласини дека тие двајца се разведуваат, а до расправијата наводно дошло затоа што Том му се враќа на спортот само по 40 дена од пензионирањето. - Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но изгледа дека е така, вели неименуваниот пријател. - Мислам дека сега нема враќање назад. И двајцата имаат ангажирано адвокати и гледаат што ќе повлече разделбата и кој што ќе добие. Супермоделката била среќна кога нејзиниот сопруг објавил дека се пензионира… Таа и онака сметаше дека НФЛ (американското рагби) е насилен спорт. – Ова е многу насилен спорт, а јас имам деца и би сакал тој да биде поприсутен тука. Цело време ги имам овие разговори со него. Но на крајот, мислам, секој треба да донесе одлука којашто нему му одговара. И тој треба да ја следи својата среќа, рече Бундшен во една прилика за списанието „Ел“ (Elle). Но, тие веќе не живеат заедно. Жизел претходно беше во врска со Леонардо ди Каприо, а потоа се омажи за Брејди. Тие се венчаа во Калифорнија во 2009 година. По два месеца, тие имаа уште една свадбена свеченост на Костарика. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-razveduva-i-najslavniot-i-najubav-par-vrakjanje-nema-vekje-angaziraa-advokati/feed/ 0
Атрактивната бразилска супермоделка: Се чувствувам подобро на 40 отколку на 30 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-brazilska-supermodelka-se-chuvstvuvam-podobro-na-40-otkolku-na-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-brazilska-supermodelka-se-chuvstvuvam-podobro-na-40-otkolku-na-30-godini/#respond Tue, 25 May 2021 07:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=514644

Жизел Бундшен ги обожава своите 40-ти Лос Анџелес, 25 мај 2021 (МИА) – Жизел Бундшен ги слави своите 40-ти. Бразилската супермоделка, која има две деца со нејзиниот сопруг, бекот на „Тампа Беј бјуканирс“ – Том Брејди, вели дека се чувствува подобро на 40 години отколку во претходното десетлетие од нејзиниот живот. – Се чувствувам подобро на 40 отколку на 30 години, и тоа толку многу подобро, сподели Бундшен во емисијата „Диор“ на Филип Пикарди. Според неа, 40-тите ќе ѝ бидат прекрасни. – За мене, 20-тите ми беа по малку предизвикувачки. Нема да лажам. Во 30-тите, требаше „да се средам и приберам“… Сега, во моите 40-ти, јас обично велам – „Ајде! Одиме!“, раскажува манекенката. Филозофијата на Бундшен вклучува сè – од здрава исхрана до духовност, па таа смета дека сите тие нешта се важни за да изгледа и да се чувствува најдобро што може, секој ден. – Мислам дека сè што правиме, сè што нè крепи, нè храни и ни помага да се чувствуваме добро, природно ни помага и да изгледаме подобро, нели? Јас секогаш велам дека храната е лекот, затоа што храната е многу важна. Како што, ако јадете куп мрсна храна, тешко дека ќе имате навистина добра кожа. Колку повеќе јадете зеленчук, толку поздрава е вашата исхрана – и тоа ќе се одрази на вашата кожа!, објаснува манекенката. Бундшен смета дека домашниот зеленчук треба да ја замени преработената храна во секојдневието. „Кога ја јадеме храната жива (непреработена), хранливите материи и витамини нè одржуваат здрави и им помагаат на нашите тела да функционираат подобро. Една од моите омилени работи е свежа храна и билки од нашата заедничка градина“, напиша таа во една објава на Инстаграм. Во своите мемоари од 2018 година – „Лекции: Мојот пат кон смислен живот“, Бундшен откри дека порано страдала од напади на паника, понекогаш толку силни што довеле до самоубиствени мисли. Така, ѝ биле препишани лекови за справување со нејзината вознемиреност, но таа на крајот открила дека нејзиниот лек се медитацијата, јогата и здравата исхрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atraktivnata-brazilska-supermodelka-se-chuvstvuvam-podobro-na-40-otkolku-na-30-godini/feed/ 0
Жизел Бундшен и Том Брејди го продаваат имотот во Бостон за 40 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zizel-bundshen-i-tom-brejdi-go-prodavaat-imotot-vo-boston-za-40-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zizel-bundshen-i-tom-brejdi-go-prodavaat-imotot-vo-boston-za-40-milioni-dolari/#respond Wed, 07 Aug 2019 07:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=227188

Бразилската манекенка Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг, ѕвездата на американското рагби – Том Брејди, го продаваат својот дом во околината на Бостон. Цената изнесува 39,5 милиони долари.

Имотот на Жизел и Том зафаќа 21 декар и се наоѓа во еден од најскапите делови од околијата. Том е квотербек во тимот на Њу Ингланд пејтриотс од Бостон.

Главната куќа има површина од 900 квадратни метри и се состои од пет спални соби и една посебна – прилагодена за професионални атлети. На имотот има и спа-просторија, визба за вино, игротека и градина.

Куќичката за гости е со површина од 223 квадратни метри, а покрај неа има и гаража за три возила и паркинг за уште 20 автомобили под отворено небо.

Жизел Буншхен со години наназад беше највисоко платената манекенка во света, со вкупна заработка од 488 милиони долари. Том Брејди (42), досега само од НФЛ заработил 235 милиони долари. Двајцата имаат луксузни куќи и во Арминија, во американската сојузна држава Њујорк, и во квартот Трајбека, во градот Њујорк, пишува „Екшн нетворк“.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zizel-bundshen-i-tom-brejdi-go-prodavaat-imotot-vo-boston-za-40-milioni-dolari/feed/ 0