златен венец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Mar 2022 11:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златен венец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонскиот поет Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/#respond Mon, 21 Mar 2022 11:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=650641

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна преобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди. -Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минаттот, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева. Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“. -Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро. Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат. Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони. Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика. -Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски. Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/feed/ 0
Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/#respond Mon, 21 Mar 2022 06:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=650382

Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година. Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот ден на поезијата – 21 Март. По прогласувањето ќе следува и поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети – членови во Македонскиот ПЕН Центар и во Друштвото на писателите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnicite-na-zlaten-venec-i-mostovi-na-struga-za-2022-godina/feed/ 0
Струшки вечери на поезијата во скратена форма, лауреатот на „Златниот венец“ ќе дојде идната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushki-vecheri-na-poezijata-vo-skratena-forma-laureatot-na-zlatniot-venec-kje-dojde-idnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushki-vecheri-na-poezijata-vo-skratena-forma-laureatot-na-zlatniot-venec-kje-dojde-idnata-godina/#respond Fri, 14 Aug 2020 10:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=390680

За да го зачува континуитетот што го има од 1961 година, фестивалот Струшки вечери на поезијата ќе се одржи и годинава и ќе ги има препознатливите програмски содржини, но во редуцирана форма и ќе трае пократко, од 28 до 30 август. Како што соопшти дирекцијата на фестивалот, Комисијата за заразни болести го одобрила подготвениот протокол за негово организирање. -Сегашните околности дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, поради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање како и видеочитање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60-то издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен „Златниот венец“, заедно со лауреатот за 2021 година, соопштија од СВП. Повеќе од 30 домашни и странски поети ќе учествуваат на главните фестивалски читања. Дел од програмата ќе бидат и петте кандидати од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ која што ќе биде доделена и оваа година за најдобра поетска збирка помеѓу две изданија на СВП, а ќе бидат застапени и слем-поети од земјава и од странство. Согласно со протоколите за организација на настани во услови нa пандемија, СВП подготви предлог-протокол за одвивање на фестивалот, што беше одобрен од Комисијата за заразни болести. За намалување на ризикот од ширење на вирусот, како и заштита на здравјето на учесниците и на публиката, оваа година има измена на локацијата на одржување на фестивалот. Најсоодветна алтернатива за организација на програмата, наведуваат од СВП, е покриената тераса на хотел „Дрим“, на која и вообичаено се одвиваат дел од програмските активности во редовните изданија на фестивалот. – Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, но програмата на фестивалот, почнувајќи од минатогодишното издание, целосно се пренесува во живо на официјалниот Јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од поширок аудиториум. Престојот на учесниците е регулиран согласно протоколите за работа на хотелот во услови на пандемија. Ќе има обезбеден организиран превоз за учесниците на релација Скопје – Струга – Скопје, а избраниот економски оператор е должен да ги спроведува протоколите за превоз на патници во услови на пандемија, се наведуива во соопштението од дирекцијата на Струшки вечери на поезијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushki-vecheri-na-poezijata-vo-skratena-forma-laureatot-na-zlatniot-venec-kje-dojde-idnata-godina/feed/ 0
Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златен венец“ за 2018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/#respond Wed, 21 Mar 2018 11:45:06 +0000 http://kurir.mk/?p=31780

Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златен венец“ за 2018 година, информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. Свечената ​седница на Советот за доделување на наградата „Златен венец“, Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ беше одржана денес во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Полскиот поет испратил порака по повод добивањето на наградата. Вели дека никогаш досега не бил во Струга – но не треба да се биде таму физички, за да се знае легендата за тој фестивал и таа награда, за да се знае колку посебна е листата на одликувани поети. -Исто така, очигледно е дека тука нема место за политички критериуми, се смета само убавата поетска уметност. Убеден сум дека секој постар поет, не само што се сеќава дека бил млад поет и што тоа значело, колкава била во тоа надежта и очекувањето, моментите на обескураженост и верба, исто така несигурност, дури и покорност (наспрема гордоста и ароганцијата), но во суштина сé уште, до крајот, останува тој младиот обесхрабрен човек кој се запрашува: дали јас го заслужувам ова одликување, оваа чест. Да не се работи за некаква грешка? Пишувањето стихови сепак е постојано почнување одново, тука нема рутина, само очекување на следниот дар од тоа што некогаш го нарекувавме вдахновение, а на што денес немаме добар назив. Нема искусни поети, има само дебитанти. Вистина е дека постои вечна претпазливост кон светот, кон јазикот, кон вообразбата, но тоа е само почетна точка, потребна и недоволна, се наведува во пораката на Загајевски. -Поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека исто така немаат сосема обични, човечки емоции. Затоа нема да кријам: оваа награда претставува огромна чест за мене, ми носи радост, се радувам дека ете и јас од овој миг ќе фигурурам помеѓу поетите – многумина веќе преминале на оној свет – на кои им се воодушевувам, на кои не им сум достоен. За среќа никој сам не си доделува награди и мораме да им веруваме на тие кои пишуваат до нас добри зборови. Му благодарам на жирито, им благодарам на поетите на Македонија, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/polskiot-poet-adam-zagajevski-e-dobitnik-na-zlaten-venec-za-2018/feed/ 0
Прогласување на добитникот на „Златниот венец“ за 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/#respond Wed, 21 Mar 2018 07:10:55 +0000 http://kurir.mk/?p=31671

Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата денеска, традиционално на Светскиот ден на поезијата 21 Март, ќе го прогласат добитникот на наградата „Златен венец“ за 2018 година. Прогласувањето на венценосецот на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде во Македонската академија на науките и уметностите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proglasuvanje-na-dobitnikot-na-zlatniot-venec-za-2018-godina/feed/ 0