Злате Мехмедовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 09:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Злате Мехмедовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мехмедовиќ: Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/#respond Tue, 08 Aug 2023 09:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=864561

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина. - Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој. Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв. - Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ. Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска. Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“. - По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Северна Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството. Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток. Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“. - Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovik-bez-panika-ne-ochekuvame-poveke-sluchai-na-kongo-krimska-hemoragichna-treska-vo-bliska-idnina/feed/ 0
Д-р Мехмедовиќ: „Кракен“ не дава причини за загриженост за хоспитализации и смртни случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovik-kraken-ne-dava-prichini-za-zagrizhenost-za-hospitalizatsii-i-smrtni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovik-kraken-ne-dava-prichini-za-zagrizhenost-za-hospitalizatsii-i-smrtni-sluchai/#respond Sat, 14 Jan 2023 14:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=787279

Новата варијанта на коронавирусот наречена „кракен“ не е причини за загриженост за евентуални хоспитализации и смртни случаи, вели во разговор за Канал 5 д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести... Д-р Мехмедовиќ вели дека загрижува само полесната преносливост на „кракен“, но не се очекуваат потешки форми на болеста. Вели дека варијантата „кракен“ не прави пневмонии, па не очекува да имаме полни болници. За повеќе од двојно зголемениот број на потврдени случаи на грип, пак, д-р Мехмедовиќ вели дека состојбата не е алармантна и не отстапува од вообичаената крива во овој период од годината... извор: kanal5.com.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovik-kraken-ne-dava-prichini-za-zagrizhenost-za-hospitalizatsii-i-smrtni-sluchai/feed/ 0
Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-kichevchanecot-e-testiran-za-majmunski-sipanici-vo-momentov-e-vo-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-kichevchanecot-e-testiran-za-majmunski-sipanici-vo-momentov-e-vo-izolacija/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=717724

Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. -Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ. Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-kichevchanecot-e-testiran-za-majmunski-sipanici-vo-momentov-e-vo-izolacija/feed/ 0
Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/#respond Tue, 15 Feb 2022 15:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=631741

Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои немаат имунитет. -Денеска сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет, додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-vo-momentov-ne-moze-da-stane-zbor-za-ukinuvanje-na-sertifikatite-za-prelezan-kovid-19/feed/ 0
Мехмедовиќ за НоваТВ: Зборот „манупулација“ е погрешно пренесен, нема прикривање на бројките, ќе се разгледува дали сите починати биле како последица на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-za-novatv-zborot-manupulacija-e-pogreshno-prenesen-nema-prikrivanje-na-brojkite-kje-se-razgleduva-dali-site-pochinati-bile-kako-posledica-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-za-novatv-zborot-manupulacija-e-pogreshno-prenesen-nema-prikrivanje-na-brojkite-kje-se-razgleduva-dali-site-pochinati-bile-kako-posledica-na-kovid-19/#respond Wed, 02 Feb 2022 09:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=625814

Новоименуваниот портпарол на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, во изјава за НоваТВ понуди објаснување на изјавата дадена во утринското гостување во „Утрински брифинг“ дека имало „манипулација со бројките на починати од Ковид 19“. Доктор Мехмедовиќ за НоваТВ вели дека зборот манипулација бил погрешно протолкуван, бидејќи не се работело за прикривање на бројки, туку за можна „погрешно водена статистика во однос на починатите лица со Ковид-19“. „Уште од самиот почеток на пандемијата имаше дилеми во јавноста дали сите лице кои се внесени во билтенот за починати од Ковид-19, починале како последица од вирусот или починале поради друга болест или состојба, а истовремено го имале вирусот во себе. Како примерот со лица кои животот го изгубиле во сообраќајна незгода, а кај нив постмортем бил детектиран и Сарс Ков2 вирусот, па и тие случаи се евидентирани како починати од корона вирусот“, вели доктор Мехемедовиќ и додава дека ваквите случаи кои починале носејќи го вирусот во себе, но не како последица од Ковид-19. Според доктор Мехмедовиќ, комплетната статистиката на починати, вкупно 8444 случаи ќе се ревидира со цел да се утврди колкумина од нив навистина починале како последица од корона вирусот. Комисијата ќе разговара и за евентуалнa промена во концептот на евиденција на лица кои починале како последица од Ковид-19. „На некои од следните состаноци ќе го разгледаме и ова прашање и ќе утврдиме на кој начин би можело да се направи селекција кои од починатите паочинале како последица од вирусот, а кои починале од некое друго заболување или во сообраќајна незгода, а во себе го имале и корона вирусот кој им бил детектиран по смртта“, вели Мехмедовиќ и додава дека билтенот на ИЈЗ не е шпекулативен, туку се работи во насока да се разграничи колку од пациентите навистика починале поради компликација од Ковид-19. Во однос на евентуални нови мерки за заштита од корона вирусот, доктор Злате Мехемдовиќ за НоваТв не открива дали оваа тема ќе биде отворена на следниот состанок на Комисијата во вторник. Инаку, утрово во гостување на „Утрински брифинг“ портпаролот на Комисијата за заразни болести изјави дека „има манипулација со бројките на починати од Ковид-19, за што ќе се разговара на Комисијата за заразни болести“. Тој рече оти факт било дека Северна Македонија е на шесто или седмо место во светот по бројот на починати. Инаку, во статистиките кои досега ги испраќаше Институтот за јавно здравје пишува дека лицата починале со Ковид-19, но не дали тие починале и како последица од вирусот или причината за смртта била поради компликација од некоја друга тешка хронична болест, бидејќи тоа може да се утврди само преку обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-za-novatv-zborot-manupulacija-e-pogreshno-prenesen-nema-prikrivanje-na-brojkite-kje-se-razgleduva-dali-site-pochinati-bile-kako-posledica-na-kovid-19/feed/ 0
Мехмедовиќ: Последен момент е да постигнеме колективен имунитет оти ќе се вратиме во ситуацијата од јануари 2020 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-posleden-moment-e-da-postigneme-kolektiven-imunitet-oti-kje-se-vratime-vo-situacijata-od-januari-2020/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-posleden-moment-e-da-postigneme-kolektiven-imunitet-oti-kje-se-vratime-vo-situacijata-od-januari-2020/#respond Wed, 02 Feb 2022 08:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=625733

Од вчера портпарол на Комисијата за заразни болести е д-р Злате Мехмедовиќ. Тој вели дека неговата позиција, исто како и членувањето на другите експерти, е неплатена и дека е потребна за информирање на популацијата која е склона да се приклонува кон непроверени информации и теории на заговор. -Тие дезинформации на социјалните мрежи направија сериозна штета и резултатот од тоа го гледаме денес, вели д-р Мехмедовиќ за Утрински брифинг. Познато е дека д-р Мехмедовиќ цврсто се залага за вакцинација, па дури и за некои професии за задолжителна вакцинација. Тој вели дека неговото членување во Комисијата не било условено со неговите ставови, а дека во Комисијата ќе се спротивстават различни ставови. -Мојот став за вакцинацијата, за училиштата, за тоа како треба да се следи пандемијата произлегува од искуствата на другите земји каде што прво поминуваа брановите на вирусот, вели д-р Мехмедовиќ. Во Велика Британија има околу 70 илјади вработени во здравствениот сектор кои одбиваат да се вакцинираат од различни причини. Мехмедовиќ вели дека кај нас не е познат бројот на невакцинирани здравствени работници. Но, додава тој, во Англија е специфична ситуацијата затоа што таму има висок степен на вакцинираност и на отпорност оти и голем дел од популацијата ја има прележано болеста. -Треба да го знаете имунитетот на популацијата за да носите мерки. Во Австрија, на пример, се брза да се постигне колективен имунитет, а таму е задолжителна вакцинацијата за сите. Во текот на овие две години вирусот се измени, а вакцината е создадена врз основа на првиот сој. Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во јануари 2020 година, вели Мехмедовиќ. Во врска со типот на вакцина, официјалната политика на државата е третата вакцина да биде Фајзер, вели д-р Мехмедовиќ. Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“. -Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ. На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки. -Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ. Носењето на протоколи е работа на Министерството за здравство, а не на Лекарската комора, но дијалог меѓу институциите мора да има. Ние ќе ги видиме досегашните упатства и начинот на кој се дисперзирани кај лекарите, вели Мехмедовиќ. Упатство за практикување на медицина базирана врз докази е она што популарно се нарекува „протоколи“ и тоа треба да се применува. -Во моментов притисокот врз болниците е голем и сериозен, но засега ситуацијата се држи под контрола. Засега треба да се користат постојните болнички капацитети, а се надевам дека нема да дојдеме во ситуација да мораме да ги искористиме сите капацитети, вклучително и модуларните болници кои мора да бидат безбедни и да имаат доволен број персонал во ситуација кога имаме голем број заразени медицински работници, вели д-р Злате Мехмедовиќ за Утрински брифинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mehmedovikj-posleden-moment-e-da-postigneme-kolektiven-imunitet-oti-kje-se-vratime-vo-situacijata-od-januari-2020/feed/ 0
Д-р Мехмедовиќ апелира: Затворете ги школите и преминете на онлајн настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-apelira-zatvorete-gi-shkolite-i-preminete-na-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-apelira-zatvorete-gi-shkolite-i-preminete-na-onlajn-nastava/#respond Mon, 20 Dec 2021 21:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=611004

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје бара од здравстените власти да воведат онлајн настава за учениците поради ширењето на сојот омикрон. -Има сериозна студија која што ја објави „Дискавери“, според која што хоспитализацијата кај повозрасните е намалена за 30%, но кога е во прашање омикрон, кај децата под 18-годишна возраст е зголемена за 20%. Тоа е сериозна бројка која што ни иницира дека треба сериозно да разгледаме за тоа да ги заштитиме младите и да не ги препуштаме толку лесно на вирусот и болеста и да сметаме дека лесно ќе поминат низ таа фаза на создавање имунитет. Онлајн настава е соодветно решение, вели Мехмедовиќ во својот апел даден во изјава за ТВ Сител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-apelira-zatvorete-gi-shkolite-i-preminete-na-onlajn-nastava/feed/ 0
Д-р Мехмедовиќ: Против омикрон ќе заврши работа и трета доза вакцина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-protiv-omikron-kje-zavrshi-rabota-i-treta-doza-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-protiv-omikron-kje-zavrshi-rabota-i-treta-doza-vakcina/#respond Mon, 13 Dec 2021 21:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=608045

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје смета дека, иако е рано, идно сценарио за четврта доза вакцина против коронавирусот сепак постои. -Третата бустер доза ќе биде сосема доволна, кога е во прашање сојот омикрон. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија, вели Мехмедовиќ во изјава за ТВ Канал 5. Според него, треба да бидеме подготвени во секој случај, без разлика на тоа која варијанта на вирусот е доминантна во моментов. -Постојат можности за четврта доза, вели Мехмедовиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mehmedovikj-protiv-omikron-kje-zavrshi-rabota-i-treta-doza-vakcina/feed/ 0