Златибор Лончар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 09:35:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Златибор Лончар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарскиот и српскиот министер за здравство ги посетија повредените српски деца во хотелот во Стара Загора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-i-srpskiot-minister-za-zdravstvo-gi-posetija-povredenite-srpski-deca-vo-hotelot-vo-stara-zagora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-i-srpskiot-minister-za-zdravstvo-gi-posetija-povredenite-srpski-deca-vo-hotelot-vo-stara-zagora/#respond Mon, 15 Aug 2022 09:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=718690

Двајцата министри за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и на Србија, Златибор Лончар го посетија хотелот во Стара Загора, во кој беа сместени српските деца и возрасните по вчерашната несреќата на автопатот Тракија, јави дописникот на МИА од Софија. Двајцата министри заедно создадоа организација за нивно транспортирање, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија. По договорите, 3 тима за реанимација тргнаа од Стара Загора кон границата меѓу Бугарија и Србија. Тие се очекува да бидат таму напладне, каде ќе им бидат предадени на српските здравствени власти, а ќе ги пречека српскиот министер за здравство. Повредените српски деца веќе заминале на детското одделение во најголемата болница „Н.Пирогов” во Софија, каде ќе продолжи нивното лекување. Делот каде што синоќа се случи несреќата на автопатот Тракија сега е отворен, а од неа е отстранет српскиот автобус, но има уште едно место каде експертите повторно ќе влезат за да направат увид за состојбата и причините кои довеле до несреќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-i-srpskiot-minister-za-zdravstvo-gi-posetija-povredenite-srpski-deca-vo-hotelot-vo-stara-zagora/feed/ 0
Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-vo-srbija-dosega-se-vakcinirale-rechisi-15-000-makedonski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-vo-srbija-dosega-se-vakcinirale-rechisi-15-000-makedonski-gragjani/#respond Tue, 20 Apr 2021 12:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=499814

Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче. – Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача Лончар Тој нагласи дека имаме нешто помалку од 12 недели да постигне договор за тоа, додавајќи дека и сега додека трае прес-конференцијата некои граѓани на Северна Македонија се вакцинираат во Србија. – Им излегуваме во пресрет на сите македонски граѓани кои имаат некоја причина да бидат тука и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина заради тоа што сметаме дека овој проблем не може да го реши една држава само во рамките на нејзините граници. Ова е многу поголем проблем и колку ќе им биде подобро на нашите соседи, толку ќе ни биде подобро и на нас. Во секој случај ја продолжуваме соработката и си помагаме едни на други во корист на граѓаните, рече Лончар во одговор на новинарско прашање. Прашан дали може во Србија да се вакцинираат и македонските граѓани кои немаат постојан престој, рече дека и тоа е можно. – Граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да дојдат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку спроведуваме нови акции. Ако нема никаков друг основ не доаѓајте, им порача Лончар на македонските граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-vo-srbija-dosega-se-vakcinirale-rechisi-15-000-makedonski-gragjani/feed/ 0
Филипче денеска во посета на „Торлак“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/#respond Tue, 20 Apr 2021 05:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=499570

Министерот за здравство Венко Филипче, со претставници од Министерството за здравство, денеска ќе заминат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. – Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, таа соработка која ја имаме во размена на експертизата, нивни експерти тука во делот на гинекологијата, неонатологијата, кардиохирургијата и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од „Торлак“. Во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијата, има разни најави, не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата, изјави минатата недела Филипче. Вчeра попладне пристигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која Министерството за здравство ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираа од Министерството за здравство. Претходно, беше најавено дека втората пратка од „Фајзер“ со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител. Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи. Во земјава досега се вакцинирани над 35 илјади граѓани. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а активни се 19.041 случај. Според епидемиолошки анализи, најмногу активни има во Скопје – 8676, потоа следи Битола – 1236, Куманово – 1209, Прилеп – 935, Охрид – 846, Велес – 698, Тетово – 672, Струмица – 549. Во другите градови има под 500 заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/feed/ 0
Лончар: Укинувањето на ПЦР тестот за влез во Србија по 10 јануари зависи од епидемиолошката состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-ukinuvanjeto-na-pcr-testot-za-vlez-vo-srbija-po-10-januari-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-ukinuvanjeto-na-pcr-testot-za-vlez-vo-srbija-po-10-januari-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/#respond Fri, 08 Jan 2021 14:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=452899

Дали по 10 јануари ќе бидат продолжени строгите мерки на границите на Србија, кои за странските државјани вклучуваат задолжителен негативен ПЦР-тест или десетдневен карантин за српските граѓани кои се враќаат, исклучиво ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој апелираше до сите да не излегуваат прерано со ставови дека мерките ќе бидат олабавени, ќе останат исти или ќе бидат построги, бидејќи тоа предизвикува конфузија кај граѓаните. Како што кажа, сè ќе зависи од епидемиолошката состојба во тој момент – колку прегледи има, колку лица се заразени, пополнетоста во болниците, покриеноста со вакцинација. – Само врз основа на тоа ќе донесеме мерки. Нашата цел не е да малтретираме некого и да го отежнуваме патувањето. За нас заштитата на граѓаните и здравствениот систем е на прво место, рече Лончар. Тој додаде дека, ако ситуацијата е добра, ќе се стори се што е можно за полесно влегување и излегување на граѓаните во Србија. – Се зависи од нас. Ако постапиме според препораките, ќе имаме подобри резултати, ќе можеме да ги релаксираме тие мерки, рече Лончар. Тој информира дека досега повеќе од 3.000 корисници во домовите за стари лица и околу 4.000 здравствени работници примиле вакцина против коронавирус и дека планот е до крајот на неделава да се вакцинираат уште околу 3.000 лица. Лончар исто така рече дека е направен распоред и план за имунизација и дека 95 отсто од вакцините се веќе на локациите каде што ќе бидат применети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-ukinuvanjeto-na-pcr-testot-za-vlez-vo-srbija-po-10-januari-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/feed/ 0
Лончар: Србија се подготвува за најлошо сценарио во борбата против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-srbija-se-podgotvuva-za-najlosho-scenario-vo-borbata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-srbija-se-podgotvuva-za-najlosho-scenario-vo-borbata-protiv-kovid-19/#respond Mon, 26 Oct 2020 14:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=420833

Се зголемува бројот на лица заразени со коронавирус, но исто така и бројот на пациенти во болниците, изјави денеска српскиот министер за здравство, Златибор Лончар. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар истакна дека искористениот капацитет на ковид болниците во Белград „надминува 60-70 отсто“ и дека „14-15 пациенти“ се веќе сместени во привремената болница во Арена. Лончар по средбата со директорите на ковид болниците кажа дека во Србија е зголемен бројот на прегледи и на хоспитализирани поради инфекција со коронавирус. – Кога ги имаме тие бројки, тогаш можеме да претпоставиме дека ќе има поголем број луѓе на респиратори за дишење и оние кои, за жал, ќе починат. Не постои здравствен систем што може да прими половина од граѓаните на таа земја, кажа Лончар. Тој апелираше до граѓаните да се пријават на време во ковид амбулантите веднаш штом ќе се појават првите симптоми. Како што рече, се подготвуваат и ковид болниците во Батајница и Крушевац, со по 1.000 места, во кои ќе работат над илјада здравствени и немедицински работници. – Ние се подготвуваме за најлошото сценарио, следиме што се случува во регионот и Европа, мислам дека се опуштивме повеќе отколку што требаше. Србија се уште има добар резултат, но сè може да се промени ако не се почитуваат мерките. Апелирам до сите граѓани да не играме „мачка и глувци“ со мерките, бидејќи мора да размислуваме и за пациенти кои страдаат од други болести, изјави Лончар. За воведувањето нови мерки тој кажа дека е потребна рамнотежа меѓу мерките и функционирањето на државата. – Ако сакате да обезбедите лекови, плати за вработените, нови болници, тоа не може да се постигне ако затворите сè. Не се мерките тие кои ќе ја победат короната, тоа е нашата свест, кажа министерот. Српскиот ретседател Александар Вучиќ вчера изјави дека „последнава недела е една од најтешките во Србија со дневно регистрирани 600 до 700 заболени, а дека се очекуваат и над 1.000 заразени“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lonchar-srbija-se-podgotvuva-za-najlosho-scenario-vo-borbata-protiv-kovid-19/feed/ 0
И Лончар потврди: Во Србија прв случај на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-lonchar-potvrdi-vo-srbija-prv-sluchaj-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-lonchar-potvrdi-vo-srbija-prv-sluchaj-na-koronavirus/#respond Fri, 06 Mar 2020 09:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=312886

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар на вонредна прес-конференција денеска изјави дека во Србија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус. Лончар објасни дека станува збор за маж на возраст од 43 години од Суботица, кој неколку пати бил во Будимпешта и ги имал сите знаци кои биле слични на коронавирус или вирусна пневмонија. Пациентот се чувствува добро и нема никакви проблеми, информира Лончар. – Ветивме дека ќе бидеме исклучително транспарентни и оти веднаш ќе ја известиме јавноста. Она што го очекувавме се случи, и беше прашање на часови кога ќе се случи, а тоа е дека го имаме првиот позитивен случај на коронавирус, изјави српскиот министер за здравство. До 6 март, во Србија вкупно се тестирани 60 лица, кај кои не е регистриран новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-lonchar-potvrdi-vo-srbija-prv-sluchaj-na-koronavirus/feed/ 0
Србија ги подготви болниците и касарните за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-podgotvi-bolnicite-i-kasarnite-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-podgotvi-bolnicite-i-kasarnite-za-koronavirus/#respond Tue, 25 Feb 2020 07:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=308407

Доколку се појави новиот коронавирус во Србија, нема да биде крај на светот, бидејќи сме подготвени да реагираме, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар. – Разговарав со министерот за одбрана Александар Вулин – болниците и касарните, како и некои приватни објекти ќе бидат обезбедени за евентуално сместување на заразени од коронавирусот, рече Лончар. Тој истакна дека важно е граѓаните да не паничат и да знаат дека се што прави државата е во договор со Светската здравствена организација (СЗО). Лончар вели дека во Србија никој не е позитивин на новиот вирус и дека на клиниката за инфективни болести се испитуваат тројца кои имале врска со Кина. – Воведовме ново правило – на сите гранични премини – се мери температура со бесконтактни топломери на сите кои влегуваат во Србија. Посебно се посветува внимание на патниците од Кина, но и од Италија, рече Лончар. На граѓаните им се советува да не патуваат во северна Италија и во загрозените подрачја. Инаку, директорот на СЗО за Европа, Ханс Тлуге денеска е во посета на Србија. Во Рим, пак, денеска ќе се одржи состанок на министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија посветен на сузбивање на новиот коронавирус. Во Италија повеќе од 220 лица се заразени со новиот коронавирус, додека седум починаа. Тоа е најголем број на случаи надвор од Азија. Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц претходно најави мерки на превенција, меѓу кои и предупредување за граѓаните да не патуваат во соседна Италија. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска е подготвена за сите мерки што треба да ги преземе за да го превенира ширењето на новиот коронавирус, вклучително и координација на активностите со италијанската Влада. Во меѓувреме премиерот на Словенија, Марјан Шарец изјави дека е подготвен и да ги затвори границите доколку се зголеми ризикот од новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-gi-podgotvi-bolnicite-i-kasarnite-za-koronavirus/feed/ 0