златна малина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Apr 2022 09:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златна малина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Златна малина“ ја поништи наградата „Брус Вилис“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-malina-ja-ponishti-nagradata-brus-vilis/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-malina-ja-ponishti-nagradata-brus-vilis/#respond Fri, 01 Apr 2022 09:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656789

Организаторите на наградите „Златна малина“, коишто „му оддаваат почит“ на најлошиот филм на годината, ја поништија годинашната специјална награда посветена на Брус Вилис, откако неговото семејство соопшти дека глумецот се бори со афазија, пишува „Дејли мејл“. - По долго размислување и разговор, ’Златна малина‘ одлучи да ја укине наградата што му беше доделена на Брус Вилис, по неодамна објавенатанегова дијагноза, се вели во соопштението на организаторите. Инаку, овогодишните организатори на „Златна малина“ го номинираа Вилис за осум негови филмови оваа година во категоријата што годинава го носеше неговото име – „Најлошата изведба на Брус Вилис во филм од 2021 година“. На крајот, беше одлучено дека неговата улога во филмот „Вселенски грев“ (Cosmic Sin) е „победникот“. Cемејството на Вилис објави дека тој се повлекува од глумата поради дијагностицирана афазија. Како што се истакнува, тој се соочува со одредени здравствени проблеми кои се одразиле на неговите говорни и когнитивни способности. Изјавата беше потпишана од неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и сите негови деца. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zlatna-malina-ja-ponishti-nagradata-brus-vilis/feed/ 0
Одложено доделувањето на наградите „Златна малина“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/odlozeno-dodeluvanjeto-na-nagradite-zlatna-malina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/odlozeno-dodeluvanjeto-na-nagradite-zlatna-malina/#respond Tue, 17 Mar 2020 07:37:04 +0000 https://kurir.mk/?p=317568

Доделувањето на најнепосакуваните филсмки награди „Златна малина“ е откажно вчеравечер во Лос Анџелес, само неколку часа пред почетокот на церемонијата. -„Златната малина“ мораше да биде откажана бидејќи Лос Анџелес ги затвори сите големи сали каде би можело да се соберат повеќе од 50 луѓе. Без сала нема да го спроведеме доделувањето, истакна основачот на наградите Џон Вилсон. Засега не е познато дали и кога ќе биде закажан нов датум. „Златна малина“ е филмска награда која се доделува во неколку категории: најлош филм, најлош актер, најлоша оригинална песна, најлош режисер...Практично оваа награда е спротивна на Оскарите. Годинава за најлош филм се номинирани: "Cats", "A Madea Family Funeral” и "Rambo: Last Blood". Дел од номинациите на најлош актер отидоа кај Силвестер Сталоне и Џон Траволта. На изненадување на многумина, номиниран е и со Оскар наградениот филм „Џокер“ во категоријата најлошо бесчувствително непочитување кон човековиот живот и јавниот имот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/odlozeno-dodeluvanjeto-na-nagradite-zlatna-malina/feed/ 0