злоупотреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jan 2021 13:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png злоупотреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: За случајот „Глобал“ деновиве ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелодени сите афери со докази, одговорност за ова мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=452416

Во денешното интервју за Нетпрес, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на актуелната тема околу ТЦ „Глобал“ во Струмица. Мицкоски најави дека во деновите коишто следат јавноста ќе биде сведок на она што таму се случи, трагедијата за луѓето коишто ги загубија сите свои стоки и она што го поседуваа во тие дуќани кои изгореа. Дел од нив се таму под кирија, помал дел од нив се сопственици, но кога јавноста ќе дознае кои се вистинските сопственици на тие комерцијални дуќани, и што се случувало со „Глобал“, како практично е настаната ова градба, тогаш многу појасно на сите граѓани ќе им биде. „Виновни се тие коишто го изградија „Глобал“ и тие коишто дозволија потоа ова да се случи. Како е изграден „Глобал“? Изграден е со локациски услови коишто се добиени околу 15 или 16 мај 2008 година и тоа се издадени локациски услови за реконструкција и надградба на пазариште. Еден месец потоа, на 18 јуни 2008 година, „Глобал“ добива одобрение да се изгради односно, практично да се реконструира и награди пазариштето кое што во тој момент постои. Замислете, за еден месец добивате локациски услови, правите истраги, тие истраги потоа ви се влез во основен проект, работите основен проект, потоа тој основен проект некој ви го ревидира, завршувате со ревизијата и потоа одите во општината аплицирате и општината за еден месец ви дава одобрение за реконструкција и надградба на тоа пазариште. Има голем број градежни компании еве една видовме дека бега од Македонија деновиве прашајте ги за искуство дали е тоа возможно за еден месец. Тука не застанува чудото, чудото продолжува, ако на 18 јуни 2008 година е издадено одобрението за градење веќе на 22 или 23 јуни е дадено одобрението за употреба. Замислете за само пет дена Глобал е изграден. И веќе на 23 јуни е издадено одобрението за употреба на реконструираниот и надградениот пазар“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако се погледне детално солеминизираниот договор на содружништво ќе се увиди дека е помеѓу две трговски друштва Јавното претпријатие за комунални услуги Комуналец Струмица во тоа време раководено од Панче Орцев, и Зоран Заев како тогашен градоначалник на Струмица. Од другата страна содружници се две правни лица претставувани од Цикарски и Брндевски. Сашко Брндевски е ликот којшто пред Нова година купуваше илјадници метри квадратни земјиште во една локација во Струмица и подоцна тие десетици илјади метри квадратни ги замени со една од фирмите во којашто има сопственички удел семејството Заеви за станот од 50-ина, 60 метни квадратни. Сета оваа работа за да биде уште поинтересна завршува во 2014 година кога е пишана во Катастар, а во Катастар се впишува врз основа на акт и каде што магично исчезнува сега реконструираниот или надграден пазар во трговски центар. „Прашањето е дали при добивањето на одобрение за градење и тогашниот Закон за градење е испочитуван условот да биде изработен елаборат за противпожарна заштита. Затоа што секој што денеска се занимава со градби треба да приложи елаборат за противпожарна заштита и елаборат кој што е дел од електро проектот за громобранска инсталација. Дали условниот проект е приложен таков елаборат за противпожарна заштита и громобранска инсталација. Второ, кој вршел тестирање на апаратите коишто во случајот ги користиме за гаснење на пожарот, противпожарните апарати? И дали е тоа тестирање направено? И која компанија тоа го направила“, запраша Мицкоски. Мицкоски најави дека голем дел од прашања во врска со ТЦ „Глобал“деновиве коишто следат практично ВМРО-ДПМНЕ ќе ги елаборира со докази и ќе даде одговор на тие прашања. Ќе се поднесат и одреден број на пријави. „Но истовремено можно е како пратеничка група во рамките на Парламентот да побараме, и јавна расправа со сите овие докази кои ВМРО-ДПМНЕ ги поседува да бидат таму презентирани. Така што оваа несреќа би ја поделил во два дела. Првиот е хуманитарно, да им се помогне на луѓето кои загубија во оваа несреќа поради несовесната градба на објектот и несовесното негово одржување. Тие луѓе навистина не се виновни за она што се случувало во минатото, ниту, пак, за тоа што некој не го одржувал овој објект според прописите. Но истовремено бараме одговорност од самиот почеток, па сѐ до денес“, посочи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-netpres-za-sluchajot-global-denovive-vmro-dpmne-kje-gi-obelodeni-site-aferi-so-dokazi-odgovornost-za-ova-mora-da-ima/feed/ 0
Бајрами од Антикорупциска: Постојат повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба во јавните набавки, огромен број на слабости и непочитивање на законската рамка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-od-antikorupciska-postojat-povekje-somnezi-za-zloupotrebi-za-vreme-na-vonredna-sostojba-vo-javnite-nabavki-ogromen-broj-na-slabosti-i-nepochitivanje-na-zakonskata-ramka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-od-antikorupciska-postojat-povekje-somnezi-za-zloupotrebi-za-vreme-na-vonredna-sostojba-vo-javnite-nabavki-ogromen-broj-na-slabosti-i-nepochitivanje-na-zakonskata-ramka/#respond Wed, 22 Apr 2020 18:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=335773

На вечерешното гостување во „Отвореното студио“ на Телевизија 24, претставникот на Антикорупциската комисија Нури Бајрами истакна дека системот за јавни набавки има голем број недоречености и слабости, многу непочитувања на законската рамка и акти, и постојат повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба. Нури Бајрами од Антикорупциска комисија истакна дека ги следат уредбите, секогаш има најмногу сомнежи во делот на јавните набавки. Тој вели дека системот на јавни набавки за време на коронавирусот го следат многу слабости и недоречености, многу непочитувања на законската рамка и законските акти, кога во нормална состојба има слабости, веројатно има повеќе сомнежи за злоупотреби за време на вонредна состојба, вели Бајрами. Бајрами посочи дека законот за јавни набавки претрпел навистина големи измени дури 17,18 пати, и по четврти пат имаме нов закон за јавни набавки. Тој образложи дека иако со новите измени треба да се има поголема транспарентност во објавувањето на набавките од институциите, транспарентноста не подразбира самообјавување оглас со линк, туку таквите огласи да се објават и да се остават на веб страните на институциите сите постапки од јавните набавки, и така ќе можат сите истражувачи, невладините и Антикорупциска да имаат увид во секое време. -Мене лично не ми се допаѓа она што сега е дел од новата стратегија за транспарентност на владата, затоа што како што се согласува со соговорникот дека не е се од јавните набавки објавено како што треба, некој се повикува дека сме во вонредна состојба и дека имаме ограничени ресурси и можности треба тек да се гледа во наредна анализа затоа што слабости се и од незнаење и ненамерни, што не ги ослободува од одговорност, како и со мотиви за корупција, намерно да се оствари корист и да се злоупотребат буџетски средства за некои од службените лица за себе или за други, вели Бајрами во „Отворено студио“ на Телевизија 24. На гостувањето соговорникот Герман Фирков од Центарот за граѓански комуникации се согласи со Бајрами дека системот навистина има слабости, и во време на набавки на опрема и дезифициенси за справување со коронавирусот треба особено да се внимава на цените по кои одредени производи се набавуваат од институциите. -Ако одите во аптека да купите маска за 35 денари, а гледате дека институција прави јавна набавни за 3000 маски по цена од 50 денари на пример, ќе сфатите дека нешто не е во ред со таа набавка, вели Фирков. Фирков посочи дека навистина недостасува и проблем е недоволниот и нејасен опис во јавната набавка, пример за набавка на скафандери, ние не знаеме какви скафандери се купени, како и за ред останати производи. Тој вели дека има и други ризични фактори како што е брзањето со набавката, веќе во светот се појавуваат фалсификати при набавките на дезинфициенси, кај нас кој тоа ќе го провери и кога, праша Филков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-od-antikorupciska-postojat-povekje-somnezi-za-zloupotrebi-za-vreme-na-vonredna-sostojba-vo-javnite-nabavki-ogromen-broj-na-slabosti-i-nepochitivanje-na-zakonskata-ramka/feed/ 0
Стаменковска-Стојковски обелодени масовна злоупотреба при вршење на јавна функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-obelodeni-masovna-zloupotreba-na-vrshenje-na-javna-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-obelodeni-masovna-zloupotreba-na-vrshenje-na-javna-funkcija/#respond Wed, 25 Mar 2020 12:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=321947

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски испраќа отворено писмо за масовна злоупотреба на вршење на јавна функција при распишани предвремени парламентарни избори и прогласена вонредна состојба на територијата на целата држава. Нејзиното отворено писмо го пренесуваме во продолжение Согласно започнатата кампања, ЗА ФЕР ИЗБОРИ, ПРИЈАВИ ПРИТИСОК, до мене пристигаат сериозни информација за вработувања во институции за време на изборен период, поточно, од страна на раководните лица на институциите преку Агенции за привремени вработувања (без да се одјават отстапените работници, без јавен оглас, подолго од една година, им се продолжуваат договорите за вработување), регрутираат старо нови работници односно им се продолжуваат договорите за вработување спротивно на закон и забраните утврдени со закон. Со ова отворено писмо сакам да ја информирам јавноста и надлежните институции, за НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 33 и 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик, спротивно на членовите 3-г и 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања како и за НЕпостапување од страна на институции. Имено, НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 33 и 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик и НЕзаконските вработувања преку Агенции за привремени вработувања а спротивни на членовите 3-г и 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања, претставува масовна појава која никој не ја контролира и НЕпречено голем број институции вработуваат стотици, илјадници работници. Ваков вид примери за НЕзаконски вработувања има во: Општина Гази Баба, Општина Кавадарци, Општина Јегуновце, Општина Лозово, детски градинки и други институции. Во Македонија за време на распишани предвремени парламентарни избори и прогласена вонредна состојба на територијата на целата држава, институциите вработуваат над 14 000 лица со договор за вработување на определено време заради зголемен обем на работа а притоа евидентно е дека во институциите имаат намален обем на работа. Институциите вработуваат дополнително стотици, илјадници работници, повторно заради зголемен обем на работа и преку Агенции за привремени вработувања, без јавен оглас, без да се одјават отстапените работници на кои им завршил договорот и подолго од една година, односно НЕЗАКОНСКИ! Колку вкупно НЕзаконски отстапени работници во институциите има и колку пари се потрошени (злоупотребени) по овој основ јас не можам да откријам и да одговорам на претставките доставени до мене. Со ова мое отворено писмо сакам да обзнанам и укажам на голем број на НЕправилности, НЕпочитување на забраните, но и НЕпостапување од страна на надлежни институции а со цел запирање на самоволието и расипништвото од страна на раководните лица на институциите кои незаконски вработуваат над 14 000 лица со договор за вработување на определено време заради зголемен обем на работа и дополнителни илјадници работници заради зголемен обем на работа кои се отстапени преку Агенции за привремени вработувања. Воедно ќе потсетам дека сеуште не ми се одговорени прашањата упатени до институциите кои на секаков можен начин избегнуваат да ги одговорат, а тоа се: - Дали во Агенција за администрација е формирана Комисија за ревизија на постапката за селекција на административните службеници и доколку е формирана колку ревизии има направено? - Колку инспекциски надзори над спроведување на Главата IV-a од ЗВЈС има извршено Државниот управен инспекторат? - Колку има пријави во работен однос (М1) на неопределено/ определено/ сезонски/ итни и неодложни/АПВ, за државен и јавен сектор и вкупно? - Колку има одјави од работен однос (М2) и по кој основ од неопределено/ определено/ сезонски/ итни и неодложни/АПВ, за државен и јавен сектор и вкупно? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-obelodeni-masovna-zloupotreba-na-vrshenje-na-javna-funkcija/feed/ 0