златен орел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Sep 2018 10:10:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златен орел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Златниот орел да се премести од брегот на Тиквешко Езеро во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zlatniot-orel-da-se-premesti-od-bregot-na-tikveshko-ezero-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zlatniot-orel-da-se-premesti-od-bregot-na-tikveshko-ezero-vo-kavadarci/#respond Tue, 11 Sep 2018 10:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=99315

Здружението за зачувување на природата  “Аквила” од Кавадарци бара од кавадаречката локална самоуправа, бронзената фигура на златниот орел кој е симбол на природните реткости во Kавадаречко, да се премести од досегашната локација на брегот на Тиквешко Езеро, во градот. Оваа информација за МИА ја потврди Томе Лисичанец, претседател на Здружението. - Сакаме оваа фигура да е подостапна и повидлива за домашните и странски гости. Министерството за животна средина пред неколку години додели по една различна бронзена фигура на два национални паркa и на Тиквешко Езеро како заштитена зона парк на природата, кои се најзначајни со природни реткости. Но, и тогаш сметавме, а и сега, дека станува збор за несоодветно место кое според нас, стана и заборавено. Билбордот пропадна многу брзо, појаснува Лисичанец. Тој нагласува дека во моментов, со поддршка на локалната самоуправа, се бара локација на која би можела да се премести фигурата на “златен орел”. Фигурата е симбол дека во регионот има присуство на светски и европски ретки птици грабливки, од кои и такви заштитени со закони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zlatniot-orel-da-se-premesti-od-bregot-na-tikveshko-ezero-vo-kavadarci/feed/ 0