знаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 08:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png знаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕМА СОМНЕЖ! Овие ЗНАЦИ покажуваат дека МУ СЕ ДОПАЃАТЕ! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nema-somnezh-ovie-znatsi-pokazhuvaat-deka-mu-se-dopagate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nema-somnezh-ovie-znatsi-pokazhuvaat-deka-mu-se-dopagate/#respond Tue, 19 Sep 2023 08:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=879415

На девојките не им е лесно да ги протолкуваат движењата на момците. Посебно на првите средби кога и намерите не се баш јасни. Но, постојат некои моменти кои се чиста класика – момците толку често ги прават (несвесно) што не може а да не можете да ги прочитате. Има трема Ако му се допаѓате на момчето самата ваша појава ќе предизвика трема и нервоза кај него. Типичните знаци се смеење или лутење без причина, испотени дланки, нервозни движења, врткања … Момците сакаат да ги контролираат своите емоции. Ако тоа баш не им оди така лесно кога се во ваша близина значи дека „има нешто“. Се приближува Ако момчето е заинтересирано за вас ќе забележите дека додека зборува или едноставно стои до вас неговото тело се приближува кон вашето, се навалува накај вас, или буквално ви се внесува во лицето! Сака да ви каже дека сака да се зближите. Очите го издаваат Сите знаеме дека „очите се огледало на душата“. Ако ве гледа упорно и долго и често па се прави дека не ве гледа, па пак зјапа во вас, дефинитивно му се допаѓате. Возвратете со романтичен поглед и насмевка да покажете дека сте заинтересирана, секако, ако сте. (Случајно) ве допира Еден сигурен знак дека му се допаѓате на момчето е тоа што ќе ја искористи секоја можна прилика да ве допре – можеби за рака, нога, колено, да ве фати за половината, не е важно каде, важно е дека сака да бидете (физички) блиски. Внимателно слуша Момците сакаат да зборуваат за себе (да се фалат поточно) и за нивните омилени работи како фудбал, спортска, автомобили, жени … Доколку успеете да го привлечете неговото внимание и го натерате да престане да зборува и почне да ве слуша мора да станува збор за љубов или барем за силна привлечност. Случајно ве среќава Случајната средба во кафулето во кое излегувате можеби и не е навистина случајна, туку прилично намерна и планирана. Сака да ве сретне, но тоа да изгледа случајно. Сфатете го ова како позитивен знак и искористете ја вашата следна „случајна“ средба на вашето омилено место за малку подолг и поинтересен „случаен“ разговор. Се смее на вашите шеги Никако да запаметите виц, а уште помалку имате навика да кажувате … Сепак тој се смее на вашите шеги и му се допаѓа вашата смисла за хумор. Момците сакаат релаксирана атмосфера и смеење (па често добиваат обвинувања дека се несериозни), така што неговото смеење праќа јасни сигнали дека му се допаѓате и дека убаво си поминува за вас (што секако е основа за убава врска). Се отвара Знаеме дека „момците не плачат“ односно дека машките се научени да ги кријат своите емоции. Доколку сепак се случи момчето да се отвори и јасно да ги искаже своите чувства, ова е значаен чекор напред во врската (или кон врска). Отворените разговори за тоа како се чувствуваат и двете страни во врската можат само да помогнат да се надминат евентуалните недоразбирања и да се зајакне врската.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/nema-somnezh-ovie-znatsi-pokazhuvaat-deka-mu-se-dopagate/feed/ 0
Како изгледа човек којшто ја сака својата сопруга? СЕДУМ знаци поради кои секоја жена процветува, како Амал Клуни https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-izgleda-chovek-kojshto-ja-saka-svojata-sopruga-sedum-znatsi-poradi-koi-sekoja-zhena-protsvetuva-kako-amal-kluni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-izgleda-chovek-kojshto-ja-saka-svojata-sopruga-sedum-znatsi-poradi-koi-sekoja-zhena-protsvetuva-kako-amal-kluni/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=873322

Џорџ Клуни и Амал Клуни се пар којшто привлекува внимание со својата голема љубов која личи на бајка. Доколку некогаш сте се прашувале како изгледа маж којшто ја сака својата сопруга, погледнете ги само фотографиите од Џорџ и Амал Клуни од Венеција. Овој популарен пар се наоѓа во Венеција, а повод за тоа е Меѓународниот филмски фестивал, но и доделувањето на „DVG“ наградите посветени на извонредните жени. Една од добитничките секако дека е Амал Клуни (45) која е наградена за својата работа на полето на човековите права. Облечена во розов фустан и златни сандали, Амал едноставно блескала. Меѓутоа, оваа убава жена е сѐ поубава како што ги поминува годините во бракот. Откако се венчала за Џорџ Клуни, таа едноставно расцветала. Причина за тоа? Љубовта! Експертите од полето на психологијата издвоиле 7 сигнали кои покажуваат дека мажот е вљубен во својата жена: 1. Внимателен е кон другите луѓе во вашиот живот. 2. Среќен е и горд на вашиот успех. 3. Не се плаши да ви покаже дека е ранлив. 4. Тој умее и сака да се жртвува. 5. Се бори за вас, но ќе се бори и со вас. 6. Ве слуша и гледа што правите. 7. Често ја иницира интимноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-izgleda-chovek-kojshto-ja-saka-svojata-sopruga-sedum-znatsi-poradi-koi-sekoja-zhena-protsvetuva-kako-amal-kluni/feed/ 0
Ваквото однесување е често и мислите дека е нормално, но не сте во право – ова се симптоми на ментални болести https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakvoto-odnesuvane-e-chesto-i-mislite-deka-e-normalno-no-ne-ste-vo-pravo-ova-se-simptomi-na-mentalni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakvoto-odnesuvane-e-chesto-i-mislite-deka-e-normalno-no-ne-ste-vo-pravo-ova-se-simptomi-na-mentalni-bolesti/#respond Mon, 21 Aug 2023 16:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=869247

Повеќето луѓе имаат некои мали навики или начини на однесување за кои мислиме дека се потполно нормални, но научниците велат дека токму ова се 6-те симптоми на ментални болести. 1. Не можете да мокрите кога има некој во близина Ако не можете да уринирате кога слушате гласови пред тоалет или кога некој е со вас во тоалетот, не сте единствени, но најверојатно не знаете дека оваа состојба има свое име во медицината – пареза. Тоа значи страв од уринирање и парализа на мочниот меур во присуство на други луѓе. Седум отсто од светската популација го искусиле ова барем еднаш, а во екстремни случаи, некои луѓе воопшто не можат да уринираат никаде освен дома и тоа кога се сами. Ваквите крајности најчесто завршуваат со неопходно вградување катетер. 2. Грицкање нокти Оникофагија е едно од најчестите ментални нарушувања што се манифестира со опсесивно грицкање нокти. Околу 45 отсто од луѓето на возраст од 10 до 18 години страдаат од оникофагија, а претежно станува збор за женски лица. Ова нарушување во најголемиот број случаи не проаѓа со адолесценцијата. Дока за тоа се и Бритни Спирс, Џеки Кенеди, Ева Мендез… Во најтешките случаи, заноктиците и забите може непоправливо да се уништат, а не ги заборавајте и бактериите што се задржуваат на ноктите и на овој начин се внесуваат во телото. 3. Силни изливи на емоции Замислете ја следнава ситуација: Шефот ве критикува поради некоја сериозна грешка, а вие чувствувате дека во секој момент ќе прснете од смеење. Се смирувате себеси, се обидувате да ја сокриете насмевката, но на крајот таа сепак ви се појавува на лицето. Потоа следува гласно и хистерично смеење што не можете да го контролирате. Станува збор за синдром на силен излив на емоции, познат и како псевдобулбарско влијание. Во ваква ситуација, личноста што е изложена на стрес реагира спротивно од она што е логично, како на пример со смеење во тажни или сериозни ситуации. Ако личноста весело се смее на туѓите неуспеси, станува збор за катагеластицизам. Во медицината тој се опишува како нарушување при кое личноста чувствува уживање додека ги исмејува другите. 4. Неспособност да се препознаат или почувствуваат некои емоции Сигурно сте слушале од пријателките како нивниот партнер не е доволно искрен, како никогаш не зборува за своите искуства или е целосно недостапен и изгледа како да не се грижи за нејзините чувства. Во две третини од овие ситуации всушност станува збор за феноменот алекситимија. Станува збор за неспособност човекот да ги препознае и со зборови да ја изрази својата емоционална состојба. Секој од нас има одреден степен на алекситимија, но во тешки случаи, оваа состојба може целосно да му го уништи животот на човекот. Почеста е кај мажите, а од тежок степен на алекситимија страда 8-10 отсто од популацијата. 5. Интолеранција на звуци Секој од нас има некој звук што го нервира: звук на пишување со креда на табла, звук на турпијање нокти, млакцање со уста… Дали е тоа нормално или не, зависи од видот на звукот и од неговото влијание врз вашиот живот. Менталното нарушува мизофонија е состојба при која нормални звуци предизвикуваат иритација. На пример звуци од храна додека некој јаде, дише, кашла… За луѓето што страдаат од мизофонија, доволен е само еден таков звук за да ги извади од такт. Во екстремни случаи, луѓето толку се нервираат што се во состојба да го удрат оној што ги произведува овие звуци. 6. Опозициско нарушување на непослушност Луѓето што страдаат од ова нарушување секогаш се непријателски настроени кон некого или нешто и постојано им се спротивставуваат на гласен и непријатен начин. Другите ги гледаат како тврдоглави кавгаџии, но медицината вели дека ваквото однесување произлегува од искуство со многу непријатен авторитет. Опозициското нарушување на непослушност всушност е многу често кај возрасните, но погодува и 20 отсто од децата. Не станува збор за лошо однесување одвреме-навреме, туку за постојана состојба што трае барем шест месеци. Ако не се лекува, со текот на времето ситуацијата драстично се влошува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vakvoto-odnesuvane-e-chesto-i-mislite-deka-e-normalno-no-ne-ste-vo-pravo-ova-se-simptomi-na-mentalni-bolesti/feed/ 0
Знаци кои откриваат нечија интелигенција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znatsi-koi-otkrivaat-nechija-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znatsi-koi-otkrivaat-nechija-inteligentsija/#respond Mon, 21 Aug 2023 07:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=868991

Не се само коефициентот на интелигенција или познавањето на странски јазици знаци дека некој е интелигентен. Еве што велат психолозите, што открива дали некој е интелигентен. Учат од своите грешки Психолошките студии имаат докажано дека паметни се оние луѓе кои ги прифаќаат своите порази и што е уште поважно – учат од нив. Тие не ги гледаат грешките како чекор назад, туку како можност да научат нешто ново и да напредуваат. Читаат од забава Луѓето кои читаат бидејќи тоа ги забавува и им приќинува задоволство се поинтелигентни од оние кои активно бараат нешто ново што би можеле да научат. Истражувањата имаат покажано дека тие имаат и подобро памтење, концентрација, како и подобри комуникациски вештини. Можат да се расправаат со било кого Можеби не ви делува така, но вештината на расправањето е исто така знак на интелигенција. Но, важен е и начинот на кој се расправа. Луѓето кои се поубедливи кога се расправаат со некој и можат да ја согледаат ситуацијата од повеќе агли, се понадарени. Интелигентните луѓе не ја водат расправата само од своето гледиште, туку се обидуваат да го согледаат проблемот и од аголот на својот противник. Размислуваат пред да кажат нешто Интелигентните луѓе не дозволуваат јазикот да им биде побрз од мозокот. Тие застануваат на момент за да размислат пред да одговорат на нечие прашање. Не ги интересира туѓото мислење Интелигентните луѓе не го разгледуваат туѓото мислење кога треба да донесат одлука. Тие не размислуваат за тоа како другите ќе се чувствуваат поради нивното дело и го прават тоа што сметаат дека е исправно без разлика на тоа дали околината ќе ги осудува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/znatsi-koi-otkrivaat-nechija-inteligentsija/feed/ 0
Овие хороскопски знаци се најстрасните љубовници во хороскопот, немојте да се изненадите https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znatsi-se-najstrasnite-lubovnitsi-vo-horoskopot-nemojte-da-se-iznenadite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znatsi-se-najstrasnite-lubovnitsi-vo-horoskopot-nemojte-da-se-iznenadite/#respond Fri, 28 Jul 2023 20:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=861240

Кои се најстрасните љубовници во хороскопот? Без оглед на тоа што секој знак има свои умешности кога станува збор за сексот, овие четири знаци особено се издвојуваат на тоа поле. Лав Лавовите не се срамежливи, тие сакаат се да пробаат па немојте да се изненадите ако притоа извадат и камера или фотоапарат. Секогаш се расположени за игра и сакаат да експериментираат во кревет. Шкорпија Познати се по нивната страсна сексуалност и привлечност. Исто како и Лавовите, сакаат да експериментираат и да фантазираат, па немојте да се изненадите ако ви предложат секс на јавно место. Близнаци Имаат бујна фантазија, па немојте да се изненадите ако среде бел ден од нив ви пристигне секси фотографија. Подготвени се на секакви секси сценарија во кревет, па со нив никогаш не е досадно. Девица Организираните и претерано педантни Девици во кревет се жешки и страсни. Сакаат добра акција и не се срамат тоа да го побараат од партнерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znatsi-se-najstrasnite-lubovnitsi-vo-horoskopot-nemojte-da-se-iznenadite/feed/ 0
5 знаци кои укажуваат на недостаток на протеини во организмот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-znatsi-koi-ukazhuvaat-na-nedostatok-na-proteini-vo-organizmot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-znatsi-koi-ukazhuvaat-na-nedostatok-na-proteini-vo-organizmot/#respond Wed, 14 Jun 2023 12:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=845619

Протеините се важен дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржување на силата на мускулите, зараснувањето на раните, создавањето нови клетки и обновување на старите. Ако човекот не внесува доволно протеини, можат да се појават одредени симптоми. Најјасниот знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Покрај него, може да се појави и зголемен ризик од фрактури на коските. Со оглед на тоа дека фоликулите на косата, кожата и ноктите се состојат од протеински нити, недоволната консумација на протеини може да доведе до слаба и кршлива коса, нокти и кожни проблеми. Во екстремни случаи, отечената и надуена кожа е уште еден симптом на недостаток на протеини, а петтиот симптом е застој во растот кај децата. Недостатокот на протеини е релативно редок во западните земји. Повеќето здрави возрасни лица треба да внесуваат 0,8 грама протеини по 1 килограм телесна тежина. Така на пример, возрасна личност од 60 килограми треба да внесува помеѓу 48 и 60 грама протеини дневно. Најдобри извори на протеини се месото (пилешко, говедско, мисиркино), како и млечните производи. Протеините се содржат и во гравот, целите житарки, јаткастите плодови и семките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-znatsi-koi-ukazhuvaat-na-nedostatok-na-proteini-vo-organizmot/feed/ 0
Знаци дека во врската се однесувате како мајка, а не како партнер https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/znatsi-deka-vo-vrskata-se-odnesuvate-kako-majka-a-ne-kako-partner/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/znatsi-deka-vo-vrskata-se-odnesuvate-kako-majka-a-ne-kako-partner/#respond Mon, 06 Mar 2023 12:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=808616

Повеќето парови се обидуваат да ја направат врската еднакво партнерство. Желбата да се грижиме за другата половина е сосема природна, но има тенка линија помеѓу грижата за партнерот и она што изгледа како грижа за дете. Затоа, ви пренесуваме пет знаци кои укажуваат дека во врската повеќе се однесувате како родител, а помалку како партнер. 1. Расправија без решение Расправиите и дискусиите се составен дел од секоја врска, но важно е успешно да ги решите. Ако завршат нерешени, ќе почувствувате само гнев и бес. Само запомнете какви биле вашите расправии со родителите кога сте биле деца. Расправиите со партнерот треба да бидат токму спротивното бидејќи улогите ви се еднакви. 2. Чистење по партнерот Навистина нема смисла да ги следите стапките на партнерот и да чистите по него. Без разлика дали станува збор за трошки од храна или купишта облека на подот, вашиот партнер треба да биде свесен дека тој е тој што треба да се исчисти по себе. За посреќна врска, доволно е подеднакво да ги делите домашните задачи. 3. Барање изговори Нормално е да сакате да го видите партнерот во најдобро светло и да одбраните некои негови одлуки. Но, постојаната потреба да барате изговори и да го оправдувате лошото однесување кое трае подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба од мајчинска заштита, но поттикнете го партнерот да ја прифати одговорноста за своето однесување. 4. Целосна контрола Некои луѓе едноставно имаат карактер кој е контролирачки. Но, ако го контролирате секој аспект од врската затоа што не му верувате на партнерот, тогаш се појавува проблем. Важно е и двајцата партнери да ја разберат состојбата на врската и да сакаат да се променат бидејќи ако не му дозволите на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашата врска и вашата иднина. 5. Постојано жалење Никој не сака нон-стоп жалење, особено не личноста која мора постојано да го слуша. Можеби изгледа како единствен начин да дојдете до партнер кој се однесува на дете, но конструктивен разговор меѓу двајца возрасни е многу возможен ако и двајцата вложите труд.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/znatsi-deka-vo-vrskata-se-odnesuvate-kako-majka-a-ne-kako-partner/feed/ 0
Пет јасни знаци дека мора итно да почнете со слабеење бидејќи ви е загрозено здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-jasni-znatsi-deka-mora-itno-da-pochnete-so-slabeene-bidejki-vi-e-zagrozeno-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-jasni-znatsi-deka-mora-itno-da-pochnete-so-slabeene-bidejki-vi-e-zagrozeno-zdravjeto/#respond Thu, 02 Feb 2023 14:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=795240

Кои се симптомите на гојазност и како да знаете дека прекумерната тежина го загрозува вашето здравје? За повеќето луѓе гардеробата е најдобар показател дали се здебелиле некој килограм повеќе. Доколку панталоните почнат да ве стегаат на половината или сте принудени да го олабавите ременот при закопчување, време е за диета! Сепак, постојат некои други показатели кои укажуваат дека телото ви страда од вишокот килограми и дека ситуацијата е многу посериозна и поопасна од обичен нарушен физички изглед. Како да знаете дека треба да слабеете? Зголемувањето на тежината не секогаш значи дека има проблем со дебелината. Се случува и бројката на вагата да остане во нормални граници, но телото веќе почнало да „трпи“. Како, тогаш, знаете дека е неопходно да се слабее? Според нутриционистот Марина Паниди, треба да обрнете внимание на пет важни знаци кои укажуваат дека е време за диета. 1. Нарушување на сонот Квалитетот на сонот е директно поврзан со начинот на живот и телесната тежина. Значи, ако одеднаш почнете да 'рчите, имате утрински главоболки, често се будите навечер или устата ви е сува наутро кога ќе станете, тоа значи дека дебелината ви го загрозува здравјето. 2. Болка во зглобовите Вишокот тежина го зголемува оптоварувањето на зглобовите и на целиот мускулно-скелетен систем. Затоа, при првиот знак на болка во колената и зглобовите, итно сменете ја исхраната и почнете да вежбате наутро. 3. Зголемено потење Дебелината и прекумерната тежина многу често предизвикуваат зголемено потење. Доколку забележите дека обилно се потите со минимални оптоварувања, како на пример додека бришете прашина, побарајте помош од нутриционист кој ќе ви препише здрава и диетална исхрана. 4. „Појас“ на стомакот Ова е знак на висцерални масти, кои се и најопасниот вид на маснотии во човечкото тело. Ако обемот на половината е над овие вредности - за жени над 80 см, а за мажи над 94 см, тоа укажува дека е нарушено здравјето и дека е зголемен ризикот од кардиоваскуларни заболувања. 5. Стрии на кожата Стриите на кожата најчесто се јавуваат кај трудници, адолесценти во период на брз раст и бодибилдери. Доколку не спаѓате во ниту една од овие групи, тогаш тоа укажува дека пребрзо се дебелеете и дека има проблем. Време е за диета или зголемена физичка активност.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-jasni-znatsi-deka-mora-itno-da-pochnete-so-slabeene-bidejki-vi-e-zagrozeno-zdravjeto/feed/ 0
Како да препознаете љубомора? Неколку знаци кои можат да упатат на тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-ljubomora-nekolku-znaci-koi-mozat-da-upatat-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-ljubomora-nekolku-znaci-koi-mozat-da-upatat-na-toa/#respond Tue, 27 Dec 2022 11:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=781130

Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос. Партнерот постојано ве прашува каде сте Сосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е во ред кога постојано ве прашува каде и со кого сте. Неговата несигурност не треба да влијае врз вашиот живот. Партнерот ги поставува правилата на врската Сите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени? Не е дозволен контакт со пријателите од спротивниот пол Вашиот партнер не ги одобрува контактите со вашите пријатели и ви го кажува тоа јасно. Исто така, средбата со некој од нив честопати е причина за расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Тој сака да се откажете од вашите пријатели бидејќи смета дека само тој ви е доволен и дека не ви треба никој друг. Зарем навистина ќе прекинете секаков контакт со старите другари затоа што вашиот партнер не ви верува? Чувствувате вина Се чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред… Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле? Партнерот постојано ве контролира Кога станува збор за безбедност, таквото однесување од страна на партнерот може да биде знак на грижа и внимание. Но, тоа не важи за ситуацијата кога ќе се појави ненајавен кај вас под изговор дека имал работа во близина, а всушност сака само да провери дали сте дома како што претходно сте му кажале. Друга ситуација би била постојано да ви пишува пораки додека сте со пријателите и да се чувствува навредено ако не му одговорите. Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери Дури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас… Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/kako-da-prepoznaete-ljubomora-nekolku-znaci-koi-mozat-da-upatat-na-toa/feed/ 0
НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ: Телото ви дава знаци кога има потреба од витамини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-teloto-vi-dava-znaci-koga-ima-potreba-od-vitamini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-teloto-vi-dava-znaci-koga-ima-potreba-od-vitamini/#respond Thu, 22 Dec 2022 20:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=779345

Во продолжение неколку знаци на витамински дефицит и нивната нутритивна терапија. Пукнатини на усните агли Дефицит: железо, цинк, Б витамини (Б3, Б2, Б12). Почесто се јавува кај вегетаријанци или вегани, бидејќи тие го избегнуваат главниот извор на Б12 – месото. Невегетаријанската опција е повеќе пилешко, туна, лосос, јајца, школки, а за вегетаријанците повеќе сушени домати, темно листести растенија, легуминози, таан, кикирики. Апсопцијата на железото се зголемува во присуство на Ц витамин повеќекратно, па храната со железо комбинирајте ја со храна богата со Ц витамин: зелена пиперка,зелка, проќељ, карфиол, брокули. Црвенa боја на лицето и на други регии, како и паѓање на косата Дефицит: Биотин (Б7). Додека телото лесно си прави депо од сите липосолубилни витамини како К, А, Д и Е, тоа потешко се случува со хидросолубилните како што е целата Б група. Во бодибилдерските кругови треба да се запази следното: живите јајца содржат еден протеин наречен авидин кој ја иннхибира апсопцијата на Б7. Токму кај бодибилдерскиот проблем со авидинот лесно е решението, посегнете по варени јајца, бидејќи термичката обработка го уништува авидинот, а за повеќе биотин јадете авокадо, печурки, лосос, карфиол, соја, банани и малини. Црвени и бели налик на акни промени типично на образите, рацете, бутовите и задникот Дефицит: Есенцијални аминокиселини и витамини А и Д Намалете ги транс мастите од процесираната храна и сатурираните масти и зголемете го внесот на здрави масти. Повеќе риба, ореви, бадеми, лененово семе, чија, коноп. За повеќе А витамин прошарајте ја вашата чинија со моркови, благ компир, црвени пиперки богати со бетакаротени (прекурсори на А витамин). А за витамин Д повеќе млеко и млечни производи и фатете некаде на плажа. Пецкање, боцкање и вкочанетост во дланките и стапалата Дефицит: Б витамини, фолати (Б9), Б6, Б12. Овој симптом е директно поврзан со завршетоците на нервните влакна во кожата, а често ваквите сензации може да бидат пропратени и со депресија, анемија, анксиозност. Репки, гравче и други легуминози, јајца, октопод, пилешко, школки, ракчиња се богати со Б витамини и погрижете се често да ги имате на вашата трпеза. Мускулни грчеви во вид на пободувачка болка во прстите на нозете, потколената и задниот дел од нозете Дефицит: магнезиум, калциум, калиум. Ако се случува почесто тогаш мора да помислите на дефицит на некој од овие минерали. И запамтете колку повеќе вежбате толку повеќе електролити губите како резултат на потењето. Јадете повеќе банани, домати, бадеми, лешници, тиква, цреши, јаболка, цитрон,брокули и темно листести растенија како ќељ и спанаќ.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-ignorirajte-teloto-vi-dava-znaci-koga-ima-potreba-od-vitamini/feed/ 0