златни резерви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 07:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png златни резерви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zlatnite-rezervi-na-rusija-se-namaleni-za-11-6-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zlatnite-rezervi-na-rusija-se-namaleni-za-11-6-milijardi-dolari/#respond Mon, 07 Aug 2023 07:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=864069

Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви - на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари. Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви. И додека Русија, Турција, Индија и Кина сочинуваат речиси 60 отсто од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година, малите земји од Блискиот Исток и Северна Африка се тие кои купуваат злато со најбрзи стапки. Мавританија, Катар и Обединетите Арапски Емирати повеќе од тројно ги зголемија своите златни резерви од 2017 до 2022 година, додека Оман ја зголеми својата некогаш скудна понуда на злато за повеќе од сто пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zlatnite-rezervi-na-rusija-se-namaleni-za-11-6-milijardi-dolari/feed/ 0
Србија со златните резерви го избегна ефектот на „црн лебед“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-so-zlatnite-rezervi-go-izbegna-efektot-na-crn-lebed/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-so-zlatnite-rezervi-go-izbegna-efektot-na-crn-lebed/#respond Thu, 28 May 2020 09:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=350981

Србија благодарение на набавката на злато во последните години, успеа да обезбеди 31,26 тони од овој скапоцен метал и со тоа да го осигура домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата на новиот коронавирус врз економијата и т.н. ефект на „црн лебед“, изјави Зоран Грубишиќ, професор на Белградската академија за банкарство. Според него, златото отсекогаш се покажало дека е добар чувар на вредностите во „турбулентни“ времиња, особено кога трае економската криза и кога е непредвидливо колку длабоки ќе бидат последиците врз една земја. Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) моментно изнесува 1,58 милијарди евра, изјавија за Танјуг во НБС. Во текот на оваа година, просечната цена на златото изнесуваше околу 1.627 долари за унца, и се движеше во распон од околу 1.450 американски долари (кон средината на март) до 1.765 долари за унца (кон средината на мај), што укажува дека цената на златото се зголемила за над 20 проценти за само два месеца. На почетокот на октомври 2019 година, НБС на меѓународниот пазар купи девет тони злато со највисок квалитет, додека од 2005 година не продаваше злато. Просечната цена во октомври минатата година, по која Србија купуваше злато во странство, изнесуваше 1.503,16 долари за фина унца. Според најновите податоци, златото учествува со околу 11 отсто во вкупните девизни резерви на Србија. Во изминатите неколку дена, цената на златото изнесуваше околу 1.712 долари за унца, па пресметката покажува дека растот на цената на „жолтиот метал“ од околу 14 проценти, придонесе за раст на вредноста на девизните резерви на Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-so-zlatnite-rezervi-go-izbegna-efektot-na-crn-lebed/feed/ 0