злоупотреба на службена положба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 11:14:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png злоупотреба на службена положба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истрага против десет лица за злоупотреба на службена положба и овластување – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-protiv-deset-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-protiv-deset-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-eve-gi-detalite/#respond Fri, 16 Dec 2022 11:14:17 +0000 https://kurir.mk/?p=776563

По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282, 00 денари (450.000 евра) на Буџетот на Македонија. Имено, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице – управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Тој, во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Првоосомничениот со умисла потпомогнат од останатите осомничени во својство на службени лица – членови на органите на граѓанското здружение и друштвото во приватна сопственост, преземале противправни дејствија со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост и го префрлиле на правното лице – друштво во сопственост на првоосомничениот што ја извршува истата дејност како и здружението, кое 2017 година згаснало поради ликвидација. Покрај членовите на Собранието и Извршниот одбор на здружението меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, осомничени се раководител во Управата за имотно правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централен регистар на  Македонија. На предлог на јавниот обвинител, Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајцата првообвинети.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istraga-protiv-deset-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-eve-gi-detalite/feed/ 0
Поранешен директор на Музеј ќе одговара за злоупотреба, еве што направил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poraneshen-direktor-na-muzej-kje-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poraneshen-direktor-na-muzej-kje-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil/#respond Tue, 08 Nov 2022 19:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=757642

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против И.М.(66) од с.Шлегово, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на Музеј на град Кратово, на 04.11.2021 сам изготвил договор за дело, склучен меѓу Музеј на град Кратово и М.С. од Кавадарци, потпишувајќи се на договорот во нејзино име, без нејзино знаење, каде што предмет на договорот е фотографирање на спомен обележја во Кратово и кратовско по добиен проект од Министерството за култура. На овој начин пријавениот се стекнал со имотна корист на штета на Буџетот на Република  Македонија за 25.000 денари.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poraneshen-direktor-na-muzej-kje-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil/feed/ 0
Приведен беровец поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-berovec-poradi-somnenie-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-berovec-poradi-somnenie-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Thu, 16 Jun 2022 09:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=691584

На 15.06.2022 во 09.45 часот на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва. По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан за жигосување на дрвна маса и мобилни телефони. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-berovec-poradi-somnenie-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/#respond Fri, 25 Feb 2022 14:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=636755

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Првопријавениот Х.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, во декември 2021 примил и одобрил барање за издавање возачка дозвола и притоа во предвиденото поле не внел три пркршочни санкции „забрана за управување со моторно возило“, во вкупно траење од 18 месеци, кои претходно му биле изречени на подносителот. Второпријавениот Д.А., вработен во Отсекот за управни работи Куманово, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. На две лица од Куманово им овозможил да извршуваат работни задачи во Отсекот за управни работи Куманово по истекот на решенито кое го имале, а кое не било продолжено. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди поведе и иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против двајцата вработени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и соизвршителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-soizvrshitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-soizvrshitelstvo/#respond Mon, 21 Feb 2022 13:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=634390

Денеска (21.02.2022) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против три лица во врска со кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 ст. 4 и “Соизвршителство“ по чл. 22 од КЗ, и тоа против двајца управители во правни субјекти и еден адвокат, овластен регистрационен агент. Имено, од страна на Единицата за финансиски криминал при ОСОСК кривично-пријавени се М.И. (20) од Куманово за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 вв чл. 22 “Соизвршителство“ од КЗ, Д.Н. (33) од Куманово за сторено кривично дело “Соизвршителство“ чл. 22 вв “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ и И.Н. (51) од Гевгелија за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 од КЗ. Со цел да се стекне со противправна имотна корист, првопријавениот М.И. кривичното дело го сторил на начин што, во периодот од 04.10.2021  до 02.11.2021 , во координација со второпријавениот и третопријавениот, кој е адвокат и регистрационен агент, спротивно на законските прописи незаконски бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во две оштетени правни лица од Куманово, без за истото да постои согласност од вистинскиот сопственик и управител на правните лица. По незаконски стекнатите овластувања во оштетените правни лица, првопријавениот на 02.11.2021 и 03.11.2021, спротивно на законот и надвор од своите службени овластувања на сметката на своето наменски формирано правно лице во Куманово  неосновано се стекнал со парични средства во вкупен износ од 8.100.000 денари на штета на оштетените правни лица. Со чинење на горенаведените криминални дејствија постојат основи на сомнение дека првопријавениот М.И. го сторил кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 4 в.в. член 22 „Соизвршителство“ од КЗ заедно во соизвршителство со второпријавениот Д.Н.. Имено, второпријавениот Д.Н., како поранешен втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица располагал со сознанија за финансиската состојба на сега оштетените правни лица, кои ги искористил во координација со првопријавениот и со тоа го сторил кривичното дело “Соизвршителство“ чл. 22 вв “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ. Третопријавениот И.Н., адвокат и овластен регистрационен агент, кривичното дело за кое е пријавен го сторил со тоа што постапил спротивно на одредбите од Законот за едношалтерски систем, без да го утврди идентитетот на учесниците во постапката за упис на промени во Централниот регистар, документацијата доставена по електронски пат од страна на пријавените М.И. и Д.Н. ја заверил со свој дигитален потпис и извршил електронско поднесување на документацијата потребна за именување втор управител до Централниот регистер по што М.И., спротивно на законот бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица. Со преземање на горенаведените криминални активности од страна на кривично-пријавените, постапувајќи спротивно на законот и со злоупотреба на службената положба и овластувања било нанесено штета на правните лица во вкупен износ од 8.100.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-soizvrshitelstvo/feed/ 0
Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „поттикнување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-pottiknuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-pottiknuvanje/#respond Fri, 22 Oct 2021 12:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=583744

Денеска (22.10.2021) Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Т.Х.(43) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од Кривичниот законик и В.Т.(55) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „потикнување“ по чл.23 став 1 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице-матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција. Тој од второпријавената не ја обезбедил соодветната потребна документација за упишување на смрт и издавање на Изводи од матична книга на умрени, односно со непотполна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои на незаконит начин В.Т. ги искористила за поведување на оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje-i-pottiknuvanje/feed/ 0
Обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Wed, 12 May 2021 08:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=509301

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која беа вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј.Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второобвинетата Ј.Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од месец октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второобвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р.Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги искористиле своите службени положби и овластувања. Обвинетите, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства. Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот. Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите. Како награда за поддршката, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства. Па така, првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари или 42.430 евра, додека второобвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р.Грција. Со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти. Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р Македонија. При претресот на домот на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка ,,Luger,, што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Thu, 31 Dec 2020 11:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=450669

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи овозможиле правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на државно градежно земјиште со површина од 4.410 квадратни метри.​​ По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како претседател на Тениско спортско здружение Љуботен – Тетово и Ц. Н. како управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите А. Н., како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ. А., И. К., К. И. и И. Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари. – Обвинетите З. Т., А. Н, К. И., И. К. и Џ. А. овозможиле, правното лице, противправно да се стекне со право на сопственост на непостоечки објект со површина од 122 квадратни метри, а се со цел исполнување на условите од член 23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и член 20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пропишува стекнувањето на право на сопственост на објект и ексклузивно правно на откуп на земјиште, како и негова приватизација. Обвинетиот Ц.Н. со намера правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште во државна сопственост во површина од 4.410 квадратни метри, спротивно на член 14 став 3 и член 20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, иако градежната парцела не била дефинирана со урбанистички план, ниту правното лице градежното земјиште го користело по основ на стекнато право на сопственост на објект со правна основа, спротивно на законските услови, поднел Барање за купување на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија. Кон Барањето поднел Извод од план изготвен и потпишан од обвинетиот Џ.А. во кој бил внесен невистинит податок, по што обвинетиот И.Р. како службено лице излегол на лице место и по извршениот увид, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во Записник внел невистинит податок дека извршил премер и идентификација катастарската парцела и по увидот во ДУП и ЛУПД, констатирал дека истата се вклопува во намената. Врз основа на ова Министерство за финасии, Сектор за управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Тетово, донело правосилно Решение за приватизација на градежно земјиште, се вели во соопштението од ОЈО. Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите овозможиле, противправно, правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 квадратни метри, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 квадратен метар односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0