Златна камера 300 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 06:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Златна камера 300 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ збогатен со кинематограферот Ентони Дод Ментл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/#respond Tue, 16 Aug 2022 06:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=719107

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Од ИФФК „Браќа Манаки“ посочуваат дека со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина. Дод Ментл, во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, а годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“. Богата е кинаматографската кариера на Ентони Дод Ментл, еден од творците на оригинален дански филмски израз/тренд, соработува со бројни режисери, а триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл , филм со кој, истата година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki-zbogaten-so-kinematograferot-entoni-dod-mentl/feed/ 0
Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-jani-peteri-pasi-od-finska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-jani-peteri-pasi-od-finska/#respond Tue, 21 Sep 2021 19:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=566614

Кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска во чии раце беше камерата за филмот „Купе број 6“ е годинешен добитник на златната „Камера 300“ што ја доделува жирито на ИФФК „Браќа Манаки“. Годинешениот лауреат во видео обраќање истакна дека е почестен и изненаден од највиското фестивалско признание. – Благодарам на сите што го гледаа филмот, благодарам на новинарите, на жирито, благодарам што ми овозможивте да ми се случи нешто убаво. Во оваа прилика им честитам на сите колеги што учествуваа на фестивалот и се надевам дека следната година ќе се видиме и сретнеме во Битола, рече меѓудругото Јани-Петери Паси, кој е втор кинематографер во историјата на фестивалот што по втор пат добил златна „Камера 300“. Со одлука на меѓународното жири, сребрената „Камера 300“ му припадна на данскиот кинематографер Каспер Туксен, додека пак бронзена „Камера 300“ жирито додели на Рубен Импенс, кинематографер во францускиот филм „Титаниум“. ИФФК „Браќа Манаки“ ја продолжи востановената традиција и додели мала „Камера 300“ за кинематографер кој учествувал во снимањето на краткометражен филм. Со одлука на жирито ова одличје и припадна на кинематограферката Жоана Силва Фернандес која е дел од тимот на филмот „Низ маглата“. -И покрај се, успеавме да ја продолжиме магијата и да ја отсонуваме нашата приказна. По доаѓањето во вашето и наше прекрасно пристаниште – Битола, како одеднаш да запреа сите бури и ветрови што дотогаш жестоко ни се закануваа нам, и на нашиот фестивалски брод. По 16-ти септември нашата пловидба стана мирна и одеднаш со битолската публика минавме шест беспрекорни денови со извонредна програма, офф-програма, дружење до деца кои гледаа детски филм, прес конференции…се течеше како што човек може да посака, истакна директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески на затворањето на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-jani-peteri-pasi-od-finska/feed/ 0
„Златна камера 300“ за кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-kjong-pjo-hong-od-juzna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-kjong-pjo-hong-od-juzna-koreja/#respond Sun, 30 Sep 2018 05:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=108068

Кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја, е годинешен добитник на наградата „Златна камера 300“, највисоко фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Пјо Хонг припаѓа насредната генерација јужнокорејски кинематографери,  потпишал околу 24 кратки и играни филмови,  а на фестивалот во Битола, меѓународното жири го награди за неговото мајсторство со камерата во филмот „Горење“. - Најубава филмска приказна, прекрасно изведена во која со секое снимање со камерата се пренесува некакво чувство. Совршена комбинација на забава и уметност снимена на начин кој природно ја доловува приказната. Станува збор за одлично дело бидејќи Пјо Хонг со својата камера успеа да ја стави публиката во главата на главниот актер, истакна Олимпија Митилинеу, претседател на фестивалското жири и дополни дека при жирирањето и одлучувањето го имале предвид квалитетот на филмот и улогата на камерата како рамноправен учесник во сите елементи на филмската целина. Кјонг-Пјо Хонг првиот филм, „Низок лет“, го снимил во 1998 година, а меѓу позначајните филмски остварувања на јужнокорејскиот кинематографер се и филмовите „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“ и други. На фестивалската сцена во Битола, „Сребрена камера 300“ беше врачена на францускиот кинематографер Ерик Готје, за филмот „Пепелта е најчисто бело“, а во кој главните актери говореа на кинески мандарински јазик, што предизвика дополнителен интерес кај македонската публика, додека пак,  „Бронзена камера 300“ беше доделена на кинематограферот од Полска, Лукаш Жал, дел од екипата што го сними филмот „Студена војна“. Според востановената традиција на ИФФК „Браќа Манаки“ беше доделена и „Мала камера 300“ за кинематографер што учествувал во снимањето на краток филм, а годинава со тоа признание се здоби Адрик Вотсон од Австралија. На публиката и учесниците во организацијата на фестивалот јавно им се заблагодари директорката Гена Теодосиевска, а покана за учество на следното јубилејно издание, упати градоначалникот на Битола, Наташа Петровска. - Овие денови имавме можности за многу дружење со филмаџиите, уметниците, кинематограферите и студентите кои се подготвуваат за влез во филмската индустрија. Посакувам спомените од овој престој во Битола да останат живи до следната година, кога со широки прегратки ние битолчани ве очекуваме на 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, порача Петровска. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zlatna-kamera-300-za-kinematograferot-kjong-pjo-hong-od-juzna-koreja/feed/ 0
На ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува натпреварот за „Златна камера 300“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/#respond Wed, 26 Sep 2018 06:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=106039

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со проекции на филмовите што конкурираат за „Златна камера 300“, а паралелно се реализираат сите фестивалски програми. Претпладнево во рамки на програмата за деца ќе биде емитуван норвешно-шведскиот филм „Лос Бандо“, а надвор од конкуренција, во текот на денот, ќе бидат емитувани и филмовите „Кратки зборови“ од Турција, „Комик Санс“ од Хрватска и „Завојувана жена“, копродукциски филм на тимови од Исланд, Франција и Украина. Во натпреварот за најдобар краток филм денес ќе учествуваат американскиот филм „Зора“ и грчкиот филм „Лажни вести“, додека пак од селектираните филмови во официјална конкуренција, на филмското платно во големата сала на НУ Центар за култура-Битола ќе бидат емитувани копродукцискиот филм „Фокстрот“ на филмаџии од Израел, Швајцарија, Франција и Германија, а во 22 часот ќе биде емитуван и филмот „Нико 1988“ во италијанско-белгиска копродукција. Според фестивалската програма во текот на денот на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе продолжат работилниците за студенти, како и други отворени содржини како што се балканската конференција на ИМАГО и изложбата посветена на големиот јубилеј – 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/feed/ 0