Златко Димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jul 2018 06:53:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Златко Димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Викендов 45. Галичка свадба, концерт во пресрет на манифестацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-45-galichka-svadba-koncert-vo-presret-na-manifestacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-45-galichka-svadba-koncert-vo-presret-na-manifestacijata/#respond Fri, 13 Jul 2018 06:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=76273

Во пресрет на 45. Галичка свадба која ќе се одржи викендов, на платото пред чешмата Упија во Галичник вечер од 22 часот ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што ќе почне и Галичкото културно лето. Во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина, утре  со поставување на свадбарското знаме ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа и Златко Димовски, кои се избрани во конкуренција од четири пара. Дваесет и девет годишната Лепческа изјави дека е особено среќна што е избрана за невеста, затоа што и самата учествувала во оваа манифестација од својата петта година и ја смета за најавтентична и најтрадиционална свадба на сите простори. Димовски, пак, вели добро се подготвил и ги научил свадбарските обичаи кои се карактеристични за галичката свадба. Двајцата работат во приватни компании и живеат во Скопје. Александар Костиќ претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата на прес-конференцијата изјави дека се горди што Галичката свадба од Агенцијата за поддршка на туризмот беше прогласена за најуспешна туристичка манифестација за минатата година, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа. - Овие признанија се само уште една причина Галичка свадба да продолжи да го негува македонското културно богатство и да биде негов промотор во целиот свет, рече Костиќ, кој годинава најави збогатени содржини за посетителите на манифестацијата со учество на голем број познати уметници. Покровител на манифестацијата годинава е премиерот Зоран Заев. Во негово име на младоженците среќа, бериќет и незаборавни свадбарски денови им посака министерот без ресор Роберт Поповски. - Владата во континуитет ја поддржува Галичката свадба и верувам и очекувам дека таа поддршка ќе продолжи да се зголемува затоа што манифестацијата од година во година добива во квалитет, а тоа го потвдуваат и заинтересираноста на светски тв куќи. Галичник е епицентарот на македонската култура, традиција, обичаи, култура, уметност низ вековите, рече Поповски. Свадбарските обичаи ќе започнат утре наутро со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ младенците ќе го кажат  в недела во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови. На манифестцијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-45-galichka-svadba-koncert-vo-presret-na-manifestacijata/feed/ 0
Тања и Златко – ова се младоженците за Галичка свадба 2018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanja-i-zlatko-ova-se-mladozencite-za-galichka-svadba-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanja-i-zlatko-ova-se-mladozencite-za-galichka-svadba-2018/#respond Thu, 05 Jul 2018 11:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=73431

Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Александар Костиќ претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата изјави дека се горди што Галичката свадба од Агенцијата за поддршка на туризмот беше прогласена за најуспешна туристичка манифестација за минатата година, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа. - Овие признанија се само уште една причина Галичка свадба да продолжи да го негува македонското културно богатство и да биде негов промотор во целиот свет, рече Костиќ, кој годинава најави збогатени содржини за посетителите на манифестацијата со учество на голем број познати уметници. Покровител на манифестацијата годинава е премиерот Зоран Заев. Во негово име на младоженците среќа и бериќет и незаборавни свадбарски денови им посака министерот без ресор Роберт Поповски. - Честитам што успеавте на тендерот за младенци вие да добиете. Галичката свадба е една од најспектакуларните културни манифестаџции во РМ. Владата во континуитет ја поддржува Галичката свадба и верувам и очекувам дека таа поддршка ќе продолжи да се зголемува затоа што манифестацијата од година во година добива во квалитет, а тоа го потвдуваат и заинтересираноста на светски тв куќи. Галичник е епицентарот на македонската култура, традиција, обичаи, култура уметност низ вековите, рече Поповски кој и самиот е од Галичник. галичка свадба 2018 прес На младоженците честитки им упати и Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара која традиционално ја поддржува манифестацијата, затоа што вели, е бренд за традиционални вредности. Дваесет и девет годишната Лепческа изјави дека е особено среќна што е избрана за невеста, затоа што и самата учествувала во ова манифестација од својата петта година и ја смета за најавтентична и најтрадиционална свадба на сите простори. Избрани биле во конкуренција од четири пара. Димовски, пак, вели добро се подготвил и ги научил свадбарските обичаи кои се карактеристични за галичката свадба. Двајцата работат во приватни компании и живеат во Скопје. Свадбарските обичаи ќе започнат во сабота на 14 јули, со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ ќе го кажат во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ в недела. Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови. На манифестцијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе. Со Галичката свадба започнува и Галичкото културно лето кое официјлно ќе биде отворено на 13 јули на платото пред чешмата Упија со настап на Влатко Стефановски и оперската певица Весна Ѓиновска Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд Офф“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanja-i-zlatko-ova-se-mladozencite-za-galichka-svadba-2018/feed/ 0
Димовски: На командант Хоџа не може да му се даде сертификат за класифицирани информации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-na-komandant-hodza-ne-moze-da-mu-se-dade-sertifikat-za-klasificirani-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-na-komandant-hodza-ne-moze-da-mu-se-dade-sertifikat-za-klasificirani-informacii/#respond Wed, 09 May 2018 08:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=51888

Професорот Златко Димовски од факултетот за Безбедност појаснува дека командантот Хоџа за да го работи она за кое што е назначен, ќе треба да добие безбедносен сертификат кој според Димовски, не може да го добие. -Она што е многу важно е дека ако работи со класифицирани информации ќе треба да добие сертификат за класифицирани информации, а согласно постојната законска регулатива, не верувам дека ќе може да добие сертификат за достап до класифицирани информации затоа што има таму точно одредени критериуми кој може да добие, кој не може истакна Димовски. Тој рече дека тоа што командантот Хоџа се наоѓа на црната листа на САД не игра некоја важна улога конкретно во законодавниот систем. Меѓутоа ако правилно се имплементираат одредбите кои ги има Македонија тешко ќе може Командантот Хоџа да има допир со класифицирани информации. - Црната листа не игра улога конкретно во нашиот законодавен систем меѓутоа она што ние имаме одредено ако правилно се имплементира, а до сега барем тоа е случај едноставно тешко ќе може да има допир до класифицирани информации, посочи Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-na-komandant-hodza-ne-moze-da-mu-se-dade-sertifikat-za-klasificirani-informacii/feed/ 0