злоупотреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 13:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png злоупотреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слики од глава на девојчиња монтирале на голи тела: Малолетници направиле злоупотреба, се огласи полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sliki-od-glava-na-devojchina-montirale-na-goli-tela-maloletnitsi-napravile-zloupotreba-se-oglasi-politsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sliki-od-glava-na-devojchina-montirale-na-goli-tela-maloletnitsi-napravile-zloupotreba-se-oglasi-politsijata/#respond Thu, 19 Oct 2023 13:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=890843

Полицијата поднесе писмено известување до ОЈО за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци, потврди попладнево за МИА портпаролката на СВР Велес,  Биљана Ѓаковска. - Ве известуваме дека во врска со случајот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кавадарци поднесе Писмено известување до Основно јавно обвинителство Кавадарци, се вели во писмениот одговор. Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, потврдија пред два дена од ДПИ за МИА. - Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат. МИА минатиот петок информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од  портпаролката на СВР Велес,  Биљана Ѓаковска. - Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска. Таа тогаш рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Родител на едно од девојчињата за  МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од фејсбук на повеќе  девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sliki-od-glava-na-devojchina-montirale-na-goli-tela-maloletnitsi-napravile-zloupotreba-se-oglasi-politsijata/feed/ 0
Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/#respond Fri, 13 Oct 2023 20:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=888644

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште. За случајот, МИА побара одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, која информира дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители. - Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска, добиен попладнево. Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/#respond Thu, 27 Jul 2023 13:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=860730

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 и против С.Ш.(41) од скопско Блаце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина" по член 380 од Кривичниот законик. Како што информираа денеска од МВР, првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед. Таквата невалидна сообраќајна дозвола, појаснуваат од МВР, му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-falsifikuvane-sluzhbena-isprava-i-krazhba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-falsifikuvane-sluzhbena-isprava-i-krazhba/#respond Fri, 09 Jun 2023 11:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=844018

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“. Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ - подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-falsifikuvane-sluzhbena-isprava-i-krazhba/feed/ 0
Тинејџер ќе одговара за злоупотреба, еве што ѝ направил на поранешната сопруга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-ke-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil-na-poraneshnata-sopruga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-ke-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil-na-poraneshnata-sopruga/#respond Wed, 07 Jun 2023 18:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=843360

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Б.(19) од с.Ангелци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил на име на негова поранешна вонбрачна сопруга и поставил компромитирачка фотографија од неа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-ke-odgovara-za-zloupotreba-eve-shto-napravil-na-poraneshnata-sopruga/feed/ 0
Кривична пријава за командир на полициска станица, еве каква злоупотреба направил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-komandir-na-politsiska-stanitsa-eve-kakva-zloupotreba-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-komandir-na-politsiska-stanitsa-eve-kakva-zloupotreba-napravil/#respond Tue, 30 May 2023 09:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=840325

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, став1 од Кривичниот законик. Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возила, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе биде покренат предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-komandir-na-politsiska-stanitsa-eve-kakva-zloupotreba-napravil/feed/ 0
Уште еден шамар од ЕУ за владата: Се бараат објаснувања за злоупотребата на европското знаменце! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/#respond Fri, 12 May 2023 14:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=833517

Предложените закони не се поврзани со исполнување на стандардите на ЕУ и ние ја изразивме нашата загриженост на македонските власти и бараме дополнителни објаснувања, вели портпаролот на Европската комисија Петер Стано, одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК за осумте закони во врска со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10Д, кои Владата ги испрати на усвојување со европско знаменце за да се скрати процедурата. Од ЕК велат дека европското знаменце не треба да се користи за да се прескокне јавна расправа или за надминување на процедурални тешкотии во законодавството. „ЕУ го следи развојот во врска со ова прашање и побара дополнителни објаснувања од властите. Означување на закони со европското знаменце е со цел да се усогласи македонското законодавство со законодавството на ЕУ и стандардите на ЕУ. Во овој случај, предложените закони не се поврзани со усогласување на ваквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост на националните власти и побаравме дополнително разјаснување. Употребата на скратени процедури треба да биде ограничена и да се користи само во случаи за унапредување на рефорската агенда во врска со ЕУ. Не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа или за надминување на процедурални тешкотии во законодавството“, изјави Стано за САКАМДАКАЖАМ.МК. Денеска во Прилеп беше поставувањето на камен-темелник на автопатот Прилеп-Битола. Проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д треба да чини најмалку 1,3 милијарда евра. Покрај Прилеп– Битола, конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе ги гради и делниците Тетово–Гостивар–Букојчани и Требеништа–Струга–Ќафасан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-shamar-od-eu-za-vladata-se-baraat-objasnuvana-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba-i-ovlastuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba-i-ovlastuvane/#respond Fri, 27 Jan 2023 12:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=792836

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(70) и З.К.(64), двајцата од Кичево и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против А.Т.(36) од Кичево за сторено кривично дело „кражба“. Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник“, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп. Со тоа предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“ од 769.300 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba-i-ovlastuvane/feed/ 0
Кривична пријава против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа и употреба на исправа со невистинита содржина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje-falsifikuvanje-sluzbena-isprava-i-upotreba-na-isprava-so-nevistinita-sodrzina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje-falsifikuvanje-sluzbena-isprava-i-upotreba-na-isprava-so-nevistinita-sodrzina/#respond Wed, 31 Aug 2022 13:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=726694

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и ,,фалсификување службена исправа" и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување" и „употреба на исправа со невистинита содржина". Првопријавениот, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение за матично работење Скопје, на второпријавената и издал извод од матична книга на родените за нејзината малолетна ќерка и во него внел невистинит матичен број и место на раѓање. Ваквиот извод таа го употребила во прилог на барање за издавање на пасош на својата малолетна ќерка поднесено во Амбасадата на РСМ, во Бон, Сојузна Република Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje-falsifikuvanje-sluzbena-isprava-i-upotreba-na-isprava-so-nevistinita-sodrzina/feed/ 0
Воен инвалид од кочанско барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=711297

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити. Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година. -Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов. Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом. Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/feed/ 0