златна лира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Oct 2021 06:05:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златна лира – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на пијанистките Костова и Базгалоска на фестивалот „Златна лира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkite-kostova-i-bazgaloska-na-festivalot-zlatna-lira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkite-kostova-i-bazgaloska-na-festivalot-zlatna-lira/#respond Fri, 22 Oct 2021 06:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=583476

Дуото пијанистки Нина Костова и Ивона Базгалоска вечер од 20 часот ќе имаат концерт во Музејот на македонската борба во рамки на фестивалот „Златна лира“. На програмата се дела од романтичниот пијанистички репертоар, од композиторите Сергеј Рахмањинов, Едвард Григ и Петар Илич Чајковски. Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), организатор на фестивалот „Златна лира“, наведува дека при селекцијата на програмата ги има предвид остварувањата на плејада реномирани уметници македонски пијанисти кои својот израз го градат и преку камерното музицирање. – Ваквата традиција продолжува и на годинашното фестивалско издание, чијашто програма вклучува дури три концерти на пијано дуо состави, соопшти СМУМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkite-kostova-i-bazgaloska-na-festivalot-zlatna-lira/feed/ 0
Концерт на триото „Аура“ и доделување награди за крај на 13. „Златна лира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-trioto-aura-i-dodeluvanje-nagradi-za-kraj-na-13-zlatna-lira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-trioto-aura-i-dodeluvanje-nagradi-za-kraj-na-13-zlatna-lira/#respond Thu, 31 Oct 2019 06:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=258099

Со настап на камерното трио „Аура“, во состав:  Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано), вечер ќе заврши 13. Фестивал на камерна музика „Златна лира 2019“, кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На завршната вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе бидат доделени и традиционалните награди „Златна лира“ – за успешна работа во текот на изминатата година ќе му биде доделена на баритонот и композитор Горан Начевски, а за животно дело ќе ја добие контрабасистот Велко Тодевски, долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Триото „Аура“ на вечерашниот концерт за затворање на „Златна лира 2019“ ќе изведе композиции од Лефебр, Коетсиер, Димушевски и Пјацола.  Фестивалот почна на 16 октомври и на програмата имаше седум камерни концерти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-trioto-aura-i-dodeluvanje-nagradi-za-kraj-na-13-zlatna-lira/feed/ 0
Седум камерни концерти на фестивалот „Златна лира“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-kamerni-koncerti-na-festivalot-zlatna-lira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-kamerni-koncerti-na-festivalot-zlatna-lira/#respond Wed, 16 Oct 2019 06:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=252213

Со концерт на клавирското дуо Гелебешеви (Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев) вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворен 13. Фестивал на камерна музика „Златна лира 2019“, кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На програмата на концертот на Гелебешеви се дела од Брамс, Барбер, Равел и Росини. Во наредните денови во истиот простор на „Златна лира 2019“ ќе настапат и пијанистката Даница Стојанова, виолинистот и виолист Љубиша Кировски, триото „Аура“ и полските музичари Хенрик Блежеј на флејта и Тереза Кабан на пијано. -Во духот на традицијата, фестивалот и оваа година ќе им го отстапи својот подиум на младите уметници. На 28 и 30 октомври ќе настапат добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери 2019“: флејтистката Моника Трајковска, виолинистката Камелија Дукова, саксофонистот Стефан Неделковски и пијанистките Биљана Петровска, Лига Скриде и Дани Жоговска, соопшти СМУМ. Фестивалот ќе биде затворен на 31 октомври со настап на камерното трио „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано). На завршната вечер ќе биде доделена и традиционалнита награда „Златна лира“ – за успешна работа во текот на изминатата година ќе му биде доделена на баритонот и композитор Горан Начевски, а за животно дело ќе ја добие контрабасистот Велко Тодевски, долгогодишен професор на ФМУ во Скопје. Концертите ќе се одржуваат во Музејот на македонската борба. Влезот за посетители е слободен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sedum-kamerni-koncerti-na-festivalot-zlatna-lira/feed/ 0
Фестивалот „Златна лира“ почнува со камерен концерт на Темков и Каровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-zlatna-lira-pochnuva-so-kameren-koncert-na-temkov-i-karovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-zlatna-lira-pochnuva-so-kameren-koncert-na-temkov-i-karovski/#respond Fri, 19 Oct 2018 07:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=117011

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе почне фестивалот „Златна лира“ кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија-СМУМ. Со камерен концерт фестивалот ќе го отоврат флејтистот Страшо Темков и гитаристот Миле Каровски, кои ќе изведат дела од  Иберт,  Марино, Пјацола, Боса, Барток. Страшо Темков е еден од најуспешните музички уметници од својата генерација, кој со својата многустрана уметничка дејност ја промовира и зацврстува традицијата на интерпретација на дувачки инструменти во Македонија. Работи како професор по флејта на ФМУ во Скопје, каде е основач на квартетот флејти „Аулос“. Во 2017 година му беше доделена наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања. Миле Каровски учествувал на голем број меѓународни натпревари по класична гитара и добитник е на повеќе први награди и признанија. Во 2007 година е прогласен за апсолутен победник на натпреварот „Со крилјата на музиката“ во Софија. Каровски е активен учесник на концертната сцена во Македонија и Бугарија. Фестивалот „Златна лира“ е меѓународен, основан пред 12 години со цел да промовира и афирмира високи музички вредности. Секоја година учествуваат врвни уметници од различни земји и се реализираат соработки и проекти со повеќе музички асоцијации од Европа и светот. Влезот за концертите на фестивалот е слободен. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/festivalot-zlatna-lira-pochnuva-so-kameren-koncert-na-temkov-i-karovski/feed/ 0