змии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 11:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png змии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новооткриен вид змии во Перу го доби името по Харисон Форд https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/#respond Wed, 16 Aug 2023 11:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=867409

Новооткриен вид змии пронајдени во Перу го доби името по холивудскиот глумец Харисон Форд, кој е и познат еко-активист. Бледожолтеникаво-кафеавата змија со црни дамки, откриена од истражувачи од Перу и САД на планините Анди, е наречена „Тачименоидес харисонфорди“ (Tachimenoides harrisonfordi). Форд, кој е потпретседател на непрофитната група „Меѓународна конзервација“ (Conservation International), смета дека откритието е потсетник дека има уште многу да се научи за дивиот свет. Новиот вид е била откриен во Националниот парк „Отиши“ во Перу, пренесува „Туко". - Луѓето се само мал дел од неверојатно огромната биосфера. На оваа планета, сите судбини се испреплетени, а во мигов милион видови се на работ на заборавот. Имаме егзистенцијална задача да го поправиме нашиот нарушен однос со природата и да ги заштитиме местата што го одржуваат животот, изјави Форд. И вид мравки, како и пајаци веќе се именувани по американската акциона ѕвезда. Во 1993 година е откриен „Калпонија харисонфорди“ (Calponia harrisonfordi) - т.н. калифорниски пајак, а неколку години подоцна и мравката „Фејдоле Харисонфорди“ (Pheidole Harrisonfordi) влезе во списокот познати видови. За разлика од филмскиот лик по кого е можеби и најпознат - Индијана Џонс, Форд повеќепати истакнал дека сака змии. А пак, за новиот вид, вели дека „брзо нашол блискост“ со нив. - Змијата има очи во коишто „може да се удавите“ и повеќето денови ги минува сончајќи се покрај базен со нечиста вода - веројатно јас и тие би биле пријатели во раните 60-ти“, се пошегува тој. Истражувањето за „Тачименоидес харисонфорди“ покажува дека влекачите се особено изложени на опасност од истребување и оти над петтина од сите влекачи денес се загрозен вид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novootkrien-vid-zmii-vo-peru-go-dobi-imeto-po-harison-ford/feed/ 0
НЕ ПАНИЧЕТЕ ДОКОЛКУ ВИДИТЕ ЗМИЈА НА ВОДНО – еве како да препознаете дали е отровна или не, во Македонија луѓето најчесто ја прават оваа грешка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/#respond Mon, 26 Jun 2023 12:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849731

Почитувани, поради објавата за поголемо присуство на змии во околината на Скопје ви го испраќаме соопштение со цел да ги информираме граѓаните дека голем дел од змиите кои ги среќаваат на Водно или покрај реки и вода не се отровни и не се опасни по здравјето на луѓето. Истовремено сакаме да потсетиме за корисната улога на овие животни во природното контролирање на глодарите кои се дел од нивната главна исхрана, објавуваат преку свое соопштение на МЕД кое го пренесуваме во целост во продолжение: Во Македонија постојат 16 вида змии од кои само 3 вида се отровни. Единствено поскокот може да се сретне во урбани средини а шарката и степската лутица се присутни само на надморкса височина поголема од 1500 m и тоа само на некои планини во земјава. Многу смокови се шарени, па често погрешно се нарекувани шарки. Единствената отровница која е широко распространета кај нас е поскокот, кој пак лесно се препознава по рогот на врвот од главата, шарите во форма на баклави на грбот (обоени во најразлична варијација на црно, сиво, црвено, кафено, портокалово, жолто - погледнете кратко видео тука) и големината – поскоците ретко достигнуваат должина поголема од 70cm, но најчесто се среќаваат единки од околу 50cm. Доколку змијата е подолга од 1m, таа е безопасен смок. Во Македонија има дури 11 различни вида на смок, една боа (малечка здепаста змија која главно живее под земја и може да се сретне само во крајните југоисточни делови од државата) и една црвовидна змија која е целосно безопасна и секој лаик на прв поглед би помислил дека е црв. Според Драган Арсовски, биолог од МЕД доколку се постапи на правилен начин дури и при каснување од змија отровница луѓето би поминале без компликации: „Доколку се случи каснување од поскок, ако човекот нема други здравствени проблеми и се јави за медицинска помош истиот ден тој би поминал без никакви компликации по здравјето.“, изјави Арсовски Фотографии, точно распространување низ Македонија, како и повеќе за биологијата, екологијата и степенот на засегнатост на змиите во нашата држава може да најдете на првата национална црвена листа на Македонија на следната веб страница: http://redlist.moepp.gov.mk/pregled-na-vidovi/ (влекачите се наоѓаат на дното од листата). Инаку напролет ладнокрвните влекачи излегуваат од долгиот зимски сон (хибернација) и се најактивни бидејќи тогаш е нивниот период на размножување, односно се во потрага по партнер. Затоа, овој период се и најчести средбите со овие животни. Еден од најраширените митови за змиите е дека се најактивни кога е најтопло. Змиите како и најголемиот број влекачи не можат да ја контролираат сопствената температура, па тоа го прават преку сончање или барање на засолниште. Кога е многу ладно тие може да замрзнат, па затоа се засолнуваат и хибернираат, додека пак кога е претопло тие се во опасност од прегревање и смрт, заради што исто така бараат засолниште и во екстремно топли периоди може целосно да ја намалат својата активност и да влезат во т.н. летна хибернација, односно естивација. Налето, змиите најчесто може да ги видиме само непосредно по изгрејсонце (помеѓу 05 и 07 часот), а некои безопасни видови се исто така активни на зајдисонце или дури и навечер. Змиите најчесто веднаш бегаат при средба со човек. Тие немаат изострено сетило за вид, па понекогаш може да се случи да бегаат во правецот на самиот човек, и ова може да биде збунето со напад. Отровниците, како што е поскокот најчесто се укочуваат при средба со човек. Во овој случај, слободно земете долг стап и отстранете ги од просторот.  Во Европа не постојат змии кои активно напаѓаат за одбрана на својата територија или гнездо – каснувања се случуваат исклучиво кога ненамерно ќе се приближиме (на пр. при згазнување со боса нога или земјоделски активности близу земјата или на ниски гранки каде знаат да се камуфлираат добро). Како и поголемиот дел од биодиверзитетот, така и змиите не се снаоѓаат добро во урбани средини и лесно завршуваат под тркалата на колите. Така, средбите со змии се среќаваат во делови од градот кои се блиску до природа (на пр. подножјето на Водно или приградски места) каде нема голем метеж, но човечката активност може да привлече поголем број на глодари кои се нивен оброк. „Всушност, може да се каже дека не се змиите оние кои доаѓаат во нашите градови, туку со градежната експанзија, ние навлегуваме во нивните природни живеалишта, како што е Водно. Во централните делови од градовите понекогаш може да се сретнат „водни змии“, особено покрај реки и бари. Другите змии доколку залутаат во овие делови од градот, ретко преживуваат доволно долго. „Водните змии“ се всушност смокови кои се исхрануваат со риби и водоземци и затоа не е неочекувано да се сретнат по кејот во Скопје, особено покрај градскиот парк, и се целосно безопасни, додава Арсовски. Змиите играат клучна улога во нашите екосистеми, првенствено како контрола на популациите на глодари (како што се глувците) и се екстремно корисни. Голем број змии се хранат со други змии, односно ги контролираат нивните популации. Ова е точно и за поскокот, кој често се исхранува со младите од други змии. Така убивање на змиите всушност често би значело и зголемување на популација на друг вид на змија.Нема никаков научно докажан ефект од продуктите кои се рекламираат и продаваат како средства против змии и истите може само да предизвикаат загадување на околината, така што не ги препорачуваме. Во Македонија не постои сервис за отстранување на змии, главно бидејќи едноставно не постојат видови кои се многу опасни. Инаку МЕД, ги  проучува природните популации од овие животни. Препорачуваме да го чувате вашиот двор уреден, како не би создале места кои змиите би ги користеле како засолниште, а кога се движите во природа да имате стапче и соодветни планинарски обувки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/feed/ 0
Дали доколку сонувате змија, тоа е лош знак? Сите објаснувања за појавувањето на змииво соништа на едно место! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-dokolku-sonuvate-zmija-toa-e-losh-znak-site-objasnuvana-za-pojavuvaneto-na-zmiivo-sonishta-na-edno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-dokolku-sonuvate-zmija-toa-e-losh-znak-site-objasnuvana-za-pojavuvaneto-na-zmiivo-sonishta-na-edno-mesto/#respond Tue, 25 Apr 2023 07:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=827210

Да се ​​сонува змија обично не е добро… Змијата генерално се перципира негативно во различни култури, но исто така и во психологијата. Во симболиката на соништата, змиите обично немаат добро значење и многумина се прашуваат што значи да се сонува змија. Можеме да најдеме и негативно сфаќање за змијата во Светото Писмо, бидејќи змијата ѝ рече на Ева да му даде на Адам јаболко од дрвото на познавање на доброто и злото. И во грчката митологија се споменува чудовиште наречено Медуза, жена која има змии наместо коса. Значи, овие животни секогаш предизвикуваат негативни чувства, чувства на страв и непријатност. Змиите можат да се сонуваат во различни ситуации и во секоја од нив може да има различно толкување, претежно никаде не се толкува позитивно. Еве што укажува вашиот потсвесен ум кога сонувате змија. Што значи да сонувте змии во куќата? Ако сонувате змии во вашата куќа, според соновникот, тоа значи дека лице од вашето семејство или со кое живеете претставува лошо и токсично опкружување за вас. Од друга страна, тоа може да значи дека некое лице надвор од куќата влијае толку негативно врз вас што ги носите со себе тие негативни чувства и ги пренесувате на членовите на вашето семејство. Исто така, според некои толкувања, сонувањето змии во куќата или на прагот може да значи дека лицето што се претставува како пријател на вашето семејство, всушност, не е. Затоа препорачуваме да бидете претпазливи на кого ќе му ги кажувате своите проблеми надвор од домот. А, ако сонувате змии во туѓа куќа, тоа може да значи дека се чувствувате како натрапник во нова ситуација. Да речеме ако сте се преселиле во нов град или сте нашле нова работа. Симболика на змија во кревет Кревет во соништа обично е симбол на сексуална интимност со некоја личност, така што одговорот на прашањето што значи да сонувате змии во кревет значи дека имате некои проблеми од сексуална природа. Значењето може да биде поврзано со тоа дали сте маж или жена. Змијата ја претставува машката сексуална енергија и ако змијата ја сонува жена, тоа може да значи дека таа се чувствува сексуално загрозена, а мажот сексуално доминантно. Друго значење може да биде дека не се чувствувате блиски со вашиот партнер. Да сонувате отровна змија Отровната змија кај луѓето предизвикува уште поголем страв од кој било друг вид змии, бидејќи тие се крајно смртоносни. Се прашувате „што значи да сонувате отровна змија“, еве го одговорот. Отровна змија значи дека имате исклучително голем страв да изгубите нешто, нешто што е исклучително важно за вас и што многу го сакате. Друго толкување е дека некој се обидува да ве повреди и има лоши намери кон вас. Бидете внимателни со кого сте во контакт, ако сте свесни дека некој ви завидува и дека ви е непријател, прекинете го секој контакт со него, за повеќе да не ја храните неговата злоба. Што значи да сонувате каснување од змија? Сонувањето каснување од змија има неколку толкувања, сето тоа зависи од вашата специфична ситуација. Ова може да биде предупредување за вас. Змијата е симбол за аптеката, а каснувањето од змија може да биде голем здравствен проблем. Ако се сомневате во болест, вашата потсвест ви кажува да се прегледате што е можно поскоро. Од друга страна, каснувањето од змија може да укаже на емоционални рани кои сè уште не се залечени. За да зарасне емоционална рана, треба да се оддалечите од луѓето што ве повредуваат, да се одморите, да се посветите себеси и на вашето ментално здравје. Исто така, сонувањето каснување од змија може да значи дека некој ве вознемирува, а вие не правите ништо за тоа. Маките на реалниот живот многу често се пренесуваат на соништата. Вашиот потсвесен ум сака да ви каже дека треба да обрнете внимание на тешки настани од минатото. Во секој случај, ако се прашувате што значи каснување од змија, одговорите главно укажуваат на некои големи непријатности што упорно избегнувате да ги решите. Сон со змија со две глави Змијата е проблем, а змијата со две или повеќе глави значи дека имате повеќе големи проблеми со кои треба да се справите. Тие можат да бидат здравје и љубов, кариера и здравје. Претежно е проблем што влијае на столбовите на животот. Повеќеглавната змија може да биде и предупредување за тоа со кого се дружите и на кого му откривате приватни информации. Двоглава змија може да претставува лажни пријатели. Змија во вода укажува на промени Ако се прашувате што значи да сонувате змии во вода, ве предупредуваме дека ве чекаат големи промени во блиска иднина. Нема да бидете подготвени за овие промени и нема да знаете што да правите. Вашата потсвест сака да ве подготви за она што ќе се случи, затоа бидете внимателни. Што вели психологијата, дали е добро да се сонува за змија? Психологијата има сличен став како и сите други толкувања на змиите во соништата. Ако се прашувате што значи змии, психологијата може да има добри вести за вас, бидејќи сонувањето змија не мора да има исклучиво негативно значење. Сè зависи од вашите лични чувства, ако сонот не е придружен со негативни чувства, но вие се чувствувате пријатно и безбедно, сонувањето змија не мора да мора да биде лошо предвидување. Обрнете внимание на вашиот став кон таа змиите, но и кон другите луѓе кои се појавуваат во вашиот сон. Непријатните чувства обично значат дека потиснувате нешто, без разлика дали станува збор за емоција, непокајано минато или бегање од проблеми. Исто така, обрнете внимание на тоа како се однесува змијата кон вас, дали сака да ве нападне, дали змијата е веќе мртва, дали минува покрај вас мирно? Од тоа зависи и вашиот став кон проблемите што змија може да ги посочи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-dokolku-sonuvate-zmija-toa-e-losh-znak-site-objasnuvana-za-pojavuvaneto-na-zmiivo-sonishta-na-edno-mesto/feed/ 0
Старо верување за ЗМИИТЕ: Ако и го направите ОВА, ќе донесете несреќа на целото семејство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/#respond Tue, 12 Jul 2022 14:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=703977

Постои верување дека самото појавување на змија во дворот на куќата има пророчки карактер – може да биде застрашувачки знак, но може да биде и само змија чувар Секоја куќа имала своја змија чувар. Оваа змија би претставувала олицетворение на предците. Змијата чувар обично имала бела боја, но во некои региони била замислена како црна. Обично не се појавувала. Постоело и верување меѓу луѓето дека змијата може да навести смрт. Чувар змијата се појавувала само кога требало да се случи нешто лошо – да ги предупреди домашните. Ако некој од куќата убие таква змија, тоа би значело дека некое дете во тој дом наскоро ќе умре. Исто така, постои верување дека оној што ќе стапне на змија со боса нога, стекнува способност да исцелува. Исто така, се верува дека појавата на повеќе змии во пролетта навестува топло лето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/staro-veruvanje-za-zmiite-ako-i-go-napravite-ova-kje-donesete-nesrekja-na-celoto-semejstvo/feed/ 0
Маж пронајден мртов во својот дом во Мериленд, околу него имало повеќе од 100 змии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-pronajden-mrtov-vo-svojot-dom-vo-merilend-okolu-nego-imalo-povekje-od-100-zmii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-pronajden-mrtov-vo-svojot-dom-vo-merilend-okolu-nego-imalo-povekje-od-100-zmii/#respond Thu, 14 Apr 2022 20:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=663287

Човек кој бил пронајден мртов во својот дом во село во американската сојузна држава Мериленд бил опкружен со повеќе од 100 отровни и неотровни змии, а локалната полиција соопштила дека причина за смртта е каснување од змија. Инцидентот се случил во округот Чарлс, а мажот го пронашле соседите како лежи на подот во неговата куќа, откако не го виделе повеќе од еден ден. Соседите повикале полиција, која извршила истрага и утврдила дека пред смртта на жртвата немало насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-pronajden-mrtov-vo-svojot-dom-vo-merilend-okolu-nego-imalo-povekje-od-100-zmii/feed/ 0
Ова им се случило за прв пат во историјата на аеродромот- кога полицијата ги отворила куферите имала што да види- 80 змии, но не секакви! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-im-se-sluchilo-za-prv-pat-vo-istorijata-na-aerodromot-koga-policijata-gi-otvorila-kuferite-imala-shto-da-vidi-80-zmii-no-ne-sekakvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-im-se-sluchilo-za-prv-pat-vo-istorijata-na-aerodromot-koga-policijata-gi-otvorila-kuferite-imala-shto-da-vidi-80-zmii-no-ne-sekakvi/#respond Tue, 08 Dec 2020 07:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=440272

Вкупно 80 живи кобри и поскоци затворени во пластични шишиња неодамна се запленети на аеродромот во Диали, Камерун, соопшти синоќа камерунската царинска служба. Двајца шверцери од Камерун и од Нигерија на царината пред влез во авионот за Лондон покажале дрвена кутија со фалсификувана дозвола за транспорт. Заплената се случила ноќта помеѓу 3 и 4 декември, а на пластичните шишиња со живите змии пишувало „Отровно“. Царината на Камерун соопшти дека тоа е прва таква заплена на аеродромот во Дуали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-im-se-sluchilo-za-prv-pat-vo-istorijata-na-aerodromot-koga-policijata-gi-otvorila-kuferite-imala-shto-da-vidi-80-zmii-no-ne-sekakvi/feed/ 0
Секој би побегнал од собата во која спие ова 8-годишно девојче: Таа е веројатно најхраброто дете на светот! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekoj-bi-pobegnal-od-sobata-vo-koja-spie-ova-8-godishno-devojche-taa-e-verojatno-najhrabroto-dete-na-svetot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekoj-bi-pobegnal-od-sobata-vo-koja-spie-ova-8-godishno-devojche-taa-e-verojatno-najhrabroto-dete-na-svetot-foto/#respond Thu, 15 Oct 2020 09:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=416668

Холи Гринхалг има само осум години и во својата соба има “минијатурна зоолошка градина“. Бестрашното девојче спие во иста просторија каде има повеќе од 50 пајаци, скакулци, полжави, но и две змии и скорпија. Потребни се дури три часа на ден за да се нахранат сите жители на нејзината мала зоолошка градина. Покрај тоа, таа има сопствен канал на YouTube со повеќе од 6.000 претплатници. Холи дава важни информации и факти за грижата за животните. Сепак, во тоа и помага нејзината мајка Рејчел (29). Во ваква соба ретко кој би се охрабрил да преспие макар една ноќ. Низа коментари се со поддршка и пофалба, но има и такви кои ги обвинуваат родителите што го дозволиле ова. Зарем е нормално дете да спие со змии и скорпија?  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sekoj-bi-pobegnal-od-sobata-vo-koja-spie-ova-8-godishno-devojche-taa-e-verojatno-najhrabroto-dete-na-svetot-foto/feed/ 0
Змии најверојатно се извор на новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zmii-najverojatno-se-izvor-na-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zmii-najverojatno-se-izvor-na-noviot-koronavirus/#respond Thu, 23 Jan 2020 10:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=293542

Кинеската кобра е можно да е оригиналниот извор на новооткриениот коронавирус, што зимава се појави во Кина, откриваат научниците. Болеста за првпат е регистрирана кон крајот на декември 2019 година во Вухан, од каде рапидно се шири во Кина, а потоа и во многу други земји, вклучително и САД. Првите случаи на коронавирус се забележени кај работници или клиенти на локален пазар каде, покрај живо месо, се продаваат и животни како птици, магариња, овци, свињи, камили, лисици, јазовци, стаорци, ежови и влекачи, јави Си-Ен-Ен. Научниците веруваат дека вирусот од животните на пазари преминал врз луѓето, а врз основа на таа теорија се споредуваат генетски примероци на коронавируси со сите познати коронавируси, користејќи протеински кодови и притоа откриле дека протеинот во најновиот вирус е најсличен на коронавирусот од кој страдаат змиите. Змиите најчесто ловат лилјаци во дивината, а според извештаите видови на тајванска или кинеска кобра биле продавани на пазарот во Вухан. Со тоа се зголемува можноста вирусот да преминал од лилјаци на змии, а потоа и на луѓето. Сепак, се уште не е познато како може да се прими вирусот и кај топлокрвни и ладнокрвни животни. Авторите на извештајот и другите истражувачи треба да го проверат потеклото на вирусот преку лабораториски експерименти, а неопходно е прво да се проучат деловите од вирусот кај змиите. Тајванските змии од групата кобри се многу токсичен вид змија, карактеристични за централна и јужна Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zmii-najverojatno-se-izvor-na-noviot-koronavirus/feed/ 0
Невообичаено топлото време во ноември ги раздвижи змиите во Пијанец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/#respond Mon, 11 Nov 2019 08:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=262491

Топлото време ги натера змиите да излезат по храна. Деновиве се забележани на неколку локации во Делчевско. Последниот ваков случај е забележан утрово на граничниот премин Делчево, каде, како што информира делчевецот Блаже Митевски, змија слободно шетала во близина на зградата на Царинската управа, пренесува Канал 5. -Додека го пиевме утринското кафе, забележавме нешто како се движи, мислевме некој гуштер или слично животинче, но кога направивме фотографија видовме дека е змија. Не ја повредивме. Ја пуштивме подалеку од објектот во блиската шума, вели Митевски. Неодамна, мала змија беше забележана и пред колективна зграда во Делчево. -Беше малку чудно што во ноември гледаме мала змија, но ја фативме и ја пуштивме малку подалку од градот. Не се разбирам многу од змии, но имаше специфична глава и мислам дека беше отровна, вели Димче Николовски, жител на улицата „Булевар Македонија", каде била видена змијата. Појава на змии е забележана на 4 ноември и во селото Разловци. Вработени во подрачното училиште „Св.Климент Охридски" во просторот на отворено, исто така забележале змија, за која локалните мештани тврделе дека била од сортата белоушка, барска змија која не била отровна. Според херпетолозите, во Македонија постојат 16 видови змии, од кои само пет се отровни. Иако се случува ретко, лекарите препорачуваат – кога некој ќе биде каснат од змија, да ја мие раната со вода што е можно повеќе. Повредениот да мирува, да не мрда за да нема циркулација да се шири отровот и најбрзо што може да биде однесен до првата здравствена установа за да прими серум против змиски отров, додава Канал 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/feed/ 0
Љубов на плажа: Две змии водат страстен љубовен танц во Кипар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ljubov-na-plaza-dve-zmii-vodat-strasten-ljuboven-tanc-vo-kipar-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ljubov-na-plaza-dve-zmii-vodat-strasten-ljuboven-tanc-vo-kipar-video/#respond Tue, 18 Jun 2019 08:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=210219

Две змии во страстен љубовен танц на плажата Врисудиа во Преторас на Кипар, воопшто „не помислиле“ дека ќе станат ѕвезди од љубовен филм на интернет. Видеото кое го снимиле посетители на оваа плажа, за рекорсно време, на социјланите мрежи стана хит со повеќе стотици илјади прегледи. Погледнете го љубовниот занес на змиите:
  Παραλία Βρυσούδια, στον Πρωταρά ! Gepostet von Chrysanthos Hadjimarkos am Sonntag, 16. Juni 2019
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ljubov-na-plaza-dve-zmii-vodat-strasten-ljuboven-tanc-vo-kipar-video/feed/ 0