злосторства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 13:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png злосторства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовските челници бараат Србија да одговара за злосторствата и да открие каде се исчезнатите од војната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-chelnici-baraat-srbija-da-odgovara-za-zlostorstvata-i-da-otkrie-kade-se-ischeznatite-od-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-chelnici-baraat-srbija-da-odgovara-za-zlostorstvata-i-da-otkrie-kade-se-ischeznatite-od-vojnata/#respond Tue, 30 Aug 2022 13:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=726071

Челниците на косовските институции, претседателката на државата, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти побараа денеска Србија да одговара за злосторствата извршени во Косово во војната од 1998-99 година и да открие каде се наоѓаат исчезнатите лица од тој период, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешното одбележување на Меѓународниот ден на исчезнатите, со одавање почести пред Обелискот на исчезнатите во косовската престолнина, Османи и Курти побараа од меѓународниот фактор да изврши притисок врз официјален Белград за да ги отвори архивите и да се расветли судбината на Албанците исчезнати во последната војна. Претседателката Османи изјави дека Косово се однесува конструктивно во расветлувањето на судбината на сите исчезнати од војната, но дека тоа не го прави и Србија. – Република Косово не само што покажува конструктивност, туку изнесе и конретни предлози кои придонесуваат не само во овој правец, туку и за долгорочен мир и стабилност, рече Османи, нагласувајќи дека надлежните во Приштина по прашањето на изчезнатите соработуваат тесно со САД и Европска Унија. Според косовската претседателка, Србија извршила двојно злосторство во последната војна во Косово, првин убивајќи цивили, а потоа криејќи ги злосторставата. Премиерот Курти ги повика и домашните надлежни правни институции да се заложат повеќе за решавање на проблемот со исчезнатите. – Освен што треба да се отворат архивите (во Белград), и обвинителството треба да биде што поактивно, судството многу поефикасно, затоа што до вистината се доаѓа и преку правдата, преку барањето одговорност за оние кои ги убија, ги закопаа, ги ексхумираа, ги однесоа во Србија и ги погребаа таму. Потоа некои пак беа ексхумирани од оние пет (досега откриени) масовни гробници, а којзнае уште колку ги има, изјави Курти. На денешното одбележување на Меѓународниот ден на исчезнатите во Приштина, покрај претставници на државните институции и на хуманитарни организации, присуствуваа и амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер и претставници на здруженијата на семејствата на исчезнатите. Според последните официјални информации објавени од властите во Приштина, на српска територија досега се ексхумирани телата на 950 косовски Албанци, додека уште околу 1.600 лица сé уште се водат како исчезнати од војната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-chelnici-baraat-srbija-da-odgovara-za-zlostorstvata-i-da-otkrie-kade-se-ischeznatite-od-vojnata/feed/ 0
Советот на Европа бара формирање на казнен суд за злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-bara-formiranje-na-kaznen-sud-za-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-bara-formiranje-na-kaznen-sud-za-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Thu, 28 Apr 2022 20:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=669456

Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на формирање „ад хок меѓународен кривичен суд“ што ќе им суди на „сторителите на злосторствата во агресијата против Украина“, нападната од Русија пред два месеца. ПССЕ ги повика 46 „земји-членки и набљудувачи“ „итно да основаат“ таков трибунал „со мандат да истражува и гони“ за злосторства на агресија „наводно извршени од политички и воени лидери на Руската Федерација“. Судот треба да ја „примени дефиницијата за воено злосторство“ утврдена со меѓународното право и да има седиште во Стразбур. Советот оваа недела ќе одржи пролетна седница за „последиците од руската агресија врз Украина“. Предложениот суд треба да има моќ да издава „меѓународни налози за апсење без ограничување на имунитетот“ на држави или лидери, соопшти собранието, „згрозено“ од војната во Украина и згрозено од информациите за „злосторства против цивили“. „Во едногласна резолуција“, собранието исто така изрази „запрепастеност од бројните извештаи за употреба на силување и тортура како воено оружје“, практики што се признати како воени злосторства според меѓународното кривично право. Од исклучувањето на Русија од Советот на Европа на 16 март, има 46 членки. Парламентарното собрание има 306 пратеници од националните парламенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetot-na-evropa-bara-formiranje-na-kaznen-sud-za-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Украинското обвинителство истражува 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/#respond Thu, 28 Apr 2022 14:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=669349

Украинските обвинители денеска соопштија дека истражуваат 10 руски војници осомничени за воени злосторства во Буча. Десет војници на 64-та моторизирана пешадиска бригада на руските вооружени сили, дел од 35-та армија, се осомничени за сурово постапување со цивили и други прекршувања на законите и обичаите на војната, се наведува во соопштението на украинското Државно обвинителство. По повлекувањето на руските сили од Буча беа пронајдени безживотни тела на најмалку 400 луѓе. Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската на 64-та бригада за посебни заслуги, херојски акции и храброст. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-istrazuva-10-ruski-vojnici-osomnicheni-za-voeni-zlostorstva-vo-bucha/feed/ 0
Меѓународниот кривичен суд започна истрага за злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-zapochna-istraga-za-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-zapochna-istraga-za-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Fri, 04 Mar 2022 09:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=640753

Истражителите од Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска започнаа истрага за можни воени злосторства во Украина, изјави главниот обвинител на тој суд, Карим Кан. Тој за „Ројтерс“ соопшти дека неговата канцеларија ќе провери дали има докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и акти на геноцид извршени од сите страни вклучени во конфликтот. Запрашан за извештаите за артилериски напади врз украинските градови, Кан рече: „Секоја страна која цели, директно гаѓа цивили или цивилни објекти, прави кривично дело според Римскиот статут и меѓународното хуманитарно право“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-zapochna-istraga-za-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Обjaвeни содржини oд мoнcтpyoзнитe злocтopcтвa нa Беливук и неговата банда https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-video-objaveni-sodrzini-od-monctpyoznite-zloctopctva-na-belivuk-i-negovata-banda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-video-objaveni-sodrzini-od-monctpyoznite-zloctopctva-na-belivuk-i-negovata-banda/#respond Sat, 06 Mar 2021 21:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=478329

Фотографии со вознемирувачка содржина со монструозни злосторства беа прикажани по седницата на Советот за национална безбедност на Србија, пренесоа српските медиуми. Се сомнева дека овие злосторства ги извршиле Вељко Беливук и членови на неговиот криминален клан, а борбата против организираниот криминал беше една од клучните теми на сесијата. По воведното обраќање од претседателот на земјата, Александар Вучиќ, пред медиумите се обрати и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин. – Вељко Беливук и неговата банда паднаа. Разбиена е голема криминална група во Србија – истакна Вулин и покажа фотографии од монструозните дела на Веља Невоља и неговата група. Предупредување, видео материјалот содржи вознемирувачки содржини: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voznemiruvachko-video-objaveni-sodrzini-od-monctpyoznite-zloctopctva-na-belivuk-i-negovata-banda/feed/ 0
Покренала истрага за злосторства извршени на палестинските територии, САД се против истрагата на Судот во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenala-istraga-za-zlostorstva-izvrsheni-na-palestinskite-teritorii-sad-se-protiv-istragata-na-sudot-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenala-istraga-za-zlostorstva-izvrsheni-na-palestinskite-teritorii-sad-se-protiv-istragata-na-sudot-vo-hag/#respond Thu, 04 Mar 2021 07:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=476942

САД се жестоко против истрагата на Меѓународниот кривичен суд за наводните злосторства извршени на палестинските територии, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Тој додаде дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сепак ги преиспитува санкциите воведени за време на мандатот на Доналд Трамп, против обвинителката Фату Бенсуде и други претставници на меѓународната јурисдикција. Обвинителката Бенсуде вчера соопшти дека покренала истрага за наводните злосторства извршени на палестинските територии. Таа истакна дека истрагата ќе се води „независно, непристрасно и објективно“. Бенсуде уште во 2019 година изјави дека постои „разумна основа“ за да се покрене истрага за воените злосторства извршени за време на израелските воени акции во Појасот Газа и при ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одлуката на Бенсуде за покренување на истрага ја оцени како „лицимерие и антисемитизам“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokrenala-istraga-za-zlostorstva-izvrsheni-na-palestinskite-teritorii-sad-se-protiv-istragata-na-sudot-vo-hag/feed/ 0
Тачи: Никој нема да ги амнестира геноцидот и злосторствата на Србија во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-nikoj-nema-da-gi-amnestira-genocidot-i-zlostorstvata-na-srbija-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-nikoj-nema-da-gi-amnestira-genocidot-i-zlostorstvata-na-srbija-vo-kosovo/#respond Tue, 28 Apr 2020 13:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=338701

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека „нема таков фактор кој ќе може да ги амнестира злосторствата против човештвото и геноцидот на Србија во Косово“ во војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешното чествување кај споменикот „Хероини“ во центарот на Приштина, Тачи изјави дека косовските граѓани деновиве повторно ги преживуваат страотиите од последната војна во Косово. – Како држава и како општество, како албански народ на Косово и како нација ги преживуваме деновите, неделите и месеците на геноцидот на Србија извршен во Косово, потврден и признаен од светот. Го преживуваме периодот на масовниот прогон на еден милион косовски Албанци и убиството на 10 илјади граѓани, 400 масакри извршени од државата Србија, убиството на 1.300 албански деца, изјави Тачи. Тој посебно ја нагласи, како што рече, сестраната улога и придонесот на жената Албанка во борбата за слобода и независност на Косово. – Почестите кои ги оддаваме денеска се за жената Албанка, за нашите хероини, кои дадоа сé за независноста за Косово, за нивниот невиден хероизам во регионот и светот. Се сеќаваме на силувањето на над 20 илјади жени од српската држава. И денеска ова чествување е државно сеќавање на силувањата кои ги изврши државата Србија и оддавање признание за достоинството и гордоста на албанските хероини во борбата за слобода и независност, изјави Тачи. Косовскиот претседател изрази жалење што се уште нема, како што рече, „ниту локална ниту меѓународна правда за злосторствата и геноцидот“. – Овoј меѓународен молк е молк кој на еден или друг начин го амнeстира геноцидот и етничкото чистење од страна на Србија во Косово. Меѓутоа нема такво време и нема да има таков фактор кој ќе може да ги амнестира злосторствата против човештвото и геноцидот на Србија во Косово. Нема мир без правда, порача Тачи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-nikoj-nema-da-gi-amnestira-genocidot-i-zlostorstvata-na-srbija-vo-kosovo/feed/ 0