знаковен јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 12:15:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png знаковен јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Малата Фиа го расплака жирито, пееше користејќи знаковен јазик за да ја разбере сестра и’ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/#respond Thu, 23 Mar 2023 12:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=815452

Девојчето Фиа неодамна се појави на популарното натпреварување „The Voice Kids“ во Германија, каде покрај пеењето, реши да користи знаковен јазик за да може нејзината сестра да ја разбере. Единаесетгодишната натпреварувачка ги расплака членовите на жирито „The Voice Kids“ со своето појавување, додека песната „Flashlight“ оригинално изведена од пејачката Џеси Џеј ја преведе на англиски знаковен јазик. -Ова го правам за мојата помлада сестра Емилија, која не знае да зборува. Почнав да учам знаковен јазик за неа. Оттогаш пеам на два јазика, така да се каже, објаснилo девојчето пред жирито. Со својот настап особено ја изненади, пејачката Лена Мајер-Ландрут, која на публиката ширум Европа и е позната како победничка на Евровизија во 2010 година. -Не знам ни зошто не можам да престанам да плачам, но тоа навистина ме трогна. Фиа е навистина одлична личност, рекла Лена. Наведено е дека ова е исклучително тежок настап, бидејќи девојчето морало двапати да го запамети текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-malata-fia-go-rasplaka-zhirito-peeshe-koristejki-znakoven-jazik-za-da-ja-razbere-sestra-i/feed/ 0
„Божикна серенада“ објавена на знаковен јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikna-serenada-objavena-na-znakoven-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikna-serenada-objavena-na-znakoven-jazik/#respond Thu, 29 Dec 2022 07:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=781956

Во соработка со Викторија Волак – сертифициран знаковен толкувач, трета година по ред, Здружението „Бадникови поворки“ им подарува божикна песна и божикна радост на глувите лица. Овој пат тоа е „Божикна серенада“- празнична песна што на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Изминатите две години, адаптирани за глувите лица беа и песните „Небо и земја“ и „Вечниот Бог“. „Драги луѓе! Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Честит Божик!“ – стои во божикната честитка од „Бадникови поворки“ до глувите лица. Во овогодинешните бадникови поворки учествуваат Антониа Гиговска – вокалист, Бобан Јосифовски – директор на „Златно славејче“ и Кристина Љушкоска – флејтист. -Особено сум среќна што станав дел од една духовна историја и особено ми е драго што конечно и јас сум вклучена во Бадниковите поворки. Ова е трета верзија на „Вечниот Бог“и се надевам дека ќе оставам свој белег. Особено ми е драго што ова се’ е посветено на Бога и се надевам дека ќе донесе радост и за мене и за моето семејство, рече Антониа Гиговска. Бобан Јосифовски истакна дека е општо е познато дека Златно славејче учествува во сите значајни културно-уметнички и духовни настани што се од голема важност за нашиот народ и држава. -Оттука неминовно произлезе и поддршката на бадниковите поворки и возобновувањето на божикните бадникови песни што се пееле во минатото. Ова иницијатива на Бигорскиот манастир што трае веќе 13 години, со задоволство ние ја прифативме. Наша обврска се божикните детски песни што се пееле во минатото. Ќе се согласите дека прекрасните гласови на златните славејчиња се вистински симбол на ангелите кои го најавуваат Христовото Раѓање, рече Јосифовски. Кристина Љушкоска, пак, рече дека и е задоволство што учествува во вакви настани и музички проекти -За прв пат сум дел од една ваква приказна и никогаш претходно посилно не сум ја почувствувала божикната радост. Затоа ги поканувам сите дечиња да ја слушнат и да ја научат песната „Вечниот Бог“ и заедно со своите родители да ја пеат низ улиците на нашата земја на 6-ти Јануари, рече Љушкоска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikna-serenada-objavena-na-znakoven-jazik/feed/ 0
Одбележување на Меѓународната недела на глуви лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodnata-nedela-na-gluvi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodnata-nedela-na-gluvi-lica/#respond Fri, 25 Sep 2020 05:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=408221

Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак” и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Македонија организираат настан на тема „Со знаковен јазик, сите се вклучени“, а по повод Меѓународната недела на глуви лица. Целта на настанот, на кој може да се добијат информации за активности на здруженијата и запознавање со знаковниот јазик, е да се подигне свеста за важноста на македонскиот јазик и неговата употреба во сите аспекти на општественото живеење. Одбележувањето ќе се одржи во Градски Парк – Школка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodnata-nedela-na-gluvi-lica/feed/ 0
Одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик: Знаковниот јазик не е доволно застапен во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanjeto-na-megjunarodniot-den-na-znakovniot-jazik-znakovniot-jazik-ne-e-dovolno-zastapen-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanjeto-na-megjunarodniot-den-na-znakovniot-jazik-znakovniot-jazik-ne-e-dovolno-zastapen-vo-zemjava/#respond Wed, 23 Sep 2020 14:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=407371

Знаковниот јазик не е доволно застапен во нашата земја, на глувите лица им е потребна помош за да напишат Си-Ви или да напишат барање до некоја институција, беше оценето на денешното одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик на тема „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“. Лиза Велкоска, генерален секретар на Националниот сојуз на глуви и наглуви ја поздрави инклузијата на деца со попреченост, во овој случај глуви и наглуви деца, во образовниот процес. Таа рече дека процесот е релативно нов и треба време да се покажат резултатите. Со овој процес, истакна таа, глувите деца ќе имаат можност да се образуваат во еден ист образовен процес заедно со слушните лица. Таа напомена дека личните асистенти кои ќе работат со глувите и наглувите деца треба да бидат стручни и да имаат однапред организирана програма, а за тоа треба да добијат соодветен надомест. Генералната Секретарка на НСГНРСМ информираше дека потребни се поголем број на асистенти кои ќе можат да работат со глувите лица и истакна дека Сојузот континуирано спроведува обуки за знаковен јазик. Велковска го поздрави потегот на Владата, во изминатиот период на нивните прес-конференции да бидат прикажани и на знаковен јазик, со цел глувите лица да ги добиваат информациите исто како и сите останати. Таа порача дека во нашата земја треба да се зголеми употребата на знаковниот јазик во институциите, како и во обрзованието, со цел глувите и наглувите луѓе да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Генералната секретарка на НСГНРСМ соопшти дека е напревена анкета на глуви лица со цел да се утврди сегашната слика за нивната состојба. – На прашањето дали без никаква помош можат да напишат Си-Ви, 13,5 од анкетираните одговориле со „да“, 14,4 со „делумно“ и 75,3 проценти од нив со „не“. Со што може да се заклучи дека на повеќето им била потребна помош од друго лице. На прашањето дали вие како глуво лице сам можете да напишете барање до одредена институција без никаква помош, 81,7 процнети одговориле со „не“, образложи Велкоска. Таа посочи дека на прашањето дали вие како глуво лице можете да ја разберете суштината на одреден текст од дневен весник или медиум, 28,4 одговориле со „да“, 25,8 проценти „делумно“ и 45,8 со „не“. Во однос на комуникацијата на социјални мрежи, на анкетата, 17,5 отсто од лицата одоговориле дека можат без потешкотии да комуницираат, 27,5 проценти дека делумно можат да комуницираат и 55 отсто дека не можат. – На прашањето дали вие како глуво лице сметате дека знаковниот јазик е доволно застапен во нашата држава, 10,8 отсто одговориле со „да“, 31,7 проценти „делумно“ и 57,5 проценти со „не“. Значи глувите и наглувите лица сметаат дека знаковниот јазик не е доволно застапен во нашата држава, рече Велкоска. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска продолжуваат да работат на концептот „Едно општество за сите“. – Ова е концепт којшто треба да ги вклучи сите граѓани на еднакви основи и да им создаде еднакви можности да бидат активни чинители во општеството. Кога мислам едно општество за сите не мислам дека луѓето треба да ги вклучуваме заради нивната попреченост, туку мислам дека луѓето треба да ги вклучуваме врз основа на нивните способности да можат учествуваат, да креираат политики и да го градат нашето општество, истакна Шахпаска. Таа рече дека нејзина заложба како министер за труд и социјална политика е знаковниот јазик да најде своја целосна примена, односно да можат да го користат во пристапот кон институциите сите глуви лица во нашата земја. – Знаковниот јазник е основниот предуслов и елемент за да ги вклучиме глувите лица во процесот на образование. Преку пороцесот на образование ги оспособуваме да го креираат својот професионален идентите за да можат понатака да се реализираат во општеството, посочи Шахпаска. Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека како министер сега има нови предизвици за подобрување на образовниот систем за глувите и наглувите лица. Таа рече дека треба да се размисли можноста во основните училишта да се воведе знаковниот јазик. – Очекувам специфични препораки што е тоа што на вас исто ви треба во образованието да стане реалност, и ако ми кажете една работа јас ќе се заложам таа една работа во мандатот да ја направам и со тоа сме направиле еден чекор нанапред, се обрати Царовска кон глувите лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanjeto-na-megjunarodniot-den-na-znakovniot-jazik-znakovniot-jazik-ne-e-dovolno-zastapen-vo-zemjava/feed/ 0
Финалето на Купот на Македонија ќе биде пренесувано и на знаковен јазик https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-makedonija-kje-bide-prenesuvano-i-na-znakoven-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-makedonija-kje-bide-prenesuvano-i-na-znakoven-jazik/#respond Tue, 22 May 2018 11:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=57004

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Национална спортска федерација на глуви на Македонија за прв пат ќе обезбеди директен пренос од фудбалски натпревар на знаковен јазик наменет за заедницата на глувонеми кои ќе го следат натпреварот во живо. Во обезбедувањето знаковен превод на финалето меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ ќе ја промовира визијата за создавање еднакви можности за сите и почит кон сите вклучени во фудбалската игра. -Како најголема спортска федерација во државата наша должност е во рамки на нашата социјална одговорност да бидеме еден вид двигатели на вредностите кои ги почитуваат и вклучуваат сите категории на граѓани. На овој начин ќе го збогатиме доживувањето кое го носи фудбалот за глувонемите ѓраѓани во нашата земја. Се надеваме дека со овој чекор ќе бидеме поттик и за останатите организации да дадат придонес во инклузивноста на тие групи во рамките на нивното поле на делување, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ. Финалето од националниот фудбалски куп е закажано за утревечер (20 часот) во Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-na-kupot-na-makedonija-kje-bide-prenesuvano-i-na-znakoven-jazik/feed/ 0