златна зора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 07:43:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златна зора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врховниот суд на Грција ќе одлучува за учеството на изборите на осудениот поранешен пратеник на Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrhovniot-sud-na-grtsija-ke-odluchuva-za-uchestvoto-na-izborite-na-osudeniot-poraneshen-pratenik-na-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrhovniot-sud-na-grtsija-ke-odluchuva-za-uchestvoto-na-izborite-na-osudeniot-poraneshen-pratenik-na-zlatna-zora/#respond Tue, 02 May 2023 07:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=829589

Врховниот суд на Грција денеска ќе ги разгледа доставените кандидатури на партиите за нивно учество на изборите на 21 мај, ќе донесе одлука кои од нив ги исполнуваат условите и критериумите, а меѓу партиите е и онаа на поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис осуден за формирање криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина. Национална партија –Грци, која во Грција се нарекува и „партијата на Касидиарис“, со промена на првиот човек се обиде за да го заобиколи постоечкиот закон што може да го блокира учеството на претстојните парламентарни избори во земјата, а Врховниот суд до крајот на денешниот ден ќе излезе со одлука. Грчкиот Парламент има изгласано закон и дополнителен амандман со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело. Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација Партијата  според истражувањата на јавното мислење во Грција, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот. Освен за партијата на Касидиарис, Врховниот суд на Грција ќе одлучува и за останатите партии кои доставија барање за учество на изборите на 21 мај, односно за вкупно 48 кандидатури на партии, коалиции или самостојни кандидати.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vrhovniot-sud-na-grtsija-ke-odluchuva-za-uchestvoto-na-izborite-na-osudeniot-poraneshen-pratenik-na-zlatna-zora/feed/ 0
Група маскирани членови на „Златна зора“ упаднаа на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/#respond Thu, 27 Apr 2023 08:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=828186

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“. -Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот. „Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupa-maskirani-chlenovi-na-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-sergej-andreevski-vo-solun/feed/ 0
Осудениот поранешен пратеник од Златна зора бара начин да го заобиколи законот и да учествува на изборите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osudeniot-poraneshen-pratenik-od-zlatna-zora-bara-nachin-da-go-zaobikoli-zakonot-i-da-uchestvuva-na-izborite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osudeniot-poraneshen-pratenik-od-zlatna-zora-bara-nachin-da-go-zaobikoli-zakonot-i-da-uchestvuva-na-izborite-vo-grtsija/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=820096

Поранешниот пратеник од Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, се обидува да најде начин да го заобиколи новиот закон што може да го блокира учеството на неговата партија на претстојните парламентарни избори во Грција и со друг партиски претседател да се најде на гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Партијата на Касидиарис „Национална партија –Грци“, според истражувањата на јавното мислење во земјата, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот. Меѓутоа, неодамна, грчките пратеници изгласаа закон со кој се забранува, на изборите да учествува партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело, па така, се чини дека Касидиарис бара алтернативен начин за учество. Медиумите во Грција објавија дека поранешниот заменик- обвинител од Врховниот суд, Анастасиос Канелопулос е подготвен да се кандидира за претседател на партијата и да го презеде кормилото од Касидиарис.Информациите ги потврдил и самиот Канелопулос, објаснувајќи дека се во тек преговорите за тоа кој ќе биде лидерот на партијата кој и официјално ќе ја достави кандидатурата за изборите на 21 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osudeniot-poraneshen-pratenik-od-zlatna-zora-bara-nachin-da-go-zaobikoli-zakonot-i-da-uchestvuva-na-izborite-vo-grtsija/feed/ 0
Судот во Атина ги отфрли барањата за суспензија на затворската казна за двајца осудени поранешни членови на Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-atina-gi-otfrli-baranjata-za-suspenzija-na-zatvorskata-kazna-za-dvajca-osudeni-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-atina-gi-otfrli-baranjata-za-suspenzija-na-zatvorskata-kazna-za-dvajca-osudeni-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora/#respond Mon, 19 Dec 2022 14:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=777664

Грчкиот суд денеска ги отфрли барањата за привремено одложување на издржувањето на затворската казна за поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис и европратеникот Јанис Лагос и двајцата осудени на 13 години затвор, јави дописничката на МИА од Атина. На денешното 17-то рочиште беа присутни двајцата поранешни членови на Златна зора, кои се осудени за формирање и учество во криминална организација, а во нивниот исказ пред судот, бранејќи го барањето за суспензија доставено во средата, рекоа дека првостепената пресуда е политичка, а не правна. Поранешниот пратеник Касидиарис, кој сега има свој партија, тврдеше дека се соочува со истото со кое што се соочуваа градоначалникот на Истанбул, а Грција ја спореди со Турција и Северна Кореа и додаде дека сето ова е за да биде исклучен од следните избори, бидејќи како што рече, неговата партија, според истражувањата на јавното мислење, ќе добие доволен број гласови за влез во Парламентот. Паралелно, адвокатот на европратеникот Лагос побара да биде изземена обвинителката која предложи да бидат одбиени барањата, меѓутоа и новата беше со идентичен став. Во судницата и на денешното рочиште, присутни беа и околу 60 поддржувачи на осудените поранешни членови на Златна Зора. Судењето против Златна зора на средината на јуни почна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен. На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат. Во обемниот судски процес, осудени беа 50 лица. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, меѓу кои и Касидиарис и Лагос добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-atina-gi-otfrli-baranjata-za-suspenzija-na-zatvorskata-kazna-za-dvajca-osudeni-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora/feed/ 0
Осудените поранешни членови на Златна зора Касидиарис и Лагос бараат суспензија на затворската казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/#respond Wed, 14 Dec 2022 14:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=775558

Барања за суспензија на издржувањето на затворската казна, преку нивните адвокати, доставија поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис и поранешниот европратеник од партијата Јанис Лагос, кои се осудени на 13 години затвор за формирање и учество во криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина. На денешното 16-то рочиште од повторното судење против Златна зора, во судницата беа присутни и поддржувачи на осудените пратеници, како и самиот Касидиарис. Ова е прво негово барање за суспензија на 13-годишната затворска казна, а неговата адвокатка објасни дека веќе има одлежано десет години, а престојот во затвор во затворот му предизвикува „ непоправлива штета“. -Имам да кажам дека издржувам затворска казна за мојата долгогодишна борба против корупцијата. Се чувствувам оправдано, сето она што го зборував се докажува во странски земји, од странски судски системи дека е вистина. Овој домашен систем што незаконски ме затвори не прави такво нешто, рече Касидиарис на почетокот од неговиот исказ пред судот, кое наликуваше на политички говор. Исто барање за ослободување, достави и поранешниот европратеник Јанис Лагос, кое е негово трето барање, откако првите две беа одбиени. Денешното рочиште беше прекинато и ќе продолжи во понеделник, кога ќе биде соопштена одлуката за барањата на Касидиарис и Лагос. Судењето против Златна зора на средината на јуни почна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен. На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат. Во обемниот судски процес, осудени беа 50 лица. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, меѓу кои и Касидиарис и Лагос добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/feed/ 0
Адвокатот на Златна зора повторно поздрави нацистички во судницата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/advokatot-na-zlatna-zora-povtorno-pozdravi-nacistichki-vo-sudnicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/advokatot-na-zlatna-zora-povtorno-pozdravi-nacistichki-vo-sudnicata/#respond Mon, 17 Oct 2022 16:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746634

Константинос Плеврис, адвокатот на европратеникот од Златна зора, Јоанис Лагос, повторно упати нацистички поздрав во судницата за време на денешното рочиште од процесот против Златна зора, иако во тек е истрага на грчкото Обвинителство за претходниот негов ваков поздрав пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис, упатувајќи го нацистичкиот поздрав, објасни дека тие веруваат во Јоанис Метаксас(поранешен грчки фашистички диктатор), кој така поздравувал. Претседателката на судот порача дека „отсега не се дозволени поздрави и аплаузи“, а во спротивно ќе бидат воведени мерки. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за нацистичкиот поздрав истакна дека тие континуирано го осудуваат ваквото однесување, кое не смее да се толерира и изрази уверување дека судството во рамките на своите овластувања ќе ги истражи ваквите однесување и „нема да ги остави без одговор“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/advokatot-na-zlatna-zora-povtorno-pozdravi-nacistichki-vo-sudnicata/feed/ 0
Прелиминарна истрага на грчкото Обвинителство за нацистичкиот поздрав во судот од адвокат на Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=744834

Согласно одредбите на антирасистичкиот закон, Обвинителството во Атина ќе спроведе прелиминарна истрага за нацистичкиот поздрав на еден од адвокатите на Златна зора за време на рочиштето во петокот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Истрагата се однесува на Константинос Плеврис, кој е адвокат на европратеникот и осуден член на Златна зора Јанис Лагос, а нацистичкиот поздрав, регистриран и од присутните фотографи, предизвика низа реакции во судницата. Според медиумите во Грција, во рамките на истрагата ќе бидат повикани да дадат исказ адвокатите присутни во судницата, со цел да се разјасни и истражи што точно се случило. Адвокатот Константинос Плеврис е татко на актуелниот министер за здравство на Грција Танос Плеврис, кој завчера, во интервју за грчка телевизија, рече дека станува збор за брутална постапка, која лично него го згрозила поради две причини: затоа што нацистичкиот поздрав беше во судница и затоа што беше пред „мајката чиј син беше убиен од на нацист“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preliminarna-istraga-na-grchkoto-obvinitelstvo-za-nacistichkiot-pozdrav-vo-sudot-od-advokat-na-zlatna-zora/feed/ 0
Судење на Златна зора: Додека сведочеше мајката на убиениот музичар, адвокат поздравуваше нацистички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudenje-na-zlatna-zora-dodeka-svedocheshe-majkata-na-ubieniot-muzichar-advokat-pozdravuvashe-nacistichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudenje-na-zlatna-zora-dodeka-svedocheshe-majkata-na-ubieniot-muzichar-advokat-pozdravuvashe-nacistichki/#respond Fri, 07 Oct 2022 14:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=742535

Лекарот ми рече дека Павлос не е жив, дека е убиен и дека го уби Златна зора, а убиецот е фатен. Го прашав: Се обидовте да го спасите? Ми рече дека ништо не можеле да направат, ударите и убодите со нож беа професионални, рече мајката на убиениот грчки музичар Павлос, Магда Фиса во нејзиното сведочење на денешното рочиште против Златна зора, убиство кое пред девет години беше пресудно за да се откријат вистинското лице и вистинските активности на неонацистичката партија, која всушност функционирала како криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина. Точно две години откако на 7 октомври 2020 година, беше донесена пресудата и Златна зора беше прогласена за криминална организација, денеска во атинскиот суд продолжи судењето на втор степен, по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен. Рочиштето започна мирно, со сведочењето на Фиса, но се создаде мала тензија кога еден од адвокатите на осудените членови на Златна зора, Константинос Плеврис, кој воедно е и татко на актуелниот министер за здравство, стана и упати нацистички поздрав. Веднаш потоа присутните извикуваа „Фашист, фашист“ и „Павлос е жив, уништете ги нацистите“, по што рочиштето кусо беше прекинато. Мајката на убиениот музичар детално раскажа и опиша што се случувало на 17 септември 2013 година, кога со неколку убоди од нож, членот на Златна Зора Јоргос Рупакиас го уби Фисас, а неговата мајка иако не беше присутна на убиството на нејзиниот син, ги пренесе сведочењата на неговите пријатели и неговата девојка. Во преполната судница, со оглед на тоа дека судењето е отворено за јавноста, освен голем број новинари, имаше и пријатели на убиениот Фисас, но и претставници од опозициската СИРИЗА, меѓу кои и портпаролот на партијата, генералната секретарка и поранешни министри, а сега пратеници. Од осудените членови на партијата и поранешни пратеници, во судницата присутен беше само Јанис Лагос. Паралелно со рочиштето, пред судот се одржа и мирен антифашистички протест. Демонстрантите порачаа дека членовите на Златна зора „не се невини“, дека „постои една одлука, местото на нацистичките криминалци им е во затвор“ и побараа да нема намалување на затворските казни, а паралелно извикуваа „Павлос е жив, уништете ги нацистите“. Повторниот судски процес против Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни годинава. Согласно пресудите од пред две години, лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Новото судење, според адвокатите се очекува да трае најмалку две години. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudenje-na-zlatna-zora-dodeka-svedocheshe-majkata-na-ubieniot-muzichar-advokat-pozdravuvashe-nacistichki/feed/ 0
Тензично на судењето на Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-na-sudenjeto-na-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-na-sudenjeto-na-zlatna-zora/#respond Wed, 28 Sep 2022 10:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738464

Со присуство на осудените членови на Златна зора Илиас Касидиарис и Јанис Лагос и група нивни поддржувачи кои извикуваа слогани, но добија одговор и антинацистички пораки од останатите присутни, по што настана тензија во судницата, денеска во тек е четврто рочиште од повторното судење на Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот пратеник Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна поради формирање и учество во криминалната организација Златна зора, во судницата се појави со леток од неговата партија, а групата поддржувачи го поздрави со извиците: „Илиа, запомни, со тебе сме“. Од другата дел на судницата реагираа мајката на убиениот музичар Павлос Фисас и останатите присутни кои извикуваа „Павлос е жив, уништете ги нацистите“. По малите тензии и кусиот прекин, рочиштето продолжи со разгледување на барањето на лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос околу документите поврзани со неговата покана. Осудениот Лагос, пак и лично и преку неговиот адвокат уште еднаш тврдеше дека е политички, а не криминален затвореник. На почетокот на судењето се одржа и мирен антифашистички протест пред Апелациониот суд во Атина со учество на околу 200 лица. Третото рочиште беше на крајот на јули, додека пак повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакис и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzichno-na-sudenjeto-na-zlatna-zora/feed/ 0
Почнува повторното судење за Златна зора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-povtornoto-sudenje-za-zlatna-zora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-povtornoto-sudenje-za-zlatna-zora/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=691026

Седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на еден од најголемите и историски судски процеси во Грција, оној против Златна зора, денеска, судењето почнува одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно со почетокот на судењето во атинскиот суд во девет часот утрово, пред судот ќе се одржат протести. На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат. Во обемниот судски процес, осудени беа 50 лица. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-povtornoto-sudenje-za-zlatna-zora/feed/ 0